News

Monitoring table 28/06/2022
Табела со информации за следење
Во продолжение е табелата со најнови информации за процедури и постапки од областа на животна средина објавени од локална самоуправа.
Институција | УРЛ | Наслов | Опис | Забелешка |
---|---|---|---|---|
Гостивар | https://bit.ly/3y2SM4i | Јавен Увид по Урбанистпчки Проект за Инфраструктура за реконструкција на локален пат с. Форино-Гостивар, од км.0+0.000 до км. 0+361.52 на КП бр. 3309, КО Форино – Општина Гостивар. | Јавниот Увид ќе се објави на веб страницата на општина Гостивар во период од 15 дена и тоа од 27.06.2022 година до 11.07.2022 година. | Не се дадени информации за стручна расправа. Не е објавен Урбанистичкиот проект и нема податоци за потребата од спроведување на СОЖС |
Гевгелија | https://bit.ly/3ykm7aP | Јавен повик за избор на членови во Локален младински совет на Општина Гевгелија | Повикот трае 15 дена и е отворен од 24 јуни до 8 јули, 2022 година. Заинтересираните кандидати потребната документација можат да ја достават во Архивата на Општина Гевгелија со назнака: „За Јавен повик за избор на членови во Локален младински совет“ или на е-mail адресата: gevgelijao@t.mк . | |
Зрновци | https://bit.ly/3rtE7h3 | Урбанистички проект со план за парцелизација | Урбанистички проект со план за парцелација за ГП 11.01 – КП 5590, КО Зрновци со основна класа на намена Г2-лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија, по измена и дополна на УПС Зрновци за една градежна парцела, дел од блок 11, Општина Зрновци (со одлука на совет бр.07-529/1 од 29.06.2012 год) | Нема датум кога е објавен УП. Исто така нема соопшштение за јавен увид, анкета и стручна расправа. Нема податоци за потребата од СОЖС |
Кратово | https://bit.ly/3HVkO6x | Решение за одобрување на проектна програма | Проектна програма за урбанистички план вон опфат на урбанистички план за изградба на објекти со намена А4 времено сместување на КП бр.2937 КО Кратово | |
Шуто Оризари | https://bit.ly/3u7pzEh | Јавен увид по Урбанистпчки Проект во опфат на урбанистички план со намена Г2.1 – Згради од лесна градежна и помалку загадувачка индустрија на КП 499/5, КО Горно и Долно Оризари, Општина Шуто Оризари | Јавниот увид ќе трае 15 дена и тоа од 24.06.2022 година до 08.07.2022 година. | Не се објавени други информации за јавен увид и презентација, нити за потреба од постапка од СОЖС. Не е објавен нити УП |
Новаци | https://bit.ly/3yoRnGz | Известување за Јавен увид – Јавна расправа | Почитувани жители на општина Новаци, ве известуваме дека почнувајќи од 24.06.2022 до 26.07.2022, секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот, Извештајот за стратегиска оцена на животната средина за проект – Урбанистички план вон населено место за Изградба на објекти со намена Г2 – лесна преработувака и помалку загадувачка индустрија, ќе биде достапен за јавен увид. Целосното известување како и соодветната документација ги имате во продолжение: | |
Прилеп | https://bit.ly/3A6IRxd | Решение за издавање на Б-Интегрирана еколошка дозвола | Решение за издавање на Б-Интегрирана Еколошка Дозвола, Друштво за откопување, преработка и трговија со мермери „БЕЛМАР“ ДООЕЛ Скопје за инсталација: Експлоатација на минерална суровина мермер на локалитетот „Леково – Чаве“, с.Ореовец. Категорија на инсталација: Прилог 2. Точ.3. Индустрија на минерали. Подточка 3.2. Инсталации за ископ, дробење, мелење, сеење и загревање на минерални суровини. | |
Прилеп | https://bit.ly/3bBRg1G | Решение за издавање на Б-Интегрирана еколошка дозвола | Решение за издавање на Б-Интегрирана еколошка дозвола за операторот ТДПИ „ЛАРИН МРАМОР КОМПАНИ“, за инсталација за експлоатација на минерална суровина мермер на локалитетот „Галабовец“ с.Нов Присад, Општина Прилеп. |
Irina Glavinceska
0