News

Monitoring table 27/08/2021
Табела со информации за следење
Во прилог е табелата за следење информации и постапки од животна средина објавени од страна на институции и локална самоуправа
Институција | УРЛ | Наслов | Опис | Забелешка |
---|---|---|---|---|
Охрид | https://bit.ly/2WnrrL3 | Одлука за спроведување на стратегиска оцена за Урбанистички план вон населено место Горица Исток- опфат 1, Општина Охрид, | За планскиот документ Урбанистички план вон населено место Горица Исток- опфат 1, Општина Охрид, кој го донесува Општина Охрид е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина . Против ова одлука јавноста има право на жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната. (до 08.09.2021) | |
Охрид | https://bit.ly/3gDmjKd | Започна постапката за донесување нацрт на Закон за прогласување на Студенчишко Блато за парк на природата | Јавната расправа по Нацрт на Закон за прогласување на Студенчишко блато за парк за природата се планира да се одржи на почетокот на месец септември 2021г. За датумот на одржување на јавната расправа јавноста ќе биде благовремено информирана. | |
Пехчево | https://bit.ly/3Dhy2rv | ПОКАНА за on line Јавна расправа по Нацрт-Одлука за прогласување на дел од Малешево за Заштитен предел | МЖСПП во соработка со општините Берово и Пехчево, Ве поканува на Јавна расправа по Нацрт-Одлука за прогласување на дел од Малешево за Заштитен предел. Јавната расправа ќе биде организирана on line на ЗООМ платформата на 02.09.2021 година (четврток), со почеток во 11:00 – 13:30 часот, преку видео бим кој ќе биде поставен во Општина Берово во дворот на детската градинка ОУДГ “23 Август” како и во општина Пехчево во дворот на Едукативниот центар за зачувување на природата во Негрево. Коментари/мислења/сугестии по Нацрт-Одлука за прогласување на дел од Малешево за Заштитен предел може да доставите писмено на следнава емаил адреса infoeko@moepp.gov.mk, најкасно 10 дена по одржување на јавната расправа. | |
Радовиш | https://bit.ly/3sVKlVt | Решение со кое се одобрува проектна програма за изработка на урбанистички проект локален пат спој за с.Смиланци | Проектната програма е објавена на веб страната на Општина Радовиш | |
Радовиш | https://bit.ly/2XSWK0Y | Решение со кое се одобрува проектна програма за изработка на Урбанистички План за инфраструктура за електричен кабел од 1,8 мw од новопланирана трафостаница на фотоволтажна централа со моќност од 1,8 мw до приклучна точка на ЕВН во м.в. Рудина, КО Раклиш-вон гр | Проектната програма е објавена на веб страната на Општина Радовиш | |
Јавно претпријатие за стопанисување со државните шуми „Национални шуми“ | https://bit.ly/38g94dR | Започнува кампања за прогласување на Малешево за заштитен предел | МЖСПП во соработка со Македонско еколошко друштво (МЕД), Јавното претпријатие „Национални Шуми“ и општините Берово и Пехчево започнува кампања за прогласување на Малешево за заштитен предел. | |
Лозово | https://bit.ly/3ypmGhn | Политика на интергитет | Поаѓајќи од заложбите за владеење на правото, обезбедување на одржлив економски и општествен развој, поттикнување на јавната доверба во локалните власти, целосно и непречено остварување на правата и слободите на граѓаните како и поттикнување на нивното учество во носењето одлуки на локално ниво, единицата на локалната самоуправа усвои ПОЛИТИКА НА ИНТЕГРИТЕТ | |
Министерство за животна средина и просторно планирање | https://bit.ly/3ms9UMB | Започнува кампања за прогласување на Малешево за заштитен предел | МЖСПП во соработка со Македонско еколошко друштво (МЕД), Јавното претпријатие „Национални Шуми“ и општините Берово и Пехчево започнува кампања за прогласување на Малешево за заштитен предел. Во рамки на кампањата ќе се одржи и јавна расправа, како дел од активностите за вклучување на јавноста во процесот на прогласување на Малешево за заштитен предел. Кампањата е поддржана од Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а координиран од „Фармахем“ од Скопје. Кампањата е поддржана и од општините Берово и Пехчево. | |
Министерство за животна средина и просторно планирање | https://bit.ly/3BeEdKY | ПОКАНА за on line Јавна расправа по Нацрт-Одлука за прогласување на дел од Малешево за Заштитен предел | Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со општините Берово и Пехчево, Ве поканува на Јавна расправа по Нацрт-Одлука за прогласување на дел од Малешево за Заштитен предел. Јавната расправа ќе биде организирана on line на ЗООМ платформата на 02.09.2021 година (четврток), со почеток во 11:00 – 13:30 часот. https://us02web.zoom.us/j/86849291529?pwd=aC9jdzliaFRnd1RjTnl4Rlh6YmtOZz09 Meeting ID: 868 4929 1529 Passcode:849469 |
Maja Markoska
0