Monitoring table 30/07/2021
Табела со информации за следење
Во прилог е табелата за следење информации и постапки од животна средина објавени од страна на институции и локална самоуправа.
Институција | URL | Наслов | Опис | Забелешка |
---|---|---|---|---|
Министерство за локална самоуправа | https://bit.ly/3id3JK7 | Оглас за ангажирање финансиски и административен асистент во рамки на Интерег ИПА-програмата за прекугранична соработка меѓу Грција и Република Северна Македонија | На линкот, на веб страната се наведени сите информации во врска со огласот, како и потребни документи за пријавување на заинтересирани кандидати. Рокот за поднесување пријави е 8 дена од објавувањето на повикот - до 04.08.2021 | |
Министерство за транспорт и врски | https://bit.ly/3zSm98N | Одлука за спроведување и Нацрт Извештај за стратегиска оцена на влијание на животната средина за Државна Урбанистичко – планска документација за брана и акумулација “Слупчанска Река”, КО Слушчане и КО Руница, Општина Липково | Објавено е решение издадено од МЖСПП за спроведување на стратегиска оцена, Нацрт Извештај за СОЖС и позитивно мислење од странана на МЖСПП по однос на содржината на СОЖС. Документот е објавен на 29.07.2021 и согласно законскиот рок јавноста има рок за коментари до 29.08.2021 година. Нема информации за одржување на јавна распарава која треба да се одржи после 15-20 дена од објавување на документот на веб страна | |
Охрид | https://bit.ly/3xclRb5 | Извештај од консултации со јавноста по Нацрт извештај за стратегиска оцена на животната средина за Урбанистички План во населено место Горица – Север Општина Охрид | Извештај за консултации со јавноста, во согласност со член 69, став 5 од Законот за животна средина и член 10 став 2 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти како и планови и програми од областа на животната средина | Една од ретките општини која објавила ваков извештај. |
Охрид | https://bit.ly/2V8OiJX | Промовирани можностите за аплицирање на ИПАРД Програмата | На веб страната е објавен повикот за аплицирање. Рокот за аплицирање е 22-ри август 2021 година. | |
Радовиш | https://bit.ly/3xgGy5L | ЈАВЕН ПОВИК за избор на членови за формирање на Локален младински совет | Јавниот повик трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето на веб страната на Општина Радовиш, односно од 27.2021 година до 06.08.2021 година (краен рок) | |
Струга | https://bit.ly/3iZ6FsO | ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на граѓаните за купен велосипед за 2021 година | Јавниот повик ќе трае заклучно со исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Oпштина Струга за оваа намена, во зависност од тоа кој услов ќе настапи прв | |
Кочани | https://bit.ly/3i8TiXL | одлука за спроведување на стратегиска оцена за планскиот документ урбанистички план за вон населено место за викенд населба со хотелско угостителски објекти со основна класа на намена б5 – хотели и хотелски комплекси ко лешки и ко пашаџиково општина кочани | Согласно законската регулатива заинтересираната јавност и МЖСПП имаат право на коментари по однос на оваа одлука во рок од 15 дена. | |
Крушево | https://bit.ly/3y9leAp | контролна листа на план за управување со животната средина и социјалните прашања (пужсса) | Во прилог можете да ја погледнете Контролната листа на план за управување со животна средина и социјалните прашања (ПУЖССА) кој се однесува на проектот „Реконструкција и надградба на локалната улица „Питу Гули“ во општина Крушево“. | |
Куманово | https://bit.ly/37aColm | урбанистички проект за инфраструктура | УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ЗА инфраструктура ИНВЕСТИТОР: Општина Куманово, ул. „11 Октомври бб “, Куманово за промена на траса на линиски инфраструктурни објекти на дел од ул „11 Октомври“ ул „3МУБ“ и ул„Б.Б.Гуцман“ со решение за крстосница | |
Министерство за животна средина и просторно планирање | https://bit.ly/3ldUVFM | И З В Е С Т У В А Њ Е за изработка на акт за прогласување на заштитено подрачје | изработка на акт за прогласување на дел од Малешево за заштитено подрачје во категорија V – Заштитен предел |