
Monitoring of public information related to environment
На почетокот на 2020 година Мисијата на ОБСЕ во Скопје потпиша меморандум за соработка со Архус Центарот во Скопје како составен дел на Здружението за одржлив развој Милиеуконтакт Македонија Скопје и стана дел од мрежата „Пријатели на Архус“, составена од институции, здруженија на граѓани, меѓународни организации и амбасади.
Во текот на 2020 година, Мисијата изработи Извештај за проценка на потребите за работата на Архус Центарот, чии препораки послужија како основа за развој на концепт кој ќе му помогне на Архус Центарот во зајакнување на капацитетите и создавање на функционален систем за следење на работењето јавните институции, општините, телата и органите за донесување одлуки за транспарентноста на процедурите, усогласувањето на законите и квалитетот на процесите на учество на јавноста во врска со спроведувањето на Архуската Конвенција.
Во периодод од мај до декември 2021г се одвиваат следините активности во рамките на соработката со мисијата на ОБСЕ.
Следење на информации поврзани со животната средина, објавени од релевантните владини институции и локалните органи на власта, поставени на нивните веб-страници или во други печатени и електронски медиуми, нивно класифицирње и сумирање во редовни месечни извештаи кои ќе се достапни на нашата веб страна и ќе се дистрибуирани до засегната страни преку маилинг листи и социјални мрежи.
Анализа на содржината на информациите и почитување на законските обврски (секоја специфична информација што може да се поврзе со Законот за животна средина и Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер) и вклучување на наодите во редовните месечни извештаи.
Анализа на веб страните на општините, како и методот на комуникација и споделување на информации поврзани со животната средина од нивна страна (достапност и пристап до информациите) и вклучување на наодите во редовните месечни извештаи;
Тестирање, испитување, преку испраќање на барање за информации до избрани институции и следење на квалитетот на повратната информација во однос на времето потребно за да се одговори и структурата на информацијата.
Редовни комуникации со ГО кои се дел од мрежата на Архус во Република Северна Македонија и пријателите на Архус и споделување информации за институционалните процеси и процедури;
Учество на јавни расправи и следење на процесите на организирање јавни расправи, како од страна на централните, така и од страна на локалните власти, како и методите на консултации со јавноста за теми поврзани со животната средина;
Консултативни состаноци со сите засегнати страни на Архуската Конвенција во Република Северна Македонија (Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за правда, Собрание на РСМ, општини, медиуми, итн.), во улога на коректор на нивните модели на управување;
Учество во подготовка на годишен извештај на Министерството за животна средина и просторно планирање за спроведување на Архуската Конвенција во Република Северна Македонија во улога на соработник за презентираните информации, со што ќе се добие објективна слика за состојбата во земјата пред Секретаријатот на Архуската Конвенција.