News

Monitoring table 25/05/2022
Табела со информации за следење
Во продолжение е табелата со најнови информации за процедури и постапки од областа на животна средина објавени од институции и локална самоуправа.
Институција | УРЛ | Наслов | Опис | Забелешка |
---|---|---|---|---|
Велес | https://bit.ly/3z054wE | Соопштение за организирање на јавна презентација и јавна анкета по Предлог Детален урбанистички план за дел од УЕ 3, дел од УБ 24 и УЕ10 дел од УБ 52, Градски парк, Општина Велес. | Јавната анкета ќе трае 5 работни дена, од 26.05 до 01.06.2022 год., од 7.30 до 15.30 часот во просториите на Општина Велес. Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 30.05.2022 година во 12:00 часот во просториите на Општина Велес. | |
Гази Баба | https://bit.ly/3Nr5wrE | Решение за одобрување на Урбанистички проект | Урбанистички проект за инфраструктура за линиска инфраструктурна градба за: Новопланиран СН10(20)кV кабелски подземен вод од постојна трафостаница ТС10(20)/0.4kV со новопланирана трафостаница ТС 10(20)/0.4 kV во КО Гази Баба, Општина Гази Баба – Скопје | Објавeн е само графички синтезен план. Нема информации за јавен увид, анкета и информации за СОЖС постапка |
ЕНЕР | https://bit.ly/3wGtw3e | Повик за јавен увид за Закон за рибарство и аквакултура | Заради одржување на јавна расправа, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува засегнатите страни дека Закон за рибарство и аквакултура се става на јавен увид. Јавниот увид во Закон за рибарство и аквакултура може да се изврши на следната електронска адреса: www.ener.gov.mk www.mzsv.gov.mk или во просториите на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство почнувајќи од 17.05.2022 заклучно со 30.06.2022. Јавната расправа за Закон за рибарство и аквакултура ќе се одржи на 06.09.2022, за што навремено ќе биде објавена покана до засегнатите страни за учество во јавна расправа. | |
Зрновци | https://bit.ly/3rtE7h3 | Решение за одобрување на Урбанистички проект | Одобрен урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на канализационен колекторски цевковод со пречистителна станица за отпадни води во село Зрновци, КО Зрновци, Општина Зрновци | |
Илинден | https://bit.ly/3wNUo1p | Урбанистички проект | Урбанистички Проект за формирање на градежна парцела вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13 – Фотоволтаични електрани поставени на земјиште на КП 666 и КП 667, КО Мршевци, Општина Илинден | Нема информации за јавен увид, анкета и информации за СОЖС постапка |
Илинден | https://bit.ly/3PJqZOz | Урбанистички проект | Урбанистички Проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13 – фотоволтаични електрани поставени на земјиште на КП 673/3, КП 674 и КП 673/4, КО Мршевци, Општина Илинден | Нема информации за јавен увид, анкета и информации за СОЖС постапка |
Илинден | https://bit.ly/3PF0ABf | Урбанистички проект | Урбанистички Проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13 – Фотоволтаични електрани поставени на земјиште на КП 666 и КП 667, КО Мршевци, Општина Илинден | Нема информации за јавен увид, анкета и информации за СОЖС постапка |
Карпош | https://bit.ly/3FVm6ND | Урбанистички проект | Урбанистички проект со план за парцелација на ГП 18.14 од УПС за село Бардовци, разработка на блокови 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 17 и 18, Општина Карпош – Скопје | Нема информации за јавен увид, анкета и информации за СОЖС постапка |
Кавадарци | https://bit.ly/3LJPPKY | Соопштение за организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета По Детален урбанистички план за УЕ 10, дел од Блок 10.2, “Мито Хаџи Василев Јасмин”, КО Кавадарци град, Општина Кавадарци. | Јавната анкета трае од 25.05.2022 до 23.06.2022 година, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот. Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 25.05.2022 година (среда) во 12.00 часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала. | |
Македонска Каменица | https://bit.ly/3PHGEh3 | Информација за достапност на Студија за ОВЖС за Проектот: “Измена на методот за откопување во наоѓалиштето Свиња река – примена на метод на откопување со заполнување на откопните простори и суво одлагање на јаловината во рудник САСА“ ДООЕЛ, општина Македонска Каменица и информација за одржување на јавна расправа | Јавната расправи по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот: “Измена на методот за откопување во наоѓалиштето Свиња река – примена на метод на откопување со заполнување на откопните простори и суво одлагање на јаловината во рудник САСА“ ДООЕЛ, општина Македонска Каменица ќе се одржи на 26 мај 2022 година (четврток), во Салата на советот на општина Македонска Каменица со почеток во 12.00 часот | |
Штип | https://bit.ly/3sY1Fud | Соопштение за организирање на јавен увид на изработен проект | Јавен увид за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13 – Површински соларни и фотоволтаични електрани на КП 323/5 и КП 323/9, м.в. Калимерово, КО Ново Село Штип, Општина Штип, ќе трае 15 дена, почнувајќи од 20.05.2022 | Не се дадени информации за стручна расправа. Не се дадени информации за потребата од СОЖС постапка |
Неготино | https://bit.ly/3yYDlfQ | Урбанистички проект | УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ за формирање на градежна парцела 1.1, со намена – А1.5 – станбени куќи во состав на селски стопански двор на КП 1211 и дел од КП 1213, КО Пепелиште согласно Општ акт за село Пепелиште, општина Неготино | Не се дадени информации за стручна расправа. Не се дадени информации за потребата од СОЖС постапка |
Министерство за одбрана | https://bit.ly/3yWnka0 | Министерката Петровска го презентираше Планот за повисоки еколошки стандарди – одбраната прераснува во еко-одбрана, штедиме средства и ја заштитуваме животната средина | Водени од програмата на Владата во однос на заштитата на животната средина, како и агендата НАТО 2030, која климатските промени ги постави како безбедносно прашање од највисок приоритет, Министерството за одбрана го изработи Планот за повисоки еколошки стандарди во одбраната и се позиционираше како лидер помеѓу институциите во заштитата на животната средина. Планот ќе се спроведува преку четири столбови – пренамената на затоплувањето од користење на загадувачки во незагадувачки енергенси, изградбата на фотоволтаични електрани на објекти во касарните, зголемување на енергетската ефикасност на армиските објекти, како и континуираното следење на влијанието на армиските активности врз животната средина. | Планот за повисоки еколошки стандарди во одбраната не е објавен на веб страната |
Министерство за транспорт и врски | https://bit.ly/3wRTMI9 | Јавен увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план од државно значење за изградба на фотоволтаична електрана на КП 338/4 и КП 338/5 КО Рибарци, Општина Новаци | Јавен увид за Урбанистички проект ќе трае 15 дена, почнувајќи од 21.05.2022 до 05.6.2022. | Не се дадени информации за стручна расправа. Не се дадени информации за потребата од СОЖС постапка |
Министерство за транспорт и врски | https://bit.ly/3sKzlvs | Проектна програма | Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за инфраструктура за електричен кабел од 110 kV, од новопланирана трафостаница на фотоволтаична електрана, до приклучна точка на ЕСМ, КО Жубрино, КО Осломеј, КО Србица – вонград, КО Шутово, во Општина Кичево | |
Влада на РСМ | https://bit.ly/38ghlSq | 45-та седница на Владата | Владата го утврди и текстот на Предлог-законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на Регионалниот проект за цврст отпад. | |
Агенција за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер | https://bit.ly/3wL4KAj | Потпишан Меморандум за зголемување на транспарентноста на судовите | Директорката на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, Пламенка Бојчева и Претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска потпишаа Меморандум за соработка за зголемување на активната транспарентност на судовите во насока на доследно спроведување на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и остварувањето на правото на граѓаните за слободен пристап до информации. | |
Одделение за соработка со невладините организации | https://bit.ly/3LFwf2t | Одржан состанок на Работната група за реформа на системот на државно финансирање на граѓанските организации | На состанокот беа презентирани Извештајот за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации од Владата, органите на државната управа и единиците на локалната самоуправа во 2021 година, подготвен од Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат и Анализата на клучните наоди од прашалниците за реформа на системот на државно финансирање на граѓанските организации, подготвена од Игор Видачак, експерт ангажиран од проектот. Членовите на работната група дискутираа за можните опции за формирање на Фонд за поддршка и развој на граѓанското општество и кофинансирање на ЕУ проекти и потребата од одржување заеднички состанок со Работната група за подготовка на измени на Законот за здруженија и фондации | |
Одделение за соработка со невладините организации | https://bit.ly/39Q4aIo | Одржани работилници за членовите на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество | На работилниците беше истакната и важноста на Годишниот план за работа на Советот и негово ажурирање во согласност со законодавната динамика на Владата, како и проактивното идентификување на нови предлози на закони и други акти кои ќе влијаат на граѓанските организации и нивно разгледување од Советот на предлог на членовите од ресорните министерства. Беа отворени и прашањата за автономијата во донесувањето на одлуките, внатрешната комуникација и консултација на членовите од редот на вработените во органите на државната управа во институциите што ги претставуваат, како и за индивидуалната експертиза и искуство на членовите на Советот од редот на граѓанските организации, но и значењето на нивната репрезентативна улога и застапување на интересите на организациите од различните сектори. | |
Свети Николе | https://bit.ly/39RXbi6 | Соопштение за организирање на јавна презентација и јавна анкета по Предлог Детален урбанистички план за дел од УЕ 3, дел од УБ 24 и УЕ10 дел од УБ 52, Градски парк, Општина Велес. | Јавен увид за Урбанистичкиот проект ќе трае 15 дена, почнувајќи од 19.05.2022 до 02.6.2022. | Не се дадени информации за стручна расправа. Не се дадени информации за потребата од СОЖС постапка. Линкот тепко се отвара |
Свети Николе | https://bit.ly/39RXbi6 | Решение за одобрување на Урбанистички проект | Јавен увид за Урбанистичкиот проект ќе трае 15 дена, почнувајќи од 19.05.2022 до 02.6.2022. | Не се дадени информации за стручна расправа. Не се дадени информации за потребата од СОЖС постапка. Линкот тепко се отвара |
Irina Glavinceska
0