Monitoring table 21/10/2022

Табела со информации за следење

Во продолжение е табелата со најнови информации за процедури и постапки од областа на животна средина објавени од  локална самоуправа.

ИнституцијаУРЛНасловОписЗабелешка
БеровоБеровоПокана за учество на форуми во заедницатаПрвата форумска сесија ќе се одржи на 21 октомври 2022 година (Петок) со почеток во 13:00 часот во просториите на Големата сала на Општина Берово. Присуството на жителите, здруженијата на граѓани и претставниците на институциите, како и нивното активно учество на сесиите ќе биде од особено значење за успешно спроведување на буџетскиот форум и ќе даде голем придонес за креирање на Буџет на општина Берово за 2023, по мерка на граѓаните .
БитолаБитолаГраѓаните го креираат буџетот на општината – Одржан првиот буџетски форумНа денешната прва форумска сесија, беа дефинирани програмите, во кои на следните две сесии ќе бидат разработени конкретни предлози, за кои учесниците ќе гласаат на последната – четврта форумска сесија. На овој начин се овозможува и партиципативно граѓанско учество во креирањето и реализацијата на општинските програми и стратешки планови. Присутните на денешната форумска сесија, како приоритетни програми во кои на следните сесии ќе се разработуваат предлозите, ги избраа програмата за урбанистичко планирање, развојната програма, програмата за уредување на градежно земјиште, програмата за локален економски развој, програмата за животна средина, како и програмите за социјална заштита, образование, спорт и млади и програмата за култура.
БитолаБитолаОдржана кoнститутивна седница на локалниот економско социјален совет на БитолаНовиот состав на Локалниот економско социјален совет на општина Битола, денес ја одржа првата конститутивна седница. На конститутивната седница, беше побарана измена на Деловникот, заради негово усогласување со потпишаната спогодба помеѓу Општина Битола, Организацијата на работодавачи и Сојузот на синдикати и Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија.
ВаландовоВаландовоПовик до граѓански организации за доставување на годишни програми за 2023 годинаГодишните програми на активности да се достават најдоцна до 10.11.2022 година, како би можела финансиската поддршка која се бара да биде рагледана и вградена во Предлог-Буџетот на Општина Валандово за 2023 година.
Гази БабаГази БабаОдлука за неспроведување на СОЖСОдлука за неспроведување на стратегиска оцена за ДУП за градска четврт С22, Блок 05, Општина Гази Баба, Скопје
ДолнениДолнениБарање за добивање на Услови за планирање на просторотУрбанистички проект за формирање на градежна парцела со намена E 1.13- површински соларни и фотоволтаични електрани со капацитет до 1MW, на КП 533/4, КО Заполжани
ДолнениДолнениБарање за добивање на Услови за планирање на просторотУрбанистички проект за формирање на градежна парцела со намена E 1.13- површински соларни и фотоволтаични електрани со капацитет до 1MW, на КП 533/2, КО Заполжани
ТеарцеТеарцеИзвестување за јавен увидДокументот - План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА) за „Реконструкција на патот 102, с. Слатино, општина Теарце во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ, ќе биде ставен на увид на 13.10.2022. Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.
ТетовоТетовоЈавен повик за Локално младинсо собрание на општина ТетовоРокот за пријавување е од 17.10.2022 до 31.10.2022
КочаниКочаниПокана за јавна дебата со граѓанските организации од oпштина кочани за приоритети на проектите на општина Кочани во рамки на проектот RELOAD2Во рамките на проектот ReLOaD2 што го реализира Општина Кочани со Програмата за локална демократија – УНДП, на 25.10.2022 година (вторник), со почеток во 11,00 часот, во салата на Советот на Општина Кочани (венчална сала) ќе биде одржана Дебата со граѓанските организации од Oпштина Кочани за Приоритети на проектите, со цел успешна соработка и имплементирање проекти кои се од интерес на граѓаните и општината.
КочаниКочаниОдржана јавната расправа за нацрт буџетот на општина Кочани за 2023 годинаSе одржа Јавната расправа за нацрт-буџетот на Општина Кочани за 2023 година, со цел да овозможи што поголема вклученост на граѓаните во креирањето на Буџетот за идната година. Присутните граѓани даваа предлози од јавен интерес поврзани со надлежностите на Локалната самоуправа: урбанистичко планирање, уредување на просторот и уредување на градежното земјиште; заштита на животната средина и природата; локален економски развој; комунални дејности; култура; спорт и рекреација; социјална заштита и заштита на децата; образование; здравствена заштита; противпожарна заштита и други работи определени со закон.
КумановоКумановоЈавна дебата за прецизирање на приоритети за претстојниот повик за финансирање на граѓански организации и фондацииОсновна цел на проектот е јакнење на партнерството меѓу општинските власти и граѓанското општество преку транспарентно финансирање на проекти на граѓански организации од општинските буџети за да се зголеми граѓанското учество и учество на младите во донесувањето на одлуки и подобра испорака на услуги за граѓаните на Општина Куманово.
ЧашкаЧашкаИнформативни средби за формирање Локален младински совет во Општина ЧашкаНВО Инфоцентар во партнерство со АКТИВО од Велес, преку проектот „Здружени за активно граѓанство“ кој е поддржан од Европската Унија, и во соработка со Општина Чашка ги одржа информативни средби за јакнење на капацитетите на млaдите во Општина Чашка со цел формирање младински совет во општината. Информативните средби се одржаа на 15 октомври 2022 година (сабота) со почеток во 10 и во 14 часот во Салата за состаноци на Советот на Општина Чашка.
ШтипШтипСоопштение за јавен увидЈавен увид за Урбанистички проект за инфраструктура за поставување на среднонапонски 10(20)kv кабел, КО Чардаклија, КО Три Чешми – вон град, КО Криви Дол и КО Сарчиево – општина Штип, ќе трае 15 дена, со почеток од 20.10.2022
НовациНовациОпштина Новаци ја одржа првата форумска сесија за планирање на буџетот за 2023 годинаВо присуство на шеесеттина жители на Општина Новаци, општинската администрација предводена од градоначалникот Стевче Стевановски, млади, пензионери, здруженија на граѓани и претставници на училиштето, градинката, Советот и комуналното претпријатрие, се одржа првата форумска сесија за планирање на буџетот на Општина Новаци за 2023 година. Целта на овој проект е планирањето на буџетот на општината за 2023 година во согласност со потребите на жителите.Преку реализацијата на овој буџетски форум, Општина Новаци добива можност на еден транспарентен начин да ги утврди приоритетите на жителите и согласно тоа да го испланира трошењето на граѓанските пари.
НеготиноНеготиноДетален урбанистички план Детален урбанистички план за урбана единица 4, дел од Блок 13, (помеѓу улиците „Маршал Тито“, „Ѓорѓи Димитров Вешката“, „Киро Крстев“, „Едвард Кардељ“, „Борис Кидрич“ и „ЈНА“), општина Неготино
НеготиноНеготиноУрбанистички план вон населено местоУрбанистички план вон населено место за изградба на фотоволтаична електрана – површински соларни и фотоволтаични електрани со капацитет до 10 MW, на КП 264/4, дел од КП 264/5 и дел од КП 477, м.в. Дубровско, КО Дуброво, Општина Неготино
ПробиштипПробиштипЈАВЕН ПОВИК за избор на младинска организација или организација за млади која ќе раководи со Младинскиот центар во ПробиштипЈавниот повик трае 30(триесет) дена сметано од денот на објавувањето.
СтругаСтругаРешение за одобрување на Урбанистички проектСе одобрува Урбанистички проект за парцелирано градежно земјиште за бензинска пумпна станица на ГП 4.2 од изменување и дополнување на ДУП за УЕ 11, Блок 2,опфат 3,4 и 5, општина Струга
СтуденичаниСтуденичаниРешение за одобрување на Проектна програмаСе одобрува Проектната програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани (фотонапонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште), на КП 481, KO Батинци,
СтуденичаниСтуденичаниРешение за одобрување на Проектна програмаСе потврдува заверка на Проектната програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште), на КП 300, KO Батинци, Општина Студеничани
СтрумицаСтрумицаОдлука и формулар за неспроведување на стратегиска оценаОдлука за неспроведување на СОЖС за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13 Површински соларни и фотоволтаични електрани со јачина до 2,5 MW на КП 194 и КП 196 во КО Водоча и КП 5109 и КП 5103 во КО Вељуса вгр, општина Струмица
СтрумицаСтрумицаУрбанистички проект вон опфат на урбанистички планУрбанистички проект за градби вон опфат на урбанистички план, за градбa со намена А4- времено сместување на КП 1527 во КО Габрово, општина Струмица

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *