News
Monitoring table 07/12/21

Monitoring table 07/12/21

Табела со информации за следење

Во продолжение е табелата со најнови инфромации за процедури и постапки од областа на животна средина објавени од институции и локална самоуправа. 

ИнституцијаУРЛНасловОписЗабелешка
Валандовоhttps://bit.ly/3EyUv3xИнфо-сесија во Валандово за работата на RYCO, ОБСЕ и Агенцијата за млади и спортРегионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и локалната канцеларија во Скопје подржана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, со особено задоволство Ве покануваат на инфо-сесијата преку која ќе се запознаете со работата и тековните проекти на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) што ќе се одржи на денес, 06 декември, во Дом на културата „25 мај“ во Валандово, почнувајќи од 15:00 часот. Во рамки на настанот, ќе бидат претставени целите, мисијата, активностите и тековните проекти на организацијата RYCO во кои младите од различни локални заедници можат активно да се вклучат. За време на настанот учесниците ќе имаат можност и лично да го запознаат младинскиот претставник во RYCO, со кого директно можат да разговараат за потребите на младите, за можностите на младите во различните локални заедници, како и да споделат искуства од претходни младински размени и придонесот кон нивниот личен развој и кон заедницата.Известувањето со поканата и агендата, е објавено на 06.12, односно истиот ден кога се случува настанот.
Велесhttps://bit.ly/3ovf6jDС О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на јавна презентација и јавна анкета
по Предлог Детален урбанистички план за дел од Велес – локалитет – дел од УБ 25, УЕ III, Општина Велес
Јавната анкета и јавната презентација по Предлог Детален урбанистички план за дел од Велес – локалитет – дел од УБ 25, УЕ III, Општина Велес, ќе се спроведе со излагање на Предлог планот во просториите на граѓанскиот центар на Општина Велес и објава на соопштението во две јавни гласила. Јавната анкета ќе трае 10 работни дена од 07 до 21.12 2021 год во просториите на Општина Велес. Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови. Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 07.12.2021 година во 10:00 часот во просториите на Општина Велес.Не се дадени информации за потребата од спроведувае на СОЖС
Крушевоhttps://bit.ly/3ov2zfZУчествувајте во создавањето на буџетот за 2022Општина Крушево продолжува со консултации на граѓаните за креирање на буџетот за 2022-ра година. На линкот подолу можете да пополните анонимна форма со која ќе учествувате во одредување на приоритетите на локалната самоуправа за наредната година и ќе можете да дадете ваши предлози. Формата за давање предлози се наоѓа на линкот и може да се пополни и во електронска форма. Не е дадена информација до кога е рокот за поднесување на предлози
Министерство за информатичко општество и администрацијаhttps://bit.ly/3psApBqПроекти наменети за граѓанитеБуџетот на Министерството за информатичко општество и администрација вклучува проекти посветени директно на граѓаните и дигитализација на државната администрација. Во 2022 година ќе се фокусираме на: Систем за управување со документи со документи – DMS (Поврзување на над 35 нови институции), Точка за услуги (Креирање на принципот на едношалтерскиот систем), Централен регистар на население, Нови веб-страници на министерствата (Зголемена транспарентност на институциите, полесна комуникација)
Град Скопјеhttps://bit.ly/300dEw4Започнува реализација на проектот Скопје 24 часа во служба на граѓанитеГрад Скопје од денеска ја става во функција електронската адреса за комуникација со граѓаните 24@skopje.gov.mk како чекор кон транспарентно управување за Скопје 24 часа во служба на граѓаните. На оваа електронска адреса граѓаните ќе можат да пријавуваат проблеми, а градската администрација ќе биде задолжена да одговори на барањата на граѓаните.
Неготиноhttps://bit.ly/3pl7XleПланска Програма за изработка на ДУП за дел од УЕ 6, дел од Блок 20, (помеѓу улиците Никола Карев, Ленинова и Климентова), К.О. Неготино, Општина Неготино Целта на овој план е предвидување на нови површини за градба, како и формирање градежни парцели и потребни паркинг простори.
Центар за развој на Југоисточен плански регионhttps://bit.ly/3dt1hMeЈавен повик за избор на член во Советот за развој на Југоисточниот плански регион – претставник од здруженијатаЧленот – претставник од здруженијата во Советот за развој на Југоисточниот регион се избира со мандат од 4 (четири) години и нема право на глас. Рок за пријавување: Јавниот повик е отворен до 17.12.2021 година. Заинтересираните правни лица / апликанти да достават документи со кои ќе докажат дека ги исполнуваат критериумите за избор наведени во Јавниот повик кој е објавен на веб страната
Петровецhttps://bit.ly/3dIla29Одобрена планска програмаОдобрена е Планска Програма за изработка на УП вон опфат на урбанистички план за фотоволтаича централа, Е 1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани на КП бр. 1264, КП бр. 1265 и дел од КП бр.1259/1, КО Ќојлија, Општина ПетровецНе е објавена планската програма
Пробиштипhttps://bit.ly/3pxspPFСоопштение за јавен увид за фотонапонска електроцентрала со капацитет до 1мw на КП 2601, КП 2605 и делови од КП 2602, КП 2603 и КП 2604 КО ДОБРЕВО, Општина ПробиштипЈавниот увид за Урбанистичкиот проект е предвиден да биде од 1-15.12.2021Објавен е само синтезен дел/графички прилог. Објавен е на 03.12.2021, а наведено е дека јавниот увид започнува од 01.12.2021. Не е наведен датум за стручна презентација
Пробиштипhttps://bit.ly/31sApK4Соопштение за јавен увид за фотонапонска електроцентрала со капацитет до 1мw на КП 2638, КП 2639 и делови од КП 2602, КП 2603, КП 2604, КП 2642 и КП 2643, КО ДОБРЕВО, Општина ПробиштипЈавниот увид за Урбанистичкиот проект е предвиден да биде од 1-15.12.2021Објавен е само синтезен дел/графички прилог. Објавен е на 03.12.2021, а наведено е дека јавниот увид започнува од 01.12.2021. Не е наведен датум за стручна презентација
Пробиштипhttps://bit.ly/31teqmfСоопштение за јавен увид за фотонапонска електроцентрала со капацитет до 1мw nа делови од КП 2642 и КП 2643, КО Добрево, ПробиштипЈавниот увид за Урбанистичкиот проект е предвиден да биде од 1-15.12.2021Објавен е само синтезен дел/графички прилог. Објавен е на 03.12.2021, а наведено е дека јавниот увид започнува од 01.12.2021. Не е наведен датум за стручна презентација
Собрание на РСМhttps://bit.ly/3pAQANmДеветнаесетта седница на комисија за транспорт, врски и екологијаКомисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието, на денешната 19. седница, како матично работно тело ги разгледа: Предлогот на закон за дополнување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај (скратена постапка);
Предлогот на закон за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид (скратена постапка).
Собрание на РСМhttps://bit.ly/3IvdGNOПродолжение на третата седница на националниот Совет за Евроинтеграции
Агенција за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактерhttps://bit.ly/31Fx2iAЗапочнуваат обуки за службените лица за електронски портали за баратели и иматели на информации на информации од јавен карактерЗа полесно остварување на правото на пристап до информации од јавен карактер и поефикасно имплементирање на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. во рамките на активностите од проектот ИПА2 „Транспарентност и отчетност на јавната администрација“, се креирани два електронски портала – за иматели и за баратели. Со оглед на тоа што електронските портали се веќе во функција, Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер известува дека во периодот од 7 до 20 декември годинава, секој работен ден ќе се одржуваат online обуки за службени лица на платформата ZOOM во термини од 09:00, 11:00 и 13:00 часот. Обуките ќе ги спроведуваат обучувачи ангажирани во рамките на Проектот.
Оператор на електропреносниот систем на РСМ, Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем во државна сопственост – Скопјеhttps://bit.ly/3lCmHLpJавна расправа на тема: Измена на Правилата за балансирање на ЕЕСАД МЕПСО ќе одржи јавна расправа на тема: Измена на Правилата за балансирање на ЕЕС. Состанокот ќе се одржи на 10.12.2021 (петок) во 12:00 часот во просториите на АД МЕПСО на 4ти спрат. Засегнатите страни можат да достават коментари, забелешки и сугестии за Предлог измена на Правилата, најдоцна до 10:00 во четврток (09.12.2021) на e-mail:balancing@mepso.com.mk.
Одделение за соработка со невладините организацииhttps://bit.ly/3IkJBAyКодекс за граѓански организацииКодексот за граѓански организации претставува заедничка инцијатива на повеќе од 50 граѓански организации. Целта на Кодексот е да го зајакне системот на саморегулација и да придонесе за поголема професионалност и отчетност на организациите. Кодексот е доброволен, а секоја граѓанска организација која ќе му пристапи презема одговорност за почитување и практикување на заложбите, вредностите и стандардите утврдени во него. 51 граѓанска организација веќе го потпишаа Кодексот, а сите заинтересирани организации кои сакаат да пристапат ќе најдат повеќе информации на следниот линк: https://mcms.mk/mk/kodeks-za-go
Министерство за животна средина и просторно планирањеhttps://bit.ly/3dseCnXИнформација за активности и прогрес во процесот на ремедијација на локацијата на малата депонија во кругот на ОХИСНа линкот е објавен Преглед на неделните извештаи за активностите на малата депонија во ОХИС (до 25.11-02.12.21г.)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *