News

Monitoring table 28/09/2021
Табела со информации за следење
Во продолжение е табелата со најнови информации за процедури и постапки од областа на животна средина објавени од институции и локална самоуправа.
Институција | УРЛ | Наслов | Опис | Забелешка | |
---|---|---|---|---|---|
Министерство за култура | https://bit.ly/3AOdzbT | Презентација на Генералниот план за заштита на археолошкиот локалитет Стоби | На 30 септември со почеток во 12:00 часот во винаријата „Стоби“, Градско, Националната установа за управување со археолошкиот локалитет Стоби и Фондацијата „Балканско наследство“ (Бугарија) пред стручна јавност ќе го промовираат „Генералниот план за заштита на археолошкиот локалитет Стоби“. Генералниот план за заштита на Стоби е стратегиски документ чија цел е да обезбеди насоки и препораки за подобра заштита и презентација на разновидното културно наследство на локалитетот, како и насоки за негов одржлив развој преку подобрување на менаџирањето и капацитетите на НУ Стоби за прибирање финансиски средства за оваа цел. Генералниот план за заштита на Стоби е единствен документ од ваков вид изработен за археолошки локалитет во нашата држава и одлична основа за креирање слични планови за другите археолошки локалитети. Заради почитување на препораките и мерките за одржување јавни настани во услови на пандемија со КОВИД-19, настанот ќе се одржи со ограничен број поканети гости. | ||
Неготино | https://bit.ly/39Z4di5 | Презентација на можностите за производство на енергија од био маса | Во организација на општина Неготино, Стопанската комора и Здружението Еко-вита се одржа презентација на можностите за производство на енергија преку искористување на земјоделски отпад, како на пример лозови прачки, гранки од праски, сливи и слично кои имаат висока калорична вредност од речиси 99 отсто, исто како и пелетите и брикетите. Идејата е преку нивно рециклирање да се дојде до искористување на земјоделскиот отпад преку 2 аспекта- енергијата која се губи во природата и заштита од заразни болести во лозарството преку собираање на заразени прачки кои потоа би се гореле. На тој начин, отпадот од виновата лоза и гранките од овошки, односно био маса, би се согорувал и претварал во топлинска енергија. За таа цел, беше претставен прото-тип на машина за рециклирање на отпадот кој би се собирал од земјоделските површини, истиот се складира во контејнери, се гори во индустриски печки и се добива топлинска енергија, а подоцна има можност и за електрична енергија. Свои излагања на презентацијата имаа експерти од оваа област, а со свои прашања и дискусии се вклучија и заинтересираните присутни на настанот. | ||
Министерство за правда | https://bit.ly/3m38tTf | Известување за почеток на процесот за подготовка на Предлог Закон за вештачење | Цел на законот е да се пристапи кон ревидирање на системот на судско вештачење преку донесување на законски измени | ||
Влада на РСМ | https://bit.ly/3kKX0rZ | Владата ќе ја одржи редовната 108-ма седница | На дневниот ред на седницата се и Предлог на Националната стратегија за развој на социјалните претпријатија во Република Северна Македонија (2021-2027) и Акцискиот план 2021-2023 за спроведување на оваа стратегија, како и Предлог на Стратегијата за промовирање и развој на волонтерството (2021-2025). | ||
Охрид | https://bit.ly/3o9UopI | Покана за почетна конференција за креирање на Стратегија за млади на Општина Охрид | Со цел успешно утврдување на потребите и барањата на младите луѓе предвидено е спроведување на анкета на примерок од 110 испитаници- млади лица на возраст од 15 до 29 години и анализа на добиените резултати. Резултатите на анкетното истражување треба да бидат составен дел од Локалната младинска стратегија и заклучоците треба да соодветствуваат со добиените резултати од анкетата. Со особено задоволство Ве покануваме да присуствувате на настанот кој треба да биде основа за изработка на овој стретешки документ на општина Охрид. Настанот ќе се оддржи на ден 28.09.2021 година, со почеток во 12 часот во големата сала на Советот на општина Охрид, со почитување на протоколите за заштита од Ковид 19. | ||
Министерство за животна средина и просторно планирање | https://bit.ly/3ogcA12 | Одговор на претставка од анономни граѓани | Одговор од страна на МЖСПП по однос на преставка од група граѓани од општина Радовиш, во кој се дадени насоки за следни чекори, за надлежни органи за постапување за посочените проблеми. | ||
Гевгелија | https://bit.ly/3kLqGoH | 66 седница на Совет: Донесени нови Урбанистички планови | Одлука за донесување Конечен Предлог-измена и дополнување на ДУП за дел од Блок, 10.2, ОГ, плански период 2020-2025; УП за село Прдејци, ОГ, Блок 4, плански период 2018-2028 и ДУП за Блок 11 (11.2) КО Гевгелија и КО Мрзенци, ОГ, плански период 2019-2024 година; Иницијативата за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за КП бр. 642, КП бр. 641/1, дел од КП бр. 641/2, КП бр. 643, КП бр. 629/1, КП бр. 629/2 и дел од КП бр. 633, КО Моин, ОГ, со цел изградба на објекти, односно формирање градежна парцела со соодветна површина за градење по сите параметри. | ||
Гевгелија | https://bit.ly/3CRE68R | ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија со обука на тема: „Зелена инфраструктура” | Во рамките на проектот AQUA-M – II – „Одржливо управување на водните ресурси во прекуграничниот регион“, во ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија се одржа обука на тема: „Зелена инфраструктура“. На обуката беше презентиран проектот и неговите активности, а, исто така, беше презентирана и набавената опрема во рамките на проектот од страна на ЈПКД „Комуналец“ наменета за потребите на Прочистителната станица во Гевгелија. Промовирана беше и брошурата „Вода, пестициди и нивната правилна употреба“, подготвена од страна на партнерите во проектот. Присутните на обуката имаа можност да се запознаат со значењето на Зелена инфраструктура – одржлива мерка за борба против ефектите и спречување на ризиците поврзани со климатските промени. | ||
Делчево | https://bit.ly/3CTa1pI | Мислење по Финален Извештај за стратегиска оцена на животната средина | Објавено е позитивно мислење од МЖСПП по однос на Нацрт Извештај за СОЖС за ЛУПД со класа на намена Е3, некомпатибилна инфраструктура за изградба на пречистителна станица. | ||
ЕНЕР | https://bit.ly/3zLlBB7 | Известување за почеток на процесот за подготовка на Закон за контрола на индустриски емисии | Надлежен орган е МЖСПП, временска рамка во која треба да се изготви овој закон е 24.09.2021 – 29.10.2021. Цел на овој закон е спречување, намалување и колку што е можно спречување на загадувањето кое е предизвикано или кое може да настане од спроведување на индустриски активности во согласност со начелото ‘загадувачот плаќа’, како и начелото „спречување на загадувањето“. | ||
ЕНЕР | https://bit.ly/2Zyigc9 | Известување за почеток на процесот за подготовка на Предлог на закон за вештачење | Надлежен орган е Министерство за правда, временска рамка во која треба да се изготви овој закон е 24.09.2021 – 31.12.2021. Целта произлегува од Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (2017-2022) и нејзиниот Акциски план каде што е наведено дека системот на судско вештачење во голема мера влијае врз ефикасноста и на квалитетот на судските постапки. Поради големиот број упатени критики за актуелниот закон, потребно е да се пристапи кон ревидирање на системот на судско вештачење преку донесување на законски измени. |
Irina Glavinceska
0