News
Informacii od javna rasprava

Informacii od javna rasprava

Јавна расправа за нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животната средина на Националниот план за енергија и клима на Република Северна Македонија до 2030 година.

Министерство за економија (economy.gov.mk) 

Денес на 27.08.2021 година  (петок) со почеток во 10 часот се одржа онлајн јавна расправа за нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животната средина на Националниот план за енергија и клима на Република Северна Македонија до 2030 година. 

На јавната расправа не беше евидентирано масовно присуство на претставници на граѓански организации иако беше испратена покана од страната на Министерство за економија и од страна на Архус Центарот преку мејлинг групата Екосфера.  

На јавната расправа немаше коментари од страна на граѓанските организации.  

Нацрт извештајот за СОЖС на Националниот план за енергија и клима на Република Северна Македонија до 2030 година е достапен на следниот линк:  

https://www.economy.gov.mk/Upload/Documents/Nacrt SOZS na Programa za impl na Strategija za energetika(1).pdf 

Рокот за доставување на коментари е до 16.09.2021 година.  

Од страна на изготвувачот е замолено да се достават до 10.09.2021 за да може да се изготват и финалните документи навремено. 

Апелираме сите засегнати страни да ги дадат своите коментари согласно дадените временски рокови.  

Министерство за економија (economy.gov.mk) 

Известување за јавна расправа

20.08.2021 16:05:23 

Се известуваат сите заинтересирани дека на 01.09.2021 (среда) со почеток во 10 часот, ќе се одржи онлајн јавна расправа за Програмата за реализација на стратегијата за развој на енергетиката 2021-2025 година и за Извештајот за стратешка оцена на животната средина на Програмата за  реализација на Стратегијата за развој на енергетиката 2021-2025 година. 

Заинтересираните лица кои сакаат да се вклучат на онлајн расправата  потребно е да испратат е маил на следната адреса: valentina.stradelova@economy.gov.mk најдоцна до 15 часот на 30.08.2021 година, со цел да им биде испратен линкот за вклучување на онлајн расправата.  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *