Events
Monitoring table 05/10/2021

Monitoring table 05/10/2021

Табела со информации за следење

Во продолжение е табелата со најнови информации за процедури и постапки од областа на животна средина објавени од институции и локална самоуправа.

ИнституцијаУРЛНасловОписЗабелешка
Министерство за финансииhttps://bit.ly/3DeHmLKБесими: Зелената и дигитална трансформација во фокусот за иден развој, нови инструменти и фондови во Планот за забрзување на растотИнформација за зелените обврзници како нов финансиски инструмент за поттикнување и поддршка на проекти што ја поддржуваат „Зелената агенда“ и зелената транзиција, преку проекти за унапредување на животната средина, подобрување на енергетската ефикасност; намалување на загадувањето, систем за интегрирано управувањето со отпадот; поддршка на одржливо земјоделство, риболов и шумарство, заштита на водните и копнените екосистеми, обезбедување чист транспорт и одржливо управување со водите и др. Ќе се формира и Фонд за енергетска ефикасност, во рамки на Банката за развој на Северна Македонија, а средствата меѓу другото ќе бидат наменети за идни енергетски ефикасни инвестиции, како и финансирање на инвестициите во енергетска ефикасност и обновлива енергија во јавните згради.
Претседател на РСМhttps://bit.ly/3uJ5cMwОбјавен Јавниот повик за признанието „Успешни млади“ за 2020 годинаЈавниот повик за доставување пријави за признанието „Успешни млади“ за 2020 година е отворен од денеска и ќе трае до 1 ноември 2021 година. Признанието е поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите, за резултати постигнати во текот на 2020 година, во следните осум категории.
Свети Николеhttps://bit.ly/3DcH9ZvОдлука за неспроведување на стратегиска оцена На веб страната објавени се одлука и формулар за неспроведување на стратегиска оцена за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на фотоволтаична електрана на КП 1111/2, КО Свети Николе – вгр, Општина Свети Николе
Свети Николеhttps://bit.ly/3uG5yUrОдлука за неспроведување на стратегиска оценаНа веб страната објавени се одлука и формулар за неспроведување на стратегиска оцена за Детален Урбанистички план за дел од УЕ 5, дел од Блок 23, плански опфат 23.3 од ГУП за град Свети Николе, КО Свети Николе, Општина Свети Николе
Свети Николеhttps://bit.ly/3aacIa6Одлука за неспроведување на стратегиска оценаНа веб страната објавени се одлука и формулар за неспроведување на стратегиска оцена за ДУП за дел од УЕ 4, Блок 12, плански опфат 12.3, КО Свети Николе, Општина Свети Николе
Струмицаhttps://bit.ly/2Ylq9kQЈавна расправа за проектот Изградба на државен пат Струмица – ВаландовоЈавна расправа за проектот Изградба на државен пат Струмица – Валандово – спој со А1 делница 2,3 и 4 – нова траса во општина Валандово и во општина Струмица, од Министерството за животна средина и просторно планирање, ќе се одржи на 07.10.2021 година со почеток во 14:00 часот во Салата на Советот во Дом на АРМ во Струмица. Студијата е објавена на веб страната на Општина Струмица и на веб страната на Министерството за животна средина и просторно планирање
Заменик на претстедателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестицииhttps://bit.ly/3Bf6NfxВицепремиерот Битиќи на конференција за „Забрзување на финансирањето на зелени проекти“ – Посветени сме на реализација на „Зелената агенда“, за проекти за подобар живот на сите граѓаниЗаменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, се обрати на отворањето на конференцијата „Забрзување на финансирањето на зелени проекти: Претставување на инструментот за Зелено финансирање“, на кој учествуваат и заменикот помошник генерален секретар на Организацијата на Обединети Нации и претседавач на Управувачкиот комитет на „Заедничкиот фонд за цели за одржлив развој, министерот за финансии, министерот за животна средина и просторно планирање, Постојаната координаторка на ОН агенциите во Северна Македонија, Постојаната претставничка на УНДП во Северна Македонија, Директорката на финансиските институции за Западен Балкан и Источна Европа на Европската банка за обнова и развој и други експерти од областа на заштита на животната средина и развојни „зелени“ проекти.
Министерство за животна средина и просторно планирањеhttps://bit.ly/3oB2XdkЗелен фонд за зелени инвeстицииДенес, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, се обрати на промоција на воведувањето на Зелениот финансиски фонд. Заедничкиот проект „Зелен финансиски фонд за подобрување на квалитетот на воздухот и борба против климатските промени во Северна Македонија“, (кој во моментов е во завршна фаза на подготовка), се очекува да биде во вредност од приближно 36,3 милиони американски долари и ќе се спроведе од тим на агенции на Обединети Нации – УНДП, ИОМ и УНЕЦЕ – во партнерство со ЕБОР.
