News

Monitoring table 14/06/2022
Табела со информации за следење
Табела со информации за следење Во продолжение е табелата со најнови информации за процедури и постапки од областа на животна средина објавени од локална самоуправа.
Институција | УРЛ | Наслов | Опис | Забелешка |
---|---|---|---|---|
Босилово | https://bit.ly/3xkd1Kk | Соопштение до јавноста по урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за КП 1156, КО Сарај, општина Босилово | Јавниот увид по урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за КП 1156, КО Сарај, општина Босилово, ќе трае 15 дена, од 13-27.06.2022. | Урбанистичкиот проект не е објавен на веб страната. Не се дадени информации за стручна презентација и потребата од СОЖС постапка. |
Брвеница | https://bit.ly/3O2RjBG | Урбанистички проект | Урбанистички Проект вон опфат на Урбанистички План за формирање градежни парцели на КП 699/2, 699/3 и дел од КП 683/4, КО Радиовце со намена А1.5 – Куќи во состав на селски стопнаски двор Општина Брвеница | Не се дадени информации за стручна презентација и потребата од СОЖС постапка. |
Гевгелија | https://bit.ly/3aZH2I9 | Информација – Проект Интерконективен Гасовод Северна Македонија–Грција | На линкот се дадени информации за документите кои се изработени за овој проект. Посочени се и контакти од инвеститорот на проектот Национални Енергетски Ресурси (НЕР АД Скопје) каде заинтересираната јавнност може да ги даде своите коментари | Документите не се објавени на веб страната на општина Богданци. Документите не се објавени нити на веб страната на инвеститорот НЕР |
Делчево | https://bit.ly/3xqy7Hg | Соопштение за организирање на јавна презентација и јавна анкета за Детален урбанистички план (ДУП) за УЕ2, дел од урбан блок 2.6 мај 2022 предлог план 2019-2024, Општина Делчево | Јавната презентација ќе се одржи на ден 30.06.2022 во просториите на Спомен дом „АСНОМ,, (сала на совет) со почеток во 11:00 часот и почетокот на јавната презентација воедно ќе претставува и почеток на јавна анкета, а истата ке трае 10 работни дена, односно заклучно со 18.07.2022 година, а приемот на анкетни листови и информации за планот може да се добијат од 8,00 часот до 15 часот во просториите на Општина Делчево во архива или соба бр/5 како и преку системот е – урбанизам . | Не се дадени информации за потребата од СОЖС постапка. |
Дојран | https://bit.ly/3xO2VD5 | Проектна Програма KП 321-1 и други КО ЦРНИЧАНИ, Општина Дојран | Објавени се решение и Проектна Програма KП 321-1 и други КО ЦРНИЧАНИ, Општина Дојран | |
Кисела Вода | https://bit.ly/3tyTbdr | Повторна Јавна Анкета | Повторна Јавна Анкета за Предлог Детален Урбанистички План за Градска Четврт Ј 17, Блок Ј 17.06, ќе трае од 16.06.2022 до 30.06.2022 година. Јавната презентација ќе се одржи на 17.06.2022 година во 10:00 часот во просториите на општината. | Не се дадени информации за потребата од СОЖС постапка. |
Крива Паланка | https://bit.ly/3aWuq4g | Одржана првата седница на Советот на млади на Општина Крива Паланка | Советот на млади на Општина Крива Паланка, денеска во салата на Општина Крива Паланка ја одржа првата седница, на која за записничар е избрана Ангела Пешовска. На првата седница беше усвоен и Деловник за работа на Советот на млади на Општина Крива Паланка | |
Карпош | https://bit.ly/3zvYoGK | Планска програма | Планска Програма за изработка на Урбанистички План за село Бардовци, разработка на Блок 42, Општина Карпош, Скопје | |
Карпош | https://bit.ly/3HjieqF | Cоопштение за повторена јавна анкета и презентација | Повторената јавна анкета за Предлог Детален урбанистички план за Градска четврт ССЗ 02, Блок 04, Општина Карпош ќе биде во периодот од 14-20.06.2022 година. Јавната презентација ќе биде на 16.06 со почеток во 13:00 часот во просториите на општина Карпош. | Не се дадени информации за потребата од СОЖС постапка. |
Кавадарци | https://bit.ly/3xOnmzW | Планска програма | Планска Програма за изработка на Детален Урбанистички План за дел од УЕ 14, Блок 14.6 и Блок 14.7- “Силекс згради”, К.О. Ваташа, К.О. Кавадарци град, Општина Кавадарци | |
Чашка | https://bit.ly/3Qnhtka | Известување за одржување на јавна расправа/видео консултација | План за управување со животната средина и со социјалните аспекти (ПУЖССА) “Надградба на локалната улица „Коста Кирков“, локалниот пат во н.м. Мелница, локалниот пат во с. Отишино и локалната улица „Ацо Шопов“, во општина Чашка во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ. Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна. | Известувањето за одржување на јавна расправа-видео консултација е објавено на 09.06 за одржување на 13.06. Временскиот рок даден за информирање на јавноста е многу краток |
Неготино | https://bit.ly/3aQwR8B | Известување за измена на јавен повик | Јавниот повик за изработка на урбанистички проект и детален урбанизстички проект за потребите на општина Неготино е продолжен до 20.06.2022 | |
Охрид | https://bit.ly/3MQowPE | Одлука за спроведување на СОЖС | Одлука за спроведување на стратегиска оцена за планскиот документ Детален урбанистички план УЗ 2, УБ 2.5- опфат 2 , Општина Охрид. Одлуката и формуларите за спроведување на СОЖС се објавени на веб страната |
Irina Glavinceska
0