News

Monitoring table 23/11/2021
Табела со информации за следење
Во продолжение е табелата со најнови инфромации за процедури и постапки од областа на животна средина објавени од институции и локална самоуправа.
Институција | УРЛ | Наслов | Опис | Забелешка |
---|---|---|---|---|
Министерство за транспорт и врски | https://bit.ly/3nJ3ZDl | Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на фотонапонски електроцентрали со моќност до 100 MW на локација Осломеј 3: К.О. Србица вон град, К.О. Премка и К.О. Шутово, Општина Кичево | Објавена е проектна програма (текстуален и графички дел) и услови за планирање на просторот за изработка на Урбанистички Проект | |
Влада на РСМ | https://bit.ly/3xsY5JT | Објавен Јавeн повик до невладини организации за доставување на предлози за дополнување на Планот за борба против корупција | Со цел креирање на ефикасни мерки и дополнување на Планот за борба против корупција, денеска од страна на Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, се објави Јавeн повик до Невладини организации во РСМ кои работат во областа на спречување на корупцијата и криминалот. Предлозите треба да се достават на следната е-пошта: infozpvrsmnikolovski@gs.gov.mk најдоцна до 26.11.2021 година (петок) до 12 часот. Линк до јавниот повик: https://vlada.mk/node/27023 | |
Струмица | https://bit.ly/3CHLyD9 | Одлука за организирање јавна анкета, јавна презентација, решение за комисија, соопштение | Се организира јавна анкета и јавна презентација за изработка на Урбанистички план за село Просениково, општина Струмица. Планскиот опфат го опфаќа селото Просениково, општина Струмица, на подрачјето на КО Просениково и КО Просениково вон г.р. Јавната анкета ќе трае од 26.11.2021 год. до 10.12.2021 год. Јавната презентација ќе се одржи во просториите на Дом на Култура, село Просениково, на ден 26.11.2021 година во 11:00 часот. Заинтересираните физички и правни лица можат на анкетни листови да достават забелешки и предлози по Нацрт планот, во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма. | |
Одделение за соработка со невладините организации | https://bit.ly/3xeN7Y4 | Одржана 2. седница на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество | На 18.11.2021 година се одржа Втората седница на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество. Советот утврди позитивно мислење на Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество, со Акциски план 2021-2024, оценувајќи декапредложените приоритети и цели се во согласност со стратешките документи на Владата и ресорните министерства, Извештајот на Европската Комисија за Северна Македонија за 2021 година, состојбите и потребите на граѓанското општество во државата и новите трендови за поддршка на граѓанските организации во регионот. Советот на оваа седница упати барање до Владата да го преиспита планирањето средства за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации во Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година и да овозможи континуитет на воспоставените практики. | |
Министерство за животна средина и просторно планирање | https://bit.ly/3qGugnz | СООПШТЕНИЕ 22.11.2021 год. | Согласно новите законски измени во Законот за управување со отпад („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 216/21) кои се однесуваат на член 47 став (15) и член 143 став (4), Ве информираме дека Управителите со отпад кои положиле испит зауправител со отпад согласно со Законот за управувањесо отпадот („Службен весник на Република Македонија“ број 68/2004, 71/2004, 107/2007, 102/2008,143/2008, 124/10, 51/11, 123/12, 147/13, 163/13, 51/15,146/15, 156/15, 192/15, 39/16 и 63/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 31/20), во рок од шест месеци од влегувањето во сила на овој закон, се должни да достават барање за регистрација во Листата. | |
Велес | https://bit.ly/30QBhr0 | Jавнa расправa по нацрт-програмите на општината за 2022 година | Општина Велес Ве поканува на Jавнa расправa по Нацрт-документите на општината за 2022 година. Јавната расправa ќе се одржи на 24.11.2021 година (среда) во големата сала на Општина Велес и тоа за: преставници од областите на образованието, културата, здравствената и социјална заштита, како и од здруженија и фондации (невладини организации, културно уметнички друштва, спортски клубови итн.) и заинтересирани граѓани во 16:30 часот, претставниците од урбани и месни заедници и заинтересирани граѓани со почеток во 18:00 часот. На линкот се објавени сите подготвени програми. | |
Велес | https://bit.ly/3xgUKx2 | Повик до граѓаните | Се повикуваат граѓаните на Велес кои имаат сознанија за постоење на мали и големи диви депонии во и околу градот да ги пријават во Општина Велес и тоа на веб страницата на општината преку линкот „пријави проблем“ или да се јават на телефонските броеви 078 254-729 или на 043 232-406. На тој начин службите на Општина Велес ќе имаат сознанија каде се наоѓаат дивите депонии и ќе можат да интервенираат со цел да се отстранат. | |
Велес | https://bit.ly/32gWefo | Издавање на Б-Интегрирана еколошка дозвола “КРИСТАЛ 1923” АД ВЕЛЕС | Објавена е Б Интегрирана еколошка дозвола и решение за добивање на дозволата. Дозволата е објавена за увид од страна на заинтересираната јавност, која може да даде коментари во рок од 15 дена. | |
Дебрца | https://bit.ly/3r6Ow1R | Вклучи се – Граѓански буџет 2022 | Општина Дебрца го започнува процесот на креирање на новиот Буџет за 2022 година. Партиципативното буџетирање и вклучувањето на граѓаните и граѓанските организации при креирање на Буџетот е наш приоритет. Ве повикуваме да се вклучите, со вашите идеи, предлози и сугестии, пополнувајќи го соодветниот формулар во прилог на овој текст. Посочете ги клучните проблеми и предлози за вашата месна заедница, со цел, локалната самоуправа да добие појасна претстава за потребите на граѓаните во сите месни заедници. Секој пополнет формулар ќе биде темелно прегледан од нашите сектори и предлозите за нови проекти ќе бидат земени предвид при креирање на буџетските програми и Буџетот за 2022 година. | |
ЕНЕР | https://bit.ly/3r0HKdU | Известување за почеток на процесот за подготовка на Предлог на закон за изменување и дополнување на закон за матична евиденција | Одговорно Министерство е Министерство за правда. Временската рамка за изготвување на предлог законот: 19.11.2021 – 31.12.2021. Одговорно лице за контакт во министерството: nikolina.mikeska@mjustice.gov.mk. Предлог Законот е објавен на линкот, на ЕНЕР | |
Илинден | https://bit.ly/3l1X71Q | Учествувај во креирање на буџетот на Општина Илинден за 2022 година | Општина Илинден го започнува процесот на креирање на новиот Буџет за 2022 година. Со цел да се овозможи поголема вклученост на граѓаните и граѓанските организации при неговото креирање, Ве повикуваме сите предлози и идеи да ни ги испратите по електронски пат на официјалната е-маил адреса ilinden@ilinden.gov.mk , како и директно во архивата на општината секој работен ден до 03.12.2021 година. | |
Кавадарци | https://bit.ly/3DMioEn | СООПШТЕНИЕ за организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета по Детален урбанистички план за УЕ 11, дел од Блок 11.1, ,,Слога 1”, КО Кавадарци град, Општина Кавадарци. | Јавна Презентација и јавна анкета ќе се спроведе со излагање на Детален урбанистички план за УЕ 11, дел од Блок 11.1, ,,Слога 1”, КО Кавадарци град, Општина Кавадарци во просториите на Општина Кавадарци. Јавната анкета трае од 25.11.2021 до 09.12.2021 година, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот. Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови. Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 06.12.2021 година (Понеделник) во 13.00 часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала. | |
Кавадарци | https://bit.ly/3DMzGky | Јавна Презентација и Јавна Анкета По Детален урбанистички план за УЕ 12, дел од Блок 12.1, ,,Дисанска” | Јавна Презентација и јавна анкета ќе се спроведе со излагање на Детален урбанистички план за УЕ 12, дел од Блок 12.1, ,,Дисанска”, КО Кавадарци град, Општина Кавадарциво просториите на Општина Кавадарци. Јавната анкета трае од 29.11.2021 до 13.12.2021 година, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот. Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови. Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 02.12.2021 година (Четврток) во 13.00 часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала. | |
Кочани | https://bit.ly/3xt3O2l | Урбанистички проект за инфраструктура за изградба на препумпна станица на ул. 14та Бригада за дел од системот Висока зона на притисок на град Кочани | Објавен е Урбанистички проект за инфраструктура за изградба на препумпна станица на ул. 14та Бригада за дел од системот Висока зона на притисок на град Кочани. | Не се дадени информации за јавен увид, јавна анкета и стручна презентација. |
Куманово | https://bit.ly/30Sya1D | Надградба на ГИС апликацијата со цел поголема вклученост на граѓаните во процесот на урбанистичко планирање и целосна транспарентност | Секој заинтересиран граѓанин на веб страната на Општина Куманово преку веб апликацијата ГИС, ќе може да се регистрира со свое корисничко име и емаил адреса и да внесе одредени точки на интерес во подрачјата кои го интересираат. Кога нешто ќе се менува на тоа подрачје или ќе има одредени активности во овој домен, корисникот ќе може да добие емаил известување кога за тој дел од градот ќе се организира јавна анкета или јавна презентација, однос ќе се донесува нов урбанистички план. Со тоа постапката за донесување на урбанистички планови ќе биде целосно транспарентна, а граѓаните ќе имаат можност да бидат навремено информирани согласно нивните лични интереси и преку модулите за јавна анкета и јавна презентација директно да се вклучат во оваа постапка. |
Irina Glavinceska
0