Monitoring table 29/11/2022
Табела со информации за следење
Во продолжение е табелата со најнови информации за процедури и постапки од областа на животна средина објавени од институции и локална самоуправа.
Институција | УРЛ | Наслов | Опис | Забелешка |
---|---|---|---|---|
Валандово | Валандово | Повик за креирање на Буџет за 2023 година | Општина Валандово го изработува Буџетот за 2023 година. Со цел поголема вклученост на граѓаните и креирање инклузивен Буџет, отворени се електронски алатки преку кои секој граѓанин ќе може да ги достави сопствените предлози и идеи. Предлозите можат да се достават електронски на: - анкетен прашалник - ЛИНК - мЗаедница - www.mzaednica.mk Креираме граѓански Буџет и заедница која отворено и активно комуницира. Приоритетите, ги одредуваме заеднички. Сите доставени предлози по електонски пат, како и од форумските сесии наредниот период, ќе бидат разгледани при изработката на Буџетот за 2023 година. | |
Велес | Велес I | Сооптение за организирање на јавен увид | Урбанистички проект вон опфат на Урбанистички План за формирање на градежна парцела на дел од КП бр. 660 КО Сојаклари, Општина Велес, со намена А4.3 – Семејни куќи за времен престој-викенд куќи. Јавниот увид ќе трае 15 работни дена, од 22.11.2022 до 10.12.2022 година, на службената веб страна на Општина Велес (www.veles.gov.mk). | Објавен е само графички прилог |
Велес | Велес II | Сооптение за организирање на јавен увид | Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Г2.1-лесна градежна индустрија со производство на градежни елементи и производи-пвц столарија, на КП 1826, КП 1827 и КП 1829, дел од КП 1757/1, дел од КП 1757/2, дел од КП 1760, дел од КП 1759, дел од КП 1830 и дел од КП 1831/2, КO Оризари-вгр, Општина Велес. Јавниот увид ќе трае 15 работни дена, од 21.11.2022 до 09.12.2022 година, на службената веб страна на Општина Велес (www.veles.gov.mk). | Не е објавен датум за јавна презентација. Не се објавени податоци за СОЖС |
Гевгелија | Гевгелија I | Јавен повик за учество на претставник од граѓански организации за набљудувач во Комисија за евалуација на предлог-проекти во рамките на ReLOaD 2 | Повикот беше објавен на 17.11.2022 и ќе трае до 15.12.2022, при што евалуацијата на пристигнатите предлог проекти е планирана да се одржи после 15.12.2022 година. Евалуацијата се очекува да трае не повеќе од 2-3 дена и ќе зависи од бројот на добиени предлог проекти. | |
Гевгелија | Гевгелија II | Јавна презентација и јавна анкета за ДУП, Блок 15.11, општина Гевгелија | Општина Гевгелија организира јавна презентација и јавна анкета за Детален-Урбанистички план, за Блок 15.11 (11.3), општина Гевгелија. Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи во Народниот театар, на 25.11.2021 година (петок), со почеток во 10 часот. Јавната анкета ќе трае 30 дена, односно од 25.11. до 25.12.2022 година, секој работен ден од 08 до 16 часот. | Не е објавен планскиот документ. Нема информации за СОЖС |
Дебар | Дебар | Одлука за неспроведување на СОЖС | ОДЛУКА за неспроведување на стратегиска оцена за влијание врз животната средина за “Урбанистички план за село Џепиште, Општина Дебар” | |
Демир Хисар | Демир Хисар | Објава на барање за добивање на Б Интегрирана еколошка дозвола | Објавено е барање за Б Интегрирана Еколошка дозвола за Градежно друштво Гранит АД Скопје подружница Слоештица. Во рок од 30 дена јавноста може да достави коментари. | |
Тетово | Тетово | Известување за користење на простории за НВОи | Здруженијата и невладини организации кои функционираат во општина Тетово и на кои им е потребно користење на простори за извршување на нивнитеактивности може да се обратат до општина Тетово. Почнувајќи од 28 ноември, општина Тетово за сите здруженија нуди сопствен простор, кој се наоѓа во поранешната зграда на Радио Тетово, за развој на различни активности. За користење на овој простор здруженијата мора да поднесат барање до општина Тетово во кое ќе ја опишат активноста, точното време и датум, бидејќи на овој начин ќе им дадеме можност на сите организации да го користат овој простор. | |
Секретар на Секретаријатот за законодавство | Секретар на Секретаријатот за законодавство I | Закон за административни службеници | ||
Секретар на Секретаријатот за законодавство | Секретар на Секретаријатот за законодавство II | Кодекс за административни службеници |
Прикажани 1 до 10 од 32 записи
Irina Glavinceska
0