Monitoring table 16/12/2022
Табела со информации за следење
Во продолжение е табелата со најнови информации за процедури и постапки од областа на животна средина објавени од институции и локална самоуправа.
Институција | УРЛ | Наслов | Опис | Забелешка |
---|---|---|---|---|
Делчево | Делчево I | Општина Делчево подготвува Стратегија за енергетска ефикасност | Општина Делчево со поддршка и експертиза од „Хабитат-Македонија“ изработува стратегија за енергетска ефикасност која треба да придонесе за планско управување со потрошувачката на енергија и запирање на непродуктивното трошење енергија, односно интелигентно користење на расположливите ресурси на енергија. Целта на изготвување на овој стратешки документ за енергетска ефикасност за период 2023-2025 е двојна. Прво, да се соберат информации за потрошувачката на енергија и податоци за состојбата на објектите кои ги управува Општината и, второ, да се дадат препораки за спроведување проекти за енергетска ефикасност врз база на идентификувани можности за заштеда на енергија и зголемување на енергетската ефикасност во Општината со воведување мерки за подобрување на енергетската ефикасност и намалување на емисиите на CO2, како и зголемување на јавната свест во врска со енергетската ефикасност. | |
Делчево | Делчево II | Соопштение за организирање на јавен увид на изработен Урбанистички проект за Изменување и дополнување на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план | Организирање на јавен увид на изработен Урбанистички проект за Изменување и дополнување на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани (за поставување на фотонапонски панели на земја) на КП 4036/1, КП 4854, КП 4855, КП 4856 и дел од КП 4037/1, КО Град, Општина Делчево тех.бр 44/22 од ноември 2022 изработена Друштво за проектирање, трговија и инженеринг УРБАН ПРОЕКТИНГ ДООЕЛ Велес. Јавниот увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план – за намена Е1.13 Површински соларни и фотоволтаични централи (за поставување на фотонапонски панели на земја) во опфат на ко Град – Општина Делчево ке се спроведе со објава на урбанистичкиот проект на официјалната web страна на Општина Делчево: www.delcevo.gov.mk Јавниот увид ке трае 15 дена од објавувањето на Соопштението, започнувајки од 14,12.2022 г до 29,12.2022 год. Во споменатиот период, заинтерисираните грагани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот ке може да доставуваат писмени забелечки, предлози и анкетни листови до Општина Делчево. | |
Зрновци | Зрновци | ПРОЕКТНА ПРОГРАМА ЗА ИЗРАБОТКА НА УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ГРУПА НА КЛАСА НА НАМЕНА | Е-ИНФРАСТРУКРУРА, Е1.13-ПОВРШИНСКИ СОЛАРНИ И ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ на КП бр.1431, КП бр.1432 и дел од КП бр.1433, со моќност до 1 MW (еден мега ват), КО МОРОДВИС | |
Куманово | Куманово | Нацрт стратегија за рурален развој на Општина Куманово за период 2023 -2027 година | Стратегијата за рурален развој за период 2023 -2027 година е дел од активностите на Одделение за стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР, согласно Програмата на Сектор за меѓународна соработка и евринтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР на Општина Куманово, бр. 09 -1829/22 од 25 февруари 2022 година. Во изработката на Стратегијата учествуваа претставници од: општинска администрација, Здружение на земјоделци на Општина Куманово, Подрачна единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РСМ, Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството – канцеларија во Куманово, Здружение на пчелари, Здружение на угостители, Регионална занаетчиска комора, Локален економско- социјален совет – Куманово, Музеј – Куманово, Здружение на органски производители, Фондација за развој на мали и средни претпријатија- Куманово, Граѓански организации и други засегнати страни. Се известуваат сите физички и правни лица кои имаат предлози и насоки за подобрување на Нацрт – верзија на стратешкиот документ, истите да ги достават на следниов меил: donka_opstinakumanovo@yahoo.com и nikola.opstinakumanovo@gmail.com, најдоцна до 20 декември 2022 година. | |
Могила | Могила I | ПРОЕКТНА ПРОГРАМА за постапка на изработување и одобрување на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план | ПРОЕКТНА ПРОГРАМА за постапка на изработување и одобрување на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план, за уредување на земјиште со намена Е1.8 : Нов 10(20) kV кабелски вод низ делови од КП бр.5297, КП бр.5298/3, КП бр.5312, КП бр.5314, КП бр. 5315, КП бр.5331/3, КП бр.723, КП бр.726, КП бр.728/1 и КП бр. 728/2 (КО Могила – вон град) – Општина Могила. РЕШЕНИЕ за одобрување на ПП | |
Могила | Могила II | ПРОЕКТНА ПРОГРАМА за постапка на изработување и одобрување на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план | ПРОЕКТНА ПРОГРАМА ЗА УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ПО ЧЛЕН 58 СТАВ (6) ОД ЗАКОНОТ ЗА УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ (СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ БР. 32/20) ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ЗЕМЈИШТЕ СО НАМЕНА Е1.13 – ПОВРШИНСКИ СОЛАРНИ И ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ НА КП 2696/2, КП 2696/3, КП 2697/1, КП 2703 КО ДОЛНО СРПЦИ И ДЕЛ ОД КП 1010 КО ДОЛНО СРПЦИ- ОПШТИНА МОГИЛА. РЕШЕНИЕ за одобрување на ПП | |
Сарај | Сарај | ЈАВНА ДЕБАТА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ СИСТЕМ ЗА НАВОДНУВАЊЕ ШТО МИНУВА НИЗ НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА ШИШЕВО, ГРЧЕЦ И КРУШОПЕК | Денеска во присуство на градоначалникот г.Блерим Беџети , жителите од населените места опфатени со овој проект, директорот на Водостопанство Исни Јакупи и администрацијата на општина Сарај, поточно секторот за урбанизам и инспекторатот за заштита на животната средина, детално беше презентирана Физибилити студијата за системот за наводнување и имаше јавна расправа на која сите страни имаа можност да дадат свои мислења во врска со реализацијата на проектот. Во продолжение ќе се изврши изработка на техничката документација на основниот и урбанистичкиот проект, по што ќе се изврши ревизија за истиот и конечно да почнат конкретните работи на терен. |
Irina Glavinceska
0