News

Monitoring table 30/11/2021
Табела со инфромации за следење
Во продолжение е табелата со најнови инфромации за процедури и постапки од областа на животна средина објавени од институции и локална самоуправа.
Институција | УРЛ | Наслов | Опис | Забелешка |
---|---|---|---|---|
Гази Баба | https://bit.ly/3d2kjbZ | Вонредна еколошка инспекција | Градоначалникот Бобан Стефковски, заедно со инспекциската служба од општината, беа на терен во вечерните часови низ територијата на општината каде најмногу се депонира и согорува отпад. Инспекторите започнуваат со инспекциски надзор во вечерните часови и за време на викендите, се со цел да се превенира и спречи согорувањето и депонирањето на отпад на јавни површини. | |
Гевгелија | https://bit.ly/3lnfnmB | Јавна расправа на тема: „Младинско учествo- предизвик за развој на заедницата“ | На 30 ноември, 2021 година, во Народниот театар Гевгелија, со почеток во 11:00 часот, ќе биде одржана јавна расправа на тема „Младинско учество- предизвик за развојот на заедницата“. Целта на јавната расправа е учесниците да бидат информирани и запознаени со потребата и примената на Законот за младинско учество и младински политики, како и за можностите што ги нуди овој закон за активно учество на младите во развојот на локалната демократија. Настанот е во организација на Центар за поддршка на НВО- Гевгелија, во соработка со Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) и Национален младински совет (НМСМ) Скопје. | |
Делчево | https://bit.ly/3D6fY2i | Учествувајте во креирање на Буџетот на Општина Делчево за 2022 г. | До 1 декември на веб-страницата на Општина Делчево (delcevo.gov.mk) ќе биде отворена јавната анкета на која ќе можете да ги иницирате приоритетите и проектите за решавање во наредната 2022 со што директно учествувате во креирање на Буџетот на Општина Делчево. | |
ЕНЕР | https://bit.ly/3rn6wW2 | Известување за почеток на процесот за подготовка на предлог закон за изменување и дополнување на законот за данокот на додадена вредност | Министерство за финансии е задолжено за изработката на Законот. Временската рамка за изготвување на предлог законот: 01.12.2021 – 20.12.2021. Задолжено лице за комуникации со јавноста: dejan.nnikolovski@finance.gov.mk karov.danail@finance.gov.mk | |
Чашка | https://bit.ly/3lltHMi | Соопштение за објава за јавен увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена А4.1 Згради за времено сместување со апартмани и студија на дел од КП 46 и дел од КП 8, КО Папрадиште, Општина Чашка | Јавниот увид ќе трае 15 работни дена, од 29.11.2021 до 20.12.2021 година, на службената веб страна на општина Чашка (www.caska.gov.mk). Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења. УРБАНИСТИЧКИОТ ПРОЕКТ е прикачен на линк | Не се дадени информации за јавна презентација и потребата од спроведување на СОЖС |
Штип | https://bit.ly/3rn1319 | УПВУП за Е1.13 фотоволтаици на КП 304 и КП 306, КО Долани, Општина Штип | Донесена е одлука за неспроведување на СОЖС за УПВУП за Е1.13 фотоволтаици на КП 304 и КП 306, КО Долани, Општина Штип. Одлуката и формуларите се доставени до МЖСПП од каде е добиено мислење дека одлуката за неспроведување на СОЖС се прифаќа. Одлуката и формуларот треба да стојат објавени на веб страната во рок од 15 дена | |
Охрид | https://bit.ly/3xE4FwQ | Соопштение за организирање јавна анкета и јавнa презентација на Локална урбанистичка планска документација за градежна парцела бр.1 на дел од КП 2440/3, КО Коњско – Општина Охрид (изградба на објекти со намена А4-времено сместување) | Јавната анкета ќе трае од 01.12.2021 – 07.12.2021 год. Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на општина Охрид на ден 03.12.2021 год. со почеток во 12.00 часот, со почитување на covid-19 протоколите. Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки, додека трае јавната анкета, можат да ги доставуваат на анкетни листови до општина Охрид , преку архивата на општината. На веб страната е објавена планска документација. | Не се дадени информации за потребата од спроведување на СОЖС |
Прилеп | https://bit.ly/3pafCmd | Проектна програма и решение за одобрување | Се одобрува Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфт на урбанистички план Е1.1 сообраќајни патни инфраструктури (сообраќаен пристап од постоен катастарски пат) и Е1.8 водови за пренос на електрична енергија (за 10(20)kv кабелски вод и ТС 250 Kva) КО Плетвар – Општина Прилеп. | |
Прилеп | https://bit.ly/31h9FeI | Проектна програма и решение за одобрување | Се одобрува Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на Урбанистички план за формирање на градежна парцела со комплекс на градби со намена Г2.4-текстилна индустрија, на КП 70/1 и КП 233/8, КО Старо Лагово, Општина Прилеп | |
Прилеп | https://bit.ly/3p6aiQM | Проектна програма и решение за одобрување | Се одобрува Проектна програма за изработка на Урбанистички проект за инфраструктура вон опфат на урбанистички план за столбна трафостаница бстс 10.5(21)/0,4kv со приклучен 10(20)kv кабелски вод, на КП 235/2-ДЕЛ и КП 396/8-дел, КО Ново Лагово, Општина Прилеп | |
СЕП | https://bit.ly/3xJBKrp | „Без разлика кои сме и во што веруваме или за што се залагаме, климатските промени нé засегаат сите и нé обврзуваат подеднакво“ – почетокот на кампањата за Европскиот зелен договор | Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и шефот на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир, во присуство на министерот за животна средина и повеќе градоначалници, ја промовираа новата кампања „ЕУ со ТЕБЕ“ фокусирана на Европскиот зелен договор. Вицепремиерот Димитров истакна дека заедничкото справување со климатските промени е израз на стратешкото партнерство на ЕУ и Западниот Балкан при што специфичноста на овие појави е аргумент повеќе за потребата од придвижување во процесот на пристапување и приближување кон европските стандарди. | |
Струмица | https://bit.ly/3D7EFv1 | Четврта буџетска форумска сесија | Четвртата форумска сесија ќе се одржи на ден 30.11.2021 година (вторник) во 18:00 часот во ДОМ на АРМ (Голема Сала). Втората буџетска форумска сесија е во реализација на програмата Форуми во заедницата – Буџетски форум во Општина Струмица 2021/2022 година. | |
Струмица | https://bit.ly/3D3LFsR | Во Просениково се одржа Јавна презентација за изработка на Урбанистички план | Во Домот на културата во Просениково, денеска, се одржа Јавна презентација за изработка на Урбанистички план за ова населено место. Површината на планскиот опфат изнесува 50.1075 ха. Јавната анкета ќе трае до 10.12.2021 година и во овој период сите заинтересирани правни и физички лица своите забелешки и предлози можат да ги достават во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма во Секторот за урбанизам и комунални работи во општина Струмица. | |
Министерство за животна средина и просторно планирање | https://bit.ly/3xC64Ek | Информација за стапување на сила на обврската за наплата на кесите за носење стоки од новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување | МЖСПП ја потсетува јавноста дека од 1 декември 2021 г. (среда) стапува на сила на обврската за наплата на кесите за носење стоки од новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување. Законот предвидува: забрана за пуштање на пластични кеси за носење на стоки на пазарот, како забрана за пуштање на пластично пакување за еднократна употреба во угостителските објекти на територијата на заштитените подрачја. По исклуок, со плаќање на надоместок од страна на крајните корисници, дозволено е пуштање на пазарот биоразградливи кеси за носење на стоки кои се произведени согласно пропишаните стандарди за биоразградливост, освен многу лесните пластични кеси за носење на стоки (чијшто дебелина е пониска од 15 микрони). Надоместокот кој треба да го плаќаат крајните корисници за биоразградливите кеси за носење на стоки изнесува 15 денари за парче и истиот се плаќа на трговецот на местото на продажба. |
Irina Glavinceska
0