Министерство за животна средина и просторно планирањеhttps://bit.ly/3iBbcCuНашиот пат е современо и европско управување со отпадот и здрава животна срединаПретседателот на Владата на Северна Македонија, Зоран Заев и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, денеска одржаа заедничка прес-конференција на тема новите закони за управување со отпад. Законите се целосно усогласени со пропишаниете стандарди на Европската Унија и со нивна примена не само што ќе се подобри заштитата на животна средина и здравјето на луѓето, туку ќе се имплементираат и принципите на циркуларната економија. Законската рамка и Националниот план за управување со отпад 2021-2031 детално го уредуваат собирањето, транспортот, селектирањето, рециклирањето на отпадот, како и неговиот третман и искористување, но и одговорностите на сите чинители вклучувајќи ги и единиците на локална самоуправа.
Министерство за животна средина и просторно планирањеhttps://bit.ly/3FdsoYpОдговор на претставка на подносителот Ефтим СтоиловОдговор по однос на преставка поднесена од граѓанин во врска со пријава за злоупотреба, односно крадење на државен имот – песо од речно корито на реката Вардар во село Пепелиште, Општинна Неготино
Министерство за животна средина и просторно планирањеhttps://bit.ly/3muyb3jСо формализирање на работата на собирачите на секундарни суровини придонесуваме за почиста животна средина„РЕДИ Рециклажа“, е социјално претпријатие чија основна дејност е формализирање и организирање на собирачите на секундарни суровини, преку воспоставување соодветен систем за примарна селекција на отпад. Формирањето на социјални претпријатија на неформални собирачи на секундарни суровини, како што е РЕДИРЕЦИКЛАЖА е вистински начин неформалните собирачи да се организираат, да влезат во формалниот систем за управување со отпад и да добијат пристојна работа.
Министерство за животна средина и просторно планирањеhttps://bit.ly/2YlWE23Предлог на Одлука за прогласување на дел од Малешево за заштитено подрачје во категорија V – Заштитен пределСо оваа одлука се прогласува дел од Малешево за заштитено подрачје во категорија V – заштитен предел, заради разновидноста и богатството на биодиверзитетот, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики, пејзажните, пределните и други вредности и природни убавини. Називот на заштитеното подрачје е „Заштитен предел – Малешево“, Категорија V – Заштитен предел.
Министерство за животна средина и просторно планирањеhttps://bit.ly/3Aguh2GНови закони од областа на управување со отпадНа веб страната на МЖСПП објавени се следните закони: ЗАКОН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПАКУВАЊЕ И ОТПАД ОД ПАКУВАЊЕ, ЗАКОН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ДОПОЛНИТЕЛНИ ТЕКОВИ НА ОТПАД, ЗАКОН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАДОТ, ЗАКОН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЕЛЕКТРИЧНА И ЕЛЕКТРОНСКА ОПРЕМА И ОТПАДНА ЕЛЕКТРИЧНА И ЕЛЕКТРОНСКА ОПРЕМА, ЗАКОН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БАТЕРИИ И АКУМУЛАТОРИ И ОТПАДНИ БАТЕРИИ И АКУМУЛАТОРИ, ЗАКОН ЗА ПРОШИРЕНА ОДГОВОРНОСТ_НА ПРОИЗВОДИТЕЛОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПОСЕБНИТЕ ТЕКОВИ НА ОТПАД
Кочаниhttps://bit.ly/3a5FEQmИзвештај за СОЖС за изменување и дополнување на урбанистички план вон населено место за стопански комплекс за откуп, примарна и финална обработка на земјоделски производи, М.В. Ќерамидница, КО Кочани за блок бр.1. Општина КочаниОбјавен е извештај за СОЖС. Не се дадени дополнителни информации.
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанствоhttps://bit.ly/3BpiP64Нацрт – Стратешки план за развој на земјоделските задруги (2022-2028)Во рок од 7 дена сите релевантни чинители и засегнати страни може да достават свои забелешки и коментари на слениве маил адреси: stojan.gacov@mzsv.gov.mk; elena.novacka@mzsv.gov.mk; aleksandar.mitrevski@mzsv.gov.mk; a.g@mzsv.gov.mk
Виницаhttps://bit.ly/3D4IHouСоопштение за јавен увид за Урбанистички проект вон опфатОбјавен е графички/синтезен дел од Урбанистичкиот проект, Анкетен лист и Соопштение за Јавен увид, кој че трае од 04.10-18.10, во рок во кој може да бидат досатвени коментари од засегнатат јавност.
Виницаhttps://bit.ly/3FjUTn1Соопштение за јавен увид за Урбанистички проект вон опфат на Урбанистички план за фотоволтаични електрани, на КП 4791, КП 4790, КП 4787, КП 4788, КП 4789, дел од КП 4636, дел од КП 6979 и дел од КП 4957, КO Блатец, Општина ВиницаОбјавен е графички/синтезен дел од Урбанистичкиот проект, Анкетен лист и Соопштение за Јавен увид, кој че трае од 04.10-18.10, во рок во кој може да бидат досатвени коментари од засегнатат јавност.
Демир Капијаhttps://bit.ly/3izayFsСоопштение за организирање на јавен увид на Урбанистички проект вон опфат на Урбанистички план со намена Е1.13 – фотоволтични електрани, КП бр. 1148/1, КО Бистренци, Општина Демир КапијаОбјавен е графички/синтезен дел од Урбанистичкиот проект, Анкетен лист и Соопштение за Јавен увид, кој ќе трае до 19.10, во рок во кој може да бидат досатвени коментари од засегнатат јавност.
Дојранhttps://bit.ly/3ldLOnKУрбанистички документ за Г.П1.4 К.О Стар Дојран и Потврда за заверка на AUP Марјан ТуневОбјавен е проктот и потврда за заверка односно за поднесување на проектот преку е-урбанизам

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *