• +38970666230
  • aarhus@mkm.mk
  • Kukushka 4a, Skopje N. Macedonia
вести
Monitoring 07/04/2026

Monitoring 07/04/2026

Табела за следење на информации од 03.04.2026 до 07.04.2026

Во продолжение е табелата со најнови информации за процедури и постапки од областа на животна средина објавени од институции и локална самоуправа.  

Датум Име на институција Вид на објава еа врска до објавата URLОбласт Идентификувани неправилности
03.04.2026Битолаинформација за јавност Согласно извештајот од спроведеното следење на примената на системот за интегритет за 2025 година кој го објави Државната комисија за спречување корупција, Општина Битола е со добро ниво на усогласеност. Таа е на трето место, а тоа значи дека нивоата добро и многу добро.Општина Битола на врвот по транспарентностадминистрација и управување НЕ
03.04.2026БогданциОдлукаОдлука за спроведување на стратегиска оцена за Стратегија за климатски промениОдлука за спроведување на стратегиска оцена за Стратегија за климатски промениПросторно планирање НЕ
03.04.2026БутелУрбанистички документи Проектна програма за изработка на изменување и дополнување на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.5 -Инфраструктури за водоснадбувањеПроектна програма за изработка на изменување и дополнување на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички планУрбанистичко планирање НЕ
03.04.2026Гевгелијаслужбен гласник СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА -Бр.5СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА -Бр.5администрација и управување НЕ
03.04.2026Ѓорче ПетровСоопштение Соопштение за организирање на јавна презентација и јавна анкета по Изменување и дополнување на Урбанистички план за село Орман, Блок 2, Општина Ѓорче Петров. Место на излагање: Простории на Општина Ѓорче Петров веб страната на Општина Ѓорче Петров – огласен дел на информацискиот систем е-урбанизам. Период на излагање: од 08 до 16 часот, секој работен ден од 27 04.2026 год. до 29.05.2026. Соопштение за организирање на јавна презентација и јавна анкета по Изменување и дополнување на Урбанистички план за село ОрманУрбанистичко планирање Објавен е само синтезен план
03.04.2026Ѓорче ПетровСоопштение Известување за јавен увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објекти со намена Б3.1 – Ресторани, на КП 252/1, КО Волково, Општина Ѓорче Петров. Јавниот увид ќе трае од 06.04-24.04.2026Известување за јавен увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички планУрбанистичко планирање Објавен е само синтезен план
03.04.2026Кавадарцислужбен гласник бр. 9. Службен гласник на Општина Кавадараци. Објавене е Програма на активности од областа на заштитата на животната средина и природата на подрачјето на Општина Кавадарци за 2026 година. Останатите содржини се наоѓаат на линкот. бр. 9. Службен гласник на Општина Кавадарациадминистрација и управување НЕ
03.04.2026КумановоРешениеСе одобрува Планската програма за изработка на Урбанистички план вон населено мето за изградба на комплекс со намена А4-градби за времен престој на КП бр. 15/1, КП бр. 15/2, КП бр. 16/1, КП 6р. 16/2, КП бр. 17/1, КП бр. 17/2, КО Љубодраг, Општина Куманово, 2025-2030,Планската програма за изработка на Урбанистички план вон населено местоУрбанистичко планирање НЕ
03.04.2026Кумановослужбен гласник Службен гласник на Општина Куманово, бр. 4. Програма за работа во областа на располагањето со градежното земјиште во сопственост на РСМ. Останатите содржини се на линкотСлужбен гласник на Општина Куманово, бр. 4администрација и управување НЕ
03.04.2026Свети НиколеИзвештајНацрт извештај за СЕА за УППГДЗ за површински соларни и фотоволтаични електрани со моќност над 10 MW, КО Ерџелија-Вонград и КО Ерџелија, Свети Николе.Нацрт извештај за СЕА за УППГДЗенергетска ефикасност НЕ
03.04.2026Службен весникзаконски измени Во базата на прописи од Службен весник на РСМ бр.72 од 03.04.2026 објавени се следните прописи: Одлука за проширување на концесијата за експлоатација на минерална суровина – глина на локалитетот „Ѓупски Рид“, Општина Ресен на АД Оранжерии, с. Хамзали, Босилово Службен весник на РСМ бр.72 од 03.04.2026администрација и управување НЕ
03.04.2026ЗЕЛСинформација за јавност Комисија за животна средина и комунални дејности при ЗЕЛС ја одржа првата седница. Присутните беа запознаени дека од страна на Работната група за води во рамките на Мрежата за животна средина и комунални дејности при ЗЕЛС и во корелација со Комисијата, направени се анализи на законската регулатива и утврдени се предлог- иницијативи за измени и дополнувања на три закони: Закон за води; Закон за вода за пиење и одведување на отпадни води и Закон за комунални дејности. Комисија за животна средина и комунални дејности при ЗЕЛС ја одржа првата седницаадминистрација и управување НЕ
06.04.2026ВаландовоСоопштение ЈАВЕН ПОВИК за организирање на јавна презентација и јавна анкета за Нацрт Детален урбанистички план за Урбана единица 3, за Блок 3.1, населба “Центар”, во Град Валандово. Јавната анкета ќе трае 45 (четириесет и пет) денови и тоа од 27.04.2026 година до 10.06.2026 година, секој работен ден од 07.00 до 16.00 часот. Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 28.04.2026 година (Вторник) во 13:00 часот во просториите на општина Валандово.ЈАВЕН ПОВИК за организирање на јавна презентација и јавна анкета за Нацрт Детален урбанистички планУрбанистичко планирање НЕ
06.04.2026Василевослужбен гласник Бр. 5. Службен гласник на Општина Василево Бр. 5. Службен гласник на Општина Василево администрација и управување НЕ
06.04.2026ВелесРешениеПотврда за одобрување на Урбанистички проект со план за парцелација со намена А1.1-Куќи со двор, за ГП 13 (КП 6213/1) КО Велес, од ДУП: за М3 9-ти Ноември, измена и дополнување на одредбите за спроведување на ДУП за М3 9-ти Ноември, Општина Велес, Потврда за одобрување на Урбанистички проект со план за парцелацијаУрбанистичко планирање НЕ
06.04.2026ГевгелијаОдлукаОдлука и формулари за неспроведување стратегиска оцена за влијанието врз животната средина за плански документ Измена и дополна на Блок 19 од Урбанистички план за село Прдејци, општина ГевгелијаОдлука и формулари за неспроведување стратегиска оцена за влијанието врз животната средина за плански документПросторно планирање НЕ
06.04.2026ГевгелијаСоопштение Соопштение за јавна презентација и јавна анкета за Изменување и дополнување на дел од Детален урбанистички план за Блок 5.3 и 5.6, општина Гевгелија. Мала сала на Народен Театар Гевгелија на ден 21.04.2026 год. Време на излагање од 21.04.2026 год. до 21.05.2026 год. Јавна презентација и јавна анкета за Изменување и дополнување на дел од Детален урбанистички план Урбанистичко планирање Објавен е само синтезен план
06.04.2026Министерство за транспортОдлукаОдлуката за неспроведување СЕА за УПВОУП за намена Е1.13 – Површински соларни и фотоволтаични електрани до 10MW на КП 338/2, КО Рибарци, Општина НовациОдлуката за неспроведување СЕА за УПВОУПенергетска ефикасност НЕ
06.04.2026Министерство за транспортИзвештајФинален Извештај на СЕА за УПВОУП за нова ТС 400/110kV Милетково, со 400kV приклучен вод на 400kV ДВ Дуброво-Македонска – Грачка граница, ГевгелијаФинален Извештај на СЕА за УПВОУПЕнергетика НЕ
06.04.2026Охридинформација за јавност Со решение на Државен инспектор за храна, се забранува за пиење водата од локалните водоводи во селата Свиништа, Завој, Куратица, Речица, Опеница, Вапила, Косел и Ливоишта. По извршените лабараториски анализи, констатирано е отсуство на резидуален хлор, а во Свиништа, Куратица, Речица и Опеница и микробиолошка контаминација, со присуство на ешерихија коли. Се задолжуваат месните заедници од овие села да обезбедат безбедна вода за пиење, а дотогаш водата што се користи за пиење да се преврива 30-40 минути.ЗАБРАНА ЗА ПИЕЊЕ НА ВОДАТА ОД НЕКОЛКУ СЕЛСКИ ВОДОВОДИВоди НЕ
06.04.2026Прилепслужбен гласник Службен гласник бр. 7 на Општина Прилеп. Измени и дополнувања на буџетот на Општина Прилеп за 2026 годинаСлужбен гласник бр. 7 на Општина Прилепадминистрација и управување НЕ
06.04.2026Собрание на РСМзаконски измени 60. седница на Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. Јавна расправа по Предлогот на закон за Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија60. седница на Комисија за политички систем и односи меѓу заедницитеадминистрација и управување НЕ
06.04.2026СтругаРешениеOдобрен Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена А.4.3-Викенд куќи и други објекти за времено сместување на КП. 2839/38, КП. 2839/37, КП. 2839/36, КП. 2839/35, КП. 2839/34, КП. 2839/33, КП. 2839/32, КП. 2839/30, КП. 2839/29, КП. 2839/28, КП. 2839/27 и делови од КП. 2839/3 и КП. 2845, КО Струга, Општина Струга,Oдобрен Урбанистички проект вон опфат на урбанистички планУрбанистичко планирање НЕ
06.04.2026Министерство за енергетика рударство и минерални суровиниЈавна расправа Јавна расправа по Проценката на ризиците кои можат да влијаат врз сигурноста со снабдувањето со гас во Република Северна Македонија. Јавната расправа ќе се одржи во просториите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на 15.04.2026 година, во период од 14:00 до 15:30 часот.Јавна расправа по Проценката на ризиците кои можат да влијаат врз сигурноста со снабдувањето со гас во Република Северна МакедонијаЕнергетика НЕ
 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *