News
monitoring table 20.08.2021

monitoring table 20.08.2021

Табела со информации за следење

Во прилог е табелата за следење информации и постапки од животна средина објавени од  страна на институции и локална самоуправа. 

Институција УРЛНаслов ОписЗабелешка
Пробиштипhttps://bit.ly/3k7F1KRСоопштение за спроведување на јавна презентација и јавна анкета по Нацрт план за Детален урбанистички план за Урбан Блок 3Јавна презентација со стручно презентирање на Нацрт ДУП за Урбан Блок бр. 3, КО Пробиштип ќе се одржи на 20.08.2021 во 11:00. Јавна анкета и увид на планскиот документ ќе се одржи во периодот од 05.08-03.09, во кој период заинтересираните граѓани можат да ги достават своите забелешки. Иако документите како што се соопштение за ЈП и ЈА за ДУП за Урбан Блок 3 КО Пробиштип, Одлука за ЈП и ЈА за ДУП за Урбан Блок 3, Известување за ЈП и ЈА за ДУП Блок 3, од страна на општината се подготвени на 03.08. на веб страната се објавени на 18.08. ЈП е закажана за 20.08. Не е објавен текстуален дел од ДУП во електронска форма. Јавноста нема целосен пристап и можност за вклучување во донесување на одлуки. Нема информации за постапка за СОЖС иако во планскиот документ има наведено повеќе класи на намени како што се: Г2, Е1 и други
Пробиштипhttps://bit.ly/3D3ilUtСоопштение за спроведување на јавна презентација и јавна анкета по Нацрт план за Детален урбанистички план за Урбан Блок 6.1Јавна презентација со стручно презентирање на Нацрт ДУП за Урбан Блок бр. 3, КО Пробиштип ќе се одржи на 20.08.2021 во 10:30. Јавна анкета и увид на планскиот документ ќе се одржи во периодот од 05.08-03.09, во кој период заинтересираните граѓани можат да ги достават своите забелешки. Иако документите како што се соопштение за ЈП и ЈА за ДУП за Урбан Блок 3 КО Пробиштип, Одлука за ЈП и ЈА за ДУП за Урбан Блок 3, Известување за ЈП и ЈА за ДУП Блок 3, од страна на општината се подготвени на 03.08. на веб страната се објавени на 18.08. ЈП е закажана за 20.08. Предвиден е само половина час за јавна расправа. Не е објавен текстуален дел од ДУП во електронска форма. Јавноста нема целосен пристап и можност за вклучување во донесување на одлуки. Нема информации за постапка за СОЖС иако во планскиот документ има наведено повеќе класи на намени како што се: Г2, Е1 и други
Ресенhttps://bit.ly/2WcCfM4Известување за спроведување на постапка за консултации со јавноста во врска со „Извештај за стратегиска оцена на проект за Инфраструктура за Државен пат А3, делница: Обиколница на Ресен“Нацрт извештајот ќе биде достапен за увид на јавноста во следните 30 дена, сметано од 18.08.2021 година, во просториите на ЈП за државни патишта, како и на интернет страниците на претпријатието и Општина Ресен: www.roads.org.mk и www.resen.gov.mk, соодветно. Добиено е позитивно мислење од МЖСПП. Покрај мислењето од МЖСПП, објавени се и Нацрт Извештајот за СОЖС и Проектната програма. Јавна расправа треба да биде закажана најдоцна до 13.09.2021
Одделение за соработка со невладините организацииhttps://bit.ly/3AOZ8EiПовик до граѓанскиот сектор за придонес во подготвувањето на годишната Програма за работа на Владата на Република Северна Македонија за 2022 годинаВо насока на продолжување на транспарентен и целосно инклузивен дијалог со граѓанското општество, Генералниот секретаријат на Владата на РСМ, Одделение за соработка со невладини организации ги повикува граѓанските организации активно да придонесат во подготвувањето на годишната Програма за работа на Владата на РСМ за 2022 година. Предлозите за политики треба да се однесуваат на конкретни законски одредби и да се во функција на остварување на стратешките приоритети и приоритетните цели на Владата на РСМ за 2022 година. Вашите предлози треба да бидат внесени во Образецот што е даден во прилог и што треба да го доставите по електронски пат на адреса: nvosorabotka@gs.gov.mk до 15.9.2021 година, со назнака Иницијатива за ГПВРСМ 2022.
ЈП за патиштаhttps://bit.ly/2UxkeaCИзвестување за спроведување на постапка за консултации со јавноста во врска со „Извештај за стратегиска оцена на проект за Инфраструктура за Државен пат А3, делница: Обиколница на Ресен“Нацрт извештајот ќе биде достапен за увид на јавноста во следните 30 дена, сметано од 18.08.2021 година, во просториите на ЈП за државни патишта, како и на интернет страниците на претпријатието и Општина Ресен: www.roads.org.mk и www.resen.gov.mk, соодветно. Добиено е позитивно мислење од МЖСПП. Покрај мислењето од МЖСПП, објавени се и Нацрт Извештајот за СОЖС и Проектната програма. Јавна расправа треба да биде закажана најдоцна до 13.09.2021
Карпошhttps://bit.ly/3j2Qg81Со отворени податоци Карпош – поблиску до граѓанитеОпштина Карпош започна да поставува отворени податоци на својата веб страна. Отворените податоци овозможуваат поголема соработка меѓу граѓаните, граѓанските организации и Општината. Пристапот до истите не е ограничен, со што на поедноставен начин се обработуваат и служат за креирање на истражувања и политики кои одговараат на потребите на граѓаните.
Карпошhttps://bit.ly/2W3IMsQС О О П Ш Т Е Н И Е за организирање на Повторна Јавна презентација и Јавна анкета по Конечен предлог Детален урбанистички план за Градска четврт ССИ 03, Блок ССИ 03.07, Општина Бутел и Општина Карпош, Скопје. Повторната Јавната анкета по Конечен предлог ДУП за Градска четврт ССИ 03, Блок ССИ 03.07, О. Бутел и О. Карпош, Скопје, ќе се одржи од 19 до 25.08.2021 година, секој работен ден, од 07.30 до 15.30 часот, во просториите на Општина Карпош, Скопје. Повторната Јавна презентација ќе се одржи на ден 20.08.2021 год., во 14.00 часот, во просториите на Општина Карпош, Скопје.Документите на веб страната се објавени на 18.08. ЈП е закажана за 20.08. Не е објавен текстуален дел од ДУП во електронска форма. Јавноста нема целосен пристап и можност за вклучување во донесување на одлуки. Нема информации за постапка за СОЖС
Карпошhttps://bit.ly/3AYpK5L(Цртеж) Конечен предлог Детален урбанистички план за Градска четврт ССИ 03, Блок ССИ 03.07, Општина Бутел и Општина Карпош, СкопјеОбјавен е само цртеж – синтезен план, не е објавен текстуален дел
Карпошhttps://bit.ly/2WaEIH8(Анкетен лист) Конечен предлог Детален урбанистички план за Градска четврт ССИ 03, Блок ССИ 03.07, Општина Бутел и Општина Карпош, Скопје
Кумановоhttps://bit.ly/2W9gSLFОБЈАВА НА НАЦРТ Б-ИНТЕГРИРАНА ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА „ОТЉАНАЦ Звонко“ ДООЕЛ Куманово Локалитет Одризом с. Доброшане, Куманово, Општина Куманово 1300„ОТЉАНАЦ Звонко“ ДООЕЛ Куманово, Инсталација за ископ, дробење, мелење, сеење, загревање на минерални суровини со капацитет од 10. 000 m3- годишно, е во постапкана добивање на Б-интегрирана еколошка дозвола. Евентуалните забелешки по однос на Нацрт – Дозвола, може да бидат поднесени во писмена форма, во рок од 14 дена од денот на објавувањето, до Општина Куманово ул.11 Октомври бб, 1300 КумановоВо објавата не е наведено датум кога е објавена дозволата, односно заклучно со кој датум поминуваат 14 дена. Не е дадена електронска верзија од Дозволата. Потребно е да објави најпрвин барањето со рок за коментари, па после тој рок да се издаде дозвола, која повторно се става на увид на јавноста за коментари
Кумановоhttps://bit.ly/2W9gSLFБарање за добивање на Б-интегрирана еколошка дозвола – „Отљанац Звонко“ ДООЕЛ КумановоБарањето, предлог програма за подобрување, план и активности кои ќе бидат спроведени од страна на оваа инсталација за заштита и унапредување на животната средина ќе бидат достапни за заинтересирана јавност на веб-страницата на Општина Куманово www.kumanovo.gov.mk. Засегнатата јавност, во рок од 30 дена од денот на објавувањето на барањето, има право да достави мислење и коментари, во писмена форма до Општина Куманово ул .11 Октомври бб 1300 КумановоВо објавата не е наведено датум кога е објавена, односно заклучно со кој датум поминуваат 30 дена. Не е дадена електронска верзија на барањето.
Кумановоhttps://bit.ly/2W9gSLFБарање за добивање на Б-интегрирана еколошка дозвола – ДПТУ „ЕКСТРА МЕИН“ Борис ДООЕЛ КумановоБарањето, предлог програма за подобрување, план и активности кои ќе бидат спроведени од страна на оваа инсталација за заштита и унапредување на животната средина ќе бидат достапни за заинтересирана јавност на веб-страницата на Општина Куманово www.kumanovo.gov.mk. Засегнатата јавност, во рок од 30 дена од денот на објавувањето на барањето, има право да достави мислење и коментари, во писмена форма до Општина Куманово ул .11 Октомври бб 1300 КумановоВо објавата не е наведено датум кога е објавена, односно заклучно со кој датум поминуваат 30 дена. Не е дадена електронска верзија на барањето.
Битолаhttps://bit.ly/3z61CObО. Битола дел од проектот за пристап заснован на човекови праваПроектот се состои од две компоненти: првата значи поттикнување на граѓаните за активно учество во предлози и одлуки за носење позитивни акции, а втората за поттикнување на здруженијата на граѓани за да станат лиценцирани сервис провајдери.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *