News
Monitoring Table 17_21 09 2021

Monitoring Table 17_21 09 2021

Табела со информации за следење

Во табелата се наоѓаат информации од областа на животната средина објавени од институции и општини. 

Институција УРЛНасловОписЗабелешка
Охридhttps://bit.ly/3lHnvhfОдложена јавната расправа по нацрт на законот за прогласување на Студенчишко Блато за парк на природатаДенешната Јавна расправа, кој што требаше да се одржи по Нацрт на Законот за прогласување на студенчишко блато за парк на природата не се одржа. Одложувањето на расправата го предложи градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески со цел да се излезе во пресрет на граѓаните, односно предвидената расправа наместо on line да се реализира со физичко присуство на сите претставници од институциите и експертите надлежни за носењето на Законот.
Росоманhttps://bit.ly/3CwO3ZfСоопштение за јавен увидУрбанистички проект вон опфат на Урбанистички План за фотоволтаични електрани на КП 365/1 и КП 366 КО Паликура, ОПШТИНА РОСОМАН, Иницијатор –Друштво за проектирање, трговија и инженеринг УРБАН ПРОЕКТИНГ ДООЕЛ Велес, На веб страната има само наслов, не е објаеен документот, нити пак има информации кои се однесуваат на начинот на спроведување на јавен увид, јавна анкета и презентација
Стругаhttps://bit.ly/3u05VJeСе одобрува Планската програма за измена и дополна на дел од Генерален урбанистички план за Блок 30,северен дел од град Струга КО Мороишта Општина Струга, со тех број 17-01/21 август 2021 изработена од ЕВРО ДЕКОР доо КочаниНа веб страната се објавени решение за одобрување на планска програма, планска програма и Измена и дополна на Генерален урбанистички план за Блок 30, северен дел од град Струга, КО Мороишта, општина Струга.Не се дадени информации за јавен увид, јавна анкета и презентација
Одделение за соработка со невладините организацииhttps://bit.ly/3kshmWXОдржана Првата конститутивна седница на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општествоНа 15.9.2021 година Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество ја одржа Првата (конститутивна) седница. На оваа седница, Одделението за соработка со невладини организации ги информираше членовите на Советот за процесот на изработка на новата Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество, со Акциски план 2021-2024, активностите на работната група и планираните следни чекори за консултација со граѓанските организации.
Министерство за животна средина и просторно планирањеhttps://bit.ly/3ks2RSPНУРЕДИНИ: Усвоени преостанатите закони од областа на управување со отпадотНа 50-та седница, Собранието на РСМ ги донесе останатите четири закони од областа на управување со отпадот: Закон за управување со отпадот, Закон за управување со пакување и отпад од пакување, Закон за управување со дополнителни текови на отпад и Закон за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад. Во текот на месец август, од страна на Собранието беа донесени Законот за управува со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори и Законот за електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема.
Министерство за животна средина и просторно планирањеhttps://bit.ly/3hSPb1HСООПШТЕНИЕ за прекинување на јавната расправаЈавна расправа по нацрт Закон за прогласување на Студенчишко Блато за парк на природата на 14.09.2021г. беше закажана да се одржи виртуелно преку ЗООМ платформата и хибридно во Салата на општина Охрид. Заради транспарентост во постапката и вклучување на локалното население беше обезбедена ре-продукција во живо на јавната расправа во општина Охрид со цел продолжување на транспарентно одвивање на процесот. За време на јавната расправа од група на граѓани сопственици на приватни имоти во Студенчишко Блато, преку овластен адвокатски застапник беше побарано одложување на јавната расправа поради неразјаснети прашања во врска со имотите во Студенчишко Блато. Истото барање беше доставено и по писмен пат за кое МЖСПП во најкус можен рок одговори. За време на јавната расправа Градоначалникот на Охрид како подносител на иницијативата за прогласување на Студенчишко Блато за заштитено подрачје во категоријата парк на природата побара да се прекине јавната расправа и наведе дека ќе организира состаноци со граѓаните на Охрид, сопственици на имоти во Студенчишко Блато заради усогласување во однос на користење на имотите во Студенчишко Блато, по што во друг тремин јавната расправа повторно би се закажала.
Тетовоhttps://bit.ly/3EB66zjJавен повик за учество во процесот на јавна консултација за документи поврзани со заштита на животна средина и социјални аспекти од спроведување на проектот “Набавка на подземни контејнери и специјално возило за третман на отпад од овие контејнери“ Јавната консултација за Планот за управување со животната средина и социјалните работи за наведениот проект, ќе се одржи во: општина Тетово, на 06.09.2021 година (понеделник) со почеток во 11:00 часот. Ве молиме да го најавите Вашето учество на долунаведената е-маил адреса. На веб страната е објавен и Планот за управување со животната срединаИзвестувањето за консултации со јавноста, јавниот повик и планот за управување со животна средина се објавени на веб страната на 13.09.2021, а јавната консултација и даумот за коментари од страна на јавноста е наведен 06.09.2021. Со ова не е остварено правото на учество на јавноста во донесување на одлуки.
Брвеницаhttps://bit.ly/3lLOkAYПроектна ПрограмаПроектна Програма за изработка на урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање градежни парцели на КП 699/2, 699/3 и дел од КП 683/4. КО Радиовце; со намена А1.5 – Станбени куќи во состав на селски стопански двор
Брвеницаhttps://bit.ly/3EFcRAnРешение за одобрување на проектна програмаОдобрување на Проектна програма, за изработка на УП за вон опфат на урбанистички план за формирање градежни парцели на КП 699/2, 699/3 и дел од КП 683/4., КО Радиовце вон г.р., во општина Брвеница, со технички број 35/21, Изработена од „Пологпроект-про„ Доо Гостивар
ЕНЕРhttps://bit.ly/3EE1CI7ПРЕДЛОГ ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОПШТАТА УПРАВНА ПОСТАПКААнализата на примената на ЗОУП утврди определени практични проблеми.Сеуште не е воспоставена воедначена управна пракса на ниво на јавните органи, па голем дел од нив од објективни причини не можат целосно да се придржуваат кон одредбите согласно кои јавниот орган треба да определи овластени лица за водење на управната постапка.Измените и дополнувањата се во насока на допрецизирање и обезбедување на доследна примена на начелото на делегирање при одлучување во управна постапка,а опфатени се и запирањето на постапката, огласувањето на управен акт за ништовен и се вршат и номотехнички подобрувања на текстот.Предложените измени и дополнувања се во насока и на имплементирање на начелата за интероперабилност и усогласување со процесите на дигитализација.Концептот е-Влада обезбедува комуникација помеѓу институциите, како и комуникација со бизнис секторот и со граѓаните. За целосно имплементирање на процесите за дигитализација, потребна е истовремена и координирана измена на повеќе прописи.
Виницаhttps://bit.ly/3AusMioСоопштение за јавен увид за урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за фотоволтаични електрани, на КП 1965, КП 1966, КП 1970 и дел од КП 1978, КO Блатец, Општина ВиницаОбјавено е само соопштение за увид, анкетен лист и графички приказ. Не е објавен текстуален дел. Наведено е дека јавниот увид ќе трае 15 дена, односно од 17.09.2021 до 01.10.2021.
Гевгелијаhttps://bit.ly/3CvDGF9Во завршна фаза е изработката на неколку Урбанистички планови за села Во периодот 2017-2021 година донесени се урбанистички планови за село Моин и за село Милетково. Започнати се постапки и во завршна фаза е донесувањето на Урбанистички планови за селата Мрзенци, Негорци, Давидово, како и за Миравци. Во тек е постапката за изработка на Урбанистички план за Старо Конско, крај браната „Конско“, а во почетна фаза е изработката на Урбанистички план за село Ново Конско. Се очекува сите постапки околу донесувањето на наведените урбанистички планови да заврши до крајот на годината.
Пробиштипhttps://bit.ly/2XCRfnDЈавен повик за партиципативно телоЈавниот повик за пријавување на заинтересирани лица за членување во Партиципативното тело на Општина Пробиштип од областа на урбанизмот. Повикот трае од 17.09-17.10.2021.
Карпошhttps://bit.ly/3Axc7uoОдлука и формулар за Нацрт Детален урбанистички план за Градска четврт З 04, Блок 05, Општина Карпош, СкопјеОд страна на Општина Карпош донесена е одлука за неспроведување на постапка за СОЖС за Нацрт Детален урбанистички план за Градска четврт З 04, Блок 05, Општина Карпош, Скопје. Одлуката и формуларот се објавени на веб страната и треба да стојат 15 дена (од 15.09-30.09), рок во кој јавноста и МЖСПП може да даде коментари.
Кочаниhttps://bit.ly/3tW4mvPЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за креирање на програмите за активностите на Општина Кочани за 2022 годинаВрз основа на законските одредби,а заради транспарентност во работењето на единицата на локалната самоуправа,Општина Кочани ги повикува граѓаните, урбаните, месните заедници, здруженијата на граѓани и институциите, со идеи, програми и проекти да се вклучат во креирањето на Буџетот на Општина Кочани за 2022 година. Програмите и проектите во електронска форма можат да се достават преку електронска пошта на адреса info@kocani.gov.mk (со назнака за јавен повик за предлог-проекти), или преку Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани,најдоцна до 15 октомври 2021 година за развојните проекти ,а за финансирање на здруженија,невладини огранизации и друѓи,најдоцна до 15 ноември.
Кочаниhttps://bit.ly/3u0dI9zПовторна јавна презентација и јавна анкета по Детален урбанистички план за градска четврт 5, Општина Кочани, плански период 2018-2023Повторна Јавна Анкета ќе се спроведе во периодот од 23.09.2021 год. до 06.10.2021 год. во кој рок заинтересираните физички и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават забелешки и предлози на анкетни листови , во писмена форма, кои можат да ги подигнат во архивата во општинската зграда, од веб страната на Општина Кочани, или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам. Повторна Јавна Презентација ќе се одржи на ден 27.09.2021г. со почеток во 10.00 часот пред комлексот АСНОМ, Општина Кочани.Не е објавен текстуален дел од ДУПот.
Кочаниhttps://bit.ly/3zsATL1Планска програма за изработка на изменување и дополнување на урбанистички план за село Тркање, со разработка на блок 17, КО Тркање, Општина Кочани.Не се дадени информации за јавен увид, односно јавна анкета и јавна презентација
Чешиново-Облешевоhttps://bit.ly/3lMMCz8Соопштение за јавен увид за урбанистички план за изградба на објект со намена Г2Јавниот увид и анкета траат 15 дена по обкавуваљњето, односно до 28.09.2021
Чешиново-Облешевоhttps://bit.ly/3hS08ACБарање за Б-Интегрирана еколошка дозволаБарање за Б-Интегрирана еколошка дозвола, индустрија на минерали, бетонска база. 30 дена од објавувањето (14.10.2021) јавноста има право да достави коментари
Штипhttps://bit.ly/3ktMsgUУрбанистички проект вон опфат на урбанистички план, за Г.МЗ-површински соларни и фотовол гаични електрани на КП 6р. 248/3, КО Доброшани Општина ШтипНа веб страната има објавено одлука за неспроведување на постапка за СОЖС и мислење од МЖСПП дека ја прифаќа одлуката за неспроведување на СОЖС
Охридhttps://bit.ly/3CrQEUiСедумте чинари од Охрид прогласени за природна реткостНа иницијатива на Општина Охрид и по подготовка на целокупната документација од Одделението за заштита и влијание врз животната средина, неодамна Владата на Република Северна Македонија ги прогласи седумте чинари од Охрид за природна реткост.
Пробиштипhttps://bit.ly/3nNSPh0Решение за одобрување на ПП за УП за КП бр.1389 и 1390На веб страната е објавено решение и ажурирана геодетска подлога
Пробиштипhttps://bit.ly/3ksl6rtРешение за одобрување на ПП за УП за КП бр.1382-1 КО ДобревоНа веб страната е објавено решение и ажурирана геодетска подлога
Одделение за соработка со невладините организацииhttps://bit.ly/3hPB5hyПовторен јавен повик за учество на два претставници на граѓанското општество во Работната група за реформа на системот на државно финансирање на граѓанските организацииСоветот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, за претставници на граѓанското општество во Работната група за реформа на системот на државно финансирање на граѓанските организации ги предложи: Данче Даниловска–Бајдевска од Фондација Отворено општество – Македонија, Лилјана Јоноски од Здружение Рурална Коалиција Куманово и Александар Кржаловски од Македонски центар за меѓународна соработка. Останатите пријавени кандидати не добија потребен број гласови од членовите на Советот, поради што Советот одлучи повторно да се објави Јавен повик за учество на два претставници на граѓанското општество во Работната група за реформа на системот на државно финансирање на граѓанските организации. Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку електронска пошта на nvosorabotka@gs.gov.mkсо назнака „Пријава за РГ финансирање на ГО“најдоцна до 30 септември 2021 година.
Битолаhttps://bit.ly/3lKkbSrReLOaD2 – Официјален почеток на проект за партнерство меѓу општините и граѓанските организацииЗапочна втората фаза од реализацијата на проектот ReLOaD 2, чија основна цел е зацврстување на партнерството меѓу општините и граѓанските организации преку транспарентно доделување финансиски средства за проектни активности во корист на локалното насление. Планираните активности вклучуваат обуки за општинската администрација, финансиска поддршка на проекти од јавен интерес аплицирани од граѓанските организации, како и тренинзи за зајакнување на нивните капацитети и знаења за подготовка на проектна документација.
Гази Бабаhttps://bit.ly/3kslCFVПланска програма ДУП СИИ 07 Блок 05Објавени се решение за одобрување на планска програма и планска програма
Гевгелијаhttps://bit.ly/3tW58ZLПродолжување и унапредување на соработката на Општината со граѓанските организацииГрадењето партнерства меѓу локалните власти и граѓанското општество, засновано на транспарентен и развојно-ориентиран пристап, е главен предуслов за поголемо граѓанско учество во процесите на креирање и имплементација на локалните политики. Досегашното позитивно искуство во Општина Гевгелија потврдува дека зајакнатата соработка поомеѓу Општината и граѓанските организации го потикнува локалниот развој и го подобрува квалитетот на животот на локалните граѓани.
Министерство за информатичко општество и администрацијаhttps://bit.ly/3zE3aytРегистрација за 4-от Дигитален Самит за Западен Балкан(WB6) во ПодгорицаОд 11 до 13 октомври 2021 во Подгорица ќе се одржи четвртиот Дигитален Самит за земјите од Западен Балкан (WB6), на кој учесниците ќе имаат можност да разменат добри практики и достигнувања во процесот на дигитална трансформација, како и да ги дефинираат идните насоки на дејствување. Регистрацијата за учество на настанот, кој ќе се одржи во хибриден и онлајн формат, е отворена. Заинтересираните ќе можат да се пријават на линкот: https://bit.ly/DSWB_Registration.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *