News

Monitoring table 24/12/21
Табела со информации за следење
Во продолжение е табелата со најнови информации за процедури и постапки од областа на животна средина објавени од институции и локална самоуправа.
Институција | УРЛ | Наслов | Опис | Забелешка |
---|---|---|---|---|
Гостивар | https://bit.ly/3sxdnNa | Јавна дебата со невладини организации, Советници, бизнис заедница, граѓани | Агенда на јавната дебата – Буџет на Општина Гостивар за 2022 година – Проект за подобрување на општинските услуги (втор МСИП) и Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор (ПСЕЕП) Сала на Советот на Општина Гостивар на 21.12.2021, со почеток во 16.00 часот Граѓаните, граѓанскиот сектор, младинските здруженија, спортските клубови и сите чинители се поканети да учествуваат и да дадат свој придонес во изготвувањето на буџетот на Гостивар за следната година. | Соопштението е објавено на 21.12 за јавна расправа која е закажана за истиот ден во 21.12 во 16:00 часот. |
Градско | https://bit.ly/3Eogh9i | Jавна расправа/видео консултација за документот План за управување со животната средина и со социјалните аспекти (ПУЖССА)! | Документот “План за управување со животна средина и социјални аспекти” за „Надградба на локален пат во с.Виничани од Р1102 и локална улица Јане Сандански во с.Градско“, ќе биде ставен на јавен увид на официјалните веб страници на: Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) и на Општина Градско: https://gradsko.gov.mk/ на 22.12.2021 година. Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна. | |
Делчево | https://bit.ly/32fWmwh | Соопштение за организирање на јавен увид на изработен Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за КП 3730, КО Звегор вон град, Општина Делчево- Е1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани | Јавниот увид ќе трае 15 дена од објавувањето на Соопштението, започнувајќи од 21.12.2021 до 06.01.2022 год. Во споменатиот период , заинтерисираните грагани и правни лиоца ид конкретното подрашје опфатено со планот ке може да доставуваат писмени забелечки, предлози и анкетни листови до Општина Делчево | Не е објавен Урбанистичкиот проект. Не е објавен датум за стручна расправа |
ЕНЕР | https://bit.ly/3sqMN8m | Стратегија за инклузија на Ромите 2022 – 2030 | Надлежен орган е: Министерство за труд и социјална политика | Не се објавени информации за рок за коментари |
Центар Жупа | https://bit.ly/3HaLCOA | Јавен повик за номинирање на членови на Иницијативен одбор кој ќе учествува во процесот на конституирање на Локалното собрание за млади за избор на членови на Локалниот младински совет. | Јавниот повик е објавен на линкот на веб страната. Јавниот повик трае 10 дена од денот на објавувањето, односно до 31.12.2021 | |
Чаир | https://bit.ly/3qljvVW | ЈАВЕН ОГЛАС За пријавување на заинтересирани лица за членување во Партиципативното тело на Општина Чаир во областа на урбанизмот | Јавниот повик е објавен на линкот на веб страната. Јавниот повик трае 30 дена од денот на објавувањето, односно до 18.01.2022 | |
Кавадарци | https://bit.ly/3swNNYo | Детален урбанистички план за УЕ 5, Блок 5.6, “Хотел Фени” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци | На веб страната се објавени, Одлука и формулар за неспроведување на СОЖС и Мислење од МЖСПП по однос на одлуката. Формулар за стратегиска оцена | Не е објавен ДУП. Не е објавена информација за јавен увид |
Кочани | https://bit.ly/3JdlnIZ | Проектна програма | Проектна програма за изработка на урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за примарна и секундарна канализациона мрежа за дел од село Тркање и колектор за поврзување на главен колекторски систем за отпадни води за град Кочани (Дел – Југ). | |
Маврово и Ростуше | https://bit.ly/3yVDJcF | Постапка за учество на јавноста за предмет: ,,Локална Урбанистичка Планска Документација за формирање на градежна парцела на КП 311/1 И 311/2, КО Орќуше, со намена Д3-спорт и рекреација, Општина Маврово-Ростуше | Предметот ќе биде објавен на веб страната на општината на ден 21.12.2021г. со сите потребни прилози од планската документација (ЛУПД) и Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животната средина. Правните и физички лица и сите засегнати страни ќе можат да го разгледуваат предметот на веб страната на општината и ако имаат да дадат свои мислења, сугестии и забелешки за предметниот план, истите да ги достават до општината во рок од 30 дена од објавата. | |
Министерство за економија | https://bit.ly/33OVJdj | Државниот секретар Размена Чекиќ Дуровиќ во рамки на „Отворениот ден“ пред јавноста ги презентираше предлог програмите и плановите на Министерството за економија за 2022 година | Од страна на државниот секретар Размена Чакиќ Дуровиќ денеска беа презентирани пред јавноста: Предлог-програма за развој на претприемништвото и конкурентноста на малите и средни претпријатија за 2022 година; Предлог програма за развој на туризмот за 2022 година; Предлог-програма за поддршка на конкурентноста на преработувачката индфустрија за 2022 година; Предлог програмата за субвенции за вградување на уред за погон на ТНГ за 2022 година; Предлог програма за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2022 година; Предлог програма за промоција на обновливи извори на енергија и поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинствата за 2022 година; Предлог програма за финансиска поддршка за производство на електрична енергија од повластени производители кои користат премија за 2022 | |
Штип | https://bit.ly/3EnThaj | УПВУП за Е1.13 фотоволтаици на КП 388/2, КО Врсаково, Општина Штип | Објавени се одлука и формулар за неспроведување на СОЖС, како и Мислење од МЖСПП за тоа дека се согласѕва со одлуката на општината | |
Центар за развој на Вардарски плански регион | https://bit.ly/3elGR8l | Покана за состанок до здруженијата кои се пријавиле по јавниот повик за избор на член во Советот за развој на Вардарски пллански регион | Како апликанти по Јавниот повик за избор на член – претставник од здруженијата во Светот за развој на Вардарски плански регион, Ве покануваме на состанок на ден 27.12.2021 година во почеток во 10:00 часот, во просториите на Центарот за развој на Вардарски плански регион на адреса Шефки Сали бр. 4, 1400, Велес. | |
Неготино | https://bit.ly/3JfZaKw | Предлог – Програми за 2022 година на Општина Неготино | Со цел да се овозможи поголема вклученост на граѓаните и граѓанските организации како и поголема транспарентност, Општина Неготино ги објавува Предлог – Програмите за 2022 година. Затоа јавно Ве повикуваме сите да се вклучите во процесот на донесување на Програмите и Буџетот на општината за 2022 година, давајќи предлози, сугестии, решенија, идеи и препораки во одредени области на локалната самоуправа кои би учествувале во донесувањето на општинскиот Буџет за 2022 година. Вашите идеи, сугестии, предлози и идејни решенија може да ги доставите на е-маил адресата на општина Неготино info@negotino.gov.mk како и телефонскиот број 043 361 045. | |
Министерство за транспорт и врски | https://bit.ly/3HaLFKg | Донесовме нов квалитетен закон за легализација на дивоградбите | Министерот за транспорт и врски заедно со министерот за животна средина и просторно планирање го презентираа новиот Предлог закон за добивање правен статус на бесправно изградени објекти. Со ова законско решение ќе можат да се легализираат бесправно изградени објекти до 1 јануари 2021 година. Со овој Закон предвидено е да не се спроведува постапка за легализација на сите видови на бесправни објекти изградени во граници на заштитено подрачје со исклучок на бесправно изградени објекти за домување, но само доколку истите во заштитеното подрачје се наоѓаат во зона на одржливо користење, а за да може да се спроведе легализација на овие објекти ќе биде задолжителна согласност од МЖСПП | |
Министерство за транспорт и врски | https://bit.ly/3sLZbQD | Известување за достапност на документ Контролна листа на план за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА) за надградба на локален пат во С.Виничани од Р1102 и локална улица Јане Сандански ВО С.Градско, Општина Градско во рамки на проект за поврзување на локални патишта ВО РСМ | Документот “План за управување со животна средина и социјални аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на официјалните веб страници на: Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) и на Општина Градско: https://gradsko.gov.mk/ на 22.12.2021 година. Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна. | |
ОВП Портал | https://bit.ly/3enUpQB | Повик до граѓански сектор за пријавување членство во Совет за ПОВ | Рокот за поднесување на пријавите е 13 јануари (четврток) 2022 година. Пријавувањето за членство во Совет за координација и следење на НАП за ПОВ 2021-2023 година се врши по електронски пат, со доставување на пополнета пријава и потребните документи* на следната електронска адреса: POVSovet@fosm.mk | |
Претседател на РСМ | https://bit.ly/3FrAUCK | Претседателот Пендаровски ја потпиша Декларацијата за деца, млади и климатска акција | Една од целите на Декларацијата е да се зголеми учеството на децата и младите во процесите за ублажување и адаптација на климатските промени, преку поголема едукација за климатските промени и животната средина, како и стекнување на знаења и вештини потребни за да се заштитат себеси и да придонесат за безбедна и одржлива иднина. | |
Пробиштип | https://bit.ly/3plyyzI | Соопштение за јавен увид на урбанистички план со намена е1.13-површински соларни и фотоволтаични електрани на КП 1389 и 1390 | Јавниот увид ќе трае 15 дена од 23.12-06.01.2022 година. Забелешките може да се достават во писмена форма во просториите на општината или по електронски пат. | Не е објавевен текстуален дел од УП. Не е објавена информација за потрбата од спроведување на постапка за СОЖС. Нема датум за одржување на стручна расправа. |
Пробиштип | https://bit.ly/3z3UkLG | Соопштение за јавен увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за уредување на земјиште со намена Е1.13-површински соларни и фотоволтаични електрани на КП 2213, 2214 и 2118 и дел од КП 2211 КО Добрево – општина Пробиштип | Јавниот увид ќе трае 15 дена од 23.12-06.01.2022 година. Забелешките може да се достават во писмена форма во просториите на општината или по електронски пат. | Не е објавевен текстуален дел од УП. Не е објавена информација за потрбата од спроведување на постапка за СОЖС. Нема датум за одржување на стручна расправа. |
Радовиш | https://bit.ly/3qr34aR | Решение за одобрување на Проектна Програма | Одобрена е Проектна Програма за изработка на Урбанистички Проект за инфраструктура со намена Е1.8 Водови за пренос на ел. енергија за новопланиран подземен 10/20 КВ вод од постојна ТС на КП 4513 до кабловска спојка на КП 4157/1, КО Радовиш, Општина Радовиш, | Не е објаеена проектната програма |
Струга | https://bit.ly/3qkwYgN | Одлука и формулари за спроведување на СОЖС | Проектна Програма за изработка на урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена А4.3- Викенд куќи и други објекти за времено сместување, на КП бр. 1765/100, 1765/101, 1765/102 и дел од КП бр. 1765/1 КО Мислешово – вгр, Општина Струга. | |
Струга | https://bit.ly/30Yuoo4 | Одлука и формулари за спроведување на СОЖС | Проектна програма за изработка на урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање градежна парцела на дел од КП 584/3 и дел од КП 578/3, КО Радожда, со намена А4- времен престој (А4.3- викенд куќи и други објекти за времен престој. | |
Струга | https://bit.ly/3enUTGp | Одлука и формулари за спроведување на СОЖС | Проектна програма за изработка на урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со класа на намена А4.3- викенд куќи и други објекти за времено сместување на КП 65 во КО Радожда во Општина Струга | |
Струга | https://bit.ly/3enq4BK | Одлука и формулари за спроведување на СОЖС | Проектна програма за изработка на урбанистички проект за градежно земјиште со намена Г2- лесна и незагадувачка индустрија, на дел од КП 940/3, КО Мороишта , во УЕ 12 (индустриска зона), дел од Блок 30, Општина Струга | |
Одделение за соработка со невладините организации | https://bit.ly/3Jga0jl | Консултативен процес за Предлог-Стратегија за Роми 2022-2030 | Во насока на финализирање на процесот на изработка на нова Национална Стратегија за Роми 2022 – 2030 по насоките дадени во Стратешка Рамка на ЕУ за Ромите, со цел повторно директно и суштинско учество на граѓанските организации во изготвувањето на Стратегијата за Роми и потребата од широк консултативен процес, повторно и во рамките на финализирањето на документот ги повикуваме сите заинтересирани граѓански организации активно да се вклучат со свои предлози за мерки и активности кои сметаат дека треба да претставуваат дел од политиките на Владата за интеграција на Ромите. Пополнетиот образец, потпишан од застапникот на организацијата, го очекуваме најдоцна до 26 декември 2021 година, по електронски пат на адреса: e elvis.memeti@vlada.gov.mk, со назнака: „Предлог за Стратегијата на Роми 2022-2030“. |
Irina Glavinceska
0