Monitoring table 02/12/2022

Табела со информации за следење

Во продолжение е табелата со најнови информации за процедури и постапки од областа на животна средина објавени од институции и локална самоуправа.

ИнституцијаУРЛНасловОписЗабелешка
БрвеницаБрвеница IПрашалник за Стратегија за локален развојЛокален Економски Развоја (ЛЕР) на општина Брвеница подготви прашалник за креирање на стратегија за Локален Економски Развој а вие како жители на општината ќе ни помогнете да ги индентификуваме клучните проблеми во општината и долгорочно да ги определиме генералните насоки за развој на општина Брвеница. Прашалникот ќе биде достапен до 09.12.2022 до 12:00 часот
БрвеницаБрвеница IIОтворен ден на општинатаЗаради транспарентно креирање на буџетот на општина Брвеница за 2023 година, локалната самоуправа ги повикува сите заинтересирани граѓани и граѓански организации да земат активно учество во отворениот ден на општината каде можат да ги дадат своите забелешки и предлози за престојниот буџет за 2023 година. Сабота 03.12.2022, 11:00 часот
ВиницаВиницаСоопштение за јавен увидСе организира Јавен увид за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена г5 - земјоделско и сточарско производство (Рибник со придружни објекти), на КП 693/2, дел од КП 693/26, дел од КП 693/10 и дел од КП 693/1, КО Лаки, Општина Виница.Има само графички приказ. Нема информации за СОЖС
ДелчевоДелчевоРешение за одобрување на проектна програмаРешение за одобрување Проектна програма со кое се одобрува проектна програма за изработка на урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани на КП 1827, КП 1829, КП 3177/2, КП 3177/1 и КП 3177/3, КО Ѕвегор-вгр, Општина Делчево (за поставување на фото-напонски панели на земја) со моќност до 1,0 MW
ДебрцаДебрцаВклучи се-граѓански буџетОпштина Дебрца го започнува процесот на креирање на новиот Буџет за 2023 година. Партиципативното буџетирање и вклучувањето на граѓаните и граѓанските организации при креирање на Буџетот е наш приоритет. Ве повикуваме да се вклучите, со вашите идеи, предлози и сугестии, пополнувајќи го соодветниот формулар во прилог на овој текст. Во рамките на процесот ќе биде одржан и отворен ден (05/12/2023, Понеделник) со почеток во 10:00 часот во конгресната сала во Општина Дебрца, каде поканети ќе бидат претседателите на Месните заедници да ги дадат своите идеи, односно поканети се сите граѓани на општина Дебрца, да дадат свој предлог, идеа, мислење.
Гази БабаГази БабаРешение за одобрување на урбанистички проектРешение за одобрување на Урбанистички проект со план за парцелација за формирање на нови градежни парцели на ГП 6.8 од ДУП Дел од М.З. „Триангла“, на КП 149/8, КП 150/1, КП 150/2, КП 150/3 и КП 150/7, КО Маџари, Општина Гази Баба - Скопје
ЗЕЛСЗЕЛСОбука за јакнење на капацитетите на општинската администрација од областа на животната срединаПретставниците од општинската администрација, од областа на животната средина на 25 ноември, 2022 година, во просториите на ЗЕЛС тренинг центарот имаа можност да дискутираат за најновата законска регулатива што претставува солидна основа за обезбедување на услови за приклучување кон европските стандарди што водат кон развој на циркуларната економија и обезбедуваат проширена одговорност на производителите на отпад (вкупно шест закони). Посебно внимание беше посветено на Законот за управување со отпад ( Службен весник на РСМ Бр. 2016/21); на Закон за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад и на Закон за управување со пакување и отпад од пакување („Службен весник на РРСМ Бр. 215/21)
ЦентарЦентарАнкетен прашалник за креирање на Програмите за работа на општина Центар за 2023 годинaСо пополнување на формуларот жителите на општина Центар може да ги даваат своите продлози и сугестии за креирање на Програми за работа на општина Центар за 2023
ЕНЕРЕНЕРИзвестување за почеток на процесот за подготовка на Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за индустриски и зелени зониНазив на министерство: Министерство за економија. Временската рамка за изготвување на предлог законот: 30.11.2022 - 16.12.2022. Одговорно лице за контакт во министерството: Блерим Златку, Државен советник тел. 3093 488. blerim.zllatku@economy.gov.mk jasmina.majstoroska@economy.gov.mk
НеготиноНеготино Граѓаните со предлози учествуваат во изготвувањето на Програмите за работа и Буџетот на општина Неготино за 2023 годинаПреку одржување на средби со жителите на населените места и прибирање на предлози, мислења и забелешки на градскиот плоштад, општина Неготино го слуша гласот на граѓаните при изготвувањето на Програмите за работа и Буџетот на општината за наредната 2023 година. На секој граѓанин му беше овозможено со свои предлози да учествува во изработките на Програмите за работа на локалната самоуправа и изготвувањето на Буџетот на општина Неготино за наредната 2023 година. Пристигнатите предлози ќе бидат темелно разгледани, ќе се води расправа по истите и доколку се издржани, ќе бидат вметнати во Програмите и општинскиот Буџет, со единствена цел да се излезе во пресрет на барањата на граѓаните на општина Неготино за создавање подобри услови за живеење.
НовациНовациАнкета за Стратегија за локален развоjОпштина Новаци започна со изработка на Стратегија за локален економски развој. Вашето мислење е многу важно за изработка на квалитетен документ со цел да ја видиме реалната слика како општината се перцепира од страна на нејзините жители. Затоа на следниот линк ве молиме да го пополните анкетниот прашалник. https://s.surveyplanet.com/2sf1bcrp
Маврово и РостушеМаврово и РостушеИнформација за контролен инспекциски надзор во ДХТ КЕТА Агро-Туризам ДОО, С. МавровоВрз основа на претходно издадено Решение со ЗАДОЛЖУВАЊЕ како испекциска мерка со рок од 30 дена, Општина Маврово и Ростуше преку Овластениот инспектор за животна средина на ден 28.11.2022 година, согласно законската регулатива, изврши Контролен инспекциски надзор врз правниот субјект ДХТ КЕТА Агро-Туризам ДОО, С. Маврово, при што констатираше дека: Трите локации на патот од с. Маврово кон с. Ниќифорово каде беше депонирано земја и камен од ископот при вршење градежни активности од страна на правниот субјект, се расчистени и вратени во првобитна, односно задоволителна состојба, со што, правниот субјект постапил по инспекцискиот акт во целост.
Министерство за информатичко општество и администрацијаМинистерство за Информатичко општество и Администрација IРаботен состанок за Националниот план за управување со квалитет 2023-2025Подготовката на Националниот план за управување со квалитет во јавниот сектор 2023-2025 година, беше тема на денешниот работен состанок меѓу министерот за информатичко општество и администрација и претставник на Светскиот економски форум (WEF). Министерот искажа благодарност за коректната и плодна соработка во процесот на подготовка на овој документ, истовремено разгледувајќи ги идните можности за продлабочување на соработката, што ќе овозможи развој на стратегии, дигитални трансформации и подобро владеење.
Министерство за информатичко општество и администрацијаМинистерство за Информатичко општество и Администрација IIИзвестување за поставен документ на ЕНЕРВе потсетуваме, дека МИОА како надлежна институција за процесот на изработка на Националната Стратегија за сајбер безбедност, изработи документ за дискусија на платформата ЕНЕР на следниот линк https://ener.gov.mk/Default.aspxitem=newdocumentdetails&detalisId=45 Станува збор за идната Национална Стратегија за сајбер безбедност 2023-2026. Целта е да се отпочне со отворена дискусија и да се чујат ставовите на сите засегнати страни, што ќе придонесе да се постигне значителен напредок на полето на сајбер безбедноста, а тоа ќе води и кон поголем просперитет на Република Северна Македонија на истото поле.
Министерство за информатичко општество и администрацијаМинистерство за Информатичко општество и Администрација IIIОдржана јавна расправа за Нацрт верзијата од Стратегијата за реформа во јавната администрација 2023-2030Презентирање на новата Нацрт - Стратегија за реформа на јавната администрација (2023-2030) и дискусија за истата, беше целта на денешната јавна расправа во организација на МИОА со поддршка на Регионалната школа за јавна администрација (Респа). Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити рече дека активно се работи на реформите, за обезбедување модерна и ефикасна јавна администрација базирана на дигитализација, со квалитетни и брзи услуги за граѓаните и деловните субјекти.
ИлинденИлинден IПредложи ја твојата идеја за подобра Општина Илинден, отворен ден за средба со граѓаните на 3,4,10 и 11 декември во просториите на ОпштинатаОпштина Илинден е во процес на изработка на новиот Буџет за 2023 година, ги повикуваме сите граѓани, претставници на граѓански здруженија и правни лица на средба во Општината на 3,4,10 и 11 декември со почеток од 11.00 до 14.00 часот со градоначалникот Александар Георгиевски за активно и заедничко креирање на буџетот.
ИлинденИлинден IIУрбанистички проектУрбанистички проект за инфраструктура со намена Е1.1, дел од локална улична мрежа, во блок 7 од УПС Илинден, КО Илинден, Општина Илинден
Кисела ВодаКисела ВодаОпштина Кисела Вода-Проект за поврзување на локални патиштаОбјавена е Контролната листа на ПУЖССА за „ Рехабилитација на локална улица „Петар Драпшин“ во општина Кисела Вода”, на 29.11.2022. Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.
КарпошКарпош IПроектна програмаПРОЕКТНА ПРОГРАМА за урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на затворен склад за индустриска стока кој е специјализиран за логистика при транспорт на КП 658 и КП 659 КО Бардовци, О.Карпош
КарпошКарпош IIПланска програмаПЛАНСКА ПРОГРАМА за изработка на урбанистички план за село Бардовци, измена и дополна на блок 12
КочаниКочаниОтворени денови за предлози и идеи од граѓаните за следниот општински буџетВо пресрет на оформувањето на Буџетот за 2023 година, на 3 и 4 декември Општина Кочани организира Отворени денови за средби со граѓаните, на кои тие ќе може да предложат идеи и проекти за следната буџетска година. Воедно, граѓаните ќе имаат можност да се информираат за плановите и проектите кои веќе се испланирани за наредната календарска година. Освен лично, граѓаните ќе можат своите предлог-идеи да ги достават и преку веб-страницата budzet.mk. Отворените денови ќе се реализираат во салата за состаноци во зградата на Општина Кочани, како овој, така и наредниот викенд, на 10 и 11 декември, во периодот од 11 до 14 ч.
КавадарциКавадарциСООПШТЕНИЕ за организирање на Повторна Јавна Презентација и Јавна Анкета по Детален урбанистички план за УЕ 11, дел од Блок 11.1, „Слога–1“, КО Кавадарци град, Општина КавадарциПовторената Јавна анкета ќе трае од 01.12-07.12.2022 година. Јавната презентација ќе се одржи на 06.12.2022 (вторник) со почеток во 13:00 часот во Големата Сала
ОхридОхридОдлука за спроведување на СОЖСОдлука за спроведување на СОЖС за Урбанистички план за село Опеница КО Опеница, Општина Охрид,
СтрумицаСтрумицаОбјавување на барање за Б Интегрирана еколошка дозвола на : ДПТУ “ ПОРТЛАНД-ОПЦ” ДООЕЛ СтрумицаОбјавено е Барањето за Б Интегрирана еколошка дозвола на : ДПТУ “ ПОРТЛАНД-ОПЦ” ДООЕЛ Струмица Инсталација за дробење, мелење сеење,загревање на минерални сурровини-стационарна бетонска база. Време за увид во планскиот документ ќе биде од 8:00 - 16:00 часот, во периодот од 01.12.2022 до 30.12. 2022 година ( 30 дена ).
СЕПСЕПЈавен повик за пријавување на заинтересирани граѓански организации за создавање на регистар/база на граѓански организации за консултации за процесот на преговори за пристапување на Република Северна Македонија кон Европската УнијаСекретаријатот за европски прашања објавува Јавен повик за пријавување на сите заинтересирани граѓански организации за консултации за процесот на преговори за пристапување на Република Северна Македонија кон Европската Унија. Сите заинтересирани граѓански организации може да се пријават за една или повеќе области и поглавја од правото на Европската Унија за оние области и поглавја во рамки на нивното поле на делување, преку пополнување на електронска регистрациска форма достапна на следниот линк.
ПрилепПрилепСоопштение за ЈП и ЈАЈавната анкета по Детален Урбанистички План за Четврт 7, Блок 7.5, Општина Припеп, ќе трае 11 работни дена од денот на објавувањето на Соопштението, односно од 01.12.2022 година до 16.12.2022 година секој работен ден од 8,30 до 15,30 часот. Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 06.12.2022 година, вторник, во 13:00 часот во просториите на Општина Прилеп.
Одделение за соработка со невладините организацииОдделение за соработка со невладините организацииJавна расправа за нацрт верзијата од Стратегијата за реформа во јавната администрација 2023-2030Министерството за информатичко општество и администрација и РЕСПА организираат јавна расправа за Нацрт верзијата од Стратегијата за реформа во јавната администрација 2023-2030. Јавната расправа ќе се одржи на 1. декември (четврток), со почеток од 10.00 часот, во хотел Холидеј Ин. МИОА ги повикува сите членови на работните групи вклучени во подготовка на Стратегијата и Акцискиот план, како и сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на јавната расправа и со тоа да дадат свој придонес. Линк од документот: https://mioa.gov.mk/?q=mk/node/2103
Министерство за животна средина и просторно планирањеМинистерство за животна средина и просторно планирање Студија за ОВЖСОбјавена е Студија за оцена на влијанието врз животната средина проект за изградба на колекторски систем, рехабилитација на канализациона мрежа и изградба на пречистителна станица за отпадни води во БитолаНа документот стои јуни 2022 год, но нема датум кога е објавена студијата

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *