News

Милиеуконтакт Македонија во рамките на концептот на ФООМ „Зелен Скок – партнерства за климатска акција“ спроведува анализа на потребите и капацитетите на здруженијата на граѓани и граѓански иницијативи на теми поврзани со животната средина и нивно учество во процесите и донесување одлуки на национално и локално ниво. Анализата има за цел да ја оцени постоечката состојба на здруженијата и да даде проценка на потребата за јакнење на нивните капацитети. Ќе Ви бидеме благодарни доколку одвоите 20 минути од Вашето време и одговорите на прашањата на врската подолу најдоцна до 5 Ноември 2021.
Вашите искуства и одговори ќе ни помогнат да ги конципираме темите за обуки што ќе ги спроведеме врз основа на резултатите од анализата.
Циклусот на обуки ќе се реализира во Ноември и Декември 2021, виртуелно.
Обуките се бесплатни за сите заинтересирани здруженија и нивните членови.
На крајот на циклусот, учесниците ќе добијат потврда за учество на обуките.
.