News
Monitoring table 26/11/2021

Monitoring table 26/11/2021

Табела со информации за следење

Во продолжение е табелата со најнови инфромации за процедури и постапки од областа на животна средина објавени од институции и локална самоуправа. 

ИнституцијаУРЛНасловОписЗабелешка
Богданциhttps://bit.ly/3HXmFawСредби со граѓани за Буџетот на општина Богданци за 2022 годинаОпштина Богданци е во фаза на подготвување на Буџетот за 2022 година. Со цел да се овозможи поголема вклученост на граѓаните и граѓанските организации при неговото креирање, Градоначалникот ќе оствари средби со граѓаните по населените места. Сите кои имате идеи, предлози за релизација на проекти и решавање на одредени проблеми, повелете во наведениот термин, на разговор со Градоначалникот и претставници од локалната самоуправа. Сите реално остварливи предлози, идеи, во рамки на можностите на општина Богданци ќе бидат интегрирани во буџетски програми за 2022 година.
Валандовоhttps://bit.ly/3p2zDLlОпштина Валандово објавува Јавен оглас за доброволно пријавување во партиципативно тело за урбанистичко планирањеЈавниот Оглас за доброволно пријавување на лица за формирање на
партиципативно тело кое ќе учествува во процесот на урбанистичкото планирање на подрачјето на Општина Валандово е објавен на веб страната и ќе биде отворен 30 дена од денот на објавување
Гази Бабаhttps://bit.ly/316KdsJСоопштение за Јавна анкета по Предлог- Измена и дополна на Блок 1 и вонблоковско подрачје од УПВНМ Спортско Рекреативен Центар- Гази Баба (КО Стајковци вон гр., КО Црешево, КО Старо Скопје), Општина Гази Баба – СкопјеПланскиот документ ќе биде ставен на јавен увид во периодот од 29.11-20.12.2021. Во тој период заинтересираните може да дадат свои коментари со пополнување на анкетните листови. Јавната презентација ќе се одржи на 30.12.2021, со почеток во 10.00 во барака 8 во општина Гази Баба. На веб страната објавен е само синтезен дел. Нема текстуален дел. Нема информации за потребата од спроведување на постапка за СОЖС
Гази Бабаhttps://bit.ly/3ldvwetЈавна презентација и Јавна анкета по АУП за бензинска пумпна станица на КП 282/5 КО Идризово О. Гази БабаАрхитектонско-урбанистички проект ќе биде изложен во просториите на Месна заедница ″Колонија″, во рок од 10 работни дена и тоа почнувајќи од 29.11 – 13.12.2021 год., секој работен ден од 8,00 часот до 16.00 часот. Јавната презентација ќе се одржи на 03.12.2021 год (петок) со почеток во 12.00 часот во просториите на Општина Гази Баба, барака 8 (голема сала).На веб страната објавен е само синтезен дел. Нема текстуален дел.
Гостиварhttps://bit.ly/3nRiLYHУрбанистички проект за инфраструктура за: Нови 10(20) kV кабелски изводи низ КП бр.1747/1, КП бр.1738, КП бр.1740 и КП бр.1517/10 (КО Гостивар 1) – Општина ГостиварОбјавен е Урбанистички проект за инфраструктура за Нови 10(20) kV кабелски изводи низ КП бр.1747/1, КП бр.1738, КП бр.1740 и КП бр.1517/10 (КО Гостивар 1) – Општина Гостивар и потврда сo која се одобрува Урбанистичкиот проект. Не се објаени информации за јавен увид, анкета и јавна презентација
Кавадарциhttps://bit.ly/3cNFjTOЈавна Презентација и Јавна Анкета По Урбанистички план за село Рожден, КО РожденПланскиот документ ќе биде ставен на јавен увид во периодот од 06.12-13.12.2021. Во тој период заинтересираните може да дадат свои коментари со пополнување на анкетните листови. Јавната презентација ќе се одржи на 10.12.2021, со почеток во 13.00 во просториите на општина КавадарциНа веб страната не е објавен урбанистичкиот план. Нема информации за потребата од спроведување на постапка за СОЖС
Кавадарциhttps://bit.ly/2ZqVYJLЈавна Презентација и Јавна Анкета по Локална урбанистичка планска документација за лесна и незагадувачка индустрија – Г2, на КП 8501Јавна Презентација и јавна анкета ќе се спроведе со излагање на ЛУПД за лесна и незагадувачка индустрија – Г2, на КП 8501, КО Кавадарци 1, Општина Кавадарци во просториите на Општина Кавадарци. Јавната анкета трае од 06.12.2021 до 13.12.2021 година, секој работен ден од 8:00 до 16:30 часот. Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови. Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 09.12.2021 година во 13.00 часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.На веб страната не е објавена ЛУПД. Нема информации за потребата од спроведување на постапка за СОЖС нити за што се однесува ЛУПД
Кисела Водаhttps://bit.ly/3p1M2iPЖителите на Кисела Вода ќе учествуваат во изготвување на Локалниот еколошки акционен план за животна срединаЈавен повик до жителите, претставниците на приватниот и јавниот сектор да одвојат време за да одговорат на поставените прашања и да дадат свој придонес при креирањето на, како највисок локален стратешки документ за Општина Кисела Вода за заштита, планирање и управување со животната средина во наредните шест години. Анкетата можете да се поплни на следниов линк https://rb.gy/3sqizi, или може да се појде во најблиската месна заедница и да се пополни во печатена форма.
Чашкаhttps://bit.ly/3DWX27lЗавршна форумска сесијаЛокалната самоуправа – Чашка со соработка на УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка, а во рамките на проектот “Зајакнување на општинските совети” на 30.11. 2021 година со почеток во 12:30 часот ќе ја оддржи завршната форумска сесија во салата на ООУ “Тодор Јанев” – Населба Чашка.
Штипhttps://bit.ly/3nVGfvUПредлог планска програма – УП за с. Три чешмиВрз основа на член 21 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.32 од Септември 2020год) изработена е Предлог Планска Програма за изработка на изработка на Урбанистички План за село Три Чешми, КО Три Чешми, Општина Штип /разработка на блок 4/
Штипhttps://bit.ly/3nSdrUJПроектна програма за изработка на Урбанистички Проект вон опфат на урбанистички план, со намена Е1.13, КО Криви долВрз основа на член 62 од Законот за урбанистчко планирање (Сл.Весник на РМ бр. 32/2020) изработена е Проектна програма за изработка на Урбанистички Проект вон опфат на урбанистички план, со намена Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани на К.П. 79/3, К.П. 79/4, К.П. 154, К.П. 153, К.П. 152/3, К.П. 152/1, К.П. 151/1 и К.П. 151/2 – К.О. Криви Дол, Општина Штип.
Центар за развој на Источен плански регионhttps://bit.ly/3rci6TJЈавен повик за избор на член во Советот за развој на Источен плански регион – претставник од здруженијата, со мандат од 4 (четири) годиниЧленот – претставник од здруженијата во Советот за развој на Источен регион се избира со мандат од 4 (четири) години и нема право на глас.
Рок за пријавување: Јавниот повик е отворен до 10.12.2021 година. Заинтересираните правни лица / апликанти да достават документи со кои ќе докажат дека ги исполнуваат критериумите за избор наведени во Јавниот повик.
Министерство за транспорт и врскиhttps://bit.ly/3lbDRiKИзвестување за достапност на документ Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА) за реконструкција на улица Архиеископ Доситеј со краци, Општина Чаир во рамки на проект за поврзување на локални патишта во Република Северна МакедонијаДокументот “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на официјалните веб страници на:
Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) и на
Општина Чаир (http://cair.gov.mk/ ) на 27.11.2021.
Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.
Могилаhttps://bit.ly/3FTCmxDОдлука за неспроведување на стратегиска оцена за урбанистички план вон населено место за изградба на Е1.13-површински соларни и фотоволтаични електрани, на К.П. бр.695, К.П. бр.696, К.П. бр.697, К.П. бр.698, во м.в. ”Ложиште”, К.О. Вашарејца-Општина МогилаОдлуката за неспроведување на СОЖС за плански документ заедно со формуларот треба да стојат објавени на веб страната на општината во рок од 15 дена во време на кој рок заинтересираните граѓани може да достават коментари.
Могилаhttps://bit.ly/3HRlUzPФормулар за определување на потребите за неспроведување стратегиска оценаОдлуката за неспроведување на СОЖС за плански документ заедно со формуларот треба да стојат објавени на веб страната на општината во рок од 15 дена во време на кој рок заинтересираните граѓани може да достават коментари.
Радовишhttps://bit.ly/3cNFL4sКонечен предлог план за измена и дополнување на Детален урбанистички план за УМ А-дел од УБ 8 во Радовиш, во општина Радовиш.Објавен е само синтезен/графички дел од ДУП. Објавен е само синтезен/графички дел од ДУП. Не се наведени информации за јавен увид, анкета и презентација. Нема информации за потребата од спроведување на СОЖС.
Росоманhttps://bit.ly/3CPLKjHУрбанистички проект вон опфат на урбанистички план за фотоволтаични електрани на КП 365/1 и КП 366 , КО Паликура – Општина РосоманОдлуката за неспроведување на СОЖС за плански документ заедно со формуларот треба да стојат објавени на веб страната на општината во рок од 15 дена и во тој рок заинтересираните граѓани може да достават коментари.
Стругаhttps://bit.ly/3xptSesПредлог проектна програма за изработка на урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за КП број 1736/ 13,М.В.Шаркиница, Ко МислешевоОдлука и формулар за спроведување на постапка за СОЖС за планскиот документ. Одлуката за спроведување на СОЖС за плански документ заедно со формуларот треба да стојат објавени на веб страната на општината во рок од 15 дена и во тој рок заинтересираната јавност може да даде коментари.
Стругаhttps://bit.ly/3HZrEYmПланска програма за Измена и Дополна на Детален Урбанистички План за Дел од УЕ 4, Дел од Блок 12, КО Струга, општина Струга.Одлука и формулар за спроведување на постапка за СОЖС за планскиот документ. Одлуката за спроведување на СОЖС за плански документ заедно со формуларот треба да стојат објавени на веб страната на општината во рок од 15 дена и во тој рок заинтересираната јавност може да даде коментари.
Стругаhttps://bit.ly/3p5uVfOПланска програма за измена и дополна на Генерален Урбанистички План за Блок 30 Северне дел од град Струга, КО Мороишта, Општина Струга.Одлука и формулар за спроведување на постапка за СОЖС за планскиот документ. Одлуката за спроведување на СОЖС за плански документ заедно со формуларот треба да стојат објавени на веб страната на општината во рок од 15 дена и во тој рок заинтересираната јавност може да даде коментари.
Стругаhttps://bit.ly/3DWrVZyПланска програма Измена и дополна на дел од Генерален урбанистички план за град Струга, УЕ 6 и дел од УЕ 8,Блок 18,Блок 19 и Блок 23, со детална разработка на дел од Блок 18 и дел од Блок 23 (Обединета постапка на ГУП и ДУП)Одлука и формулар за спроведување на постапка за СОЖС за планскиот документ. Одлуката за спроведување на СОЖС за плански документ заедно со формуларот треба да стојат објавени на веб страната на општината во рок од 15 дена и во тој рок заинтересираната јавност може да даде коментари.
Струмицаhttps://bit.ly/3HXnD6EТрета буџетска форумска сесијаТретата буџетска форумска сесија ќе се одржи на ден 26.11.2021 година (петок) во 18:00 часот во ДОМ на АРМ (Голема Сала). Третата буџетска форумска сесија е во реализација на програмата Форуми во заедницата – Буџетски форум во Општина Струмица 2021/2022 година.
Одделение за соработка со невладините организацииhttps://bit.ly/314M5lVРаботилница за информирање, комуникација и консултација со засегнатите страни на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општествоВо организација на проектот „Техничка поддршка за унапредување на овозможувачката околина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“, финансиран од Европската унија, на 24 и 25 ноември 2021 година, се одржа онлајн Работилница за информирање, комуникација и консултација со засегнатите страни на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество. Целта на работилницата беше да се постигне заедничко разбирање за главните предуслови за ефективна внатрешна и надворешна комуникација на Советот, подобрување на севкупниот квалитет на планирање на комуникациските активности на Советот, дискутирање за пристапите на стратешка комуникација со главните чинители, договор за следните чекори во развојот на годишната програма за работа и годишниот план за комуникација на активностите на Советот.
Одделение за соработка со невладините организацииhttps://bit.ly/3CVYB47Извештај за пријавени организации со кандидати и Jавен повикза гласање за избор на член на Советот за областа Заштита на животната срединаВрз основа на член 7 од Одлуката за формирање на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, Генералниот секретаријат на Владата – Одделение за соработка со невладини организации објавува Извештај за пријавени организации со кандидати по Јавниот повик за избор на член на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите за областa заштита на животната средина, објавен на 3.11.2021 година и јавен повик до организациите да го дадат својот глас само за еден од кандидатите. Секоја активна организација регистрирана во Централниот регистар и со област на дејствување заштита на животната средина, може да гласа само за еден кандидат, освен за кандидатот од својата организација, со пополнување на образецот за гласање и негово доставување по пошта или електронска поштана nvosorabotka@gs.gov.mk, до 9.12.2021 година. Во прилог на образецот за гласање се доставува копија од Тековна состојба издадена од Централниот регистар (како потврда дека областа на дејствување на организацијата е заштита на животната средина).
Министерство за животна средина и просторно планирањеhttps://bit.ly/3l7J37mИзвестување за имплементирање на проект: „Изградба и употреба на ветерен парк Рамно, во Општина Старо Нагоричане“ и утврдување на потребата за спроведување постапка за ОВЖСОбјавено е известување за намера за спроведување на проект заедно со листа за утврдување на потребата и обемот на постапката за СОЖС. Заинтересираната јавност има право на коментари во рок од 30 денаИзвестувањето е пожелно да биде објавено на видливо место, на почетната страна заедно со останатите вести и соопштенија
Министерство за животна средина и просторно планирањеhttps://bit.ly/311BkQMИзвестување за намера за изведба на проект: „Изградба и употреба на ветерен парк Дојран-1, во Општина Дојран“ и утврдување на потребата за спроведување постапка за ОВЖСОбјавено е известување за намера за спроведување на проект заедно со листа за утврдување на потребата и обемот на постапката за СОЖС. Заинтересираната јавност има право на коментари во рок од 30 денаИзвестувањето е пожелно да биде објавено на видливо место, на почетната страна заедно со останатите вести и соопштенија
Министерство за животна средина и просторно планирањеhttps://bit.ly/3nS71oGИзвестување за намера за изведба на проект: „Изградба и употреба на ветерен парк Дојран-2, во Општина Дојран“ и утврдување на потребата за спроведување постапка за ОВЖСОбјавено е известување за намера за спроведување на проект заедно со листа за утврдување на потребата и обемот на постапката за СОЖС. Заинтересираната јавност има право на коментари во рок од 30 денаИзвестувањето е пожелно да биде објавено на видливо место, на почетната страна заедно со останатите вести и соопштенија

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *