News
Monitoring Table 24/09/2021

Monitoring Table 24/09/2021

Табела со информации за следење

Во продолжение е табелата со најнови информации за процедури и постапки од областа на животна средина објавени од институции и локална самоуправа 

Институција УРЛНасловОписЗабелешка
Влада на РСМhttps://bit.ly/3EOQ3xR107-та седница на ВладатаИнформација за степенот на реализација на препораките и преземените активности за зачувување на статусот УНЕСКО – Светско наследство на природното и културното наследство во Охридскиот Регион. Информација за склучување на Билатерален договор помеѓу Европската Унија и Република Северна Македонија за ко-финансирање на големиот инвестициски проект „Интегриран и самоодржлив систем за управување со отпад во Источен и Североисточен регион“Информација за спроведување на ИПА проектот ”Имплементација и планирање за апроксимација на приоритетни сектори во животна средина (Implementation and Planning for Approximation in Priority Areas of Environment)“ Информација за спроведување на ИПА проектот „Набавка на ИТ и друга специфична опрема за информатички систем и мониторинг на животната средина“
Охридhttps://bit.ly/3AG4G4bОхридското Езеро прогласено за водено живеалиште од меѓународно значењеГрадоначалниците на општините Охрид, Струга и Дебрца, Константин Георгиески, Рамиз Мерко и Зоран Ногачески заедно со Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини и директорот на регионалната канцеларија на Меѓународната Унија за Источна Европа и Централна Азија, Борис Ерг денеска на плажата Дебрца потпишаа Изјава за поддршка на Студијата за валоризација на Охридското Езеро со што се обврзаа за дирекtно учество во заштитата на биолошката разновидност во Охридското Езеро. На настанот, беше извршено и примопредавањето на Сертификатот од Рамсар на градоначалниците од трите општини во кој е наведено дека Охридското Езеро се смета за водно живеалиште од меѓународно значење според Рамсарската Конвенција.
Собрание на РСМhttps://bit.ly/2XI03YPОсумнаесетта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологијаКомисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието, на денешната 18. седница, како матично работно тело, во скратена постапка, го разгледа Предлог-законот за дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај.
ЈП за патиштаhttps://bit.ly/3kAbxGKБарање за изразување на интерес за избор на Експерт за набавки за Проект на Светска Банка за надградба и развој на патиштата во Република Северна МакедонијаБарањето за изразување на интерес за избор на Експерт за набавки за Проект на Светска Банка за надградба и развој на патиштата во Република Северна Македонија и Проектната програма може да се превземат на веб страната, на линкот. Краен рок за изразување интерес е 08.10.2021
Зрновциhttps://bit.ly/2WcW5qSПроектна програма за изработка на УП вон опфат на УП на дел од КП 4369 КО Зрновци со основна класа на намена Г 2.9 – Складирање и основна преработка на земјоделски производи – Винарија со ресторант и престој на туристиОбјавена е проектна програма на веб страната, сеуште нема информации , односно соопштение за увид, односно јавна анкета и презентација
Кавадарциhttps://bit.ly/3zD7NsrС О О П Ш Т Е Н И Е за организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета по Детален урбанистички план за УЕ 5, блок 5.5, “Уни Палас” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци.Јавна Презентација и јавна анкета ќе се спроведе со излагање на планскиот документ во просториите на Општина Кавадарци. Јавната анкета трае од 23.09.2021 до 06.10.2021 година, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот. Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови. Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 29.09.2021 година (среда) во 11.00 часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.Планот не е објавен во електронска форма на веб страната на општината.
