News
Monitoring Table 05/11/2021

Monitoring Table 05/11/2021

Табела со информации за следење

Во продолжение е табелата со најнови инфромации за процедури и постапки од областа на животна средина објавени од институции и локална самоуправа.

ИнституцијаУРЛНасловОписЗабелешка
Министерство за транспорт и врскиhttps://bit.ly/3k4zaXmЈавна расправа/Видео консултација за документ План за управување со животна средина и социјални аспекти за под-проект за “надградба на локална улица „1“ со краци во с. Горно Јаболчиште”, во Општина Чашка во рамки на проектот за поврзување на локални патишта.Документот “План за управување со животна средина и социјални аспекти” е ставен на јавен увид на веб страната. Коментари може да се достават во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна. Виртуелната јавна расправа ќе се одржи на 12.11.2021 (петок) со почеток во 11.00 часот
Министерство за транспорт и врскиhttps://bit.ly/3qdBzCXЈавна расправа/Видео консултација за документ контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти за под-проект за “Реконструкција на улична мрежа во населено место Венец 1 ”, во Општина Дебар во рамки на проектот за поврзување на локални патишта.Документот “План за управување со животна средина и социјални аспекти” е ставен на јавен увид на веб страната. Коментари може да се достават во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна. Се уште не се наведени податоци за датум за одржување на јавна расправа/консултација.
Одделение за соработка со невладините организацииhttps://bit.ly/3kbrDpEЈавен повик за учество на еден претставник на граѓанското општество во Секторската комисија за уметностПријавата со целокупната документација треба да се достави преку електронска пошта на nvosorabotka@gs.gov.mk со назнака „Пријава за Секторска комисија за уметност“ најдоцна до 12 ноември 2021 година. Јавниот повик и пријавата се објавени на линкот, на веб страната
Одделение за соработка со невладините организацииhttps://bit.ly/2ZTBeuFJавен повик за избор на член на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество во областа Заштита на животната срединаПријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта, на адреса: Влада на РСМ, Генерален секретаријат, Одделение за соработка со невладини организации, бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје, со назнака: „Пријава за избор на член на Советот“ или да се достави лично во архивата на Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат, од 8:30 до 15:30 часот. Рокот за поднесување на пријавите е до 17 ноември 2021 година. Јавниот повик и пријавата се објавени на линкот, на веб страната
Министерство за животна средина и просторно планирањеhttps://bit.ly/3qdBG1lИзвестување за намера за спроведување на проектОбјавено е Известување за намера за спроведување на проект: Реставрација на Река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито, општина ДебрцаИзвестувањето е изработено во октомври, а нема датум кога е објавено. Известувањето не е објавено на видно место. Согласно законот јавноста има право на коментари во рок од 30 дена.
Дебарhttps://bit.ly/3q5ZEM5Контролната листа на ПУЖССА за Реконструкција на улична мрежа во населено место Венец 1 во Oпштина Дебар во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во РСМДокументот “План за управување со животна средина и социјални аспекти” е ставен на јавен увид на веб страната. Коментари може да се достават во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна. Не се објавени информации за одржување на јавна расправа/консултација
Министерство за економијаhttps://bit.ly/3q6Qv5JПолитика за управување со енергијаМинистерството за економија се обврзува да заземе водечка позиција во рационалното користење и управување со енергетските ресурси и водата и со тоа да стане позитивен пример за сите државни, јавни и стопански субјекти. Министерството на својата веб страна има објавено политика
Чашкаhttps://bit.ly/3k5J0scИЗВЕСТУВАЊЕ за одржување на јавна презентација и консултацијаЈавната презентација и консултација на изготвен драфт План за управување со животна средина и социјални аспекти за прокет за “Изградба на улица „1“ со краци во с.Горно Јаболчиште”, Чашка на 12.11.2021 (петок) во 11 часот. Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна, односно до 19.11.2021

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *