Events
Monitoring results of the implementation of the Arhus convention in North Macedonia

Monitoring results of the implementation of the Arhus convention in North Macedonia

Резултати од мониторингот на спроведувањето на Архуската конценција во Република Северна Македонија

На завршниот настан на проектот кој има за цел зајакнување на капацитетите и создавање на функционален систем за следење на работењето на јавните институции, општините, телата и органите за донесување одлуки за транспарентноста на процедурите, усогласувањето на законите и квалитетот на процесите на учество на јавноста во врска со спроведувањето на Архуската Конвенција, финансиран од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Архус Центарот  ги презентираше резултатите од следењето на имплементацијата на Архуската Конвенција во Република Северна Македонија за периодот од мај до ноември 2021 година.

На настанот беа поканети и присуствуваа над 80 претставници од здруженија на граѓани, Владини институции како што се МЖСПП, единиците на локлната самоуправа и Град Скопје, Центрите за развој на планските региони, Агенција за слободен пристап до информации од јавен карактер, претставници од Мисијата на ОБСЕ во Македонија, Судскиот совет на РСМ, Влада на РСМ и многу други.

На настанот вовдени обраќања за Архуската Конвенција, нејзината важност и имплементација во Република Северна Македонија имаа Г-дин Насер Нуредини, Министер за животна средина и просторно планирање, Амбасадор Клеменс Која, Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Г-ѓа Пламенка Бојчева, Директор на Агенцијата за слободен пристап до информации која даде краток осврт за значењето на правото за слободен пристап до информации и транспарентност на институциите.

На настанот беа презентирани: Извештајот за процена за имплементацијата на Архуската Конвенција за потребите на мисијата на ОПСЕ, презентиран од Ида Мантон, PACE Global; Наодите од мониторинг на веб страните на институциите од аспект на пристап до информации од поврзани со животната средина и нивна достапност; како и постапките кои предвидуваат учество на јавност во донесување на одлуки поврзани со животната средина, презентирани од Александра Каракашова Сачкарска од Архус Центарот; Искуства во спроведување на пристап до правда во Република Северна Македонија презентирани од Јасна Оровчанец Аранѓеловиќ, Македонско здружение на млади правници; Анализа на документи објавени на веб страните на општините во согласност со Законот за животна средина, презентирана од Александра Каракашова Сачкарска, Архус Центар Скопје; Национален Извештај за имплементација на Архуската Конвенција во Република Северна Македонија, презентиран од Анѓелина Јовановиќ од Министерство за животна средина и просторно планирање и претставување на следните чекори и активности на Архус Центарот, презентирани од Маја Марковска, Архус Центар, Скопје.

Настанот може да го проследите на видеото подолу. 

Сите презентации од настанот може да ги симнете овде 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *