News

Monitoring table 24/06/2022
Табела со информации за следење
Во продолжение е табелата со најнови информации за процедури и постапки од областа на животна средина објавени од локална самоуправа.
Институција | УРЛ | Наслов | Опис | Забелешка |
---|---|---|---|---|
Велес | https://bit.ly/3u1avb7 | Известување за достапност на документ – Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА) за реконструкција на дел од локални улици: „Живко Фирфов“, „Благој Ѓорев“ – Нова Населба, „Асном“, „Андон Шурков“, „Лазо Осмаков“ и „Орце Мартинов“ во Општина Велес | Документот “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на официјалните веб страници на: Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) Единица за имплементација на проект при МТВ www.wbprojects-mtc.mk и на Општина Велес https://veles.gov.mk/ на 24.06.2022. Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна. | |
Гевгелија | https://bit.ly/3tYCvfD | Потврда за одобрување и планска програма | Се одобрува Планска програма за изработка на Измена и дополнување на Урбанистички план за село Прдејци – Блок 5, општина Гевгелија | |
Гевгелија | https://bit.ly/3nez8NL | Потврда за одобрување и планска програма | Се одобрува Планска програма за изработка на Изменување и дополнување на дел од Блок 5 од УПС за село Богородица, КО Богородица, Општина Гевгелија | |
Гевгелија | https://bit.ly/39TCpPG | Потврда за одобрување и планска програма | Се одобрува Проектна програма за изработка на Урбанистички Проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13 – Површински соларни и фотоволтаични електрани (фотонапонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) на КП 583 КО Ново Конско, општина Гевгелија | |
Демир Хисар | https://bit.ly/3A5ytG3 | Соопштение за организирање на јавен увид за Урбанистички Проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13 – Површински соларни и фотоволтаични електрани на КП 1853, м.в. Прчи дол, КО Слепче, Општина Демир Хисар | Јавната анкета ќе трае 15 дена и тоа од 23.06.2022 година до 08.07.2022 година, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот. | Нема информации за одржување на јавна расправа. Не е објавено мислење од МЖСПП за прифаќање на одлуката за неспроведување на СОЖС |
Тетово | https://bit.ly/3xOorqg | Јавен повик на Иницијативен одбор (ИО) за основање на Локално младинско собрание на општина Тетово | Јавниот повик трае 10 календарски дена, од денот на објавувањето на веб страната на општината | |
Аеродром | https://bit.ly/3xUBjeg | Прашалник за добро управување според стандардите од Советот на Европа | Со цел да се измери транспарентноста на нивото на добро управување според стандардите одредени од страна на Советот на Европа, ве молиме доколку сте во можност да го пополните анонимниот прашалник. Резултатите ќе бидат искористени за подобрување на транспарентноста на управувањето со Општина Аеродром. | |
Карпош | https://bit.ly/3tZfJnK | УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ за инфраструктура | УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ за инфраструктура за изградба на секундарен топловод е2.220.004 од нова шахта ш035 на вод е2.220 до новопроектирана шахта Ш010 за новоизградени објекти на улица “Козле”,Општина Карпош | Не се објавени други информации за јавен увид и презентација, нити за потреба од постапка од СОЖС |
Кавадарци | https://bit.ly/3btlEv7 | Локална урбанистичка планска документација за Г2 – Лесна и незагадувачка индустрија на КП бр. 8501, К.О. Кавадарци 1 | Објавени се одлука и формулари за неспроведување на СОЖС за Локална урбанистичка планска документација за Г2 – Лесна и незагадувачка индустрија на КП бр. 8501, К.О. Кавадарци 1. Објавено е и известување/мислење од страна на МЖСПП за прифаќање на одлуката. | |
Новаци | https://bit.ly/3QP885g | Нацрт извештај за стратегиска оцена на животната средина – Урбанистички план вон населено место за изградба на објекти со намена Г2 – лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија КО Новаци – вон град, општина Новаци | Објавен е Нацрт Извештај за СОЖС | Нема датум кога е објавен извештајот. Исто така нема соопшштение со кое се информира јавноста за достапност на извештајот и информации за постапката за консултации со јавноста |
Неготино | https://bit.ly/3ygazGw | Јавен Повик за избор на изработувач на урбанистички план | Јавен повик за изработување на Измена на урбанистички план вон населено место за лесна индустрија на КП бр. 556 дел, 678 дел, 679, 680, 681 дел, 762, 1000/1 дел, 1006/2 дел и 4178 дел, КО Криволак, КО Црвени Брегови 2, КО Неготино, општина Неготино. Понудите да се достават најдоцна до 08.07.2022г (петок) до 14,00 часот преку архивата на Општина Неготино | |
Радовиш | https://bit.ly/3xOTLoB | Одобрување на планска програма | СЕ ОДОБРУВА Планска Програма во е-урбанизам со број на постапка: 43182 за изработка на УП вон опфат на урбанистички план Новопланиран СН 10(20) подземен кабелски вод од КП 991, КП 882/1, КО Подареш, во општина Радовиш, со класа на намена: Е1, Е1.8, |
Irina Glavinceska
0