Events

Monitoring table 05/10/2021
Табела со информации за следење
Во продолжение е табелата со најнови информации за процедури и постапки од областа на животна средина објавени од институции и локална самоуправа.
Институција | УРЛ | Наслов | Опис | Забелешка | |
---|---|---|---|---|---|
Министерство за финансии | https://bit.ly/3DeHmLK | Бесими: Зелената и дигитална трансформација во фокусот за иден развој, нови инструменти и фондови во Планот за забрзување на растот | Информација за зелените обврзници како нов финансиски инструмент за поттикнување и поддршка на проекти што ја поддржуваат „Зелената агенда“ и зелената транзиција, преку проекти за унапредување на животната средина, подобрување на енергетската ефикасност; намалување на загадувањето, систем за интегрирано управувањето со отпадот; поддршка на одржливо земјоделство, риболов и шумарство, заштита на водните и копнените екосистеми, обезбедување чист транспорт и одржливо управување со водите и др. Ќе се формира и Фонд за енергетска ефикасност, во рамки на Банката за развој на Северна Македонија, а средствата меѓу другото ќе бидат наменети за идни енергетски ефикасни инвестиции, како и финансирање на инвестициите во енергетска ефикасност и обновлива енергија во јавните згради. | ||
Претседател на РСМ | https://bit.ly/3uJ5cMw | Објавен Јавниот повик за признанието „Успешни млади“ за 2020 година | Јавниот повик за доставување пријави за признанието „Успешни млади“ за 2020 година е отворен од денеска и ќе трае до 1 ноември 2021 година. Признанието е поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите, за резултати постигнати во текот на 2020 година, во следните осум категории. | ||
Свети Николе | https://bit.ly/3DcH9Zv | Одлука за неспроведување на стратегиска оцена | На веб страната објавени се одлука и формулар за неспроведување на стратегиска оцена за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на фотоволтаична електрана на КП 1111/2, КО Свети Николе – вгр, Општина Свети Николе | ||
Свети Николе | https://bit.ly/3uG5yUr | Одлука за неспроведување на стратегиска оцена | На веб страната објавени се одлука и формулар за неспроведување на стратегиска оцена за Детален Урбанистички план за дел од УЕ 5, дел од Блок 23, плански опфат 23.3 од ГУП за град Свети Николе, КО Свети Николе, Општина Свети Николе | ||
Свети Николе | https://bit.ly/3aacIa6 | Одлука за неспроведување на стратегиска оцена | На веб страната објавени се одлука и формулар за неспроведување на стратегиска оцена за ДУП за дел од УЕ 4, Блок 12, плански опфат 12.3, КО Свети Николе, Општина Свети Николе | ||
Струмица | https://bit.ly/2Ylq9kQ | Јавна расправа за проектот Изградба на државен пат Струмица – Валандово | Јавна расправа за проектот Изградба на државен пат Струмица – Валандово – спој со А1 делница 2,3 и 4 – нова траса во општина Валандово и во општина Струмица, од Министерството за животна средина и просторно планирање, ќе се одржи на 07.10.2021 година со почеток во 14:00 часот во Салата на Советот во Дом на АРМ во Струмица. Студијата е објавена на веб страната на Општина Струмица и на веб страната на Министерството за животна средина и просторно планирање | ||
Заменик на претстедателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции | https://bit.ly/3Bf6Nfx | Вицепремиерот Битиќи на конференција за „Забрзување на финансирањето на зелени проекти“ – Посветени сме на реализација на „Зелената агенда“, за проекти за подобар живот на сите граѓани | Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, се обрати на отворањето на конференцијата „Забрзување на финансирањето на зелени проекти: Претставување на инструментот за Зелено финансирање“, на кој учествуваат и заменикот помошник генерален секретар на Организацијата на Обединети Нации и претседавач на Управувачкиот комитет на „Заедничкиот фонд за цели за одржлив развој, министерот за финансии, министерот за животна средина и просторно планирање, Постојаната координаторка на ОН агенциите во Северна Македонија, Постојаната претставничка на УНДП во Северна Македонија, Директорката на финансиските институции за Западен Балкан и Источна Европа на Европската банка за обнова и развој и други експерти од областа на заштита на животната средина и развојни „зелени“ проекти. | ||
Министерство за животна средина и просторно планирање | https://bit.ly/3oB2Xdk | Зелен фонд за зелени инвeстиции | Денес, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, се обрати на промоција на воведувањето на Зелениот финансиски фонд. Заедничкиот проект „Зелен финансиски фонд за подобрување на квалитетот на воздухот и борба против климатските промени во Северна Македонија“, (кој во моментов е во завршна фаза на подготовка), се очекува да биде во вредност од приближно 36,3 милиони американски долари и ќе се спроведе од тим на агенции на Обединети Нации – УНДП, ИОМ и УНЕЦЕ – во партнерство со ЕБОР. | ||
Министерство за животна средина и просторно планирање | https://bit.ly/3iBbcCu | Нашиот пат е современо и европско управување со отпадот и здрава животна средина | Претседателот на Владата на Северна Македонија, Зоран Заев и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, денеска одржаа заедничка прес-конференција на тема новите закони за управување со отпад. Законите се целосно усогласени со пропишаниете стандарди на Европската Унија и со нивна примена не само што ќе се подобри заштитата на животна средина и здравјето на луѓето, туку ќе се имплементираат и принципите на циркуларната економија. Законската рамка и Националниот план за управување со отпад 2021-2031 детално го уредуваат собирањето, транспортот, селектирањето, рециклирањето на отпадот, како и неговиот третман и искористување, но и одговорностите на сите чинители вклучувајќи ги и единиците на локална самоуправа. | ||
Министерство за животна средина и просторно планирање | https://bit.ly/3FdsoYp | Одговор на претставка на подносителот Ефтим Стоилов | Одговор по однос на преставка поднесена од граѓанин во врска со пријава за злоупотреба, односно крадење на државен имот – песо од речно корито на реката Вардар во село Пепелиште, Општинна Неготино | ||
Министерство за животна средина и просторно планирање | https://bit.ly/3muyb3j | Со формализирање на работата на собирачите на секундарни суровини придонесуваме за почиста животна средина | „РЕДИ Рециклажа“, е социјално претпријатие чија основна дејност е формализирање и организирање на собирачите на секундарни суровини, преку воспоставување соодветен систем за примарна селекција на отпад. Формирањето на социјални претпријатија на неформални собирачи на секундарни суровини, како што е РЕДИРЕЦИКЛАЖА е вистински начин неформалните собирачи да се организираат, да влезат во формалниот систем за управување со отпад и да добијат пристојна работа. | ||
Министерство за животна средина и просторно планирање | https://bit.ly/2YlWE23 | Предлог на Одлука за прогласување на дел од Малешево за заштитено подрачје во категорија V – Заштитен предел | Со оваа одлука се прогласува дел од Малешево за заштитено подрачје во категорија V – заштитен предел, заради разновидноста и богатството на биодиверзитетот, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики, пејзажните, пределните и други вредности и природни убавини. Називот на заштитеното подрачје е „Заштитен предел – Малешево“, Категорија V – Заштитен предел. | ||
Министерство за животна средина и просторно планирање | https://bit.ly/3Aguh2G | Нови закони од областа на управување со отпад | На веб страната на МЖСПП објавени се следните закони: ЗАКОН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПАКУВАЊЕ И ОТПАД ОД ПАКУВАЊЕ, ЗАКОН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ДОПОЛНИТЕЛНИ ТЕКОВИ НА ОТПАД, ЗАКОН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАДОТ, ЗАКОН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЕЛЕКТРИЧНА И ЕЛЕКТРОНСКА ОПРЕМА И ОТПАДНА ЕЛЕКТРИЧНА И ЕЛЕКТРОНСКА ОПРЕМА, ЗАКОН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БАТЕРИИ И АКУМУЛАТОРИ И ОТПАДНИ БАТЕРИИ И АКУМУЛАТОРИ, ЗАКОН ЗА ПРОШИРЕНА ОДГОВОРНОСТ_НА ПРОИЗВОДИТЕЛОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПОСЕБНИТЕ ТЕКОВИ НА ОТПАД | ||
Кочани | https://bit.ly/3a5FEQm | Извештај за СОЖС за изменување и дополнување на урбанистички план вон населено место за стопански комплекс за откуп, примарна и финална обработка на земјоделски производи, М.В. Ќерамидница, КО Кочани за блок бр.1. Општина Кочани | Објавен е извештај за СОЖС. Не се дадени дополнителни информации. | ||
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство | https://bit.ly/3BpiP64 | Нацрт – Стратешки план за развој на земјоделските задруги (2022-2028) | Во рок од 7 дена сите релевантни чинители и засегнати страни може да достават свои забелешки и коментари на слениве маил адреси: stojan.gacov@mzsv.gov.mk; elena.novacka@mzsv.gov.mk; aleksandar.mitrevski@mzsv.gov.mk; a.g@mzsv.gov.mk | ||
Виница | https://bit.ly/3D4IHou | Соопштение за јавен увид за Урбанистички проект вон опфат | Објавен е графички/синтезен дел од Урбанистичкиот проект, Анкетен лист и Соопштение за Јавен увид, кој че трае од 04.10-18.10, во рок во кој може да бидат досатвени коментари од засегнатат јавност. | ||
Виница | https://bit.ly/3FjUTn1 | Соопштение за јавен увид за Урбанистички проект вон опфат на Урбанистички план за фотоволтаични електрани, на КП 4791, КП 4790, КП 4787, КП 4788, КП 4789, дел од КП 4636, дел од КП 6979 и дел од КП 4957, КO Блатец, Општина Виница | Објавен е графички/синтезен дел од Урбанистичкиот проект, Анкетен лист и Соопштение за Јавен увид, кој че трае од 04.10-18.10, во рок во кој може да бидат досатвени коментари од засегнатат јавност. | ||
Демир Капија | https://bit.ly/3izayFs | Соопштение за организирање на јавен увид на Урбанистички проект вон опфат на Урбанистички план со намена Е1.13 – фотоволтични електрани, КП бр. 1148/1, КО Бистренци, Општина Демир Капија | Објавен е графички/синтезен дел од Урбанистичкиот проект, Анкетен лист и Соопштение за Јавен увид, кој ќе трае до 19.10, во рок во кој може да бидат досатвени коментари од засегнатат јавност. | ||
Дојран | https://bit.ly/3ldLOnK | Урбанистички документ за Г.П1.4 К.О Стар Дојран и Потврда за заверка на AUP Марјан Тунев | Објавен е проктот и потврда за заверка односно за поднесување на проектот преку е-урбанизам |
Irina Glavinceska
0