
Monitoring table 24.08.2021
Табела со информации за следње
Во прилог е табелата за следење информации и постапки од животна средина објавени од страна на институции и локална самоуправа.
Институција УРЛ Наслов Опис Забелешка
Министерство за транспорт и врски https://bit.ly/3yfrV37 Одлука за спроведување и Нацрт Извештај за стратегиска оцена на влијание на животната средина за Државна Урбанистичко – Планска Документација за изградба на бензинска пумпна станица со станици за точење на ТНГ на КП 262 и ДЕЛ од КП 1174 м.в. Дунје, КО Костинци, Општина Долнени На веб страната објавени се Известување од МЖСПП за прифаќање за спроведување СОЖС, НАЦРТ Извештај за СОЖЗ – ДУПД бензинска Костинци општина Долнени, Одлука за спроведување на СОЖС и позитивно мислење од МЖСПП по нацрт СОЖС. Јавната расправа треба да биде одржана најрано 15 дена по објавување на веб страната, а најкасно 25 дена, одноно во периодот од 10 до 20.09.2021.
Министерство за транспорт и врски https://bit.ly/3B5UK3N Одлука за спроведување и Нацрт Извештај за стратегиска оцена на влијание на животната средина за Државна Урбанистичко – Планска Документација за бензиска пумпна станица со придружни и услужни објекти на магистрален пат М1 (А1-Е75), на КП БР. 3154/1, 3154/2, 3161, како и делови од КП БР. 3155 и 3216, м.в. Суво Грло, КО Тремник, Општина Неготино На веб страната објавени се Известување од МЖСПП за прифаќање за спроведување СОЖС, НАЦРТ Извештај за СОЖЗ – ДУПД бензинска Тремник, Општина Неготино, Одлука за спроведување на СОЖС и позитивно мислење од МЖСПП по нацрт СОЖС. Јавната расправа треба да биде одржана најрано 15 дена по објавување на веб страната, а најкасно 25 дена, одноно во периодот од 10 до 20.09.2021.
Министерство за транспорт и врски https://bit.ly/3gLMluT Одлука за спроведување и Нацрт Извештај за стратегиска оцена на влијание на животната средина за Државна Урбанистичко – Планска Документација за изградба на бензиска пумпна станица со пратечки објекти покрај патот Р 1303 Прилеп – Mакедонски Брод – Кичево во К.О. Ропотово, на К.П. 1954/2, К.П. 1954/3, К.П. 1954/4, К.П. 1956, дел од К.П. 2222, во Општина Долнени На веб страната објавени се Известување од МЖСПП за прифаќање за спроведување СОЖС, НАЦРТ Извештај за СОЖЗ – ДУПД бензинска општина Долнени, Одлука за спроведување на СОЖС и позитивно мислење од МЖСПП по нацрт СОЖС. Јавната расправа треба да биде одржана најрано 15 дена по објавување на веб страната, а најкасно 25 дена, одноно во периодот од 10 до 20.09.2021.
Охрид https://bit.ly/2WcgoEZ Повторна Јавна презентација и јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Урбанистички план вон населено место – Горица Север, Општина Охрид Извештајот за СОЖС е изложен во Одделението за заштита и влијание врз животната средина во О. Охрид секој работен ден од 7.30–15.30 часот почнувајќи од 20.08.2021 год. до 18.09.2021 год. како и на www.ohrid.gov.mk.. Повторната Јавна презентација и јавна расправа ќе се одржи на ден 10.09.2021 год. во големата сала на О. Охрид, со почеток во 13 часот. Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до О. Охрид во рок од 30 дена од денот на објавување на оваа информација на е-маил: zivotna sredina@ohrid.gov.mk, или по пошта на следната адреса Општина Охрид , ул. Димитар Влахов бр.57 Охрид
Радовиш https://bit.ly/3yeilO3 РЕШЕНИЕ за одобрување на Проектна Програма РЕШЕНИЕ за одобрување на Проектна Програма за изработка на Урбанистички План за инфраструктура за електричен кабел од 1,8 MW од новопланирана трафостаница на фотоволтажна централа со моќност од 1,8 MW до приклучна точка на ЕВН во м.в. Рудина, КО Раклиш-вон гр. во О. Радовиш, изработена од ДТПГУК „ЧИП ГРОУП“ ДООЕЛ Скопје, за потребите на нарачатели: СОЛ ГРУП 5 ДОО Скопје. Проектната Програма не е објавена на веб страната
ЕНЕР https://bit.ly/3mtxx7Q Известување за почеток на процесот за подготовка на ЗАКОН ЗА ПАСИШТА Коментарите може да се достават на: info@mzsv.gov.mk; aleksandar.dilje@mzsv.gov.mk.
ЕНЕР https://bit.ly/3wK0Xji Известување за почеток на процесот за подготовка на Закон за изменување и дополнување на Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Временската рамка за изготвување на предлог законот: 08.07.2021 – 09.08.2021. Коментарите може да се достават на: info@mzsv.gov.mk; femi.isen@mzsv.gov.mk
ЕНЕР https://bit.ly/3gt8ePk Повик до граѓанскиот сектор за придонес во подготвувањето на годишната програма за работа на Владата на Република Северна Македонија за 2022 година Во насока на продолжување на транспарентен и целосно инклузивен дијалог со граѓанското општество, Генералниот секретаријат на Владата на РСМ – Одделение за соработка со невладини организации ги повикува граѓанските организации активно да придонесат во подготвувањето на годишната Програма за работа на Владата на Република Северна Македонија за 2022 година, согласно член 14 од Кодексот на добри практики за учество на граѓанскиот сектор во процесот на креирање политики. Предлозите за политики треба да се однесуваат на конкретни законски одредби и да се во функција на остварување на стратешките приоритети и приоритетните цели на Владата на РСМ за 2022 година. Вашите предлози треба да бидат внесени во Образецот што е даден во прилог и што треба да го доставите по електронски пат на адреса: nvosorabotka@gs.gov.mk до 15.9.2021 година, со назнака Иницијатива за ГПВРСМ 2022.
Крива Паланка https://bit.ly/3j8XA1Y Одлука и Формулар за неспроведување на стратегиска оцена за плански документ ЛУПД за комплекс „Старо школо“ со намена В3 – култура во с. Градец, КО Градец, општина Крива Паланка Согласно законската регулатива одлуката и формуларот треба да стојат објавени 15 дена на веб страната, а истите треба да се достават и до МЖСПП за добивање на мислење за тоа дали треба или нетреба да се спроведува постапка за СОЖС
Министерство за економија https://bit.ly/3zevdVG Известување за јавна расправа Се известуваат сите заинтересирани дека на 01.09.2021 (среда) со почеток во 10 часот, ќе се одржи онлајн јавна расправа за Програмата за реализација на стратегијата за развој на енергетиката 2021-2025 година и за Извештајот за стратешка оцена на животната средина на Програмата за реализација на Стратегијата за развој на енергетиката 2021-2025 година. Заинтересираните лица кои сакаат да се вклучат на онлајн расправата потребно е да испратат е маил на следната адреса: valentina.stradelova@economy.gov.mk најдоцна до 15 часот на 30.08.2021 година, со цел да им биде испратен линкот за вклучување на онлајн расправата.
Министерство за економија https://bit.ly/3klscfP Известување за јавна расправа Се известуваат сите заинтересирани дека на 27.08.2021 година (петок) со почеток во 10 часот, ќе се одржи онлајн јавна расправа за нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животната средина на Националниот план за енергија и клима на Република Северна Македонија до 2030 година. Заинтересираните лица кои сакаат да се вклучат на онлајн расправата потребно е да испратат е маил на следната адреса: goran.nikolovski@economy.gov.mk најдоцна до 15 часот на 26.08.2021 година, со цел да им биде испратен линкот за вклучување на онлајн расправата.
Министерство за животна средина и просторно планирање https://bit.ly/3ms9UMB Започнува кампања за прогласување на Малешево за заштитен предел Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) во соработка со Македонско еколошко друштво (МЕД), Јавното претпријатие „Национални Шуми“ и општините Берово и Пехчево започнува кампања за прогласување на Малешево за заштитен предел. Во рамки на кампањата ќе се одржи и јавна расправа, како дел од активностите за вклучување на јавноста во процесот на прогласување на Малешево за заштитен предел..
Шуто Оризари https://bit.ly/3sFMepn Решение за одобрување С08.07 Објавена е планска програма за изработка на ДУП за градска четврт С 08, Блок 07 Општина Шуто Оризари, Скопје
Шуто Оризари https://bit.ly/3kls9Rb Решение за одобрување С08.05 Објавена е планска програма за изработка на ДУП за градска четврт С 08, Блок 05, Општина Шуто Оризари, Скопје
Шуто Оризари https://bit.ly/3jbRIov Решение за одобрување С08.03 Објавена е планска програма за изработка на ДУП за градска четврт С 08, Блок 03, Општина Шуто Оризари, Скопје
Шуто Оризари https://bit.ly/3zghbCR Решение за одобрување С08.02 Објавена е планска програма за изработка на ДУП за градска четврт С 08, Блок 02, Општина Шуто Оризари, Скопје
Шуто Оризари https://bit.ly/2WcAoY3 Решение за одобрување С08.01 Објавена е планска програма за изработка на ДУП за градска четврт С 08, Блок 01, Општина Шуто Оризари, Скопје