Monitoring table 14/10/2022
Табела со информации за следење
Во продолжение е табелата со најнови информации за процедури и постапки од областа на животна средина објавени од локална самоуправа.
Институција | УРЛ | Наслов | Опис | Забелешка |
---|---|---|---|---|
Босилово | https://bit.ly/3VrTC5D | Потврда за заверка на одобрен УП на КП бр. 3511, КО Босилово | Објавена е потврда за заверка на одобрен, Урбанистички проект за формирање на градежна парцела со намена А1.5-куќи во состав на селско стопански двор, на КП бр. 3511, КО Босилово, Општина Босилово | |
Брвеница | https://bit.ly/3EGPSak | Соопштение за организирање на јавен увид | Јавен увид за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план, со намена Е1.13 - Површински соларни и фотоволтаични електрани, за дел од КП 2789/1 и дел од КП426/4, .в.Краста, КО Челопек-вон г.р., општина Брвеница, ќе трае 15 дена од денот на објавувањето на соопштението, односно од 13.10.2022 г. до 28.10.2022 г. | |
Василево | https://bit.ly/3MyugyR | Градоначалникот ги започнува средбите со граѓани за планирање на Буџетот за 2023 година | Општина Василево ги поканува граѓаните помасовно да присуствуваат на овие средби и да го дадат својот максимален придонес во креирањето на Буџетот за 2023 година а со тоа и во развојот на општина Василево и нејзините населени места. | |
Виница | https://bit.ly/3CBHiqC | Соопштение за Јавна презентација и Јавна анкета на Нацрт- Детален урбанистички план Блок 15 дел 3, Општина Виница | Јавна анкета на Нацрт- Детален урбанистички план Блок 15 дел 3, Општина Виница, ќе трае 30 дена од 10.10-10.11.2022 год. Јавна презентација ќе се одржи на 14.10.2022 год. во 12:30 во просториите на Општина Виница | |
Виница | https://bit.ly/3CxlcWo | Соопштение за Јавна презентација и Јавна анкета на Предлог за Урбанистички план за село Лаки, КО Лаки, Општина Виница. | Јавна презентација и Јавна анкета на Предлог за Урбанистички план за село Лаки, КО Лаки, Општина Виница | Линкот на кој е поставено соопштението не се отвара |
Виница | https://bit.ly/3yFAIhE | Соопштение за Јавна презентација и Јавна анкета на Предлог за Урбанистички план за село Трсино, КО Трсино, Општина Виница. | Јавна анкета на Предлог за Урбанистички план за село Трсино, КО Трсино, Општина Виница, ќе трае 10 дена, 12.10-21.10.2022 год. Јавна презентација ќе се одржи на 17.10.2022 год. со почеток во 12.30 во просториите на Општина Виница | |
Виница | https://bit.ly/3euvIWm | Проектна програма | Објавена е Проектна програма за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Б2.6 – Големи сали, хали, складови и магацини за потребите на трговијата, на КП 2538, КП 2542, КП 2543, КП 2544 и КП 2545, КО Истибања, Општина Виница. | |
Велес | https://bit.ly/3rW1vTm | Соопштение за организирање на јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за стопански комплекс | Јавниот увид за Урбанистички проект вон опфат на Урбанистички план за стопански комплекс со основна класа на намена Г2 лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија на к.п.990/2 м.в.Грнчарица КО Башино Село Општина Велес. Јавниот увид ќе трае 15 работни дена, од 07.10.2022 до 21.10.2022 година, на службената веб страна на Општина Велес (www.veles.gov.mk). | |
Велес | https://bit.ly/3yG3jU5 | Одржана јавна расправа за проектот „RELOAD2” | Општина Велес организираше Јавна расправа со претставници на Здруженија на граѓани за проектот „ReLOaD2” – Регионална Програма за Локална Демократија во Западен Балкан, финансиран од Европската Унија со цел утврдување на приоритетните области на општината за 2023 година. Јавниот повик за поднесување апликации за 2023 година во рамки на проектот „ReLOaD2” ќе биде дополнително објавен на интернет страницата на Општина Велес. | |
Гостивар | https://bit.ly/3EGKWCp | Потврда за одобрување на Урбанистички план | Се одобрува Урбанистичкиот проект за формирање на градежна парцела на КП бр.1110/1 и КП бр.1110/2 – КО Балиндол, со намена А1.1- домување во стамбени куќи според Општиот акт за с. Балиндол, Општина Гостивар. | |
Гостивар | https://bit.ly/3fX1ls0 | Одлука за неспроведување на СОЖС | Одлука за неспроведување на СОЖС за Измена и дополна на Детален Урбанистички План за Дел од Блок 4-4 А, опфат 1, УЕ Центар, Општина Гостивар | |
Дојран | https://bit.ly/3MxuhDp | Јавна презентација и јавна анкета за донесување на урбанистички план вон населено место за изградба на стопански комплекс – винарија м.в Циндричева шума К.О Сретеново, Општина Дојран | Урбанистичкиот план ќе биде изложен во населено место Сретеново, на Огласната табла во зградата на општина Дојран, во Стар Дојран, објавен на официјалната веб страна на општина Дојран, во рок од триесет дена, почнувајќи од 28.10.2022 година до 30.11.2022 година секој работен ден од 08:оо до 16:оо часот. Контакт тел.: 034/225-278. Јавната презентација на планот ќе се одржи на ден 30.11.2022 година во просториите на општина Дојран со почеток во 11:3о часот. | |
Кавадарци | https://bit.ly/3MvQSQt | Соопштение за јавен увид по урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на фотоволтаична електрана | Јавниот увид за Урбанистички проект вон опфат на Урбанистички план за изградба на фотововолтаична електрана со намена Е1.13 на дел од КП 929/1 и КП 930/1, 930/2, 930/3, 930/4 и 930/5, КО Ваташа, Општина Кавадарци ќе трае 15 работни дена, од 13.10.2022 до 28.10.2022 година, на службената веб страна на Општина Велес (www.veles.gov.mk). | |
Кавадарци | https://bit.ly/3yGRE7I | Нацрт Извештај за СОЖС | Објавен е Нацрт извештај за стратегиска оцена врз животната средина за Проект за инфраструктура за изградба на ски лифт и ски патека со пропратни објекти јужно до детско одмаралиште Михајлово, КО Конопиште, Општина Кавадарци. Јавната расправа ќе се одржи на 28.10.2022 (петок) со почеток во 10:00 часот во просториите на Општина Кавадарци, во големата сала | |
Карпош | https://bit.ly/3rVM9hv | Урбанистички проект вон опфат на УП | Објавен е Урбанистички проект за разработка на Урбанистички план за село,за формирање градежна парцела на КП 1829/12 со намена А1-домување во куќи, КО Бардовци, Општина Карпош, од урбанистички план за с. Бардовци разработка на блокови: 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 17 и блок 18, Општина Карпош | |
Кичево | https://bit.ly/3g6Jlvo | Решение за одобрување на Урбанистички проект за инфраструктура | Се одобрува Урбанистичкиот проект за инфраструктура – за изградба на оптичка телекомуникациска инфраструктура – ФТТХ Зајас – фаза I, КО Зајас, Општина Кичево | |
Кочани | https://bit.ly/3EHoc56 | Јавен повик за прибирање предлози од граѓаните, урбаните, месните заедници, здруженијата на граѓани и институциите, со предлог-идеи и проекти да се вклучат во креирање на програмите на Општина Кочани за 2023 година | Општина Кочани објави јавен повик за прибирање предлози од граѓаните, урбаните, месните заедници, здруженијата на граѓани и институциите, со предлог-идеи и проекти да се вклучат во креирање на програмите на Општина Кочани за 2023 година. Поднесоците во електронска форма можат да се достават на е-адресата: info@kocani.gov.mk (со назнака: за јавен повик за предлог-проекти за развојни програми од делот на инфраструктурата, комунални работи, урбанистичко планирање и сл) или преку Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани, најдоцна до 18-ти октомври 2022 година, додека за предлози од областа на спортот,културата,социјалната заштита и сл. најдоцна до 20-ти ноември 2022 год. | |
Кочани | https://bit.ly/3TkLJNn | Јавна расправа за нацрт буџет на Општина Кочани за 2023 година | Согласно одредбите од Законот за локалната самоуправа и Законот за буџет, Општина Кочани организира јавна расправа по програмите и нацрт-буџетот за 2023година. Јавната расправа ќе се одржи на 17 октомври 2022 година, во 19 ч., во салата на Мултикултурниот центар. | |
Куманово | https://bit.ly/3TiPaEk | ЛУПД и решение за одобрување | Објавена е ЛУПД со основна класа на намена Г2-лесна и незагадувачка индустрија на кп 1474/4, Општина Куманово | |
Охрид | https://bit.ly/3TeHByI | Покана за јавна дебата за дефинирање приоритети пред објавување јавен повик за граѓанските организации | Овај пристап подразбира објавување на јавен и транспарентен повик за сите граѓански организации кои треба да поднесат предлог проекти во дадена област. Проектите потоа се отценуваат од страна на комисија и на крај се финансираат од општинскиот буџет. Транспарентниот и конкурентен процес за избор на проектите на граѓанските организации придонесува за обезбедување подобри услуги и конкретни резултати за локалното население. | |
Радовиш | https://bit.ly/3eqBk4c | Јавен увид за урбанистички проект | Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на површинска фотоволтаична електрана која се гради на земја на КП бр 228/2, 228/1, 229, 230, 241, 242, 358, 360, 359, 377, 376, 371 и 361 КO Ињево вгр, општина Радовиш. Јавниот увид ќе трае 15 дена односно од 04.10.2022 год до 18.10.2022 год | Соопштението е објавено на 10.10.2022 |
Радовиш | https://bit.ly/3CUanz8 | ПОТВРДА за заверка на одобрен Урбанистички проект | Потврда за заверкана одобрен урбанистички проект за линиска инфраструктурна градба за изведба на ново планиран 10(20)кv подземен кабелски вод од КП 1773/1 до КП 4171/1, КО Радовиш, Општина Радовиш | |
Росоман | https://bit.ly/3S56yLI | Урбанистички проект за инфраструктура за подземен електричен кабел | Објавен е Урбанистички проект за инфраструктура за подземен електричен кабел | |
Свети Николе | https://bit.ly/3rSRhDl | Соопштение за јавен увид по урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на фотоволтаична електрана | Урбанистички проект вон опфат на Урбанистички план за група на класа на намена Е-инфраструктура Е1.13-површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) КП 1928, КП 1944, КП 1945, КП 1949/1, КП 1942/2, КП 1950, КП 1951, КП 1952, КП 1953, КП 1954, КП 1955, КП 1956, КП 1957, КП 1958, КП 1959 со моќност до 10 MW КО Ерџелија-вон гр. Општина Свети Николе. Јавниот увид ќе трае 15 дена, од 10.10-25.10.2022 година | |
Студеничани | https://bit.ly/3VpSTSp | Известување за дигитално преклопување | Преклопување на податоците од Урбанистички проект за формирање на две градежни парцели ГП 1.1 и ГП 1.3, со намена А1.1 - куќи со двор, од општ акт за с.Маркова Сушица на дел од КП 734/6 и дел од КП 735/1, КО Маркова Сушица, општина Студеничани | |
Студеничани | https://bit.ly/3eyhELE | Потврда за одобрување | Потврда за одобрување Урбанистички проект за формирање на две градежни парцели ГП 1.1 и ГП 1.3, со намена А1.1 - куќи со двор, од општ акт за с.Маркова Сушица на дел од КП 734/6 и дел од КП 735/1, КО Маркова Сушица, општина Студеничани | |
Струмица | https://bit.ly/3g9WX9m | Урбанистички проект | Урбанистички проект за формирање на градежна парцела на КП3015/5, КО Банско |
Irina Glavinceska
0