Monitoring table 29/11/2022
Табела со информации за следење
Во продолжение е табелата со најнови информации за процедури и постапки од областа на животна средина објавени од институции и локална самоуправа.
Институција | УРЛ | Наслов | Опис | Забелешка |
---|---|---|---|---|
Валандово | Валандово | Повик за креирање на Буџет за 2023 година | Општина Валандово го изработува Буџетот за 2023 година. Со цел поголема вклученост на граѓаните и креирање инклузивен Буџет, отворени се електронски алатки преку кои секој граѓанин ќе може да ги достави сопствените предлози и идеи. Предлозите можат да се достават електронски на: - анкетен прашалник - ЛИНК - мЗаедница - www.mzaednica.mk Креираме граѓански Буџет и заедница која отворено и активно комуницира. Приоритетите, ги одредуваме заеднички. Сите доставени предлози по електонски пат, како и од форумските сесии наредниот период, ќе бидат разгледани при изработката на Буџетот за 2023 година. | |
Велес | Велес I | Сооптение за организирање на јавен увид | Урбанистички проект вон опфат на Урбанистички План за формирање на градежна парцела на дел од КП бр. 660 КО Сојаклари, Општина Велес, со намена А4.3 – Семејни куќи за времен престој-викенд куќи. Јавниот увид ќе трае 15 работни дена, од 22.11.2022 до 10.12.2022 година, на службената веб страна на Општина Велес (www.veles.gov.mk). | Објавен е само графички прилог |
Велес | Велес II | Сооптение за организирање на јавен увид | Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Г2.1-лесна градежна индустрија со производство на градежни елементи и производи-пвц столарија, на КП 1826, КП 1827 и КП 1829, дел од КП 1757/1, дел од КП 1757/2, дел од КП 1760, дел од КП 1759, дел од КП 1830 и дел од КП 1831/2, КO Оризари-вгр, Општина Велес. Јавниот увид ќе трае 15 работни дена, од 21.11.2022 до 09.12.2022 година, на службената веб страна на Општина Велес (www.veles.gov.mk). | Не е објавен датум за јавна презентација. Не се објавени податоци за СОЖС |
Гевгелија | Гевгелија I | Јавен повик за учество на претставник од граѓански организации за набљудувач во Комисија за евалуација на предлог-проекти во рамките на ReLOaD 2 | Повикот беше објавен на 17.11.2022 и ќе трае до 15.12.2022, при што евалуацијата на пристигнатите предлог проекти е планирана да се одржи после 15.12.2022 година. Евалуацијата се очекува да трае не повеќе од 2-3 дена и ќе зависи од бројот на добиени предлог проекти. | |
Гевгелија | Гевгелија II | Јавна презентација и јавна анкета за ДУП, Блок 15.11, општина Гевгелија | Општина Гевгелија организира јавна презентација и јавна анкета за Детален-Урбанистички план, за Блок 15.11 (11.3), општина Гевгелија. Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи во Народниот театар, на 25.11.2021 година (петок), со почеток во 10 часот. Јавната анкета ќе трае 30 дена, односно од 25.11. до 25.12.2022 година, секој работен ден од 08 до 16 часот. | Не е објавен планскиот документ. Нема информации за СОЖС |
Дебар | Дебар | Одлука за неспроведување на СОЖС | ОДЛУКА за неспроведување на стратегиска оцена за влијание врз животната средина за “Урбанистички план за село Џепиште, Општина Дебар” | |
Демир Хисар | Демир Хисар | Објава на барање за добивање на Б Интегрирана еколошка дозвола | Објавено е барање за Б Интегрирана Еколошка дозвола за Градежно друштво Гранит АД Скопје подружница Слоештица. Во рок од 30 дена јавноста може да достави коментари. | |
Тетово | Тетово | Известување за користење на простории за НВОи | Здруженијата и невладини организации кои функционираат во општина Тетово и на кои им е потребно користење на простори за извршување на нивнитеактивности може да се обратат до општина Тетово. Почнувајќи од 28 ноември, општина Тетово за сите здруженија нуди сопствен простор, кој се наоѓа во поранешната зграда на Радио Тетово, за развој на различни активности. За користење на овој простор здруженијата мора да поднесат барање до општина Тетово во кое ќе ја опишат активноста, точното време и датум, бидејќи на овој начин ќе им дадеме можност на сите организации да го користат овој простор. | |
Секретар на Секретаријатот за законодавство | Секретар на Секретаријатот за законодавство I | Закон за административни службеници | ||
Секретар на Секретаријатот за законодавство | Секретар на Секретаријатот за законодавство II | Кодекс за административни службеници | ||
Аеродром | Аеродром | Политика за квалитет | Општина Аеродром во целост ја спроведува Политиката за квалитет, која е заснована на систем ориентиран кон принципите за унапредување на Општината преку задоволување на барањата на стандардот ИСО 9001:2015, очекувањата на граѓаните во ефективно и ефикасно решавање на нивните потреби и проблеми, а кои се во надлежност на локалната самоуправа | |
Неготино | Неготино I | Проектна програма за Урбанистички проект | ПРОЕКТНА ПРОГРАМА Урбанистички проект (УП) вон опфат на Урбанистички план за формирање на градежна парцела ГП 2 со основна класа на намена Е1.13 – Површински соларни фотоволтаични електрани, на дел од КП430 и дел од КП 248/1, Ко Војшанци, Општина Неготино | |
Неготино | Неготино II | Проектна програма за Урбанистички проект | ПРОЕКТНА ПРОГРАМА Урбанистички проект (УП) вон опфат на Урбанистички план за формирање на градежна парцела ГП 1 со основна класа на намена Е1.13 – Површински соларни фотоволтаични електрани, на дел од КП430 и дел од КП 248/1, Ко Војшанци, Општина Неготино | |
Министерство за економија | Министерство за економија | Правилник за изменување на правилникот за формата и содржината на образецот на пријавата за исполнување на минимално-техничките услови за вршење на трговија и започнување со работа на продажен или друг деловен објект | ||
Министерство за информатичко општество и администрација | Министерство за Информатичко општество и Администрација | Jавна расправа за нацрт верзијата од Стратегијата за реформа во јавната администрација 2023-2030 | Министерството за информатичко општество и администрација и РЕСПА организираат јавна расправа за Нацрт верзијата од Стратегијата за реформа во јавната администрација 2023-2030. Јавната расправа ќе се одржи на 1. декември (четврток), со почеток од 10.00 часот, во хотел Холидеј Ин. МИОА ги повикува сите членови на работните групи вклучени во подготовка на Стратегијата и Акцискиот план, како и сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на јавната расправа и со тоа да дадат свој придонес. | |
Кичево | Кичево | Предлог за одобрување на Планска Програма за ДУП | Предлог за одобрување на планска програма за изработка на ДУП за индустриска зона “ЗАПАД“ УЕ “И“, Блок “И3“– дел 1(Помеѓу улиците „Индустриска“, „Методија Стефаноски“ и Магистрален пат М4 Кичево - Охрид), Општина Кичево. | |
Крива Паланка | Крива Паланка | Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог проекти во рамки на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD 2) | Јавниот повик ќе трае од 22.11.2022 (од 7:30 часот) до 20.12.2022 (до 15:00 часот). | |
Куманово | Куманово | Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог проекти во рамки на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD 2) | Јавниот повик ќе трае од 21/11/2022год. (од 9:00 часот) до 19/12/2022год.(до15:00 часот). | |
Кавадарци | Кавадарци | Проектна програма за Урбанистички проект | Проектна програма за урбанистички проект вон опфат на урбанистички план, за оформување на градежна парцела 1, со намена Е1.13 – Површински соларни и фотоволтаични електрани (Фотонапонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште), на КП 3481/1, КП 3481/3, КП 3481/4, КП 3481/5, м.в. Катуниште Валот, КО Ваташа, Општина Кавадарци | |
Министерство за транспорт и врски | Министерство за транспорт и врски I | Нацрт извештај за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план | Нацрт извештај за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на “Меѓурегионална депонија за комунален отпад – централна постројка за управување со отпад лоцирана во општина Свети Николе“ КО Мечкуевци, општина Свети Николе. Објавен е и урбанистичкиот проект | |
Министерство за транспорт и врски | Министерство за транспорт и врски II | Одлука за неспроведување на СОЖС | Одлука за неспроведување на стратегиска оцена на урбанистички план за подрачја и градби од државно значење за група на класа на намена Е-Инфраструкура, Е1.13-Површински и соларни и фотоволтаични електрани во КО Јамуларци и КО Скандалци, Општина Штип | |
Охрид | Охрид | Јавен увид на нацрт програмите и нацрт – Буџетот на општина Охрид за 2023 година | Советот на општина Охрид на седницата одржана на 28.11.2022 година ги донесе нацрт програмите и нацрт буџетот за 2023 година. Се ставаат на јавен увид донесените нацрт документи. Се повикуваат сите буџетски корисници, сите невладини организации и здруженија на граѓани како и сите заинтересирани физички и правни лица своите предлози и забелешки по нацрт документите да ги доставуваат до стручните служби на општина Охрид. Јавниот увид трае 10 дена почнувајќи од 28.11.2022 год. | |
Пехчево | Пехчево | Формирање на општински буџет за 2023 година на Општина Пехчево | Објавена е Покана за учество на средба за Формирање на општински буџет за 2023 година на Општина Пехчево во просториите на ОСУ „Ацо Русковски“, 30.11.2022 година | |
Прилеп | Прилеп | Соопштение за ЈП и ЈА | Повторната јавна анкета и јавната презентација по Детален Урбанистички План за Четврт 3, Блок 3.11, Општина Прилеп ќе се спроведе со излагање на Конечниот Предлог План во просториите на Општина Прилеп. Повторната јавна анкета ќе трае 6 работни дена од денот на објавувањето на Соопштението, односно од 28.11.2022 година до 05.12.2022 година секој работен ден од 8,30 до 15,30 часот. | |
Влада на РСМ | Влада на РСМ I | 97-та седница на Владата | Предлог на закон за изменување на Законот за шумите, по скратена постапка; Предлог на закон за изменување на Законот за шумите, по скратена постапка | Објавени се и други прописи на линкот |
Влада на РСМ | Влада на РСМ II | 100-та седница на Владата | Информација за работата на Комисијата за следење на спроведувањето на мерките од Акцискиот план за Преспанско eзеро, Информација за статусот на Проектот за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна река | Објавени се и други прописи на линкот |
Влада на РСМ | Влада на РСМ III | 102-та седница на Владата | Информација во врска со постапката за доделување на концесија за експлоатација на друг вид на минерална суровина-кварцен песок и кварцен чакал на Друштвото за производство, трговија и услуги ПОРТЛАНД-ОПЦ ДООЕЛ Струмица на локалитетот “Врпчовски“, општина Василево со Предлог-Одлука | Објавени се и други прописи на линкот |
Струмица | Струмица I | Одлука за неспроведување на СОЖС | Одлука за неспроведување на стратегиска оцена за измена и дополнување на ДУП за дел од Блок 26, УЕ 9, Струмица | |
Струмица | Струмица II | Одлука за неспроведување на СОЖС | Одлука за неспроведување на стратегиска оцена за измена и дополнување на ДУП за дел од Блок 5, УЕ 1, Струмица | |
Собрание на РСМ | Собрание на РСМ | Дневен ред на седница бр. 155 | Предлог на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на Регионалниот проект за цврст отпад, по скратена постапка | |
Министерство за животна средина и просторно планирање | Министерство за животна средина и просторно планирање I | Известување за рокот за доставување на мислења по Нацрт на Стратегиски план за рехабилитација на природното и културното наследство на Охридскиот Регион | Ве известуваме дека рокот за доставување на Вашите мислења, предлози и забелешки по Нацрт верзијата на Стратегискиот план се продолжува до 30.11.2022 година и истиот е заклучно со 30.11.2022 година | |
Министерство за животна средина и просторно планирање | Министерство за животна средина и просторно планирање II | Дневен ред за Дваесет и втората седница на Комисијата за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион |
Irina Glavinceska
0