Monitoring table 21/10/2022
Табела со информации за следење
Во продолжение е табелата со најнови информации за процедури и постапки од областа на животна средина објавени од локална самоуправа.
Институција | УРЛ | Наслов | Опис | Забелешка |
---|---|---|---|---|
Берово | Берово | Покана за учество на форуми во заедницата | Првата форумска сесија ќе се одржи на 21 октомври 2022 година (Петок) со почеток во 13:00 часот во просториите на Големата сала на Општина Берово. Присуството на жителите, здруженијата на граѓани и претставниците на институциите, како и нивното активно учество на сесиите ќе биде од особено значење за успешно спроведување на буџетскиот форум и ќе даде голем придонес за креирање на Буџет на општина Берово за 2023, по мерка на граѓаните . | |
Битола | Битола | Граѓаните го креираат буџетот на општината – Одржан првиот буџетски форум | На денешната прва форумска сесија, беа дефинирани програмите, во кои на следните две сесии ќе бидат разработени конкретни предлози, за кои учесниците ќе гласаат на последната – четврта форумска сесија. На овој начин се овозможува и партиципативно граѓанско учество во креирањето и реализацијата на општинските програми и стратешки планови. Присутните на денешната форумска сесија, како приоритетни програми во кои на следните сесии ќе се разработуваат предлозите, ги избраа програмата за урбанистичко планирање, развојната програма, програмата за уредување на градежно земјиште, програмата за локален економски развој, програмата за животна средина, како и програмите за социјална заштита, образование, спорт и млади и програмата за култура. | |
Битола | Битола | Одржана кoнститутивна седница на локалниот економско социјален совет на Битола | Новиот состав на Локалниот економско социјален совет на општина Битола, денес ја одржа првата конститутивна седница. На конститутивната седница, беше побарана измена на Деловникот, заради негово усогласување со потпишаната спогодба помеѓу Општина Битола, Организацијата на работодавачи и Сојузот на синдикати и Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија. | |
Валандово | Валандово | Повик до граѓански организации за доставување на годишни програми за 2023 година | Годишните програми на активности да се достават најдоцна до 10.11.2022 година, како би можела финансиската поддршка која се бара да биде рагледана и вградена во Предлог-Буџетот на Општина Валандово за 2023 година. | |
Гази Баба | Гази Баба | Одлука за неспроведување на СОЖС | Одлука за неспроведување на стратегиска оцена за ДУП за градска четврт С22, Блок 05, Општина Гази Баба, Скопје | |
Долнени | Долнени | Барање за добивање на Услови за планирање на просторот | Урбанистички проект за формирање на градежна парцела со намена E 1.13- површински соларни и фотоволтаични електрани со капацитет до 1MW, на КП 533/4, КО Заполжани | |
Долнени | Долнени | Барање за добивање на Услови за планирање на просторот | Урбанистички проект за формирање на градежна парцела со намена E 1.13- површински соларни и фотоволтаични електрани со капацитет до 1MW, на КП 533/2, КО Заполжани | |
Теарце | Теарце | Известување за јавен увид | Документот - План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА) за „Реконструкција на патот 102, с. Слатино, општина Теарце во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ, ќе биде ставен на увид на 13.10.2022. Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна. | |
Тетово | Тетово | Јавен повик за Локално младинсо собрание на општина Тетово | Рокот за пријавување е од 17.10.2022 до 31.10.2022 | |
Кочани | Кочани | Покана за јавна дебата со граѓанските организации од oпштина кочани за приоритети на проектите на општина Кочани во рамки на проектот RELOAD2 | Во рамките на проектот ReLOaD2 што го реализира Општина Кочани со Програмата за локална демократија – УНДП, на 25.10.2022 година (вторник), со почеток во 11,00 часот, во салата на Советот на Општина Кочани (венчална сала) ќе биде одржана Дебата со граѓанските организации од Oпштина Кочани за Приоритети на проектите, со цел успешна соработка и имплементирање проекти кои се од интерес на граѓаните и општината. | |
Кочани | Кочани | Одржана јавната расправа за нацрт буџетот на општина Кочани за 2023 година | Sе одржа Јавната расправа за нацрт-буџетот на Општина Кочани за 2023 година, со цел да овозможи што поголема вклученост на граѓаните во креирањето на Буџетот за идната година. Присутните граѓани даваа предлози од јавен интерес поврзани со надлежностите на Локалната самоуправа: урбанистичко планирање, уредување на просторот и уредување на градежното земјиште; заштита на животната средина и природата; локален економски развој; комунални дејности; култура; спорт и рекреација; социјална заштита и заштита на децата; образование; здравствена заштита; противпожарна заштита и други работи определени со закон. | |
Куманово | Куманово | Јавна дебата за прецизирање на приоритети за претстојниот повик за финансирање на граѓански организации и фондации | Основна цел на проектот е јакнење на партнерството меѓу општинските власти и граѓанското општество преку транспарентно финансирање на проекти на граѓански организации од општинските буџети за да се зголеми граѓанското учество и учество на младите во донесувањето на одлуки и подобра испорака на услуги за граѓаните на Општина Куманово. | |
Чашка | Чашка | Информативни средби за формирање Локален младински совет во Општина Чашка | НВО Инфоцентар во партнерство со АКТИВО од Велес, преку проектот „Здружени за активно граѓанство“ кој е поддржан од Европската Унија, и во соработка со Општина Чашка ги одржа информативни средби за јакнење на капацитетите на млaдите во Општина Чашка со цел формирање младински совет во општината. Информативните средби се одржаа на 15 октомври 2022 година (сабота) со почеток во 10 и во 14 часот во Салата за состаноци на Советот на Општина Чашка. | |
Штип | Штип | Соопштение за јавен увид | Јавен увид за Урбанистички проект за инфраструктура за поставување на среднонапонски 10(20)kv кабел, КО Чардаклија, КО Три Чешми – вон град, КО Криви Дол и КО Сарчиево – општина Штип, ќе трае 15 дена, со почеток од 20.10.2022 | |
Новаци | Новаци | Општина Новаци ја одржа првата форумска сесија за планирање на буџетот за 2023 година | Во присуство на шеесеттина жители на Општина Новаци, општинската администрација предводена од градоначалникот Стевче Стевановски, млади, пензионери, здруженија на граѓани и претставници на училиштето, градинката, Советот и комуналното претпријатрие, се одржа првата форумска сесија за планирање на буџетот на Општина Новаци за 2023 година. Целта на овој проект е планирањето на буџетот на општината за 2023 година во согласност со потребите на жителите.Преку реализацијата на овој буџетски форум, Општина Новаци добива можност на еден транспарентен начин да ги утврди приоритетите на жителите и согласно тоа да го испланира трошењето на граѓанските пари. | |
Неготино | Неготино | Детален урбанистички план | Детален урбанистички план за урбана единица 4, дел од Блок 13, (помеѓу улиците „Маршал Тито“, „Ѓорѓи Димитров Вешката“, „Киро Крстев“, „Едвард Кардељ“, „Борис Кидрич“ и „ЈНА“), општина Неготино | |
Неготино | Неготино | Урбанистички план вон населено место | Урбанистички план вон населено место за изградба на фотоволтаична електрана – површински соларни и фотоволтаични електрани со капацитет до 10 MW, на КП 264/4, дел од КП 264/5 и дел од КП 477, м.в. Дубровско, КО Дуброво, Општина Неготино | |
Пробиштип | Пробиштип | ЈАВЕН ПОВИК за избор на младинска организација или организација за млади која ќе раководи со Младинскиот центар во Пробиштип | Јавниот повик трае 30(триесет) дена сметано од денот на објавувањето. | |
Струга | Струга | Решение за одобрување на Урбанистички проект | Се одобрува Урбанистички проект за парцелирано градежно земјиште за бензинска пумпна станица на ГП 4.2 од изменување и дополнување на ДУП за УЕ 11, Блок 2,опфат 3,4 и 5, општина Струга | |
Студеничани | Студеничани | Решение за одобрување на Проектна програма | Се одобрува Проектната програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани (фотонапонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште), на КП 481, KO Батинци, | |
Студеничани | Студеничани | Решение за одобрување на Проектна програма | Се потврдува заверка на Проектната програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште), на КП 300, KO Батинци, Општина Студеничани | |
Струмица | Струмица | Одлука и формулар за неспроведување на стратегиска оцена | Одлука за неспроведување на СОЖС за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13 Површински соларни и фотоволтаични електрани со јачина до 2,5 MW на КП 194 и КП 196 во КО Водоча и КП 5109 и КП 5103 во КО Вељуса вгр, општина Струмица | |
Струмица | Струмица | Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план | Урбанистички проект за градби вон опфат на урбанистички план, за градбa со намена А4- времено сместување на КП 1527 во КО Габрово, општина Струмица |
Irina Glavinceska
0