News

Monitoring table 19/11/2021
Табела со информации за следење
Во продолжение е табелата со најнови инфромации за процедури и постапки од областа на животна средина објавени од институции и локална самоуправа.
Институција | УРЛ | Наслов | Опис | Забелешка |
---|---|---|---|---|
Валандово | https://bit.ly/3DBEKIG | Заедно креираме буџет | Општина Валандово го изработува Буџетот за 2022 година. Со цел поголема вклученост на граѓаните воведуваме две електронски алатки за комуникација. Секој граѓанин, сопствените предлози и идеи може да ги достави преку анкетниот прашалник на веб сраната. | |
Аеродром | https://bit.ly/3CC5tTP | Јавен повик до граѓанските организации | Општина Аеродром разгледува различни решенија за продлабочување на соработката со граѓанските организации и нивно поврзување и вмрежување, за што е потребно да се ажурира општинскиот регистар за да се утврди колку и какви здруженија и организации гравитираат на нејзината територија или, пак, соработуваат со општинската администрација. Заинтересираните граѓански организации е потребно на aerodrom@aerodrom.gov.mk да испратат e-mail со податоци за: името на организацијата; областа на дејствување; телефонски број; интернет-страница | |
Кисела Вода | https://bit.ly/3CEayeI | Општина Кисела Вода започнува со изработка на нов Локален еколошки акционен план – ЛЕАП (2022-2028 год.) | Со цел да се донесе квалитетен стратешки документ чија имплементација ќе продонесе за значително подобрување на животната средина, ќе биде воспоставена соработка на Општина Кисела Вода со приватниот, јавниот и граѓанскиот сектор. | |
Кочани | https://bit.ly/3csJAf9 | Усвоени развојните програми за 2022 година, изгласан ребалансот на буџетот на Општина Кочани | Советот на Општина Кочани на втората редовна седница ги усвои новите развојни програми за претстојната 2022 година. | |
Чашка | https://bit.ly/2Z6tXHo | Одлука за неспроведување на стратегиска оцена за планскиот документ Урбанистички План вон населено место со намена А4.1. згради за времено сместување со апартмани и студија на дел од КП 46 и дел од КП 8, КО Папрадиште, Општина Чашка | Објавени се: Известување од МЖСПП со кое се прифаќа одлуката за неспроведување, Формулар за неспроведување и Одлука за неспроведување на СОЖС и Ажурирана геодетска подлога со опфат. | Согласно Законот, одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Чашка. Не е евидентирано претходно објавување. Објавено е заедно со известувањето од МЖСПП. Согласно Законот, граѓаните имаат право на коментари против оваа одлука и во оваа фаза во рок од 15 дена |
Чашка | https://bit.ly/3FwFKhK | Одлука за неспроведување на стратегиска оцена за планскиот документ Локална Урбанистичко-планска документација за А4 – времено сместување на КП бр. 298 и дел од КП бр. 299, КО Владиловци, Општина Чашка | Објавени се: Известување од МЖСПП со кое се прифаќа одлуката за неспроведување, Формулар за неспроведување и Одлука за неспроведување на СОЖС и Ажурирана геодетска подлога со опфат. | Согласно Законот, одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Чашка. Не е евидентирано претходно објавување. Објавено е заедно со известувањето од МЖСПП. Согласно Законот, граѓаните имаат право на коментари против оваа одлука и во оваа фаза во рок од 15 дена |
Чешиново-Облешево | https://bit.ly/3qWd2CK | ЈАВЕН ПОВИК за доставување на иницијативи за изработка и донесување на урбанистички планови | Секое заинтересирано правно и физичко лице во тек на јавниот повик може да достави иницијативи за изработка и донесување на урбанистички планови и тоа: Урбанистички планови за села и Урбанистички планови за вон населено место и Локална урбанистичка планска документација. Јавниот повик трае од 16.11.2021год. до 16.12.2021год. | |
Штип | https://bit.ly/3Cxd9Hb | Јавен оглас – Партиципативно тело за урбанистичко планирање | Претставници од урбаните и месните заедници, претставници на невладините организации од различни сегменти на урбаниот живот, здруженија на граѓани и граѓански активисти од подрачјето на Општината што ги претставуваат различните групи на граѓани, како и граѓани што се стручни лица од областа на урбанистичккото планирање и други стручни области суштествени за планирањето и одржливиот развој на градот. Пријавите уредно пополнети да се достават во периодот од 15.11.2021 година до 14.12.2021 година. | |
Штип | https://bit.ly/3qQQkvO | Предлог планска програма за изработка на измена и дополнување на ДУП за дел од населба „Автокоманда“, дел од УЕ 27, Општина Штип | “Планскиот опфат предвидува група на класа на намени А- Домување и престој, односно А1- Домување во куќи, А2- Домување во згради, Е- Инфраструктура, односно Е1- Сообраќајни, линиски и други инфраструктури.” | |
Штип | https://bit.ly/3x4S99n | Урбанистички проект за подземен вод од измена и дополна на ДУП за поранешна ПИ Македонка УБ 65, 67, 68 | Објавен е Урбанистички проект за подземен вод од измена и дополна на ДУП за поранешна ПИ Македонка УБ 65, 67, 68 (текстуален и графички дел). Не се дадени инфомации за јавен увид, анкета и јавна презентација | |
Неготино | https://bit.ly/3CwIvOe | ЈАВЕН ПОВИК за организирање на јавна презентација и јавна анкета за Нацрт- Деталниот урбанистички план за Урбана единица 2 дел од блок 6 (помеѓу улица „Гоце Делчев “ и улица „Васка Калајџиска“), општина Неготино | Јавната анкета ќе трае 30 (триесет) денови и тоа од 06.12.2021 година до 04.01.2022 година, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот. Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови. Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 17.12.2021 година во 12:00 часот во просториите на општина Неготино. | |
Неготино | https://bit.ly/3FwTqta | Се бара мораториум на сеча на шума во туристичката населба „Бела вода“ | Да престане неконтролираната сеча на шума во месноста ,,Бела вода”- побараа од Здруженија на граѓани од Неготино на средбата со градоначалникот на општина Неготино, додавајќи дека единствената патека до изворите е целосно уништена. На состанокот беше истакната потребата од заштита на ова рекреативно место и се побара мораториум на сеча на шума во туристичката населба во која има повеќе викендички и која нуди идеални услови за одмор и рекреација. | |
Министерство за транспорт и врски | https://bit.ly/30OjXDg | Одлука за неспроведување на стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за бензиска пумпна станица со придружни и услужни објекти на магистрален пат М1 (А1-Е75), на КП бр. 3621/1, 3622, 3623, 3625/1 и 3624/1, м.в. Селиште, КО Романовце-вон град, општина Куманово | Објавени се Известување од МЖСПП со кое се прифаќа одлуката за неспроведување, Формулар за неспроведување и Одлука за неспроведување на СОЖС. | Согласно Законот, одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Чашка. Не е евидентирано претходно објавување. Објавено е заедно со известувањето од МЖСПП. Согласно Законот, граѓаните имаат право на коментари против оваа одлука и во оваа фаза во рок од 15 дена |
Охрид | https://bit.ly/3kQD0Uz | Јавен повик за изработка на нацрт програма за заштита на животната средина | Општина Охрид ги повикува сите заинтересирани страни – невладини организации, граѓански здруженија урбани заедници и други субјекти, со свои предлози да се вклучат во изработката на Нацрт програмата за заштита на животна средина за 2022 година. Предлозите треба да ги достават до Секторот за заштита на животна средина и управување со отпад, со следните податоци (максимум на една страница): опис на проблемот; активности; очекувани резултати. Предлозите треба да ги достават во електронска форма, најдоцна до 19.11.2021 година, на е маил: sektor.zivotnasredina@ohrid.gov.mk | Повикот е објавен на 16.11.2011, а трае до 19.11.2021. Рокот е премногу крарок |
Прилеп | https://bit.ly/3qQQC5S | Решение за одобрување на планска програма за изработка на ДУП за четврт 9, блок 9.15 | Се одобрува Планска програма за изработка на ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ЧЕТВРТ 9, БЛОК 9.15,ОПШТИНА ПРИЛЕП. Објавена е планската програма и решението за одобрување. | |
Прилеп | https://bit.ly/3cuOUPm | Решение за одобрување на планска програма за изработка на ДУП за четврт 7, блок 7.2 | Се одобрува Планска програма за изработка на ДУП за четврт 7, блок 7.2, Општина Прилеп. Објавена е планската програма и решението за одобрување. | |
Прилеп | https://bit.ly/3nx0vnm | Решение за одобрување на планска програма за изработка на ДУП за четврт 3, блок 3.12 | Се одобрува Планска програма за изработка на ДУП за четврт 3, блок 3.12, Општина Прилеп. Објавена е планската програма и решението за одобрување. | |
Прилеп | https://bit.ly/30Do0lJ | Решение за одобрување на планска програма за изработка на ДУП за четврт 4, блок 4.1, блок за детално планирање 4.1.1 | Се одобрува Планска програма за изработка на ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ЧЕТВРТ 4, БЛОК 4.1, БЛОК ЗА ДЕТАЛНО ПЛАНИРАЊЕ 4.1.1,ОПШТИНА ПРИЛЕП. Објавена е планската програма и решението за одобрување. | |
Прилеп | https://bit.ly/3x14s6S | Решение за одобрување на планска програма за изработка на ДУП за четврт 2, блок 2.10 | Се одобрува Планска програма за изработка на ДУП за четврт 2, блок 2.10, Општина Прилеп. Објавена е планската програма и решението за одобрување. | |
Струмица | https://bit.ly/3kQDl9N | Писмен извештај за праг на информирање на граѓаните на општина Струмица за наредните денови | Во врска со настанатата состојба со загадувањето на воздухот во агломерација на град Струмица, надминување на прагот на информирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10 (2 последователни дена на 14.11.2021 и 15.11.2021 ) Ве известуваме дека е потребно информирање на граѓаните согласно Акциониот план за подобрување на воздухот со објавање на текстот на овој допис на Web страната на општина Струмица и поставување на постојан линк со Мерната станица во Струмица | |
Струмица | https://bit.ly/32iqDdt | Втора буџетска форумска сесија | Втората форумска сесија ќе се одржи на ден 19.11.2021 година (петок) во 18:00 часот во ДОМ на АРМ (Голема Сала). Втората буџетска форумска сесија е во реализација на програмата Форуми во заедницата – Буџетски форум во Општина Струмица 2021/2022 година. |
Irina Glavinceska
0