вести

Monitoring 19/06/2026
Табела за следење на информации од 16.06.2026 до 19.06.2026
Во продолжение е табелата со најнови информации за процедури и постапки од областа на животна средина објавени од институции и локална самоуправа.
| Датум | Име на институција | Вид на објава | еа | врска до објавата URL | Област | Идентификувани неправилности |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 16.06.2026 | Гази Баба | Решение | Решение за одобрување на Планска програма за Детален урбанистички план за Градска четврт ССИ08, Блок 02, Општина Гази Баба | Решение за одобрување на Планска програма за Детален урбанистички план | Урбанистичко планирање | НЕ |
| 16.06.2026 | Демир Капија | Повик | Јавен повик за избор на ко-модератор кој ќе учествува во спроведувањето на форумскиот процес во заедницата во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“. Пријавите треба да се достават најдоцна до 19.06.2026 година на електронска адреса: opstinadk@yahoo.com или во архивата на Општина Демир Капија. | Јавен повик за избор на ко-модератор кој ќе учествува во спроведувањето на форумскиот процес во заедницата во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“ | администрација и управување | НЕ |
| 16.06.2026 | Зрновци | Одлука | Одлука за неспроведување на стратегиска оцена на плански документ Изменување и дополнување на УП за с. Мородвис, Блок 14, 20, 21 и 22 со детална разработка, КО Мородвис | Одлука за неспроведување на стратегиска оцена на плански докумен | Просторно планирање | НЕ |
| 16.06.2026 | Зрновци | Одлука | Одлука за неспроведување на стратегиска оцена за планскиот документ Изменување и дополнување на УП за с. Зрновци, Блок 11 со детална разработка, КО Зрновци | Одлука за неспроведување на стратегиска оцена за планскиот документ | Просторно планирање | НЕ |
| 16.06.2026 | Зрновци | Јавна расправа | Консултативен процес за нацрт – извештајот за стратегиска оцена на животната средина од спроведување на Регионалниот план за управување со отпад за Источниот и Североисточниот регион. Се известува засегнатата јавност, дека на веб страната на Центарот за развој на источниот плански регион – Штип е објавен Нацрт Извештајот за СОВЖС од спроведување на Регионалниот план за управување со отпад за Источниот и Североисточниот регион, изработен во рамки на проектот „Поддршка на имплементацијата на регионалните системи за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион”, финансиран од Европската Унија преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА), и по истиот може да се доставуваат забелешки од страна на сите заинтересирани лица, најдоцна до 26.06.2026 година на следните е-маил адреси: eastregion@eastregion.mkи на trajce.zdravkov@eastregion.mk. | Консултативен процес за нацрт – извештајот за стратегиска оцена на животната средина од спроведување на Регионалниот план за управување со отпад за Источниот и Североисточниот регион | Управување со отпад | НЕ |
| 16.06.2026 | Министерство за транспорт | Решение | Одобрување на Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со класа на намена Е1.13-фотоволтаични електрани на дел од КП 278/4 за КО Дуброво, Општина Неготино | Одобрување на Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план | Урбанистичко планирање | НЕ |
| 16.06.2026 | Охрид | Соопштение | Општина Охрид организира Повторнена јавна анкета и јавна презентација на Нацрт ДУП за УЗ 8, УБ 8.1 опфат 3, Место на излагање на планот: Холот пред Голема сала на општина Охрид, web страна на општина Охрид, ohrid.gov.mk. Време на излагање: Повторена ЈА од 02.07.2026 –16.07.2026. Повторена ЈП на 14.07.2026 во 12.00 ч. | Општина Охрид организира Повторнена јавна анкета и јавна презентација на Нацрт ДУП | Урбанистичко планирање | НЕ |
| 16.06.2026 | Пехчево | информација за јавност | објавен е Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животната средина од спроведување на Регионалниот план за управување со отпад за Источниот и Североисточниот регион, изработен во рамки на проектот „Поддршка на имплементацијата на регионалните системи за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион” и по истиот може да се доставуваат забелешки од страна на сите заинтересирани лица, најдоцна до 26.06.2026 година на следните е-маил адреси: eastregion@eastregion.mk и на trajce.zdravkov@eastregion.mk. | Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животната средина од спроведување на Регионалниот план за управување со отпад за Источниот и Североисточниот регион | Управување со отпад | НЕ |
| 16.06.2026 | Министерство за животна средина и просторно планирање | информација за јавност | Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека заврши периодот за коментирање на Предлог-законот за заштита на природата преку ЕНЕР. Во тек е систематизација и разгледување на пристигнатите предлози и забелешки од институциите, стручната јавност, граѓанските организации и граѓаните. Министерството упатува благодарност до сите учесници кои придонесоа кон подготовката на ова значајно законско решение. | Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека заврши периодот за коментирање на Предлог-законот за заштита на природата преку ЕНЕР | Природа | НЕ |
| 16.06.2026 | Сарај | Одлука | Одлука за спроведување на СОЖС за планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на Урбанистички план за формирање на градежна парцела со намена Г5-земјоделско и сточарско производство (рибник со придружни објекти) и пристапен пат, во КО Радуша-вон град, Општина Сарај | Одлука за спроведување на СОЖС за планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на Урбанистички план | Просторно планирање | НЕ |
| 16.06.2026 | Собрание на РСМ | законски измени | 72. седница на Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. Јавна расправа по Предлогот на закон за судска служба и Предлогот на закон за јавнообвинителска служба – | 72. седница на Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците | администрација и управување | НЕ |
| 16.06.2026 | Министерство за животна средина и просторно планирање | информација за јавност | Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека заврши периодот за коментирање на Предлог-законот за заштита на природата преку ЕНЕР. Во тек е систематизација и разгледување на пристигнатите предлози и забелешки од институциите, стручната јавност, граѓанските организации и граѓаните. | Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека заврши периодот за коментирање на Предлог-законот за заштита на природата преку ЕНЕР | Природа | НЕ |
| 16.06.2026 | Водовод и канализација | информација за јавност | Дневни мониторинг активности за испитување на квалитетот и безбедноста на водата за пиење | Дневни мониторинг активности за испитување на квалитетот и безбедноста на водата за пиење | Води | НЕ |
| 16.06.2026 | Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Ректорат-Битола | информација за јавност | На водечката европска конференција за истражување и иновации во транспортот, Transport Research Arena (TRA), иницирана од Европската комисија и клучните европски партнери, македонските искуства и иновации ги претстави проф. д-р Верица Данчевска од Техничкиот факултет – Битола, единица на УКЛО. | На водечката европска конференција за истражување и иновации во транспортот, Transport Research Arena (TRA), иницирана од Европската комисија и клучните европски партнери, македонските искуства и иновации ги претстави проф. д-р Верица Данчевска од Техничкиот факултет – Битола, единица на УКЛО | администрација и управување | НЕ |
| 17.06.2026 | Берово | информација за јавност | Општина Берово доби Локален младински совет – тело, кое ќе ги застапува интересите и потребите на младите и ќе придонесува за нивно активно вклучување во креирањето на локалните политики и активности. | Општина Берово доби Локален младински совет | администрација и управување | НЕ |
| 17.06.2026 | Гевгелија | Одлука | Одлука за неспроведување стратегиска оцена за влијанието врз животната средина на планскиот документ Изменување и дополнување на дел од Детален урбанистички план за Блок 5.3 и 5.6, општина Гевгелија | Одлука за неспроведување стратегиска оцена за влијанието врз животната средина на планскиот документ Изменување и дополнување на дел од Детален урбанистички план | Просторно планирање | НЕ |
| 17.06.2026 | Јегуновце | службен гласник | Службен гласник број 17 на Општина Јегуновце | Службен гласник број 17 на Општина Јегуновце | администрација и управување | НЕ |
| 17.06.2026 | Карпош | информација за јавност | Претседателот на Советот на Општина Карпош присуствуваше на Работната средба со претседателите на советите на единиците на локалната самоуправа, организирана во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“. | Претседателот на Советот на Општина Карпош присуствуваше на Работната средба со претседателите на советите на единиците на локалната самоуправа | администрација и управување | НЕ |
| 17.06.2026 | Кривогаштани | Повик | (Реобјава)Јавен повик за делегати и заменици-делегати на локалното собрание на млади на Општина Кривогаштани. Јавниот повик трае 10 дена од 17-26.06.2026 | https://krivogastani.gov.mk/?p=8924 | администрација и управување | НЕ |
| 17.06.2026 | Неготино | Повик | ЈАВЕН ПОВИК за доделување на финансиски средства од Буџетот на Општина Неготино за здруженија и фондации за 2026 година | ЈАВЕН ПОВИК за доделување на финансиски средства од Буџетот на Општина Неготино за здруженија и фондации за 2026 година | администрација и управување | НЕ |
| 17.06.2026 | Неготино | Б Интегрирана дозвола | до Градоначалникот на општина Неготино доставено е барање за издавање на Б-интегрирана еколошка дозвола од ДГТУ„ПЕП – КОП“ ДООЕЛ, Скопје. Локација на инсталацијата: Локалитет Штурлинци на КП.бр.2249/1 КО Пепелиште и 4210 КО Неготино, Општина Неготино. Категорија на инсталацијата: Постројка за сепарација на песок. Сите потребни информации за нацрт Б – интегрираната еколошка дозвола во печатена форма, ќе биде достапна на заинтересираната јавност во рок од 14 дена по објава во дневниот печат. | барање за издавање на Б-интегрирана еколошка дозвола од ДГТУ„ПЕП – КОП“ ДООЕЛ, Скопје | Воздух | НЕ |
| 17.06.2026 | Министерство за локална самоуправа | информација за јавност | воведно обраќање на работната средба во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“, фаза 2“ , финансиран од Швајцарската влада Embassy of Switzerland in North Macedonia и Министерство за локална самоуправа, спроведуван и кофинансиран од УНДП. | Работна средба во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“, фаза 2“ | администрација и управување | НЕ |
| 17.06.2026 | Водовод и канализација | информација за јавност | Дневни мониторинг активности за испитување на квалитетот и безбедноста на водата за пиење | Дневни мониторинг активности за испитување на квалитетот и безбедноста на водата за пиење | Води | НЕ |
| 18.06.2026 | Василево | Соопштение | Општина Василево организира јавен увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за поединечна градба со намена Г4.1 на КП 1694/1, 1694/2, 1695, 1696, 1697 и 1698, К.О.Градошорци – вонград, Општина Василево. Јавниот увид ќе трае 15 дена од објавувањето на Соопштението, започнувајќи од 19.06.2026 год. и ќе трае до 03.07.2026 год. | Општина Василево организира јавен увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план | Урбанистичко планирање | НЕ |
| 18.06.2026 | Кичево | информација за јавност | Студиска посета за граѓански енергетски заедници.Општина Кичево продолжува да чекори напред кон зелена, модерна и одржлива иднина, заснована на соработка, знаење и визија. | Студиска посета за граѓански енергетски заедници | енергетска ефикасност | НЕ |
| 18.06.2026 | Охрид | Соопштение | Организирање на Општ Јавен повик за одржување на стручна расправа со јавна презентација. Изменување и дополнување на ГУП за УЗ 4 УБ 4.4, Општина Охрид, 2024-2034, Нацрт план, од Изменување и дополнување на ГУП за УЗ 4, УБ 4.4 и изработка на ДУП за УЗ 4 УБ 4.4 Опфат1, Општина Охрид, во обединета постапка ќе биде достапен за увид на широката јавност и јавно презентиран во времетраење од 30 дена и ќе трае од 06.07.2026 год. до 05.08.2026 год. Стручната расправа ќе се одржи во на ден 17.08.2026год со почеток во 12.00 часот во Големата Сала на Општина Охрид. | Организирање на Општ Јавен повик за одржување на стручна расправа со јавна презентација | Урбанистичко планирање | НЕ |
| 18.06.2026 | Охрид | информација за јавност | Согласно одлуката на Советот на Општина Охрид од 26 мај годинава, за изработка на Локален еколошки акционен план (ЛЕАП) за животна средина за периодот 2026-2031 година, денеска членовите на Локалниот управен комитет (ЛУК) го одржаа првиот состанок. | Согласно одлуката на Советот на Општина Охрид од 26 мај годинава, за изработка на Локален еколошки акционен план (ЛЕАП) за животна средина за периодот 2026-2031 година, денеска членовите на Локалниот управен комитет (ЛУК) го одржаа првиот состанок | администрација и управување | НЕ |
| 18.06.2026 | Петровец | информација за јавност | Објавен е Дневен ред за 11-та седница на Совет на Општина Петровец. Седницата ќе се одржи на 30.06.2026 година (вторник), со почеток од 18:00 часот, во салата за одржување на седници на Совет на Општина Петровец. | 11-та седница на Совет на Општина Петровец | администрација и управување | НЕ |
| 18.06.2026 | Пробиштип | информација за јавност | објавен е Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животната средина од спроведување на Регионалниот план за управување со отпад за Источниот и Североисточниот регион, изработен во рамки на проектот „Поддршка на имплементацијата на регионалните системи за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион” и по истиот може да се доставуваат забелешки од страна на сите заинтересирани лица, најдоцна до 26.06.2026 година на следните е-маил адреси: eastregion@eastregion.mk и на trajce.zdravkov@eastregion.mk. | Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животната средина од спроведување на Регионалниот план за управување со отпад за Источниот и Североисточниот регион | Управување со отпад | НЕ |
| 18.06.2026 | Собрание на РСМ | законски измени | 105. седница на Собранието. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за зоотехника – Прво читање | 105. седница на Собранието | администрација и управување | НЕ |
| 18.06.2026 | Службен весник | законски измени | Во базата на прописи од Службен весник на РСМ бр.133 од 18.06.2026 објавени се следните прописи: Одлука за донесување на Урбанистички план за подрачја и градби од државно значење за изградба на површински соларни и фотоволтаични електрани – градби за производство на електрична енергија од обновливи извори со моќност над 10MW, КО Ижиште, Општина Македонски Брод | Службен весник на РСМ бр.133 од 18.06.2026 | администрација и управување | НЕ |
| 18.06.2026 | Одделение за соработка со невладините организации | информација за јавност | Одржана 12-та седница на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество | 12-та седница на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество | администрација и управување | НЕ |
| 18.06.2026 | ДКСК | информација за јавност | 34–та седница на Државната комисија за спречување на корупцијата ќе се одржи на ден 19.06.2026 година (петок), со почеток во 11:00 часот, со дневен ред: Донесување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030 и Акциски план за нејзино спроведување; | 34–та седница на Државната комисија за спречување на корупција | администрација и управување | НЕ |
| 18.06.2026 | Водовод и канализација | информација за јавност | Дневни мониторинг активности за испитување на квалитетот и безбедноста на водата за пиење | Дневни мониторинг активности за испитување на квалитетот и безбедноста на водата за пиење | Води | НЕ |
| 18.06.2026 | АД за пренос на електрична енергија и управување со електропреносниот систем МЕПСО | информација за јавност | Инвестициите во преносната инфраструктура се клучен предуслов за успешна енергетска транзиција и интеграција на нови капацитети од обновливи извори на енергија. Ова беше една од главните пораки на „Денот на ИФЦ во Северна Македонија“, организиран од Меѓународната финансиска корпорација (IFC),членка на Групацијата Светска Банка. | „Денот на ИФЦ во Северна Македонија“, организиран од Меѓународната финансиска корпорација (IFC),членка на Групацијата Светска Банка | Енергетика | НЕ |
| 18.06.2026 | АД Медиумска информативна агенција во државна сопственост-Скопје | информација за јавност | Експерти, членови на работната група за зачувување на старата моликова шума, формирана со одлука на македонската Влада, денес на планината Баба, во националниот парк „Пелистер“ ја утврдуваа фактичката состојба со старите моликови шуми како и ефектите од досега спроведените одгледувачки и обновителни мерки. | Експерти, членови на работната група за зачувување на старата моликова шума, формирана со одлука на македонската Влада, денес на планината Баба, во националниот парк „Пелистер“ ја утврдуваа фактичката состојба со старите моликови шуми како и ефектите од досега спроведените одгледувачки и обновителни мерки | Природа | НЕ |
Irina Glavinceska
0