News

monitoring table 17.08.2021
Табела со информации за следење
Во прилог е табелата за следење информации и постапки од животна средина објавени од страна на институции и локална самоуправа.
Институција | УРЛ | Наслов | Опис | Забелешка |
---|---|---|---|---|
Чаир | https://bit.ly/37Olf0W | Повик за поднесување на понуди Република Северна Македонија Втор проект за подобрување на општинските услуги – МСИП2 MSIP2-NCB-035-21 | Општина Чаир ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат Реконструкција на водоводна мрежа, атмосферска и фекална канализација во ул. Дижонска 15, 17, 19, 21, 23 и 23а. Понудите да се достават на адресата дадена подолу до 12:00ч, 06.09.2021 | |
Чаир | https://bit.ly/3xUBcxa | Одлука за неспроведување на стратегиска оцена ДУП ССИ | За планскиот документ ДУП за градска четврт ССИ 03, Блок 06, Општина Чаир и Општина Карпош, Скопје, кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно плен 65 од Законот за животна средина | Согласно закононската постапка засегнатата јавност и МЖСПП во рок од 15 дена, доколку имаат коментари треба да ги достават. Доколку од никој нема коментари, се смета дека засегнатите страни се согласуваат со оваа одлука |
Чаир | https://bit.ly/3iV3u6s | Одлука за неспроведување на стратегиска оцена ДУП ССИ | За планскиот документ ДУП за градска четврт ССИ 03, Блок 06, Општина Чаир и Општина Карпош, Скопје, кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно плен 65 од Законот за животна средина | Согласно закононската постапка засегнатата јавност и МЖСПП во рок од 15 дена, доколку имаат коментари треба да ги достават. Доколку од никој нема коментари, се смета дека засегнатите страни се согласуваат со оваа одлука |
Зелениково | https://bit.ly/3m7DTJN | Документација за стратегиска оцена на влианието врз животната средина за урбанистички план за село ТАОР | Објавени се одлуки и формулари за неспроведување на стратегиска оцена за животната средина. Објвено е известување од МЖСПП со кое одлуката за неспроведување на СОЖС се прифаќа. | |
Штип | https://bit.ly/3iSh1Mg | Трговско друштво за производство и промет „ПЕБО“ ДОО Штип, Свињарска фарма с.Чардаклија. Б – интегрирана еколошка дозвола | Целокупната документација е ставена на веб страната за увид од страна на јавноста во рок од 30 дена, односно до 03.09.2021. Коментарите треба да се досстават до контакт лицето назначено од страна на Општина Штип. | |
Министерство за економија | https://www.economy.gov.mk/doc/3006 | Нацрт Програма за реализација на Стратегијата за развој на енергетиката 2021-2025 година | Нацрт Извештај за стратегиска оцена на животната средина на програматa за имплементација на стратегијата за развој на енергетиката 2021-2025 година и Програма за реализација на стратегијата за развој на енергетиката 2021-2025 година се објавени. Јавната расправа согласно законската регулатива треба да се одржи од 15-25.08.2021 | |
Министерство за информатичко општество и администрација | https://bit.ly/3k7t5c6 | Рокот за давање коментари за нацртот на Националната стратегија за ИКТ 2021-2025 и придружниот Акциски план е продолжен до 15 август 2021 година | Како што беше најавено на Јавната расправа [ЛИНК: https://mioa.gov.mk/?q=mk/node/3470] за нацртот на Националната стратегија за ИКТ 2021-2025 и придружниот Акциски план, што се одржа на 17 јули 2021 година, рокот за давање коментари е продолжен до 15.08.2021 година.Документите, Стратегијата и Акцискиот План се достапни на линкот. Коментарите можете да ги доставите до solza.kovachevska@mioa.gov.mk, заклучно со 15.08.2021 година. | |
Министерство за информатичко општество и администрација | https://bit.ly/3yVrk7W | ПОКАНА (За номинација на претставници во Националниот совет за реформи во медиумската сфера) | Министерството за информатичко општество и администрација ги поканува сите невладини организации, новинарски здруженија, припадници на академската заедница и поединци кои работат во областа на медиумите да поднесат писмо за номинација за претставници на Националниот совет за реформи во медиумската сфера. Рокот за номинирање кандидати се продолжува до 20.08.2021 година. Пријавите е потребно да се испратат електронски на cabinet@mioa.gov.mk . | Овој повик е повтроно објавен |
Струмица | https://bit.ly/3sqgGnd | Урбанистички проект со план за парцелација за промена на границите помеѓу ГП бр. 14-68 и ГП бр. 14-65 дел од УБ 14 | На веб страната е објавен Урбанистички проект со план за парцелација за промена на границите помеѓу ГП бр. 14-68 и ГП бр. 14-65 дел од УБ 14. | |
Гази Баба | https://bit.ly/3g64jrq | ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА ПО НАЦРТ ДУП ЗА ГРАДСКА ЧЕТВРТ СИ 06 БЛОК 05, ОПШТИНА ГАЗИ БАБА – СКОПЈЕ | Нацрт Детален урбанистички план за градска четврт СИ 06 Блок 05, Општина Гази Баба – Скопје, ќе биде изложен во просториите на Урбаната заедница ″Хиподром″, во рок од 30 дена и тоа почнувајќи од 04.08.2021год. до 02.09.2021год. секој работен ден од 8,00 часот до 16.00 часот. Јавната презентација на Предлог – Детален урбанистички план за градска четврт СИ 06 Блок 05, Општина Гази Баба – Скопје, ќе се одржи на ден 19.08.2021 год. со почеток во 12.00 часот во просториите на Општина Гази Баба, барака 8 (голема сала). Aнкетните листови за учество во Јавната анкета ќе се наоѓаат во просториите на Урбаната заедница “Хиподром”. Во определениот рок заинтересираните правни лица, физички лица, државната управа, научните и стручните организации можат да достават забелешки, предлози и мислења на Анкетните листови | |
Карпош | https://bit.ly/3xTXmQc | ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА ПО НАЦРТ ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ГРАДСКА ЧЕТВРТ З 04, БЛОК 05, ОПШТИНА КАРПОШ, СКОПЈЕ | Нацрт Детален урбанистички план за градска четврт 3 04 Блок 05, Карпош Скопје, ќе биде изложен во просториите на Општина Карпош, во рок од 30 дена и тоа почнувајќи од 05.08.2021год. до 06.09.2021год. секој работен ден од 8,00 часот до 16.00 часот. Јавната презентација ќе се одржи на 20.08.2021 год. со почеток во 13.00 часот во просториите на Општина Карпош. Aнкетните листови за учество во Јавната анкета ќе се наоѓаат во просториите на Општина Карпош. Во определениот рок заинтересираните правни лица, физички лица, државната управа, научните и стручните организации можат да достават забелешки, предлози и мислења на Анкетните листови | |
Градско | https://bit.ly/3AMUtT7 | ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ВОН НАСЕЛЕНО МЕСТО СО КЛАСА НАМЕНА Г1.8-ГРАДБИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА НА КП 384, КП 385, КП 386, КП 387, КП 388, КП 389, КП 390, КП 391 И КП 392, КО ЧИЧЕВО, ОПШТИНА ГРАДСКО | Јавната анкета и јавна презентација ќе се спроведе со излагање на планскиот докумнет во просториите на општина Градско. Јавната анкета треае од 03.08.2021 до 02.09.2021 година, секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот. Во споменатиот рок заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават забелешки, предлози и мислења на анкетни листови, кои можат да ги подигнат од просториите на Општина Градско. Јавната презентација ќе се одржи на ден 27.08.2021 година (петок) со почеток во 10:00h во просториите на Општина Градско. Одржување на Јавна презентација и Јавна анкета ќе се одржи согласно Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.116/2020). | |
Кавадарци | https://bit.ly/37RQng6 | ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА УЕ 11 ЗА ДЕЛ ОД БЛОК 11.1 ,,ЈОУДГ РАДА ПОЦЕВА” КО КАВАДАРЦИ ГРАД, ОПШТИНА КАВАДАРЦИ | Јавна Презентација и јавна анкета ќе се спроведе со излагање на Детален урбанистички план за УЕ 11 за дел од Блок 11.1 ,,ЈОУДГ Рада Поцева” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци во просториите на Општина Кавадарци. Јавната анкета трае од 09.08.2021 до 20.08.2021 година, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот. Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови. Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 10.08.2021 година (Вторник) во 10.00 часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала. Одржување на Детален урбанистички план за УЕ 11 за дел од Блок 11.1 ,,ЈОУДГ Рада Поцева” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци ќе се оджи согласно Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примаена на Законот за просторно и урбанистичко планирање за време на вонредна состојба (,,Службен весник на Република Македонија“ бр. 116/2020). | |
Кавадарци | https://bit.ly/2UnSHs7 | ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА ПО ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА УЕ 6, БЛОК 6.1, ,,МОНОПОЛ” КО КАВАДАРЦИ ГРАД, ОПШТИНА КАВАДАРЦИ | Јавна Презентација и јавна анкета ќе се спроведе со излагање на Детален урбанистички план за УЕ 6, Блок 6.1, ,,Монопол” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци во просториите на Општина Кавадарци. Јавната анкета трае од 09.08.2021 до 20.08.2021 година, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот. Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови. Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 12.08.2021 година (Четврток) во 13.00 часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала. Одржување на Детален урбанистички план за УЕ 6, Блок 6.1, ,,Монопол” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци ќе се оджи согласно Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примаена на Законот за просторно и урбанистичко планирање за време на вонредна состојба (,,Службен весник на Република Македонија“ бр. 116/2020). | |
Гази Баба | https://bit.ly/3smxbkd | ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА ПО ПРЕДЛОГ ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ГРАДСКА ЧЕТВРТ С21 БЛОК 02 | Предлог Детален урбанистички план за градска четврт СИ 21 Блок 02, Општина Гази Баба – Скопје, ќе биде изложен во просториите на Урбаната заедница ″Крсте Мисирков″, во рок од 20 работни дена и тоа почнувајќи од 13.08.2021 год. до 10.09.2021 год., секој работен ден од 8,00 часот до 16.00 часот. Јавната презентација на Предлог – Детален урбанистички план за градска четврт СИ 21 Блок 02, Општина Гази Баба – Скопје, ќе се одржи на ден 25.08.2021 год (среда) со почеток во 10.00 часот во просториите на Општина Гази Баба, барака 8 (голема сала). Aнкетните листови за учество во Јавната анкета ќе се наоѓаат во просториите на Урбаната заедница ″Крсте Мисирков″,. Во определениот рок заинтересираните правни лица, физички лица, државната управа, научните и стручните организации можат да достават забелешки, предлози и мислења на Анкетните листови. | |
Гостивар | https://bit.ly/3k3ugci | Соопштение за нацрт измена и дополна на Детален Урбанистички План за дел од Блок 1 – Опфат 4, Урбана Единица Центар – Четврт „А“ , КО Гостивар 2 | Се известуваат граѓаните и правните лица опфатени во просторот на Нацрт измена и дополна на Детален Урбанистички План за дел од Блок 1 – Опфат 4, Урбана Единица Центар – Четврт „А“ , КО Гостивар 2 . – – Соопштение за ЈП и ЈА за дел од Блок 1 Известување за учество за ЈП за дел од Блок 1 | |
Гостивар | https://bit.ly/3ANSduT | Соопштение за нацрт Измена и дополна на Детален Урбанистички План за дел од Блок 3, Урбана Единица Центар – Четврт „А“ , КО Гостивар 2 | Се известуваат граѓаните и правните лица опфатени во просторот на Нацрт измена и дополна на Детален Урбанистички План за дел од Блок 1 – Опфат 4, Урбана Единица Центар – Четврт „А“ , КО Гостивар 2 Соопштение за ЈП и ЈА за дел од Блок Соопштение за ЈП за дел од Блок 3, Известување за учество на Јавна презентација и Јавна анкета. Известување за учество на за ЈП за дел од Блок 3 | |
Гази Баба | https://bit.ly/2VUsXUJ | ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА ПО ПРЕДЛОГ ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ГРДСКА ЧЕТВРТ СИ 21 БЛОК 02, ОПШТИНА ГАЗИ БАБА – СКОПЈЕ | Предлог Детален урбанистички план за градска четврт СИ 21 Блок02, Општина Гази Баба – Скопје, ќе бидеи зложен во просториите на Урбаната заедница ″Крсте Мисирков″, во рок од 20 работни дена и тоа почнувајќи од 13.08.2021 година до 10.09.2021 година, секој работен ден од 8,00 часот до 16.00 часот. Јавната презентацијана Предлог- Детален урбанистички план за градска четврт СИ 21Блок02, Општина Гази Баба – Скопје, ќе се одржи на ден 25.08.2021 година (среда) со почеток во 10.00 часот во просториите на Општина Гази Баба, барака 8 (голема сала). Aнкетните листови за учество во Јавната анкета ќе се наоѓаат во просториите на Урбаната заедница ″Крсте Мисирков″. Во определениот рок заинтересираните правни лица, физички лица, државната управа, научните и стручните организации можат да достават забелешки, предлози и мислења на Анкетните листови. | |
Агенција за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер | https://bit.ly/3m63HWF | Извештај за извршена проверка на објавените документи и информации кои Општините, ЗЕЛС и центрите за развој на плански региони во РСМ како иматели на информации се обврзани да ги објават на своите веб-страници | Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно своите надлежности, изврши мониторинг на 88 иматели, односно на веб страниците на општините, Заедницата на единиците на локална самоуправа и Центрите за развој на плански региони, а објавени на Листата на иматели на информации на веб страната на Агенцијата. Мониторингот беше спроведен во периодот од 1 до 20 јули 2021 година. Одделението за соработка и анализи беше задолжено за мониторинг за целосно објавување на документите и информациите кои имателите на информации се обврзани да ги објават на своите веб-страници според членот 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. | |
Кисела Вода | https://bit.ly/3sqLtjW | СООПШТEНИЕ за организирање на јавна презентација и јавна анкета за Предлог ДУП за Градска Четврт Ј15, Блок 15.04, Општина Кисела Вода, плански период 2019-2024 година | Јавната анкета по Предлог ДУП за Градска Четврт Ј15, Блок 15.04, Општина Кисела Вода, плански период 2019-2024, ќе се спроведе со излагање на предлог – Планот во просториите на Општина Кисела Вода (барака 7) –Голема сала, како и на веб страната на Општина Кисела Вода www.kiselavoda.gov.mk. ЈАВНАТА АНКЕТА ЌЕ ТРАЕ ПОЧНУВАЈКИ ОД 12.08.2021 – 27.08.2021 ГОДИНА. Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават забелешки, предлози и мислења на анкетните листови во архивата на Општина Кисела Вода (барака 6),секој работен ден од 08:30-16:00 часот, како и преку информацискиот систем e-urbanizam. | Не е наведена информација за одржување на јавна презентација на ДУП. На веб страната не е објавен Предлог ДУП со што е оневозможен јавен увид по електронски пат |
Министерство за животна средина и просторно планирање | https://bit.ly/3xQZiZP | Соопштение за отпочнувaње на постапка за донесување на Нацрт на Закон за прогласување на Студенчишко блато за парк за природата | Министерството за животна средина и просторно планирање започна постапка за донесување на Нацрт на Закон за прогласување на Студенчишко Блато за паркза природата. Додека трае постапката за прогласување на локалитетот Студенчишко Блато за заштитено подрачје во категоријата парк на природата, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, согласно Законот за заштита на природата, донесе Решение за негова привремена заштита. Привременатазаштита на подрачјето ќе се применува до денот на влегувањето во сила на Законот со кој ќе се прогласи Студенчишко Блато за заштитено подрачје, а кој е во завршна фаза на изработка. Во меѓувреме, Студенчишко Блато е прогласено за водно живалиште од меѓународна важност според Рамсарската Конвенција. | |
ЕНЕР | https://bit.ly/2VUsXUJ | ЗАКОН ЗА ЗООТЕХНИКА | Целите на новиот Закон за зоотехника е уредување на сточарството заради обезбедување на квалитетен приплоден материјал, производство на квалитетни производи од анимално потекло, производство и промет на пчелни матици, одгледување на живина за приплод, заштита на биолошката разновидност и ген банките во сточарството, како и подобрување на особините на животните, остварување на правата и обврските на одгледувачите, како и на признатите организации на одгледувачи и признати организации на одгледувачи на хибридни свињи во сточарството и уредување на прометот со приплоден материјал. | |
Тетово | https://bit.ly/3iRyKmY | Сooпштeниe зa oрганизирање нa повторната стручна расправа по изменување и дополнување на ГУП Тетово текстуален дел, за нацрт план | Повторената јавна расправа ќе се одржи на 17.08.2021. | Не се дадени датуми/период за одржување на јавна анкета, ГУП не е објавен на веб страна на Тетово. Не се наведени информации за постапка за СОЖС |
Maja Markoska
0