Карбинциhttps://bit.ly/39x01pdТендер: Создавање на дијалог за грижата: нашата заедничка одговорност кон однесувањетоПотребната документација е објавена на веб страната на општината. Краен рок за поднесување на понуди е 29.10.2021
Кумановоhttps://bit.ly/3uaodqUПланската програма и потврда за заверка Планската програма и потврда за заверка на Планска програма за изработка на УПВНМ за изградба на бензинска пумпна станица БПС на КП 915/1, КО Табановце-Општина КумановоЛинковите кои се дадени на веб страната не се отвараат
Кумановоhttps://bit.ly/3lZthepПланската програма за изработка на ДУП за УЕ „Тоде Мендол“, дел од УБ 62Планската програма за изработка на ДУП за УЕ „Тоде Мендол“, дел од УБ 62, плански опфат помеѓу: ул.„Тоде Мендол“, ул.„Вук Караџиќ“, ул.„Страшко Симонов“, и ул.„Браќа Филиповиќ“– Општина Куманово, (2021-2026)Линковите кои се дадени на веб страната не се отвараат
Кумановоhttps://bit.ly/3CLxSY2Планската програма за изработка на ДУП за дел од УЕ „Перо Чичо“, дел од УБ 15Планската програма за изработка на ДУП за дел од УЕ „Перо Чичо“, дел од УБ 15, плански опфат помеѓу: ул. „Веселин Маслеша“, пешачка патека, ул.„Благоја Думановски 1“, ул.„Благоја Думановски 2, ул.„Благоја Думановски 3“-Општина Куманово, (2021-2026)Линковите кои се дадени на веб страната не се отвараат
Кумановоhttps://bit.ly/3CI2gmlПланската програма за изработка на УПВНМ за изградба на комплекс со основна намена Г2-лесна и незагадувачка индустрија Планската програма за изработка на УПВНМ за изградба на комплекс со основна намена Г2-лесна и незагадувачка индустрија на КП 88/1, КП 88/5 и КП200 за КО Биљановце вон град – Општина Куманово, (2021-2026),Линковите кои се дадени на веб страната не се отвараат
Министерство за економијаhttps://bit.ly/3AzKXTMНационален акциски план за енергетска ефикасностНа линкот е објавен Националниот акциски план за енергетска ефикасност
Град Скопјеhttps://bit.ly/3AHdV49Град Скопје прв во регионот со стратешки план за намалување на ризици од катастрофиГрадоначалникот Шилегов денеска во салата на Советот на Град Скопје го презентираше и учествуваше во јавната дискусија за Стратешкиот план за намалување на ризици од катастрофи на Град Скопје, сеопфатен и инклузивен план за зајакнување на отпорноста кон кризи и несреќи, но и брзо закрепнување на заедницата по евентуална природна катастрофа.
Град Скопјеhttps://bit.ly/2XGcrsmСтратегија со акциски план за развој на културата на Град Скопје за периодот 2021 – 2030 година.Советот на Град Скопје на денешната 74-та седница ќе расправа за Стратегијата со акциски план за развој на културата на Град Скопје за периодот 2021 – 2030 година. Изработката на стратегијата е правена во соработка со тимот на „Скопје Европска Престолнина на Културата 2028“, а во процесот се вклучени и голем број независни соработници и експерти.
Велесhttps://bit.ly/3CI2KZHИзвестување за продолжување на рокот на повикот за прибирање предлози, проекти, сугестии за креирање на програмите на Општина Велес до 30 септември 2021 гПовикот за прибирање предлози, проекти, сугестии за креирање на програмите на општината во областите: локален економски развој, образование, култура, социјална заштита, здравство, спорт, заштита на животна средина, соработка со граѓанските организации, поточно во сите области во кои општината има надлежност,поради зголемениот интерес од страна на здруженија на граѓани/фондации се продолжува до 30 септември 2021 година. Повикот се наоѓа на линкот
Беровоhttps://bit.ly/3kJsyi5Општина Берово објавува оглас за „Набавка на модуларен систем за кризни ситуации за потребите на општина Берово” CB006.2.12.117 – LP/02Општина Берово објавува оглас за „Набавка на модуларен систем за кризни ситуации за потребите на општина Берово” CB006.2.12.117 – LP/02, со финансиска поддршка од Европска Унија преку ИНТЕРРЕГ-ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија број на повикот 2014TC16I5CB006 -2018 -2. Тендерското досие е достапно на веб страната. Крајниот рок за доставување на понуди е 27.10.2021,до 15:00 часот (локално време).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *