Monitoring table 09/12/2022
Табела со информации за следење
Во продолжение е табелата со најнови информации за процедури и постапки од областа на животна средина објавени од институции и локална самоуправа.
Институција | УРЛ | Наслов | Опис | Забелешка |
---|---|---|---|---|
Берово | Берово | Покана за состанок - Промоција на новите поедноставени процедури за поставување на фотоволтаици | Се известувааат сите правни и физички лица, кои се заинтересирани за инвестиции во поставување на фотоволтаични електроцентрали на кровни конструкции, дека на ден 09.12.2022 година (петок), во салата на Општина Берово, со почеток во 10:30 часот, Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, ќе ги презентира измените на Законот за градење и новите поедноставени процедури за поставување на фотоволтаици. Граѓаните ќе можат да ги добијат сите информации за измените на Законот за градење во делот на поставување на фотоволтаици и да добијат одговор на сите прашања. | |
Гевгелија | Гевгелија | РЕШЕНИЕ со кое се одобрува Урбанистички проект | Објавено е решение со кое се одобрува Урбанистички проект за парцелирано градежно земјиште за ГП бр.1 од ЛУПД за стрелиште на КП бр.642 и дел од КП 641 КО Моин, Општина Гевгелија. Објавен е и УП | |
Центар Жупа | Центар Жупа | Јавна Расправа За Предлог- Буџет За 2023 Година | Почитувани жители на Општина Центар Жупа, Ве покануваме да учестувате на Јавната расправа за предлог Буџетот на Општина Центар Жупа за 2023 година. Јавната расправа ќе се одржи на 09.12.2022 година со почеток во 10 часот во општинската згада (сала за состаноци ) | |
Крива Паланка | Крива Паланка | Јавно известување за Нацрт Извештај за стратегиска оцена на животната средина за Генерален Урбанистички План за град Крива Паланка, општина Крива Паланка, плански период 2019-2029 | Изработениот Нацрт Извештај како и нацрт планскиот документ се достапни на заинтересираната јавност на интернет страницата на Општина Крива Паланка секој работен ден /www.krivapalanka.gov.mk/ како и во просториите на Општина Крива Паланка секој работен ден од 09.12.2022 година до 09.01.2023 година. Јавната расправа ќе се одржи на ден 26.12.2022 година, во 12:00 часот во просториите на Општина Крива Паланка каде заинтересираните граѓани и правни лица можат да присуствуваат и да даваат свои забелешки, мислења и предлози. | |
Кочани | Кочани | На 10 и 11 декември следни средби на отворени денови за предлози и идеи од граѓаните | Во текот на изминатиот викенд 3 и 4 декември, во просториите на Општина Кочани беа спроведени Отворени денови за средби со граѓаните, на кои присутните имаа можност да предложат идеи и проекти за оформувањето на Буџетот за 2023 година. Воедно се известуваат граѓаните дека Отворени денови за средби со граѓаните за прибирање предлози за следната буџетска година ќе се спроведат и во текот на наредниот викенд – 10 и 11 декември, во периодот од 11 до 14 часот во салата за состаноци во зградата на Општина Кочани. | |
Министерство за транспорт и врски | Министерство за транспорт и врски I | Проектна програма | Проектна програма - Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за санација и стабилизација на свлечишта кај с. Бозовце, KO Бозовце и КО Бозовце вгр, Општина Тетово | Не објавена на веб страната на општина Тетово |
Министерство за транспорт и врски | Министерство за транспорт и врски II | Проектна програма | Проектна програма за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на локална станица за управување со отпад – претоварна станица во Општина Виница, КО Истибања, Општина Виница | Не е објавена на веб страната на Општина Виница |
Министерство за транспорт и врски | Министерство за транспорт и врски III | Одлука за неспроведување на СОЖС | Одлука за неспроведување на стратегиска оцена и формуларот кои се однесуваат на Државна урбанистичка планска документација (ДУПД) за поставување на фотоволтаични панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште со класа на намена Е2-комунална супраструктура на дел од КП 339/1 КО Чашка, општина Чашка | Не е објавена на веб страната на Општина Чашка |
Министерство за транспорт и врски | Министерство за транспорт и врски IV | Урбанистички проект | УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ за парцелирано градежно земјиште за ГП1 со намена Е1.13-површински соларни и фотоволтаични електрани согласно ДУПД за изградба на објекти со намена Е2-фотоволтаична централа на КП171/1, КП178/1 КО Горно Оризари, Општина Битола | Не е објавен на веб страната на Општина Битола |
Министерство за транспорт и врски | Министерство за транспорт и врски V | Соопштение за испитна сесија за стручен испит од областа на урбанистичкото планирање | Министерството за транспорт и врски во соработка со Комората на овластени архитекти и овластени инженери Ве известува дека во четврток на 22.12.2022 година ќе се одржи Првата Испитна сесија за стручен испит од областа на урбанистичкото планирање за стекнување на Овластување за изработување на урбанистички планови.Кандидатот кој ги исполнува условите согласно законските и подзаконските акти од областа на урбанистичкото планирање поднесува барање со пропратна документација согласно Правилникот во електронска форма до Комората на овластени архитекти и овластени инженери на електронската адреса: ispiturbanizam@komoraoai.mk. На следниот линк http://mtc.gov.mk/Strucen%20ispit%20za%20urbanisticko%20planiranje се објавени материјали за стручниот испит: | |
Министерство за транспорт и врски | Министерство за транспорт и врски VI | Правилник за стручен испит од областа на урбанситичкото планирање | Објавен е Правилник за стручен испит од областа на урбанситичкото планирање | |
Министерство за транспорт и врски | Министерство за транспорт и врски VII | Прашања за стручен испит - општ и посебен дел | Објавени се Прашања за стручен испит - општ и посебен дел | |
Министерство за транспорт и врски | Министерство за транспорт и врски VIII | Упатство за работа на комисијата за полагање на стручен испит од областа на урбанистичко планирање | Објавено е Упатство за работа на комисијата за полагање на стручен испит од областа на урбанистичко планирање АРХ дек 2022 | |
Струмица | Струмица I | Проектна програма | Проектна програма за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13- Површински соларни и фотоволтаични електрани на проектен опфат на КП 2425/1 и други КО ДАБИЉЕ , Општина Струмица | |
Струмица | Струмица II | Проектна програма | Проектна програма за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13- Површински соларни и фотоволтаични електрани на проектен опфат на КП 1931 и други КО ДАБИЉЕ , Општина Струмица | |
Струмица | Струмица III | Урбанистички проект | Урбанистички проект со план за парцелација на ГП 1.25; ГП 1.26 и ГП 1.27 од ДУП блок 19, УЕ2 Општина Струмица | |
Собрание на РСМ | Собрание на РСМ | Состанок на неформалните зелени парламентарни групи на земјите од Западен Балкан | Состанокот беше организиран од страна на Секретаријатот на Енергетската заедница и Deutsche Gesellschaft für Intenationale Zusammenarbeit (GIZ) во рамките на проектот ,,Зајакнување на капацитетите на неформалната Зелена собраниска група во ЈИЕ околу усогласеноста со целите на ЕУ поврзани со енергијата и транспортот“. На состанокот се дискутираше и беа разменети мислења за подготовката на националните планови за енергија и клима од страна на договорните страни на Енергетската заедница, преземените мерки за справување со енергетската сиромаштија и транзацијата кон зелена енергија. | |
Радовиш | Радовиш | Предлог Буџет на општина Радовиш за 2023 | Сите сугестии и забелешки од јавноста може да се достават на емаил: info@radovis.gov.mk или во архива во Општината, за да може да бидат земени во предвид и имплементирани пред доставување на Предлог буџетот до Советот. | |
Министерство за животна средина и просторно планирање | Министерство за животна средина и просторно планирање | Информација за поднесено известување за намера за изведување на проект: Инсталирање на постојка за производство на електрична енергија во ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ, за потребите на инвеститорот “ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ“ ДОО од Кавадарци | Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува заинтересираната јавност дека инвеститорот Тргодвско друштво за ископ на руди, производтсво на метали, трговија и услуги “ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ“ ДОО од Кавадарци, достави известување за намера за изведување на проект: “Инсталирање на постојка за производство на електрична енергија во ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ“ во општина Кавадарци, барање за утврдување на потребата од оцена на влијанието на проектот врз животната средина и листа на проверка за определување на обемот на оцена на влијанието на проектот врз животната средина. | |
Одделение за соработка со невладините организации | Одделение за соработка со невладините организации | Јавен повик за учество на консултативни тркалезни маси за посебни прашања кои се поврзани со Законот за здруженија и фондации | Тркалезните маси ќе бидат организирани во хибриден формат, т.е со физичко присуство или on-line. Очекуваното траење на секој настан е два часа. Симултан превод на англиски, македонски и албански јазик ќе биде достапен. Местото и времето на одржување на настаните ќе бидат дополнително споделени, вклучително и Zoom линк за сите заинтересираните учесници. Учесник може да се пријави на повеќе од една тркалезна маса при тоа да се наведе за која сесија се пријавува. Заинтересираните учесници можат да пријават учество преку e-mail на следната адреса cvetkovic@cpmconsulting.eu не подоцна од 9.12.2022. | |
ЈП за патишта | ЈП за патишта | Основен проект за државен пат А2 Букојчани - Кичево, втора фаза, секција Долно Строгомиште - Црвици | Основниот проект за државен пат А2 Букојчани - Кичево, втора фаза, секција Долно Строгомиште - Црвици може да го преземете во pdf формат тука. |
Irina Glavinceska
0