Events

Monitoring table 15/10/2021
Табела со инфромации за следење
Во продолжение е табелата со најнови инфромации за процедури и постапки од областа на животна средина објавени од институции и локална самоуправа.
Институција | УРЛ | Наслов | Опис | Забелешка | |
---|---|---|---|---|---|
Велес | https://bit.ly/3FPW11Z | Урбанистички проект за градежно земјиште со намена Г2.2 – Лесна фармацевтска индустрија и производство на храна, безалкохолни пијалоци, тутун | Проектниот опфат е лоциран североисточно од Општина Велес, на КП бр. 1516/12 и КП бр. 1537/2. Проектниот опфат претставува градежно земјиште со намена Г2.2 –Лесна фармацевтска индустрија и производство на храна, безалкохолни пијалоци, тутун и други, во место викано Кумсол, КО Мамутчево. Во рамки на проектниот опфат не постои изграден градежен фонд. Површината на проектниот опфат изнесува 21052 м2, формиран од КП бр. 1516/12 и КП бр. 1537/2. | Не се дадени информации за јавен увид, јавна анкета и презентација. Не се дадени информации за СОЖС постапката | |
Велес | https://bit.ly/3DDIUPE | Постапка за прибирање на предлози за креирање на програмите на Општина Велес за 2022 година од месни и урбани заедници | Во тек е постапката на прибирање идеи, предлози, проекти, сугестии за креирање на програмата за уредување на градежно земјиште на просторот на Општина Велес за идната, 2022 година, поднесени од страна на претставници на месни и урбани заедници. Сите детали и начинот на поднесување на Вашите идеи, предлози, сугестии во врска со горенаведеното можете да ги прочитате во прикаченото Соопштение (подолу во објавата). По завршување на рокот за прибирање предлози ќе се изготват нацрт-програми што ќе бидат на увид на граѓаните и по кои ќе се водат јавни расправи пред тие да станат официјален документ за работа на општината за 2022 година. | ||
Гевгелија | https://bit.ly/3j54UuR | Измена и дополнување на Урбанистички План за село Прдејци, општина Гевгелија, Блок 4, општина Гевгелија | Целокупниот плански документ е објавен на веб страната | Не се дадени информации за јавен увид, јавна анкета и презентација. Не се дадени информации за СОЖС постапката | |
Гевгелија | https://bit.ly/3lIwIHh | Детален Урбанистички План за Блок 11 (11.2), КО Гевгелија и КО Мрзенци, општина Гевгелија, конечен предлог план, | Целокупниот плански документ е објавен на веб страната | Не се дадени информации за јавен увид, јавна анкета и презентација. Не се дадени информации за СОЖС постапката | |
Гевгелија | https://bit.ly/30oKYN7 | Одлука за неспроведување на стратегиска оценка за планскиот документ Детален Урбанистички План за Блок 15.1 и Блок 15.2, општина Гевгелија | Одлуката и формуларот за неспроведување на СОЖС, на веб страната треба да стојат 15 работни дена. Во тој рок заинтересираната јавност и МЖСПП можат да дадат коментари. | ||
Ѓорче Петров | https://bit.ly/3vfC0x8 | Да го направиме греењето и ладењето за европските потрошувачи ефикасно, енергетски отпорно, чисто и климатски прифатливо | Општина Ѓорче Петров ги пoвикува сите заинтересирани граѓани, заедници на сопственици и управители на згради да се пријават и да бидат дел од кампањата за обележување на одржливи системи за греење. Кампањата „Обележување на 100% одржлив систем за греење“ има за цел да ги мапира објектите кои веќе имаат инсталиран систем за греење на обновливи извори на енергија и истите да бидат добар пример и поттик сѐ повеќе корисници да се насочат кон одржливо греење. На сопствениците на ваквите системи ќе им биде доделен зелен сертификат во облик на стикер кој претставува признание за користење на одржливи технологиии за греење и ладење од обновливи извори на енергии. | ||
Гостивар | https://bit.ly/3DMm603 | Решение за одобрување на Урбанистички проект | Се одобрува Урбанистичкиот проект за изработка на Урбанистички Проект за парцелизирано градежно земјиште, за градежна парцела – В.26.01 од ДУП за дел од Блок 26 – Гостивар, Општина Гостивар (со намена Б2-големи единици за трговија). | ||
Градско | https://bit.ly/3p5sDiv | Урбанистички проект со план за парцелација за формирање на повеќе градежни парцели | Урбанистички проект со план за парцелација за формирање на повеќе градежни парцели на КП 794/1 во КО Водоврати со класа на намена Г3 (поединечна намена Г3.7 – електрани на биогориво) | ||
ЕНЕР | https://bit.ly/30vvsiE | Урбанистички проект со план за парцелација за формирање на повеќе градежни парцели | Урбанистички проект со план за парцелација за формирање на повеќе градежни парцели на КП 794/1 во КО Водоврати со класа на намена Г3 (поединечна намена Г3.7 – електрани на биогориво) | ||
ЕНЕР | https://bit.ly/3j4RrmQ | Известување за почеток на процесот за подготовка на предлогот на закон за изменување и дополнување на законот за странци | Дадени се целите на предлог законот, надлежниот орган за изработка и имплементација на законот, временска рамка за изготвување на законот, начин на вклучување на јавноста и контакт лице за доставување на коментари | ||
Карпош | https://bit.ly/3FOM4lB | Известување за почеток на процесот за подготовка на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за финансиските друштва | Дадени се целите на предлог законот, надлежниот орган за изработка и имплементација на законот, временска рамка за изготвување на законот, начин на вклучување на јавноста и контакт лице за доставување на коментари | ||
Карпош | https://bit.ly/3AJO7n6 | Со ДУП-от ССИ 03, за Карпош само зеленило | На 63. вонредна седница советниците од Карпош расправаа по Предлог – Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за Градската четврт ССИ 03, Блок 03.07 која ги опфаќа општините Бутел и Карпош. Урбанистичкиот план кој го опфаќа планираниот простор во општина Бутел е предвиден за намена А1 и А2 – домување (домување во станбени згради), Б2 – (големи трговски единици), Г2 – (лесна и незагадувачка индустрија), Г3 – (сервиси), Д1 – (парковско зеленило), Е1 – (сообраќајници) и Е2 – (комунална супраструктура). Дел од ДУП-от кој регулира и мала површина од општина Карпош, има единствена намена Д2 – (парковско зеленило). | ||
Крива Паланка | https://bit.ly/2XfsvBz | ЈАВЕН ПОВИК за сите заинтересирани граѓани, заедници на сопственици и управители на згради да се пријават и да бидат дел од кампањата за обележување на одржливи системи за греење | Пријавата за сите заинтересирани граѓани се наоѓа на линкот | ||
Крушево | https://bit.ly/2YVOwWQ | Презентиран проектот за изградба на ветерна електрана на потегот Куманово-Старо Нагоричане-Крива Паланка | Презентиран проектот за изградба на 415-мегаватна ветерна електрана на потегот Куманово-Старо Нагоричане-Крива Паланка, во вредност од околу 500 милиони евра, кој ќе го гради германската компанија ВПД во стратешко партнерство со македонската влада. Станува збор за проектот „Вирови“, со кој на потегот од Куманово до Крива Паланка ќе се изградат 69 ветерни турбини со што ќе се овозможи годишно намалување од 310.000 тони јаглерод диоксид. Претставниците од компанијата истакнаа дека во секоја фаза од реализацијата на проектот, кој е предвидено да се имплементира во период од шест години, ќе биде вклучена јавноста со своите предлози и прашања со цел да се изгради доверба со локалната заедница, со оглед дека станува збор за долгорочна инвестиција регулирана со Договор за стратешко партнерство меѓу македонската влада и ВПД на 45 години. | ||
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство | https://bit.ly/3BLBpps | Дадете коментар за проектот за реконструкција и доградба на дел од ул. Питу Гули | Проектот за поврзување на локални патишта, под-проект „Реконструкција и доградба на постоечка улица Питу Гули – град Крушево“ предвидува механизам за собирање на коментари и поплаки во однос на имплементацијата на наведениот проект. Оваа можност е достапна на официјалната интернет страница на општина Крушево веќе неколку месеци, а истата е достапна од денес – 05.10.2021 – во општина Крушево. Се повикуваат сите граѓани да ги посетат општинските простории и да го пополнат образецот со свои коментари. Истиот се пополнува анонимно, а општината и Министерството за транспорт и врски како имплементатори ќе ги земат во предвид сите пополнети обрасци. | ||
Штип | https://bit.ly/2XdWwl5 | МЗШВ организира јавна расправа за Нацрт – Стратешки план за развој на земјоделските задруги (2022-2028) | Јавната расправа ќе се одржи на 19 октомври (вторник) со почеток во 10:00 часот во големата сала на МЗШВ. Нацрт – Стратешки план за развој на земјоделските задруги (2022-2028) е обезбеден преку проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“, кој финансиски поддржан од Европската унија, а имплементиран од страна на CARE International и Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП). Визијата на стратегијата е да се создаде подобра иднина во која земјоделските задруги ќе можат да ги подобрат своите економски резултати и да го засилат своето социјално влијание без да го зголемат својот еколошки отпечаток.Ова ќе се постигне со одделување на економскиот раст од еколошкото влијание и негово поврзување со социјалното влијание.Иновациите и технологијата ќе играат клучна улога за постигнување на целите на стратегијата. | Урбанистичкиот проект не е објавен на веб страната. Не е објавено соопштение за јавна презентација и информации за постапка за СОЖС | |
Шуто Оризари | https://bit.ly/3lIQkLl | Јавен увид на урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за фотоволтажна плантажа на КП 304 и 306, КО Долани | На веб страната е објавено соопштение за јавен увид кој ќе трае од 13.10-02.11.2021. Заинтересираната јавност преку пополнување на анкетни листови може да даде свои коментари. | ||
Шуто Оризари | https://bit.ly/3lIQkLl | Решение за одобрување на Планска програма за Градска четврт C.07 | Објавено е решение за одобрување на Планска програма за изработка на ДУП за Градска четврт С.07 во општина Шуто Оризари | ||
Шуто Оризари | https://bit.ly/3lEv5u9 | Решение за одобрување на Планска програма за Градска четврт C.05 | Објавено е решение за одобрување на Планска програма за изработка на ДУП за Градска четврт С.05 во општина Шуто Оризари | ||
Шуто Оризари | https://bit.ly/3j4HSEz | Решение за одобрување на Планска програма за Градска четврт C.04 | Објавено е решение за одобрување на Планска програма за изработка на ДУП за Градска четврт С.04 во општина Шуто Оризари | ||
Ново Село | https://bit.ly/3vd1wmK | Соопштение до јавноста за нов надземен вод 10(20) Kv заедно со нова столбна бетонска трафостаница 10(20) 0,4 Kv „ОТКЛОН ЕКО ЕНЕРЏИ КОСМОС“ на дел од КП 4511, дел од КП 5578 и дел од КП 4505 КО СУШИЦА, Општина Ново Село | Јавниот увид ќе трае 15 (петнаест) дена, сметано во деновите од 07.10.2021 до 21.10.2021год. Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења во електронака форма преку информациски систем е-урбанизам. | Не е објавен урбаниситичкиот проект, не се дадени информации за јавна расправа и информациии за спроедување или неспроведување на СОЖС постапка | |
Министерство за правда | https://bit.ly/3BMdPZx | Јавен повик – За јавна консултација | Јавна консултација за Нацрт – план на активности за ажурирање на податоците кои се клучни за опсервациите дадени во Извештајот од прегледот спроведен од Црна Гора и Република Молдавија за имплементација на членовите 5-14 и 51-59 од Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата за циклусот на преглед 2016-2021 година и за надминување на предизвиците идентификувани во рамки на вториот циклус на преглед на имплементацијата на Конвенцијата, 2021-2024 година. Се повикуваат сите заинтересирани граѓани и граѓански организации и други здруженија, како стопански и професионални асоцијации, да достават коментари по однос на нацрт-планот и да го пријават својот интерес да учествуваат во предвидените мерки и активности. Коментарите за учество доставете ги најдоцна до 25.10.2021 година, на следната адреса за е-пошта: mpsorabotka@mjustice.gov.mk. Пријава на интерес за учество во мерки и активности може да доставите и по горенаведениот рок, на истата адреса, со тоа што ќе ги имате предвид предвидените рокови | Линкот кој е нацеден за превземање на Нацрт Планот не се отвара | |
Министерство за финансии | https://bit.ly/3aHOkNk | МФ подготвува нова „Програма за реформа во управувањето со јавните финансии 2022-2025“, приоритет унапредување на внатрешната ревизија | Владата на Република Северна Македонија е посветена на спроведувањето реформи во управувањето со јавните финансии. За таа цел беше донесена „Програмата за реформа во управувањето со јавни финансии 2018-2021“, во чии рамки еден од приоритетите е внатрешната контрола. Унапредувањето на внатрешната ревизија и внатрешната контрола останува приоритет и во новата „Програма за реформа во управувањето со јавните финансии 2022-2025“ за која се почнати активности во Министерството за финансии. | ||
Влада на РСМ | https://bit.ly/3BZ1qln | Со поддршка на УСАИД, Северна Македонија е прва во регионот според реформи во енергетскиот сектор | Министерот за економија се обрати на завршниот настан на Проектот на УСАИД за развој на регионални пазари на енергија кој денеска се одржа во Скопје. Со реализацијата на овој Проект успеавме за неполни 6 месеци да го донесеме новиот Закон за енергетика во целост усогласен со Третиот енергетски пакет на ЕУ и Директивата за промоција на обновливите извори на енергија. Министерството за економија и тимот на Проектот посветено работеше и даде огромен придонес во текот на консултациите со јавноста и сите релевантни засегнати страни, како и во текот на консултациите кои беа правени со Секретаријатот на Енергетската заедница, се со цел да добиеме квалитетен и сеопфатен Закон. | ||
Влада на РСМ | https://bit.ly/2YRbSwe | Успешно спроведување на новиот концепт на отпадот бара доследна селекција, рециклирање, реупотреба и преработка пред негово депонирање | И Тетово се приклучува на градовите кои имаат повратни вендинг машини од кадешто амбалажниот отпад, низ процесот на рециклирање ќе може да се искористи како секундарна суровина и ќе добие нова употребна вредност. Првата повратна вендинг машина на Пакомак на територијата на Општина Тетово, која е поставена во Веро Супермаркети. Со овие машини секој граѓанин може да го одложи отпадот и додека пазарува и лесно се применува системот на кауција, со што се стимулира поеколошко пакување и задолжителен поврат на амбалажата, а граѓаните добиваат финансиски поттик за одговорното однесување | ||
Влада на РСМ | https://bit.ly/3FLpoCV | Владините политики ја донесоа највредната странска инвестиција од 500 милиони евра и 69 ветерници зелена енергија | Германската компанија WPD, ќе гради 415 мегаватна ветерна електрана на потегот Куманово – Старо Нагоричане – Ранковце- Крива Паланка, во вредност од околу 500 милиони евра. Премиерот Зоран Заев, на прес-конференцијата во присуство на амбасадорката на Германија Анке Холштајн, како и претставници на менаџментот на компанијата, истакна дека ова не е само најголемата германска инвестиција во земјава, тука ова е најголемата директна гринфилд инвестиција во македонската економија, воопшто, од независноста до денес. | ||
Охрид | https://bit.ly/3vfzgj9 | Идејни решенија за уредување на плажите на Охридското Езеро | Врз oснова на Јавниот Повик за прибирање на идејни решенија за уредување на плажите на Охридското Езеро кој беше објавен на 30.08.2021 година, до Општина Охрид пристигнаа две идејни решенија согласно условите на повикот. На линкот се дадени фотографии од идејните решенија. Граѓаните можат да направат увид на комплетната документација на идејните решенија во Општина Охрид со претходна најава на горенаведената електронска адреса, секој работен ден од 15.10.2021 до 21.10.2021 од 08 до 11 часот. | ||
СЕП | https://bit.ly/3FMtVVv | Националната програма за усвојување на правото на (НПАА) ЕУ 2021-2025 | Владата ја усвои Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА) 2021-2025 како клучен стратешки документ на Северна Македонија за насочување на процесот на европска интеграција. НПАА ги дефинира приоритетите, стратегиите, динамиката и потребните ресурси за усогласување на националното законодавство со европското право, како и активностите за прилагодување на националните институции кон европските административни структури. Клучната цел на НПАА е да ја исцрта националната траекторија до нашето членство во Европската Унија, рефлектирајќи ја со тоа политичката заложба и одлучност за длабоки реформи. | ||
Струмица | https://bit.ly/3p5aotr | Одлука за организирање на втора јавна анкета, јавна презентација, решение за комисија, соопштение | “Втората јавна анкета ќе трае од 27.10.2021 год. до 05.11.2021 год. Јавната презентација ќе се одржи во просториите на Дом на АРМ Струмица, на ден 27.10.2021 година во 11:00 часот. Заинтересираните физички и правни лица можат на анкетни листови да достават забелешки и предлози по Нацрт планот, во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма. “ | ||
Министерство за животна средина и просторно планирање | https://bit.ly/3j4EedW | Успешно спроведување на новиот концепт на отпадот бара доследна селекција, рециклирање, реупотреба и преработка пред негово депонирање | Најави поставување на вендинг машини и во другите градови во државата Нуредини посочи дека во претстојниот период ќе се постават до 50 собирни садови за селекција на отпадот во државните институции, со цел органите на власта и државни службеници да бидат пример како соодветно се имплементираат новите закони и како правилно се одложува отпадот. | ||
Министерство за животна средина и просторно планирање | https://bit.ly/3DG9A2g | Обединетото Кралство ја поддржува Северна Македонија во остварување на амбициозните национални климатски цели | Министерката Мортон ја потврди поддршката на Британската Влада за постигнување на амбициозните цели дефинирани во ревидираниот Национално Утврден Придонес кон Договорот од Париз. Во дискусијата особено беше наглесена потребата од вклучување на сите засегнати страни и пошироката јавност како единствен начин за постигнување на поставените таргети. Исто така акцентирана беше и важноста на едукацијата, подигањето на јавната свест и промената на навиките во однос на животната средина. | ||
Министерство за животна средина и просторно планирање | https://bit.ly/3veE2xu | Со спроведените правни реформи обезбедуваме подобра правна и судска заштита на животната средина | Во своето обраќање министерот Нуредини зборуваше за правната реформа од областа на заштитата на животната средина која Министерство за животна средина и просторно планирање интензивно ја спроведуваше во изминатиот период. Подоследна примена на начелото „загадувачот плаќа“ како основен принцип врз кој се темелат законите во животната средина, потоа пакетот на закони со кој се регулира управувањето со отпадот, циркуларната економија како важен дел од напорите за модернизирање на економијата, дополнително унапредување на законите за квалитет на амбиентален воздух, но и процесите за заштита на природата и зголемување на површината на заштитени подрачја на ниво на државата беа основните теми. | ||
Министерство за животна средина и просторно планирање | https://bit.ly/3lIOPwT | Регионалната соработка ќе го олесни одржливото управување со отпадот | Се разговараше за предизвиците во управувањето со отпадот и потребата за соработка на регионално ниво за развој на преработувачките и рециклирачки гранки во управувањето со отпадот, како и иновативните пристапи во користењето на секундарните суровини, како и придобивките на економијата од обем и размената на знаења и добра пракса. Сесијата фокусирана на оваа тема беше затворена со усвојување на Заедничка изјава за соработка во одржливото управување со отпадот во ЦЕИ регионот. Се разгвараше за посветена на управувањето и заштитата на водите, а посебно односите помеѓу земјите кои делат прекугранични водни тела, промоцијата на одржливиот развој и градењето на отпорност на општествата и животната средина. | ||
Министерство за животна средина и просторно планирање | https://bit.ly/3mXZUt7 | Потребен е интегриран пристап во менаџирањето со водните тела – природата не познава политички граници | Втората сесија од Министерскиот состанок за животна средина на Централната Европска Иницијатива во Триесте беше отворена за јавноста во рамките на Барколана самитoт и посветена на управувањето и заштитата на водите, а посебно односите помеѓу земјите кои делат прекугранични водни тела, промоцијата на одржливиот развој и градењето на отпорност на општествата и животната средина. Министерот во своето обраќање на панелот ги сподели предизвиците во управувањето со трите речни сливови и трите природни езера кои РСМ ги дели со своите соседи. Тој се осврна посебно на последните развои во соработката во рамките на Преспа парк договорот и ја истакна потребата за интегриран пристап во менаџирањето со сите водни тела, бидејќи природата не познава политички граници. |
Irina Glavinceska
0