News

Moitoring table 14/09/2021
Табела со информации за следење
Во табелата се наоѓаат информации од областа на животната средина објавени од институции и општини.
Институција | УРЛ | Наслов | Опис | ||
---|---|---|---|---|---|
Претседател на РСМ | https://bit.ly/2YUemu2 | Усогласен единствен пристап кон изготвување на документ за долгорочна развојна стратегија на Република Северна Македонија | Информација за процесот на креирање на „Националната развојна стратегија 2021-2041“. Процесот ќе биде заснован на принципите на национална сопственост, широка консултација, интегрирање на постоечките процеси за интеграција во ЕУ и Агендата 2030 и иновативност. „НРС 2021-2041“ и „МКД2030“ претставуваат единствен сеопфатен процес за долгорочно планирање, следење и надградување, во коj се и ќе продолжат да бидат вклучени претставници од сите сегменти во општеството. | ||
Ресен | https://bit.ly/2XhUoZQ | Покана за тендер Green Inter E Mobility | Рокот за поднесување понуди е 04.10.2021. Сите потребни документи се дадени на линкот на веб страната на општината. | ||
Кавадарци | https://bit.ly/2VG0t1l | Испитување на јавното мислење за ЛЕАП кој е во фаза на изработка | Како дел од процесот за изготвување на ЛОКАЛНИОТ ЕКОЛОШКИ АКЦИОНЕН ПЛАН ќе бидат вклучени и граѓаните од град Кавадарци со нивното видување на еколошката моментална состојба. За тоа ќе биде спроведен анкетен прашалник. Откако ќе го потполните прашалникот испратете го на следната е-маил адреса: dilov@kavadarci.gov.mk | ||
Одделение за соработка со невладините организации | https://bit.ly/2YPsioZ | Продолжен рокот на Повикот до граѓанскиот сектор за придонес во подготвувањето на Програмата за работа на Владата за 2022 година | Се продолжува рокот на Повикот до граѓанскиот сектор за придонес во подготвувањето на годишната Програма за работа на Владата на Република Северна Македонија за 2022 година до 30.9.2021 година. Предлозите за политики треба да се однесуваат на конкретни законски одредби и да се во функција на остварување на стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонија, утврдени во Програмата за работа на Владата 2020-2024, да бидат внесени во Образецот што е даден во прилог и да се достават по електронски пат на адреса: nvosorabotka@gs.gov.mk со назнака Иницијатива за ГПВРСМ 2022. | ||
Министерство за животна средина и просторно планирање | https://bit.ly/3nuCzRO | Најава на активности за отпочнување на постапка за донесување на Законот за прогласување на Кањон Матка за споменик на природата | Министерството за животна средина и просторно планирање започна постапка за донесување на Закон за прогласување на Кањон Матка за споменик на природата. Богатството и разновидноста на природните вредности (биодиверзитетот и геодиверзитетот) се основни причини Кањонот Матка да биде рангиран како еден од најзначајните локалитети на природно наследство во државата. Нацрт законот за прогласување на Кањон Матка за споменик на природата и другите придружни документи во наредниот период ќе бидат објавени на веб-страницата на МЖСПП и на порталот www.ener.gov.mk. |
Maja Markoska
0