News

Monitoring Table 16/11/2021
Табела со информации за следење
Во продолжение е табелата со најнови инфромации за процедури и постапки од областа на животна средина објавени од институции и локална самоуправа.
Институција | УРЛ | Наслов | Опис | Забелешка | |
---|---|---|---|---|---|
Министерство за локална самоуправа | https://bit.ly/3wPkfp4 | Отпочнување на кампања за собирање проектни идеи кои ќе бидат имплементирани во рамките на Интегрираната територијална стратегија | “Кампањата е во рамки на Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2021-2027 година, чија имплементација ќе се заснова на Интегрирана територијална стратегија (ИТС) на регионот на прекугранична соработка. Стратегијата има за цел да ги поддржи идеите на локалните претприемачи, институции и организации за интегриран развој на територијата, земајќи ги предвид заедничките предизвици со кои се соочуваат двете страни на границата, преку: (1) Зголемување на конкурентноста и подобрување на деловното опкружување и (2) Надминување на сезонската туристичка индустрија. Работилниците во Република Северна Македонија ќе се одржат онлаин, на 22, 24 и 25 Ноември 2021 година, со почеток во 13:00 часот, а домаќини ќе бидат Министерството за локална самоуправа и Заедничкиот технички секретаријат – ИПА БГ-МК – Антена Струмица. Учесниците кои сакаат да учествуваат на работилниците на територијата на Република Северна Македонија треба да испратат е-пошта на Consultations_ITS21@hotmail.com, најдоцна 2 дена пред закажаниот состанок. Ве молиме, накратко презентирајте ја вашата проектна идеја со одговор на четири кратки прашања, со кликање на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSd1S9v-o5RE2ZWGxVPkFxx0IhDnu2FoecVIKDB3Sgxo1xE6tA/viewform . Крајниот рок за достава на прашалникот е 10 Декември 2021 година. | ||
Агенција за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер | https://bit.ly/3nj0YJy | Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер и Здружението за одржлив развој„Милиеуконтакт Македонија“, Архус Центар, Скопје | Со овој Меморандум се воспоставува долгорочна соработка помеѓу Агенцијата и Здружението за промовирање на начелата и одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Конвенцијата за пристап до информации и учество на јавноста во одлучувањето и пристап до правда за прашања поврзани со животната средина (Архуска Конвенција). Со потпишувањето на овој Меморандум, страните ја изразуваат подготвеноста за соработка на полето на слободниот пристап до информации од јавен карактер, подигнување на јавната свест за правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, зголемување на транспарентноста на имателите на информациии во областа на животната средина, како и организирање на едукативни настани за иплементирање на одредбите од Законот за СПИЈК и Архуската Конвенција. | ||
Одделение за соработка со невладините организации | https://bit.ly/3nmTaGV | Четврти повик за финансирање на предлог-проекти преку Фондот Западен Балкан | Фондот Западен Балкан објави нов повик за финансирање на проекти и започна процесот за аплицирање за заинтересирани субјекти. Ова е четврти повик од основањето на Фондот, но прв повик кој има поддршка од Европската Унија. Овој Повик е отворен до 23 декември 2021 година. Примарни корисници се граѓанските организации, но потенцијалните грантисти ги вклучува здруженија, фондации, непрофитни организации, регионални мрежи, локални и регионални јавни субјекти или деловни здруженија. | ||
Одделение за соработка со невладините организации | https://bit.ly/3l1HIyX | Одржан состанок со Работната група за изработка на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество | Одржан е состанок на Работната група за изработка на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество. Целта на состанокот беше да се разгледаат предлозите од граѓанските организации по Нацрт-Стратегијата на Владата на Република Северна Македонија за соработка со и развој на граѓанското општество, со Акциски план 2021-2024, доставени во текот на консултативниот процес спроведен од 22.10 до 10.11.2021 година. Предлозите на граѓанските организации, заедно со одговорите, се содржани во табелата на лннкот | ||
Министерство за животна средина и просторно планирање | https://bit.ly/3cjbIkM | Консултативна презентација на Нацрт-планот за управување со Споменикот на природата на Охридското Езеро | “Консултативна работилница со засегнатите страни по Нацрт-планот за управување со Споменикот на природата на Охридското Езеро, ќе се одржи на 16 ноември 2021 година (вторник) со почеток во 13:00 часот. Вашите повратни информации и коментари се добредојдени. Користете го образецот за повратни информации за да ги испратите коментарите за нацрт-документот на следните адреси на е-пошта: nanevkliment@hotmail.com , daniel.bogner@gmail.com. Нацрт-планот за управување ќе биде достапен за повратни информации и коментари до 19 ноември 2021 година, а ќе биде ревидиран по анализата на добиените коментари од засегнатите страни.” | ||
Министерство за животна средина и просторно планирање | https://bit.ly/3qGugnz | Ажурирање на листа на управители со отпад | Согласно новите законски измени во Законот за управување со отпад („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 216/21) кои се однесуваат на член 47 став (15) и член 143 став (4), Ве информираме дека Управителите со отпад кои положиле испит зауправител со отпад согласно претходниот Законот за управувањесо отпадот во рок од шест месеци од влегувањето во сила на овој закон, се должни да достават барање за регистрација во Листата. | ||
Кавадарци | https://bit.ly/3wP2QwW | Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани | Одобрување на ПРОЕКТНА ПРОГРАМА за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани (фотоволтаични плантажи), на КП бр.1795, КП бр.1796 КО Ресава, Општина Кавадарци. Објавена е проектната програма. | ||
Берово | https://bit.ly/3chohgD | Повик за идеи и предлози за реализација на проекти во Општина Берово | Во периодот од 15 до 30 ноември, граѓаните на Општина Берово, ќе можат да даваат свои идеи и предлози за реализација на проекти во Општина Берово. Пристигнатите предлози и идеи, понатаму ќе се разгледаат од службите на Општина Берово и селектираат, според можностите за реализација. За оние проектите кои ќе има можност за нивна реализација, на ВЕБ страната на Општина Берово, ќе се постави гласање. Оној проект кој ќе освои најмногу гласови, ќе биде предвиден во Буџетот на Општина Берово за 2022 година. | ||
Богданци | https://bit.ly/3oEAr9g | Прашалник за собирање на предлози за буџет на ЕЛС Богданци за 2022 година | Општина Богданци е во фаза на подготвување на Буџетот за 2022 година. Со цел да се овозможи поголема вклученост на граѓаните и граѓанските организации при неговото креирање, Ве повикуваме да го пополните овој анкетен прашалник кој се наоѓа на линкот. На овој начин ќе овозможите поголема информираност на локалната самоуправа за вистинските проблеми и создавање на Буџет кој ќе ги задоволи најголемиот дел од потребите на граѓаните. | ||
Гостивар | https://bit.ly/30so5s4 | Планска програма ДУП за дел од Блок 11 – опфат 1, КО Гостивар 2 и Решење за одобрување на ПП за дел од Блок 11 опфат 1 | Објавена е планска програма (текстуален дел и графички цртеж) за изработка на ДУП за дел од Блок 11 – опфат 1, КО Гостивар | ||
Делчево | https://bit.ly/3ceVAkm | Известување за јавна анкета за креирање на Буџетот на Општина Делчево за 2022 г | Се известуваат граѓаните дека Општина Делчево објави јавна анкета со цел Вашите одговори да дадат насоки и предлози за креирање на Буџетот на Општина Делчево за 2022 гoдина. Со пополнување на овој краток формулар на следниот ЛИНК директно учествувате во креирањето на приоритетите и Буџетот на Општина Делчево за 2022 година. Воедно, ги информираме граѓаните дека е во тек подготовката на предлог-програмите на Општина Делчево за 2022 г. по одделенија и сектори. Во таа насока, Општина Делчево ги охрабрува граѓаните да доставуваат предлози во писмена форма или на е-маил info@delcevo.gov.mk. | ||
Делчево | https://bit.ly/3ovDC2R | Известување за јавна анкета за креирање на Буџетот на Општина Делчево за 2022 г. | Се известуваат граѓаните дека Општина Делчево објави јавна анкета со цел Вашите одговори да дадат насоки и предлози за креирање на Буџетот на Општина Делчево за 2022 гoдина. Со пополнување на овој краток формулар на следниот ЛИНК директно учествувате во креирањето на приоритетите и Буџетот на Општина Делчево за 2022 година. Воедно, ги информираме граѓаните дека е во тек подготовката на предлог-програмите на Општина Делчево за 2022 г. по одделенија и сектори. Во таа насока, Општина Делчево ги охрабрува граѓаните да доставуваат предлози во писмена форма или на е-маил info@delcevo.gov.mk. | ||
Дебрца | https://bit.ly/30rhhv5 | Информација за поднесено известување за намера за изведување на Проектот: Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито, општина Дебрца. | Целосното известување за намера за изведување на Проектот: Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито, општина Дебрца може да се види на интернет страната на Министерството за животна средина и просторно планирање, со седиште на Плоштад Пресвета Богородица бр. 3, 1000 Скопје. www.moepp.gov.mk |
Irina Glavinceska
0