вести

Monitoring 20_26_10_2026
Табела за следење на информации од 20 до 26.10.2026
Во продолжение е табелата со најнови информации за процедури и постапки од областа на животна средина објавени од институции и локална самоуправа.
| Датум | Име на институција | Вид на објава | Опис | врска до објавата URL | Област | Идентификувани неправилности |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 20.10.26 | Велес | Решение | Одобрен е Урбанистички проект за село за формирање на градежна парцела со поединечна класа на намена А1.1 – Куќи со двор во Општ Акт за село Отовица на КП 627/15 КО Отовица, Општина Велес | https://short.do/h4Irqc | Урбанистичко планирање | Не се идентификувани |
| 20.10.26 | Гази Баба | Решение | Одобрена е Планска програма за изработка на ДУП за Градска Четврт С 21, Блок 21.03, Општина Гази Баба, Скопје | https://short.do/Xj9_hl | Урбанистичко планирање | Не се идентификувани |
| 20.10.26 | Гостивар | информација за јавност | ЈП „Комуналец“ – Гостивар соопшти дека лабораториските анализи потврдиле дека водата за пиење од јавната водоводна мрежа ги исполнува физичко-хемиските и микробиолошките стандарди за безбедност. | https://short.do/DHsLiu | Води | Не се идентификувани |
| 20.10.26 | Кичево | Решение | Одобрување на Урбанистички проект за парцелирано градежно земјиште со урбанистичко-архитектонско обликување на планираните градби и внатрешен сообраќај на градежната парцела бр. 1.2 со намена А4 – Семејни куќи завремен престој согласно УПВНМ, КО Другово, Општина Кичево | https://short.do/pHIIcb | Урбанистичко планирање | Не се идентификувани |
| 20.10.26 | Кавадарци | Повик | Општина Кавадарци објави јавен оглас за електронско јавно наддавање за отуѓување на градежно земјиште наменето за изградба на детска градинка, а пријавите се поднесуваат до 23 ноември 2026 година, додека наддавањето ќе се одржи на 25 ноември 2026 година. | https://short.do/K2rLLs | Урбанистичко планирање | Не се идентификувани |
| 20.10.26 | Град Скопје | информација за јавност | На четвртата форумска сесија во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети – 2“, одржана на 20 октомври 2026 година, беше избран предлог-проектот „Безбедно движење – пешачење, спортување и рекреирање во Скопје“, насочен кон унапредување на безбедното движење и можностите за физичка активност и рекреација, со финансиска поддршка од проектот. | https://short.do/pO_vR_ | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 20.10.26 | Ресен | информација за јавност | 19-та седница на Советот на Општина Ресен, ќе се одржи на ден 27.10.2026 година (Вторник) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен. | https://short.do/aHMn3i | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 20.10.26 | ЕНЕР | Јавна расправа | Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство организира јавна расправа за Предлог-законот за здравје на животните на 28 октомври 2026 година, во 11:00 часот, во Скопје, на која заинтересираните можат да достават забелешки и предлози. | https://short.do/hi72uB | Земјоделство | Не се идентификувани |
| 20.10.26 | Агенција за планирање | информација за јавност | Агенцијата за планирање на просторот учествуваше на конференцијата GDi Solutions Day 2026, одржана на 19 октомври, посветена на геоинформациските технологии, вештачката интелигенција, управувањето со просторни податоци и дигиталната трансформација. | https://short.do/pNrff8 | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 20.10.26 | ДИЖС | информација за јавност | Решение од извршен инспекциски надзор во ДПТУ Жито извоз-увоз ДООЕЛ Велес | https://short.do/3uMFrE | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 20.10.26 | Водовод и канализација | информација за јавност | Дневни мониторинг активности за испитување на квалитетот и безбедноста на водата за пиење | https://short.do/xGFEC9 | Води | Не се идентификувани |
| 20.10.26 | Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Ректорат-Битола | информација за јавност | Во рамки на УКЛО КОЛОРС, на 19 октомври во Битола се одржаа студентски турнири во шах и пинг-понг, како и работилници за „зелен спорт“, циркуларна економија и заштита на животната средина, со цел поттикнување дружење, здрави навики и одржливи практики кај младите. | https://short.do/NlDTQn | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 20.10.26 | Водовод и канализација | информација за јавност | Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење | https://short.do/-Aw5Pr | Води | Не се идентификувани |
| 21.10.26 | Битола | информација за јавност | Проектот WATERVILL развива одржливи и иновативни решенија за подобрување на водоснабдувањето во руралните и планинските подрачја, со активно учество на Општина Битола и ЈКП „Водовод“ – Битола. | https://short.do/juv8LN | Води | Не се идентификувани |
| 21.10.26 | Василево | информација за јавност | ЈПКД „Турија“ известува дека водата за пиење во населените места во Општина Василево што се снабдуваат од Браната Турија и филтер-станиците Ташли Баир и Добрашинци сè уште не е безбедна за употреба, согласно извршените анализи. | https://short.do/cG95RS | Води | Не се идентификувани |
| 21.10.26 | Гевгелија | Решение | Одобрен е Урбанистички проект за село за формирање на градежна парцела, КО Мрзенци и КО Негорци од Урбанистички планза село Мрзенци со разработка на Блок 7, 12, 14 и 25, Општина Гевгелија | https://short.do/YNgIx3 | Урбанистичко планирање | Не се идентификувани |
| 21.10.26 | Чаир | Урбанистички документи | Објавен е Урбанистички проект за инфраструктура на линиска инфраструктурна градба: Новопланиран СН10(20)кV кабелски подземен вод во КО Центар 1, Општина Чаир | https://short.do/Rl96mx | Урбанистичко планирање | Не се идентификувани |
| 21.10.26 | Куманово | Повик | Пополнете го анкетниот прашалник најдоцна до 1 декември 2026 година и дајте свој придонес во креирањето на Буџетот на Општина Куманово за 2027 година. | https://short.do/UEymLI | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 21.10.26 | Карпош | Повик | Општина Карпош објави јавен повик за пријавување заинтересирани лица за членување во Советот за поддршка на женското претприемништво, со рок за пријавување од 15 дена од денот на објавувањето на повикот на веб-страницата на Општината. | https://short.do/nVTLV2 | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 21.10.26 | Карпош | Повик | Општина Карпош организира Отворен ден на 28 октомври 2026 година, од 14:00 до 17:00 часот, во холот на Општината, кога граѓаните ќе можат да разговараат со градоначалникот и раководителите на општинските сектори, да постават прашања и да споделат идеи, предлози и иницијативи. | https://short.do/p4J7X0 | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 21.10.26 | Шуто Оризари | информација за јавност | Испитаниот примерок вода од ООУ „26 Јули“ е исправен за пиење | https://short.do/RgeOGW | Води | Не се идентификувани |
| 21.10.26 | Неготино | информација за јавност | Градоначалничката на Општина Неготино учествуваше на работилница за можностите за поголемо вклучување на општините во Реформската агенда на Владата, при што беа разгледани и финансиските, институционалните, кадровските и техничките капацитети на локалните самоуправи за спроведување на реформите и обезбедување квалитетни локални услуги. | https://short.do/g1QvDx | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 21.10.26 | Охрид | информација за јавност | 17 седница на Советот на општина Охрид на ден 28.10.2026 година (среда) со почеток во 09:00 часот. | https://short.do/ZfyssC | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 21.10.26 | Охрид | Решение | Одобрен Урбанистички проект со план на парцелација за ГП 1.21 од ДУП за дел од блок 8 и дел од блок 9 – Општина Радовиш, КО Радовиш | https://short.do/jtRlTx | Урбанистичко планирање | Не се идентификувани |
| 21.10.26 | Струга | информација за јавност | 10 (десета) седница на Советот на Општина Струга, за 28.10.2026 год. (среда) со почеток во 09:00 часот, во големата сала на Советот на општина Струга | https://short.do/sHGJef | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 21.10.26 | Министерство за животна средина и просторно планирање | информација за јавност | Министерот за животна средина и просторно планирање се сретна со претставници на МАТТО, при што разговараа за можностите за инвестиции во обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, управување со отпад и рециклирање, како и за зајакнување на соработката меѓу институциите и бизнис-секторот во зелената транзиција. | https://short.do/6ui2_D | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 21.10.26 | Министерство за животна средина и просторно планирање | Јавна расправа | МЖСПП организира јавна расправа за Нацрт-просторниот план на Република Северна Македонија до 2040 година за Југозападниот плански регион, на 30.10.2026 година, во 11:00 часот, во салата за состаноци на Советот на Општина Струга, на која ќе можат да се достават мислења, предлози и забелешки. | https://short.do/qVa-qV | Просторно планирање | Не се идентификувани |
| 21.10.26 | Министерство за животна средина и просторно планирање | Јавна расправа | МЖСПП организира јавна расправа за Нацрт-просторниот план на Република Северна Македонија до 2040 година за Полошкиот плански регион, на 27 октомври 2026 година, во 11:00 часот, во комплексот на Универзитетот на Југоисточна Европа, објект 601 во Тетово, за претставување на планските решенија и прибирање мислења, предлози и забелешки. | https://short.do/IwYYXT | Просторно планирање | Не се идентификувани |
| 21.10.26 | Дирекција за радијациона сигурност | информација за јавност | Одржан технички состанок во рамките на проектот за подобрување на управувањето со радиоактивниот отпад во Западен Балкан | https://short.do/_vfKOR | Управување со отпад | Не се идентификувани |
| 21.10.26 | Водовод и канализација | информација за јавност | Дневни мониторинг активности за испитување на квалитетот и безбедноста на водата за пиење | https://short.do/WL_H58 | Води | Не се идентификувани |
| 21.10.26 | АД Медиумска информативна агенција во државна сопственост-Скопје | информација за јавност | На депонијата „Краста“ поставени се нови камери за видео надзор и заштитни огради, а во наредниот период ќе бидат поставени и дополнителни заштитни капии и осветлување, информираа денеска, надлежните од ЈП „Чистота и Зеленило“ Куманово. | https://short.do/lzRLZq | Управување со отпад | Не се идентификувани |
| 22.10.26 | Богданци | Повик | Општина Богданци објави тендер за набавка на опрема за објект во с. Ѓавато, во рамките на проектот за одржлив целосезонски туризам, финансиран преку програмата Interreg – IPA CBC Бугарија – Северна Македонија 2021–2027, со рок за поднесување понуди до 23.11.2026 година. | https://short.do/3p6nVX | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 22.10.26 | Валандово | информација за јавност | 15та редовна седница на Советот на Општина Валандово ќе се одржи на ден 30 ти октомври 2026 година (петок) во 13:00 часот, во салата за седници на Советот на Општина Валандово. | https://short.do/NPqkIn | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 22.10.26 | Василево | информација за јавност | Тринаесеттата седница на Советот на Општина Василево ќе се одржи на 28.10.2026 година (среда), со почеток во 14:00 часот, во канцеларијата на ООУ „Гоце Делчев“ – Василево. | https://short.do/dj6ANM | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 22.10.26 | Гевгелија | Решение | Одобрен е Урбанистички проект со план за парцелација за промена на граници на ГП 6.115; ГП 6.116 и ГП 6.117 од УП за село Богородица, општина Гевгелија | https://short.do/yCKZlt | Урбанистичко планирање | Не се идентификувани |
| 22.10.26 | Гевгелија | информација за јавност | Во СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија, Доброволното противпожарно друштво – Гевгелија и Противпожарниот сојуз – Скопје одржаа едукативна обука за учениците за заштита од пожари, евакуација и спасување. | https://short.do/e3sG8Z | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 22.10.26 | Делчево | информација за јавност | Општина Делчево апелира да не се согоруваат отпадни материјали за затоплување, најавува засилени инспекциски контроли и ги повикува граѓаните да пријавуваат загадување, додека преку новата мониторинг-станица можат да го следат нивото на PM10 честички во реално време. | https://short.do/ftXgXW | Воздух | Не се идентификувани |
| 22.10.26 | Делчево | информација за јавност | 19. Седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на ден 28.10. 2026 година (среда) со почеток во 10:00 часот, во Мултифункционалниот центар во Делчево. | https://short.do/j82Xpd | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 22.10.26 | Делчево | Повик | Општина Делчево ги повикува граѓаните преку месните и урбаните заедници да ги достават своите предлози и приоритети најдоцна до 28.10.2026 година, за нивно вклучување во општинските програми и Буџетот за 2027 година. | https://short.do/e_Fkw1 | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 22.10.26 | Тетово | информација за јавност | 20-тата седница на Советот на Општина Тетово ќе се одржи на 28.10.2026 година, со почеток во 10:00 часот, во големата сала на Општина Тетово. | https://short.do/VwDU58 | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 22.10.26 | Аеродром | службен гласник | Службен гласник на Општина Аеродром број 17 | https://short.do/cDZdHu | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 22.10.26 | Аеродром | службен гласник | Службен гласник на Општина Аеродром број 17 | https://short.do/feLSQd | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 22.10.26 | Кривогаштани | информација за јавност | Се апелира до граѓаните навремено да ги исчистат каналите и одводните површини пред домовите за да се овозможи непречено истекување на атмосферските води и да се намали ризикот од поплави и материјална штета. | https://short.do/-EGiEt | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 22.10.26 | Куманово | информација за јавност | Општина Куманово ги повикува граѓаните да учествуваат на буџетските форуми на 28 и 30 октомври и 3 ноември 2026 година, во 12:00 часот, во Занаетчиски дом, и со свои предлози и идеи да придонесат во креирањето на општинскиот буџет за 2027 година. | https://short.do/852IHc | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 22.10.26 | Кавадарци | Повик | Општина Кавадарци објави јавен повик за членови на Иницијативниот одбор за организација и одржување на Локалното младинско собрание, а пријавите се поднесуваат во архивата на Општината или по пошта, од 26 октомври до 3 ноември 2026 година. | https://short.do/MGBw4x | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 22.10.26 | Карпош | информација за јавност | Во Младинскиот центар Карпош се одржа средба со учесници на регионалниот форум „Локално лидерство – унапредување на Агендата за млади, мир и безбедност на Западен Балкан“, организиран од УНДП и НАЛАС, на која беа разменети искуства и добри практики за развој на локалните младински политики и унапредување на соработката меѓу општините и организациите што работат со млади. | https://short.do/KqLQC1 | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 22.10.26 | Центар за развој на Источен плански регион | информација за јавност | Во Кочани и Делчево, на 20 и 21 октомври 2026 година, се одржаа јавни расправи по Нацрт-извештајот за стратегиска оцена на животната средина за Регионалниот план за управување со отпад во Источниот плански регион, на кои учесниците дискутираа за предложените решенија и дадоа коментари и предлози за унапредување на документите. | https://short.do/raG1El | Управување со отпад | Не се идентификувани |
| 22.10.26 | Центар за развој на Југозападен плански регион | Јавна расправа | Министерството за животна средина и просторно планирање организира јавна расправа по Нацрт-Просторниот план на Република Северна Македонија 2040, на 30 октомври 2026 година, во 11:00 часот, во салата за состаноци на Советот на Општина Струга, за презентација на планските решенија и прибирање мислења, предлози и забелешки од јавноста. | https://short.do/DzWaqa | Просторно планирање | Не се идентификувани |
| 22.10.26 | Центар за развој на Југозападен плански регион | информација за јавност | Во Југозападниот плански регион се одржа првата работилница за подготовка на Програмата за развој за периодот 2027–2031 година, на која претставници од институциите, локалната самоуправа, бизнис-секторот и граѓанското општество дискутираа за клучните предизвици и приоритети за социо-економскиот, инфраструктурниот и туристичкиот развој на регионот. | https://short.do/yRALRO | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 22.10.26 | Неготино | Повик | Општина Неготино подготвува Стратегија за локален економски развој 2027–2031 година и спроведува анонимни анкети за бизнис-секторот и населението, со цел утврдување на локалните потреби, потенцијали и приоритети, а прашалниците се отворени до 30 октомври 2026 година до 14:00 часот. | https://short.do/rSZ3Bf | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 22.10.26 | Неготино | Повик | Во Неготино беа презентирани можностите за финансиска поддршка преку проектот Greening Business Facility, кој има цел да поттикне еколошки одржливи практики во микро, малите и средните претпријатија, со очекувана поддршка за околу 300 компании и отворање до 700 нови работни места. | https://short.do/wS8pFA | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 22.10.26 | Министерство за транспорт | Соопштение | Се организира петдневен јавен увид од 26 до 30.10.2026 година за урбанистички проект за подземен 110(20) kV електроенергетски кабел од Мало Нагоричане до Тромеѓа, со почеток кај планираната соларна електрана од 2 MW во Куманово, а забелешки може да се достават во предвидениот рок. | https://short.do/Y0zk-a | Урбанистичко планирање | Не се идентификувани |
| 22.10.26 | Пробиштип | информација за јавност | 18 седница на Советот на општина Пробиштип ќе се одржи на ден 29.10.2026 година со почеток во 14:00 часот во Конференциската сала на општина Пробиштип | https://short.do/3aBOCU | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 22.10.26 | Радовиш | информација за јавност | Советот на Општина Радовиш на XXIV седница разгледа 28 точки, меѓу кои измени на програмите за јавна чистота, осветлување, комунална инфраструктура и локални патишта, планови за вработување за 2027 година, проширување на буџетот за 2026 година и донација на контејнери за комунален отпад. | https://short.do/BsA34d | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 22.10.26 | Струмица | Урбанистички документи | Урбанистички проект за вон опфат на урбанистички план со намена станбени куќи во состав на селски стопански двор – А.1.5, на КП бр. 3551, КО Костурино. | https://short.do/ERrg5r | Урбанистичко планирање | Не се идентификувани |
| 22.10.26 | ЗЕЛС | информација за јавност | Во рамки на иницијативата LORAI, градоначалници и претставници на општинската администрација и ЗЕЛС ги разгледаа индикаторите за следење на локалната димензија на Реформската агенда и улогата на општините во нејзиното спроведување. | https://short.do/MmykfM | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 22.10.26 | Водовод и канализација | информација за јавност | Дневни мониторинг активности за испитување на квалитетот и безбедноста на водата за пиење | https://short.do/jtZkTP | Води | Не се идентификувани |
| 22.10.26 | Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој | Повик | Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој одржа работна сесија за Мерката 115, на која беа презентирани условите, критериумите и постапката за аплицирање за финансиска поддршка на активните женски членови во земјоделските домаќинства, со цел развој на руралните бизниси и олеснување на пристапот на земјоделките до средствата. | https://short.do/Ru0V3x | Земјоделство | Не се идентификувани |
| 22.10.26 | АД Медиумска информативна агенција во државна сопственост-Скопје | Повик | Општина Центар ги повикува граѓаните активно да се вклучат во изработката на новиот Локален еколошки акционен план (ЛЕАП 3) за периодот 2026–2032 година. | https://short.do/YuMbVH | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 22.10.26 | Народен правобранител | информација за јавност | Во Собранието се одржа јавна дебата за изменување и дополнување на Законот за народниот правобранител, со цел зајакнување на независноста, ефикасноста и капацитетите на институцијата за заштита на човековите права. | https://short.do/36_VOC | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 23.10.26 | Министерство за локална самоуправа | информација за јавност | На XI состанок на Секторската работна група за регионален и локален развој во Скопје беа разгледани спроведените активности за децентрализација и рамномерен регионален развој, како и подготовката на стратешките документи и приоритетите за периодот 2027–2032 година. | https://short.do/T484T7 | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 23.10.26 | Национален парк Маврово | информација за јавност | СЕ ВОВЕДУВА ЗАБРАНА ЗА РИБОЛОВ НА КРАП ВО МАВРОВСКОТО ЕЗЕРО Со одлука на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, се забранува риболов на крап (Cyprinus carpio) во рекреативната зона „Мавровско Езеро“ до 31.12.2026 година. | https://short.do/Yblx4T | Земјоделство | Не се идентификувани |
| 26.10.26 | Велес | информација за јавност | Објавен е Извештај здравствена безбедност на вода од природни чешми | https://short.do/2NusVR | Води | Не се идентификувани |
| 26.10.26 | Гостивар | информација за јавност | Јавното претпријатие „Комуналец“ – Гостивар ги известува граѓаните дека резултатите од лабораториските анализи добиени на 26.10.2026 година ја докажуваат целосната безбедност на водата за пиење од јавната водоводна мрежа. | https://short.do/rKCL7E | Води | Не се идентификувани |
| 26.10.26 | Демир Капија | информација за јавност | XII (дванаесетата) седница на Советот на Општина Демир Капија ќе се одржи на ден 29.10.2026 година (четврток) со почеток во 14:00 часот во просториите на Општина Демир Капија. | https://short.do/QyKCvu | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 26.10.26 | Долнени | Б Интегрирана дозвола | ОБЈАВА на Барање за добивање на Б – Интегрирана еколошка дозвола Свињарска фарма Сотировски | https://short.do/oxizKV | Воздух | Не се идентификувани |
| 26.10.26 | Тетово | Решение | Одобрување на на Урбанистички проект за стопански и индустриски намени за намена Г2.4 – Текстилна индустрија за ткаење на волна, памук и синтетички ткаења, индустрија за конфекционирање на кожна облека и обувки, на КП 5573/3 и КП 5573/4, КО Тетово 2, Општина Тетово | https://short.do/V9oGLW | Урбанистичко планирање | Не се идентификувани |
| 26.10.26 | Прилеп | Б Интегрирана дозвола | Општина Прилеп ги известува граѓаните за достапност на барање за Б-интегрирана еколошка дозвола за површински коп за експлоатација на мермер на локалитетот с. Беловодица, поднесено од „КРИН-ПРОИЗВОДСТВО“ ДОО. | https://short.do/ml-cTA | Воздух | Не се идентификувани |
| 26.10.26 | Свети Николе | Соопштение | Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објекти со намена Г3.1- Индустриски сервиси, сервиси за одржување на моторни возила, сервиси за ремонт на шински возила, сервиси за земјоделска и градежна механизација на КП 1713/1, 1474/2 и дел од КП 1714/2, КО Свети Николе вон град, општина Свети Николе. Јавниот увид ќе трае 10 дена, од 20.10.2026 до 29.10.2026 година, на службената веб страна на Општина Свети Николе | https://short.do/DV3qqa | Урбанистичко планирање | Не се идентификувани |
| 26.10.26 | Свети Николе | Соопштение | Општина Свети Николе спроведува обединета јавна презентација и расправа за Нацрт-изменувањето и дополнувањето на ГУП за Блок 15 и Нацрт-ДУП за Блок 15, опфат 15.1, со јавен увид од 16.10 до 16.11.2026 година и закажани јавни и стручни расправи во просториите на Општината. | https://short.do/DV3qqa | Урбанистичко планирање | Не се идентификувани |
| 26.10.26 | Струмица | информација за јавност | Советот на Општина Струмица ќе ја одржи 17. седница на 29 октомври 2026 година (четврток), со почеток во 10:00 часот, во Домот на АРМ во Струмица. | https://short.do/vKGbhT | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 26.10.26 | Собрание на РСМ | информација за јавност | 128. седница на Собранието. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за животната средина (*) – второ читање. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за животната средина (*) – второ читање | https://short.do/khFLgr | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 26.10.26 | Министерство за животна средина и просторно планирање | Б Интегрирана дозвола | ДПТУ ТИАМО ДОО село Глумово Скопје, издадена од Град Скопје, заведна во регистар на Б Интегрирани еколошки дозволи на МЖСПП | https://short.do/CX10Rp | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 26.10.26 | Министерство за животна средина и просторно планирање | Б Интегрирана дозвола | ДПТУ ЛЕАРНИЦА за алуминиум и цинк ДООЕЛ Ресен, измена на Б-ИЕД, издадена од Општина Ресен, заведна во регистар на Б Интегрирани еколошки дозволи на МЖСПП | https://short.do/CX10Rp | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 26.10.26 | ЕНЕР | Документ | Објавена е Стратегија за употреба на вештачка интелигенција ВИзија 2032, која е достапна за коментари до 04.11.2026 | https://short.do/a9k3l9 | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 26.10.26 | Водовод и канализација | информација за јавност | Дневни мониторинг активности за испитување на квалитетот и безбедноста на водата за пиење | https://short.do/WHCaop | Води | Не се идентификувани |
Maja Markoska
0