вести

Monitoring 13-16.11_2026
Табела за следење на информации од 13 до 16.11.2026
Во продолжение е табелата со најнови информации за процедури и постапки од областа на животна средина објавени од институции и локална самоуправа.
| Датум | Име на институција | Вид на објава | Опис | врска до објавата URL | Област | Идентификувани неправилности |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 13.11.26 | Берово | Повик | Во рамки на програмата ReLOaD3, Општина Берово информира дека на 16 ноември 2026 година, со почеток во 15:30 часот, се одржа првата онлајн менторска сесија за подготовка на предлог-проекти за граѓанските организации. | https://is.gd/JvbCbS | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 13.11.26 | Битола | информација за јавност | Во рамките на проектот WATERVILL, Општина Битола и ЈКП „Водовод“ – Битола беа домаќини на меѓународни проектни партнери од Шпанија и Грција, со кои разговараа за воведување дигитални технологии за откривање загуби на вода и подобрување на водоснабдувањето на десет локации во руралните подрачја. | https://is.gd/TGUWF6 | Води | Не се идентификувани |
| 13.11.26 | Богданци | Повик | Општина Богданци организира средби со граѓаните од 16 до 18 ноември 2026 година во Стојаково, Ѓавото, Селемли и Богданци, со цел собирање предлози и идеи за подготовка на Граѓанскиот буџет за 2027 година. | https://is.gd/rcWG6V | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 13.11.26 | Ѓорче Петров | информација за јавност | Во Општина Ѓорче Петров се одржа буџетски форум на кој граѓаните ги претставија своите идеи, предлози и приоритети за подготовка на општинскиот буџет за 2027 година. | https://is.gd/bFU1fA | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 13.11.26 | Гостивар | информација за јавност | Општина Гостивар организира јавна презентација на 1 декември 2026 година во 12:00 часот и јавна анкета од 1 до 31 декември 2026 година за Нацрт-Деталниот урбанистички план за четврт „В“, дел од Блок 21, за планскиот период 2024–2029 година. | https://is.gd/z6VEjp | Урбанистичко планирање | Не се идентификувани |
| 13.11.26 | Гостивар | информација за јавност | Советот на Општина Гостивар едногласно ја усвои Развојната програма за 2027 година, со приоритет на подобрување на водоснабдувањето и развој на водоводната инфраструктура во градските и руралните населени места. | https://is.gd/kYBsQF | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 13.11.26 | Гостивар | информација за јавност | Советот на Општина Гостивар едногласно го усвои Вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година | https://is.gd/8n8DDo | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 13.11.26 | Илинден | Извештај | Мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух – извештај октомври 2026 | https://is.gd/LKnONJ | Воздух | Не се идентификувани |
| 13.11.26 | Делчево | информација за јавност | Советот на Општина Делчево го усвои вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година и развојните програми за 2027 година, со кои се предвидуваат инфраструктурни проекти, регулација на 320 метри од коритото на реката Брегалница, унапредување на водоводната мрежа во населбата Пролет и урбано уредување на планината Голак. | https://is.gd/sYOw3P | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 13.11.26 | Кочани | информација за јавност | Се одржа стручна работилница за дигитални решенија во одржливото земјоделско производство, во рамки на европскиот проект AgriExcel, финансиран преку програмата Interreg Europe, во кој Општина Кочани учествува како проектен партнер. | https://is.gd/MhVJau | Земјоделство | Не се идентификувани |
| 13.11.26 | Куманово | Документ | Финален-ЛЕАП-ЗА-ОПШТИНА-КУМАНОВО 2022-2028 година | https://is.gd/x7bcbl | Природа | Не се идентификувани |
| 13.11.26 | Шуто Оризари | Решение | Известување од Министерството за животна средина и просторно планирање за прифаќање на Одлуката од страна на општина Шуто Ориозари, за неспроведување на Стратегиска оцена на влијанието врз животната средина за Урбанистички проект за градба со намена Г4.1-дистрибутивни центри со складишта, КО Горно и Долно Оризари во општина Шуто Оризари. | https://is.gd/HuVrRF | Просторно планирање | Не се идентификувани |
| 13.11.26 | Центар за развој на Југоисточен плански регион | информација за јавност | На 12 ноември 2026 година во Гевгелија се одржа работилница за климатски отпорен локален развој во рамки на проектот „Зелено за добро“ (G4G), на која беа разгледани решенија за обновлива енергија, одржливо управување со водите, заштита на шумите, климатски отпорно земјоделство и одржлив туризам. | https://is.gd/7LLcAD | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 13.11.26 | Струга | Б Интегрирана дозвола | Општина Струга објави барање за обновување на Б-интегрирана еколошка дозвола за бетонска база во с. Долна Белица и сепарација во КО Велешта, поднесено од ТДГИУ „Кондри Инжињеринг“ ДООЕЛ, со можност за увид во документацијата и доставување мислења од заинтересираната јавност од 13 до 27 ноември 2026 година. | https://is.gd/JvcOG3 | Воздух | Не се идентификувани |
| 13.11.26 | Собрание на РСМ | законски измени | 72. седница на Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка. | https://is.gd/ma7YON | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 13.11.26 | Собрание на РСМ | законски измени | 207. седница на Законодавно-правна комисија. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка – | https://is.gd/XTYn3U | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 13.11.26 | Собрание на РСМ | законски измени | 129. седница на Собранието. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој – Прво читање. Предлог на закон за изменување и дополнување на Kривичниот законик, по скратена постапка. Закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки (*) | https://is.gd/8g01OM | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 14.11.26 | Центар за развој на Полошки плански регион | информација за јавност | Центарот за развој на Полошкиот плански регион одржа работилница за оценување на Програмата за развој 2021–2026 и подготовка на новата Програма 2027–2031, при што како клучни приоритети беа издвоени водоснабдувањето, канализацијата, квалитетот на воздухот и патната инфраструктура. | https://is.gd/gYYqY9 | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 14.11.26 | Министерство за енергетика рударство и минерални суровини | Повик | На 25 ноември 2026 година, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, ќе се одржи Првиот форум за енергетска дипломатија „Обновливи извори и жените во енергетиката“, посветен на зелената транзиција, инвестициите во обновливи извори на енергија, регионалната соработка и зајакнувањето на улогата на жените во енергетскиот сектор. | https://is.gd/m5hwhL | енергетска ефикасност | Не се идентификувани |
| 15.11.26 | Кривогаштани | Повик | На 16 ноември 2026 година, Општина Кривогаштани организираше средби со жителите на Подвис, Годивле и Кореница за прибирање предлози и утврдување приоритети при подготовката на општинскиот буџет за 2027 година. | https://is.gd/XAbiIF | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 16.11.26 | Валандово | службен гласник | Службен гласник на Општина Валандово бр. 13 | https://is.gd/ICnhcP | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 16.11.26 | Валандово | службен гласник | Службен гласник на Општина Валандово бр. 12 | https://is.gd/F2Evfr | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 16.11.26 | Валандово | Повик | Општина Валандово ги повикува граѓанските организации и здруженијата да достават годишни програми за 2027 година со барања за финансиска поддршка, најдоцна до 25 ноември 2026 година, за нивно разгледување при подготовката на општинскиот буџет. | https://is.gd/Vgi6BP | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 16.11.26 | Вевчани | службен гласник | Службен гласник на Општина Вевчани бр. 8 | https://is.gd/5A0tzd | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 16.11.26 | Вевчани | информација за јавност | Општина Вевчани започна со расчистување на коритото на Вевчанска Река, од Дејков мост до мостот на обиколницата, со цел заштита од поплави и обезбедување непречен проток на водата, додека преостанатиот дел кон Вевчанските Извори ќе се расчистува напролет 2027 година. | https://is.gd/TdGcKI | Води | Не се идентификувани |
| 16.11.26 | Велес | Решение | Одобрен е Урбанистички проект за село за формирање на градежна парцела со поединечна класа на намена А1.1 – Куќи со двор во Општ Акт за село Горно Оризари, КО Оризари, Општина Велес | https://is.gd/c5Va7u | Урбанистичко планирање | Не се идентификувани |
| 16.11.26 | Велес | информација за јавност | На крајбрежјето на Езерото Младост кај Велес се реализираше еко-акција за чистење и уредување на просторот кај првата плажа, по иницијатива на Градинарот, во соработка со граѓани, Општина Велес и ЈКП „Дервен“. | https://is.gd/nTlJPm | Води | Не се идентификувани |
| 16.11.26 | Тетово | службен гласник | Службен гласник на Општина Тетово бр. 15/-2026 | https://is.gd/y5uVTF | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 16.11.26 | Аеродром | службен гласник | Службен гласник на Општина Аеродром број 19 – 2026 | https://is.gd/JsqMh0 | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 16.11.26 | Карпош | Повик | Општина Карпош објави јавен повик за изготвување и реализација на проекти од областа на животната средина, природата и енергетската ефикасност, со рок за поднесување пријави до 26 ноември 2026 година. | https://is.gd/Z4E9SN | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 16.11.26 | Карпош | информација за јавност | Општина Карпош ги повикува граѓаните да учествуваат на три буџетски форуми за подготовка на Буџетот за 2027 година, кои ќе се одржат во холот на општинската зграда, од 15:00 до 17:00 часот, со цел предлагање идеи и утврдување на развојните приоритети на општината. | https://is.gd/FdEPoe | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 16.11.26 | Кочани | Урбанистички документи | Програма за изменување на Програмата за изработка на урбанистички планови и урбанистички проекти на подрачјето на Општина Кочани за 2026 година | https://is.gd/BDrOhi | Урбанистичко планирање | Не се идентификувани |
| 16.11.26 | Крива Паланка | Повик | Општина Крива Паланка ги повикува граѓаните да учествуваат во креирањето на општинскиот буџет преку родово одговорен буџетски форум, онлајн анкета и директно доставување предлози во архивата на Општината, најдоцна до 18 декември 2026 година. | https://is.gd/3uxgF3 | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 16.11.26 | Кривогаштани | Повик | Општина Кривогаштани на 17 ноември 2026 година ќе одржи средби со жителите на Славеј во 18:00 часот и Врбјани во 19:00 часот, во подрачните училишта, за прибирање предлози и утврдување приоритети за општинскиот буџет за 2027 година. | https://is.gd/SI9Urx | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 16.11.26 | Неготино | информација за јавност | Општина Неготино организира средби со жителите на Криволак, Пепелиште, Војшанци и Тремник на 17 ноември, како и на Долни Дисан, Тимјаник, Курија и Црвени Брегови на 19 ноември 2026 година, за прибирање предлози и идеи при подготовката на општинската програма за работа и буџетот. | https://is.gd/1nDtx0 | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 16.11.26 | Неготино | Урбанистички документи | Објавен е Урбанистички проект за село за формирање на градежна парцела со поединечна класа на намена А1.5 – куќи во состав на селски стопански двор во Општ акт за село Тимјаник, КО Тимјаник, Општина Неготино. | https://is.gd/XL69y3 | Урбанистичко планирање | Не се идентификувани |
| 16.11.26 | Неготино | Урбанистички документи | Урбанистички проект за село, за формирање на градежна парцела со намена А1.5 – станбени куќи во состав на селски стопански двор,КО Криволак, согласно Општ акт за село Криволак, Општина Неготино | https://is.gd/tnG0wT | Урбанистичко планирање | Не се идентификувани |
| 16.11.26 | Министерство за транспорт | Соопштение | УПВОУП со намена Е1.8-Водови за пренос на ел. енергија 35 kV среднонапонски подз. ел.вод со новопланирана ТС за приклучок на површинска фотоволтаична електрана за производ. на ел. енер., КО Ижиште, опш. Македонски Брод | https://is.gd/Gyv2Ku | Урбанистичко планирање | линкот за соопштение за јавност не се отвара |
| 16.11.26 | Ранковце | службен гласник | Службен гласник на Општина Ранковце број 11 – 2026 | https://is.gd/mGD5bR | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 16.11.26 | ЕНЕР | Документ | СТРАТЕГИЈА И АКЦИСКИ ПЛАН ЗА ДЕМОГРАФСКА ОТПОРНОСТ ЗА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 2026-2046 | https://is.gd/24wZ3W | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 16.11.26 | Министерство за енергетика рударство и минерални суровини | информација за јавност | Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на 42. состанок на Координативната група за енергетска ефикасност на Енергетската заедница во Виена го презентираше напредокот на Македонија во енергетската ефикасност, со акцент на законските реформи, енергетската обнова на јавните згради, воспоставувањето информациски системи и Фондот за енергетска ефикасност. | https://is.gd/Zv76rD | Енергетика | Не се идентификувани |
| 16.11.26 | Влада на РСМ | информација за јавност | Министерството за јавна администрација го претстави Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2026–2028 година, кој опфаќа спречување на корупцијата, граѓанско учество, дигитално управување, климатски промени и животна средина, со планирано усвојување до крајот на 2026 година. | https://is.gd/zzxM8o | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 16.11.26 | Ресен | Повик | На 16 ноември 2026 година во Општина Ресен се одржа презентација на нацрт-програмата со посебни мерки и акциски план за заштита и реставрација на водните хабитати C2–3260, во рамки на проектот „Споменик на природа Преспанско езеро – Оперативен план 2026“, финансиран од Фондот за природа „Преспа-Охрид“ (ПОНТ). | https://is.gd/Z8mWWa | Заштитени подрачја | Не се идентификувани |
| 16.11.26 | Собрание на РСМ | информација за јавност | Во Собранието се одржа тематска дебата за владеењето на правото и парламентарниот надзор во процесот на европската интеграција, со акцент на реформите во правосудството, борбата против корупцијата, институционалната отчетност, транспарентноста и вклучувањето на граѓанскиот сектор. | https://is.gd/4koil2 | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 16.11.26 | Водовод и канализација | Извештај | Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење | ЈП Водовод и канализација – Скопје | Води | Не се идентификувани |
Maja Markoska
0