вести

табела за следење 06 Мај 25
Monitoring Table May 06 2025
Facebook
LinkedIn
Email
Print
X
Threads
Во продолжение е табелата со најнови информации за процедури и постапки од областа на животна средина објавени од институции и локална самоуправа.
Датум | Име на институција | Вид на објава | Опис | врска до објавата URL | Област | Идентификувани неправилности |
---|---|---|---|---|---|---|
28.04.2025 | Министерство за транспорт | Соопштение | УПВОУП за линиски објекти со намена е1.8 – инфра. за пренос на елект. енер. (среднонапонски подземен електр. вод 110(20)kv NA2XS(F)2Y3X1X150MM2), КО Горно Соње, оп. Сопиште, КО Горно Водно, Општина Карпош. Јавниот увид ќе трае 15 дена и тоа од 29.04.- 13.05.2025 | https://bit.ly/4jsnsCw | Урбанистичко планирање | НЕ |
28.04.2025 | ОВП Портал | информација за јавност | На 28 април 2025 година се одржа четвртата седница на Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2024–2026. На седницата беа разгледани, дискутирани и ставени на гласање клучни прашања од интерес за Советот и Партнерството. Согласно дневниот ред, на седницата беа усвоени Нацрт-Извештајот за самооценка за статусот на имплементација на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024–2026, за периодот февруари 2024 – февруари 2025 година и Предлог-Извештајот за присуството на членовите и нивните заменици на седниците на Советот. | https://bit.ly/4mhDYau | администрација и управување | НЕ |
28.04.2025 | Ресен | службен гласник | Објавен е Службен гласник бр. 5 на Општина Ресен. Одлуките се дадени на линкот | https://bit.ly/43fxWzn | администрација и управување | НЕ |
28.04.2025 | Старо Нагоричане | Повик | Оглас за доделување на финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации од буџетот на општина Старо Нагоричане за 2025 година. Повикот е 10 дена од денот на објавување | https://bit.ly/3EDyW7i | администрација и управување | НЕ |
29.04.2025 | Брвеница | информација за јавност | (четириесет и петта) седница на Советот на о.Брвеница, ќе се одржи на 29.04.2025 г. (вторник), со почеток во 13,00 часот во просториите на општина Брвеница. Дневниот ред се наоѓа на линкот | https://bit.ly/3RQzkCg | администрација и управување | НЕ |
29.04.2025 | Теарце | Б Интегрирана дозвола | Барање за добивање на Б -интегрирана еколошка дозвола. Друштво за производство, градежништво, транспорт, угостителство, трговија и услуги УРБАН ПЛАН КОНСТРУКТИОН УПЦ ДООЕЛ експорт-импорт Подружница Шала Бетон с. Слатино, Тераце. Категорија – Индустрија на минерали, подточка 3.3. Стационарни бетонски бази со капацитет на силосите за бетон поголем од 50м3. . Целокупната документација ќе биде достапна во просториите на Општина Теарце и на веб страната. Засегнатата јавност може да поднесе комемнтари во рок од 30 дена. | https://bit.ly/3YzbBdv | Воздух | НЕ |
29.04.2025 | Кавадарци | Соопштение | Повторна Јавна Презентација и Повторна Јавна Анкета ќе се спроведе со излагање на Детален урбанистички план за УЕ 10, дел од Блок 10.2, “Мито Хаџи Василев Јасмин” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци, во просториите на Општина Кавадарци. Повторната Јавна анкета трае од 05.05.2025 до 25.05.2025 година, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот. Повторната Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 05.05.2025 година (четврток) во 13:00 часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала. | https://bit.ly/3Z4Ew9o | Урбанистичко планирање | НЕ |
29.04.2025 | Куманово | информација за јавност | На 05 мај 2025 година (понеделник) во кружната сала на зградата на поранешни општествено – политички организации со почеток во 10:00 часот, ќе се одржи педесет и петтата седница на Советот на Општина Куманово, по следниот Дневен ред | https://bit.ly/4505zXl | администрација и управување | НЕ |
29.04.2025 | Чешиново-Облешево | Соопштение | Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.8- Инфраструктури за пренос на електрична енергија, за подземен кабелски 10(20)КВ вод КО Кучичино, Општина Чешиново- Облешево. Јавниот увид ке трае 15 дена, односно во перидот од 30.04.2025 -15.05. 2025 год. | https://bit.ly/4jIqmU0 | Урбанистичко планирање | Не е објавен планот. |
29.04.2025 | Штип | Јавна расправа | Јавна расправа по нацрт извештај на стратегиска оцена на влијанието врз животната средина за урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за намена Г.2 – Лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија на КП 225/1, КП 226/1, КП 227/1 и КП 228 КО Криви Дол, Општина Штип. Јавната расправа е на 02.05.2025 во просториите на општина Штип со почеток од 11:30. | https://bit.ly/3RNWZmX | Просторно планирање | Објавата за јавна расправа е објавена на 29.04.2025, за на 02.05.2025. Јавноста не е навремено информирана. Нема нити линк каде може да се превземе и види Извештајот. |
29.04.2025 | ЕНЕР | Соопштение | Заради одржување на јавна расправа, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува засегнатите страни дека ПРЕДЛОГ ЗАКОН ЗА ШУМИТЕ (*) се става на јавен увид. Јавниот увид може да се изврши на следната електронска адреса: ener.gov.mk или во просториите на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство почнувајќи од 30.04.2025 заклучно со 15.05.2025. Јавната расправа ќе се одржи на 20.05.2025, за што навремено ќе биде објавена покана до засегнатите страни за учество во јавна расправа. | https://bit.ly/4m2xbRN | Шумарство | Нема линк од законот |
29.04.2025 | Собрание на РСМ | законски измени | 43. седница на Собранието. Предлог на закон за изменување на Законот за градежно земјиште, по скратена постапка – | https://bit.ly/3YvTzsC | администрација и управување | НЕ |
29.04.2025 | Струга | Б Интегрирана дозвола | Барање за добивање на Б – интегрирана еколошка дозвола – “Илинден Градба, с.Белица, СТРУГА. Приоритетна дејност: Прилог 2, Точка 3.2 Инсталации за ископ, дробење, мелење, сеење, загревање на минерални суровини. Целокупната документација содржината во Барaњето, потребна за оформување и доставување на мислење и ставови е достапна на заинтересираната јавност во рок од 15 дена, на www.struga.gov.mk. | https://bit.ly/4jIqrqM | Воздух | Не е објавена на веб страната |
30.04.2025 | Гостивар | Урбанистички документи | Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план, за изградба на објекти со класа на намена Г4- стоваришта, складови и отпади на КП бр. 1012/1- КО Дебреше, Општина Гостивар | https://bit.ly/43hCnK7 | Управување со отпад | Не е дадена информација за јавен увид, нити пак за потребата од СОЖС |
30.04.2025 | Гевгелија | Решение | Се одобрува Урбанистички Проект вон опфат на урбанистички план со намена Г5.5 – Хангари за земјоделски машини и складишта за материјали за земјоделски производи на КП 2588/1, КП 2600, КП 2601, дел од КП 2623 и КП 2596 КО Негорци, општина Гевгелија | https://bit.ly/3Z7f2Z5 | Урбанистичко планирање | НЕ |
30.04.2025 | Крива Паланка | Соопштение | Деталниот урбанистички план (ДУП) за дел од блок И-13 КО Крива Паланка. Јавната анкета за овој план започна на 20 април 2025 година и ќе трае до 12 мај 2025 година. Сите заинтересирани граѓани можат да достават свои мислења и забелешки во просториите на Одделението за урбанизам, секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот. Во моментов се активни уште две јавни анкети за други Детални урбанистички планови, чии јавни презентации се закажани за 29 и 30 мај. | https://bit.ly/4iLWC7e | Урбанистичко планирање | НЕ |
30.04.2025 | Кривогаштани | Соопштение | Јавна презентација и јавна анкета за изменување, дополнување и проширување на планскиот опфат на Урбанистички План вон населено место за изградба на стопански комплекс на локалитетот кој опфаќа делови од КП 444, 445, 446, 448, 449, 450 и 451, КО Врбјани, општина Кривогаштани. Јавната презентација ќе се одржи во салата за одржување на седниците на Совет на ден 26.05.2025 (понеделник) со почеток во 11:00 часот. Јавната анкета ќе трае 10 дена и тоа од 21.05-03.06.2025. | https://bit.ly/4k8ym0d | Урбанистичко планирање | Не е објавен планот. Не е објавена информација за потребата од СОЖС |
30.04.2025 | Министерство за транспорт | Одлука | Одлука за Неспроведување на стратегиска оцена на Урбанистичи проект вон опфат на урбанистички план за линиски објект со намена Е1.8 -инфраструктури за пренос на ел.енергија (среднонапонски подземен ел.вод 10(20) KV NA2XS(F)2Y3X1X150MM2), КО Горно Соње, општина Сопиште, КО Горно Водно, општина Карпош | https://bit.ly/3RQ5yxy | Просторно планирање | НЕ |
30.04.2025 | Охрид | Одлука | Одлука за спроведување на стратегиска оцена за планскиот документ ДУП за УЗ 11, УБ 11.4 Опфат 2, Општина Охрид | https://bit.ly/44VLmSs | Урбанистичко планирање | НЕ |
30.04.2025 | Росоман | службен гласник | Службен гласник на Општина Росоман бр. 8/25. Одлуките се дадени на линкот | https://bit.ly/3SmZrAR | администрација и управување | НЕ |
30.04.2025 | Струмица | Јавна расправа | Јавна анкета и јавна презентација на Детален урбанистички план за дел од Блок 8, Општина Струмица, плански опфат помеѓу ул.„Гоце Делчев“, бул.„Климент Охридски“ и граница на зона со намени КО од ГУП за град Струмица (Граница на катастарска парцела 107/1), плански период 2024-2029. Јавна анкета ќе трае од 19.05.2025 година до 19.06.2025 година. Јавната презентација ќе се одржи во просториите на Дом на АРМ во Струмица, на ден 21.05.2025 година во 11:00 часот. | https://bit.ly/3EU7UIK | Урбанистичко планирање | НЕ |
30.04.2025 | Министерство за животна средина и просторно планирање | Документ | Известување за намера за изведување на проект: „Ветерен парк Казандол“ (56 mw), Општина Валандово | https://bit.ly/4k2T55o | енергетска ефикасност | Нема датум кога е објавено известувањето за намера за спроведување на проектот |
02.05.2025 | Делчево | Одлука | Одлука за неспроведување на стратегиска оцена за Урбанистички проект вон опфат на УП за инфраструктурна градба со намена E1.5, с. Вирче, КО Вирче | https://bit.ly/42LxiJZ | Просторно планирање | НЕ |
02.05.2025 | Тетово | службен гласник | Објавен е Службен гласник бр. 8 на Општина Тетово. Одлуките се дадени на линкот | https://bit.ly/4m3Xkj7 | администрација и управување | НЕ |
05.05.2025 | Јегуновце | Решение | Решение за Спроведување на стратегиска оцена на влијанието врз животната средина за ЛЕАП за општина Јегуновце | https://bit.ly/4k0IXtX | Просторно планирање | НЕ |
05.05.2025 | Крушево | Соопштение | Соопштение за организирање на јавна презентација и јавна анкета за Предлог Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела со намена Д3-спорт и рекреација на зелени површини – Полетиште за параглајдери на м.в. Црн врв, КО Крушево вон град, општина Крушево. Јавната анкета ќе трае 15 денови, почнувајќи од 06.05.2025 година до 21.05.2025 годинa. Јавната презентација како стручно презентирање на планската документација ќе се одржи на ден 16.05.2025 година, во 11:00 часот, во просториите на Одделението за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина на општина Крушево, соба број 23. | https://bit.ly/4m3Xmrf | Урбанистичко планирање | Не се објавени информации за потребата од СОЖС |
05.05.2025 | Министерство за економија и труд | Документ | Објавени се Правилници од областа за безбедност при работа. Правилник за висина на трошоци за издавање на дозвола за вршење на стручни работи и полагање на стручен испит за безбедност при работа и Правилник за услови за вработени, организација, технички и други услови кои треба да ги исполни правно или физичко лице за вршење стручни работи | https://bit.ly/3Z4orAF | администрација и управување | НЕ |
05.05.2025 | Влада на РСМ | информација за јавност | 68-та седница на Владата. Седницата се одржа на: 22.04.2025 – 12:00. Предлогот на Закон за дополнување и изменување на законот за заштита на животната средина. Информација во врска со статус на реализација на Договорот за концесија за МХЕЦ бр.104 Габровска река на Концесионерот АНИ ЕНЕРГЕТИК ДОО Тетово. Предлог – Oдлука за едностран раскин на Договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина – варовник на локалитетот “Долна Краста” с. Велешта, општина Струга | https://bit.ly/4k9MLcH | администрација и управување | НЕ |
05.05.2025 | Влада на РСМ | информација за јавност | 71-та седница на Владата. Седницата се одржа на: 29.04.2025 – 12:00. Предлог Фискална стратегија на Република Северна Македонија за периодот 2026 – 2030. Предлог-програма за изменување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година. Предлог – програма за изменување и дополнување на Програмата за органско земјоделско производство за 2025 година | https://bit.ly/4jHwX0T | администрација и управување | НЕ |
05.05.2025 | Струга | информација за јавност | Решение за свикување на 48 (четириесет и осма) седница на Советот на општина Струга, која ќе се одржи на 12.05.2025 година (понеделник) со почеток во 10:30 часот, во салата за одржување на седници на Советот на Општина Струга. Точките на дневен ред се на линкот | https://bit.ly/42WHSwp | администрација и управување | НЕ |
05.05.2025 | Министерство за животна средина и просторно планирање | законски измени | Информација за законски решенија и измени кои се во владина процедура или процес на подготовка | https://bit.ly/4k6U7gZ | администрација и управување | НЕ |
05.05.2025 | Министерство за животна средина и просторно планирање | Јавна расправа | Информација за одржување на јавна расправа по СОВЖС за проект – Експлоатација на јаглен од наоѓалиштето во Живојно со површинска технологија во општина Новаци, за потребите на инвеститорот АД “ЕЛЕКТРАНИ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“ од Скопје. Јавната расправа по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот – Експлоатација на јаглен од наоѓалиштето во Живојно со површинска технологија во општина Новаци ќе се одржи на 12 Мај 2025 година (понеделник) во големата сала во општина Новаци со почеток во 11:30 часот. Студијата за оцена на влијание врз животната средина е достапна за коментари до 15.05.2025година | https://bit.ly/4m2W0Nj | Енергетика | Во дадената објава и инфорамција не е ставен линкот каде може да се најде студијата. На Студијата е на линкот |
05.05.2025 | Собрание на РСМ | законски измени | 26. седница на Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика. Предлог на закон за енергетика(*) – Второ читање | https://bit.ly/4jGW4Rn | администрација и управување | НЕ |
05.05.2025 | Собрание на РСМ | законски измени | 79. седница на Законодавно правна комисија. Предлог на закон за енергетика(*) – Второ читање | https://bit.ly/3EGRPWV | администрација и управување | НЕ |
Maja Markoska
0