News
Monitoring table 27/12/21

Monitoring table 27/12/21

Табела со информации за следење

Во продолжение е табелата со најнови информации за процедури и постапки од областа на животна средина објавени од институции и локална самоуправа.

ИнституцијаУРЛНасловОписЗабелешка
ЕНЕРhttps://bit.ly/3eBvpW5Известување за почеток на процесот за подготовка на закон за изменување и дополнување на закон за безбедност на хранаНазив на министерство: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Временската рамка за изготвување на предлог законот: 24.12.2021 – 18.01.2022. Одговорно лице за контакт во министерството: aleksandar.dilje@mzsv.gov.mk; info@mzsv.gov.mk
ЕНЕРhttps://bit.ly/32GfZNCИзвестување за почеток на процесот за подготовка на закон за изменување и дополнување на закон за безбедност на храна за животниНазив на министерство: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Временската рамка за изготвување на предлог законот: 28.12.2021 – 21.01.2022. Одговорно лице за контакт во министерството: aleksandar.dilje@mzsv.gov.mk; info@mzsv.gov.mk
Тетовоhttps://bit.ly/3z6IL68ЈАВЕН ОГЛАС за формирање на партиципативно тело кое ќе учествува во процесот на урбанистичкото планирањеВрз основа на член 46 став 1 од Законот за урбанистичко планирање за формирање на партиципативно тело за подрачјето на Општина Тетово, Градоначалникот на Општина Тетово на ден 27.12.2021 година објавува ЈАВЕН ОГЛАС за формирање на партиципативно тело кое ќе учествува во процесот на урбанистичкото планирање на подрачјето на Општина Тетово. Јавниот повик трае 30 дена
Илинденhttps://bit.ly/3pw1RjaБ интегрирана еколошка дозвола Кадино Индустри групОбјавена е Б интегрирана дозвола.Не е објавена информација за јавен увид и рок за коментари од страна на јавноста.
Карпошhttps://bit.ly/3pw1RjaОдобрение за градбаOдo6peниe зa rpaдeњe нa o6ieкт за домување вo cтанбени куќи oд II кareropијa
Центар за развој на Југоисточен плански регионhttps://bit.ly/3mCQNirПокана за состанок до здруженијата кои се пријавиле по Јавниот повик за избор на член – претставник од здруженијата во Советот за развој на ЈИПРПокана за состанок до здруженијата Младинско здружение Феникс, Ново Село, Фондација за локален развој и развој на информатички технологии, Гевгелија, Локална Акциона Група Беласица – Огражден, Босилово, Здружение Рурален Центар Огражден, Босилово, Здружение Здрава Котлина, Струмица кои се пријавиле по Јавниот повик за избор на член во Советот за развој на Југоисточниот плански регион – претставник од здруженијата. Состанокот на ден 29.12.2021 година (среда) во почеток во 12:00 часот, во просториите на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион на адреса Бул. Маршал Тито бр.1-1, 2400 Струмица.
Град Скопјеhttps://bit.ly/3eLrl65Предупредувања и препораки од Град Скопје поради загадувањето на воздухотСогласно Законот за квалитет на амбиентниот воздух и по добиеното известување од страна на МЖСПП дека квалитетот на воздухот последователно два дена е надминат над законски пропишаниот миниумум, (над 150 μg/m3 среднодневни концентрации на ПМ10) на мерните станици во Центар, Лисиче, Гази Баба и Ректорат, Градот Скопје ги информира граѓаните дека прогласува мерки од прв степен – предупредувања и препораки за намалување на загадувањето на воздухот и заштита на здравјето на граѓаните
Охридhttps://bit.ly/3esL9uDДежурен телефон за пријавување на проблемите со депонирање на отпадЈ.П.„Охридски Комуналец” ги известува граѓаните на општина Охрид дека за проблемите кои ги имаат околу собирањето на кабаст и зелен отпад, како и пријавување на случаи на несоодветно депониран отпад и создавање на мини-депонии, достапен е дежурниот телефон 075-495-428 секој ден во неделата од 07.00 часот до 21 часот.
Радовишhttps://bit.ly/3mFy2uxПланска Програма Планска Програма за изработка на Урбанистички План вон опфат на урбанистички план со класа на намена Г2 – лесна и незагадувачка индустрија, со проектен опфат: КП-744, КП-746 и дел од КП 1134, КО Сулдурци во Општина Радовиш.
Собрание на РСМhttps://bit.ly/3zdeIKoСедница бр. 20 на Комисија за транспорт, врски и екологијаПредлог на закон за изменување и дополнување на Законот за животната средина – II читање; Предлог-закон за дополнување на Законот за животната средина – I читање;
Струмицаhttps://bit.ly/3pw6xpgПисмен извештај за праг за алармирање на граѓаните на Општина Струмица за наредните деновиВо врска со настанатата состојба со загадувањето на воздухот во агломерација на град Струмица, надминување на прагот на алармирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10 (надминување на вредноста од 150 µg/m3, (2 и повеќе последователни дена на 23.12.2021 , 24.12.2021 , 25.12.2021 и 26.12.2021 ) известуваме дека е потребно информирање на граѓаните согласно Акциониот план за подобрување на воздухот со објавување на текстот на овој допис на Web страната на општина Струмица и поставување на постојан линк со Мерната станица во Струмица.
Одделение за соработка со невладините организацииhttps://bit.ly/3z4N3LkОдржана 3. седница на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општествоСоветот ја разгледа и донесе Програмата за работа на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество за 2022 година. Советот утврди позитивно мислење по Предлог-Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2022 година, подготвена од Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат и препорача Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците да ја следи добрата практика на Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија за транспарентен процес на распределба на средствата наменети за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите
Министерство за животна средина и просторно планирањеhttps://bit.ly/3mDadn6Соопштение за надминување на праг на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометриСогласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 µg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, Ве информираме дека истиот е надминат на мерните места во Скопје – Центар, Гази Баба, Лисиче и Ректорат и Струмица.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *