• +38970666230
  • aarhus@mkm.mk
  • Kukushka 4a, Skopje N. Macedonia
вести
Monitoring 02_05_10_2026

Monitoring 02_05_10_2026

Табела за следење на информации од 02 до 05.10.2026

Во продолжение е табелата со најнови информации за процедури и постапки од областа на животна средина објавени од институции и локална самоуправа.  

Датум Име на институција Вид на објава Опис врска до објавата URLОбласт Идентификувани неправилности
03.10.26Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанствоинформација за јавност Министерот Серафимовски најави доделување на користење на преостанатите 21 ловиште, со обврски за заштита на дивечот и борба против ловокрадството.https://short-url.cc/1zAwwЗемјоделство Не се идентификувани
04.10.26Град Скопјеинформација за јавност Втората форумска сесија на проектот „Зајакнување на општинските совети – 2“ ќе се одржи на 5 октомври 2026 година во 10 часот, во салата до кабинетот на градоначалникот, за презентација и дискусија на предлози за проекти од корист на заедницата.https://short-url.cc/1FqxSадминистрација и управување Не се идентификувани
05.10.26Василевослужбен гласник Службен гласник на Општина Василево бр. 14https://short-url.cc/1zA8Oадминистрација и управување Не се идентификувани
05.10.26Велесинформација за јавност Извештај од анализа на вода во акумулација младост во однос на присуство на цијанобактерии и цијанотоксиниhttps://short-url.cc/1zAaUВоди Не се идентификувани
05.10.26Дебаринформација за јавност Набавка на линија за сортирање на отпад со инсталација Општина Дебар, Југозападен Плански Регион, Северна Македонијаhttps://short-url.cc/1zAfRУправување со отпад Не се идентификувани
05.10.26АеродромПовикЈавен повик за формирање иницијативен одбор за Локално собрание на млади. Рок за пријавување: 7 работни дена од денот на објавување на огласот.https://short-url.cc/1zAkmадминистрација и управување Не се идентификувани
05.10.26Крива ПаланкаЈавна расправа Заинтересираната јавност има можност да ги разгледа документите и да се информира за нивната содржина преку официјалната веб-страница на Центарот за развој на Североисточниот плански регион во периодот 05.10 – 15.11.2026 година. Во Општина Ранковце ќе се одржи јавна расправа на 22.10.2026 во Советот на Општина Ранковце со почеток во 13:00 часот. https://short-url.cc/1zAq8Управување со отпад Не се идентификувани
05.10.26КумановоЈавна расправа Подготвен е нацрт – Регионален План за управување со отпадот и нацрт – Извештај за стратегиска оцена на животна средина (СОЖС). Во Општина Куманово ќе се одржи јавна расправа на 22.10.2026 во Салата на поранешниот комитет на Општина Куманово со почеток во 09:00 часот. https://short-url.cc/1zAsyУправување со отпад Не се идентификувани
05.10.26Кумановоинформација за јавност Општинскиот штаб за заштита и спасување на Куманово донесе мерки за интензивно гасење на пожарите на депонијата Краста, обезбедување дополнителни цистерни и градежна механизација, како и забрзување на постапката за изградба на претоварна станица, санација и конечно затворање на депонијата.https://short-url.cc/1zAu0Управување со отпад Не се идентификувани
05.10.26ШтипПовикЈавниот повик за пријавување предлози од здруженија од Општина Штип за Програмата за еднакви можности за 2027 година трае 15 дена од објавувањето, а предлозите со потребните документи треба да се достават најдоцна до 20 октомври 2026 година.https://short-url.cc/1FqvHадминистрација и управување Не се идентификувани
05.10.26Министерство за транспортРешениеОдобрен е УПВОУП за ГП 1 со намена Е1.14 – градби за чување и складирање на енергија, на дел од КП 3768 и дел од КП 3767, КО Куманово, Општина Кумановоhttps://short-url.cc/1zACDУрбанистичко планирање Не се идентификувани
05.10.26ПробиштипЈавна расправа Општина Пробиштип ги поканува сите заинтересирани на јавна расправа по Нацрт-стратегијата за локален економски развој, на 06.10.2026 година во 14:00 часот, во конференциската сала во Домот на културата.https://short-url.cc/1zAEhадминистрација и управување Не се идентификувани
05.10.26Собрание на РСМзаконски измени 196. седница на Законодавно-правна комисија. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки (*) – Прво читање. https://short-url.cc/1zBLfадминистрација и управување Не се идентификувани
05.10.26Министерство за животна средина и просторно планирањеинформација за јавност Во МЖСПП се одржа петтиот состанок на Управниот комитет на проектот „ЕУ за чист воздух“, на кој беше презентиран напредокот во реализацијата на активностите и плановите за следниот период.https://short-url.cc/1FrLCВоздух Не се идентификувани
05.10.26Министерство за животна средина и просторно планирањеЈавна расправа Јавна расправа по Студија за оцена на влијание врз животната средина за проектот – Изградба на ветерен парк “ВЕЦ Громовник“ во општина Штип ќе се одржи на 6 Октомври 2026 година (вторник) во салата на советот на општина Штип со почеток во 11:00 часот.https://short-url.cc/1FrM1енергетска ефикасност Закаснета информација. Објавена е на 05.10.2026 за јавна расправа на 06.10.2026. На веб страната на Општина Штип воопшто не е нити објавена. Не е даден рок до кога може да се поднесат коментари по писмен пат
05.10.26Министерство за животна средина и просторно планирањеИзвештајСтратегиска оцена на животна средина за Регионален план за управување со отпад за Источниот и Североисточниот регионhttps://short-url.cc/1FrNmУправување со отпад Нема датум кога е објавен Нацрт Извештајот за СОЖС
05.10.26Водовод и канализацијаИзвештајНеделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиењеЈП Водовод и канализација – СкопјеВоди Не се идентификувани

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *