News
Monitoring table 24/12/21

Monitoring table 24/12/21

Табела со информации за следење

Во продолжение е табелата со најнови информации за процедури и постапки од областа на животна средина објавени од институции и локална самоуправа.

ИнституцијаУРЛНасловОписЗабелешка
Гостиварhttps://bit.ly/3sxdnNaЈавна дебата со невладини организации, Советници, бизнис заедница, граѓаниАгенда на јавната дебата
– Буџет на Општина Гостивар за 2022 година
– Проект за подобрување на општинските услуги (втор МСИП) и Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор (ПСЕЕП)
Сала на Советот на Општина Гостивар на 21.12.2021, со почеток во 16.00 часот
Граѓаните, граѓанскиот сектор, младинските здруженија, спортските клубови и сите чинители се поканети да учествуваат и да дадат свој придонес во изготвувањето на буџетот на Гостивар за следната година.
Соопштението е објавено на 21.12 за јавна расправа која е закажана за истиот ден во 21.12 во 16:00 часот.
Градскоhttps://bit.ly/3Eogh9iJавна расправа/видео консултација за документот План за управување со животната средина и со социјалните аспекти (ПУЖССА)!Документот “План за управување со животна средина и социјални аспекти” за „Надградба на локален пат во с.Виничани од Р1102 и локална улица Јане Сандански во с.Градско“, ќе биде ставен на јавен увид на официјалните веб страници на: Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) и на Општина Градско: https://gradsko.gov.mk/ на 22.12.2021 година. Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.
Делчевоhttps://bit.ly/32fWmwhСоопштение за организирање на јавен увид на изработен Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за КП 3730, КО Звегор вон град, Општина Делчево- Е1.13-Површински соларни и фотоволтаични електраниЈавниот увид ќе трае 15 дена од објавувањето на Соопштението, започнувајќи од 21.12.2021 до 06.01.2022 год. Во споменатиот период , заинтерисираните грагани и правни лиоца ид конкретното подрашје опфатено со планот ке може да доставуваат писмени забелечки, предлози и анкетни листови до Општина ДелчевоНе е објавен Урбанистичкиот проект. Не е објавен датум за стручна расправа
ЕНЕРhttps://bit.ly/3sqMN8mСтратегија за инклузија на Ромите 2022 – 2030Надлежен орган е: Министерство за труд и социјална политикаНе се објавени информации за рок за коментари
Центар Жупаhttps://bit.ly/3HaLCOAЈавен повик за номинирање на членови на Иницијативен одбор кој ќе учествува во процесот на конституирање на Локалното собрание за млади за избор на членови на Локалниот младински совет.Јавниот повик е објавен на линкот на веб страната. Јавниот повик трае 10 дена од денот на објавувањето, односно до 31.12.2021
Чаирhttps://bit.ly/3qljvVWЈАВЕН ОГЛАС За пријавување на заинтересирани лица за членување во Партиципативното тело на Општина Чаир во областа на урбанизмотЈавниот повик е објавен на линкот на веб страната. Јавниот повик трае 30 дена од денот на објавувањето, односно до 18.01.2022
Кавадарциhttps://bit.ly/3swNNYoДетален урбанистички план за УЕ 5, Блок 5.6, “Хотел Фени” КО Кавадарци град, Општина КавадарциНа веб страната се објавени, Одлука и формулар за неспроведување на СОЖС и Мислење од МЖСПП по однос на одлуката. Формулар за стратегиска оценаНе е објавен ДУП. Не е објавена информација за јавен увид
Кочаниhttps://bit.ly/3JdlnIZПроектна програмаПроектна програма за изработка на урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за примарна и секундарна канализациона мрежа за дел од село Тркање и колектор за поврзување на главен колекторски систем за отпадни води за град Кочани (Дел – Југ).
Маврово и Ростушеhttps://bit.ly/3yVDJcFПостапка за учество на јавноста за предмет: ,,Локална Урбанистичка Планска Документација за формирање на градежна парцела на КП 311/1 И 311/2, КО Орќуше, со намена Д3-спорт и рекреација, Општина Маврово-РостушеПредметот ќе биде објавен на веб страната на општината на ден 21.12.2021г. со сите потребни прилози од планската документација (ЛУПД) и Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животната средина. Правните и физички лица и сите засегнати страни ќе можат да го разгледуваат предметот на веб страната на општината и ако имаат да дадат свои мислења, сугестии и забелешки за предметниот план, истите да ги достават до општината во рок од 30 дена од објавата.
Министерство за економијаhttps://bit.ly/33OVJdjДржавниот секретар Размена Чекиќ Дуровиќ во рамки на „Отворениот ден“ пред јавноста ги презентираше предлог програмите и плановите на Министерството за економија за 2022 годинаОд страна на државниот секретар Размена Чакиќ Дуровиќ денеска беа презентирани пред јавноста: Предлог-програма за развој на претприемништвото и конкурентноста на малите и средни претпријатија за 2022 година; Предлог програма за развој на туризмот за 2022 година; Предлог-програма за поддршка на конкурентноста на преработувачката индфустрија за 2022 година; Предлог програмата за субвенции за вградување на уред за погон на ТНГ за 2022 година; Предлог програма за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2022 година; Предлог програма за промоција на обновливи извори на енергија и поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинствата за 2022 година; Предлог програма за финансиска поддршка за производство на електрична енергија од повластени производители кои користат премија за 2022
Штипhttps://bit.ly/3EnThajУПВУП за Е1.13 фотоволтаици на КП 388/2, КО Врсаково, Општина ШтипОбјавени се одлука и формулар за неспроведување на СОЖС, како и Мислење од МЖСПП за тоа дека се согласѕва со одлуката на општината
Центар за развој на Вардарски плански регионhttps://bit.ly/3elGR8lПокана за состанок до здруженијата кои се пријавиле по јавниот повик за избор на член во Советот за развој на Вардарски пллански регионКако апликанти по Јавниот повик за избор на член – претставник од здруженијата во Светот за развој на Вардарски плански регион, Ве покануваме на состанок на ден 27.12.2021 година во почеток во 10:00 часот, во просториите на Центарот за развој на Вардарски плански регион на адреса Шефки Сали бр. 4, 1400, Велес.
Неготиноhttps://bit.ly/3JfZaKwПредлог – Програми за 2022 година на Општина НеготиноСо цел да се овозможи поголема вклученост на граѓаните и граѓанските организации како и поголема транспарентност, Општина Неготино ги објавува Предлог – Програмите за 2022 година. Затоа јавно Ве повикуваме сите да се вклучите во процесот на донесување на Програмите и Буџетот на општината за 2022 година, давајќи предлози, сугестии, решенија, идеи и препораки во одредени области на локалната самоуправа кои би учествувале во донесувањето на општинскиот Буџет за 2022 година. Вашите идеи, сугестии, предлози и идејни решенија може да ги доставите на е-маил адресата на општина Неготино info@negotino.gov.mk како и телефонскиот број 043 361 045.
Министерство за транспорт и врскиhttps://bit.ly/3HaLFKgДонесовме нов квалитетен закон за легализација на дивоградбитеМинистерот за транспорт и врски заедно со министерот за животна средина и просторно планирање го презентираа новиот Предлог закон за добивање правен статус на бесправно изградени објекти. Со ова законско решение ќе можат да се легализираат бесправно изградени објекти до 1 јануари 2021 година. Со овој Закон предвидено е да не се спроведува постапка за легализација на сите видови на бесправни објекти изградени во граници на заштитено подрачје со исклучок на бесправно изградени објекти за домување, но само доколку истите во заштитеното подрачје се наоѓаат во зона на одржливо користење, а за да може да се спроведе легализација на овие објекти ќе биде задолжителна согласност од МЖСПП
Министерство за транспорт и врскиhttps://bit.ly/3sLZbQDИзвестување за достапност на документ Контролна листа на план за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА) за надградба на локален пат во С.Виничани од Р1102 и локална улица Јане Сандански ВО С.Градско, Општина Градско во рамки на проект за поврзување на локални патишта ВО РСМДокументот “План за управување со животна средина и социјални аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на официјалните веб страници на: Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) и на Општина Градско: https://gradsko.gov.mk/ на 22.12.2021 година. Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.
ОВП Порталhttps://bit.ly/3enUpQBПовик до граѓански сектор за пријавување членство во Совет за ПОВРокот за поднесување на пријавите е 13 јануари (четврток) 2022 година. Пријавувањето за членство во Совет за координација и следење на НАП за ПОВ 2021-2023 година се врши по електронски пат, со доставување на пополнета пријава и потребните документи* на следната електронска адреса: POVSovet@fosm.mk
Претседател на РСМhttps://bit.ly/3FrAUCKПретседателот Пендаровски ја потпиша Декларацијата за деца, млади и климатска акцијаЕдна од целите на Декларацијата е да се зголеми учеството на децата и младите во процесите за ублажување и адаптација на климатските промени, преку поголема едукација за климатските промени и животната средина, како и стекнување на знаења и вештини потребни за да се заштитат себеси и да придонесат за безбедна и одржлива иднина.
Пробиштипhttps://bit.ly/3plyyzIСоопштение за јавен увид на урбанистички план со намена е1.13-површински соларни и фотоволтаични електрани на КП 1389 и 1390Јавниот увид ќе трае 15 дена од 23.12-06.01.2022 година. Забелешките може да се достават во писмена форма во просториите на општината или по електронски пат. Не е објавевен текстуален дел од УП. Не е објавена информација за потрбата од спроведување на постапка за СОЖС. Нема датум за одржување на стручна расправа.
Пробиштипhttps://bit.ly/3z3UkLGСоопштение за јавен увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за уредување на земјиште со намена Е1.13-површински соларни и фотоволтаични електрани на КП 2213, 2214 и 2118 и дел од КП 2211 КО Добрево – општина ПробиштипЈавниот увид ќе трае 15 дена од 23.12-06.01.2022 година. Забелешките може да се достават во писмена форма во просториите на општината или по електронски пат. Не е објавевен текстуален дел од УП. Не е објавена информација за потрбата од спроведување на постапка за СОЖС. Нема датум за одржување на стручна расправа.
Радовишhttps://bit.ly/3qr34aRРешение за одобрување на Проектна Програма Одобрена е Проектна Програма за изработка на Урбанистички Проект за инфраструктура со намена Е1.8 Водови за пренос на ел. енергија за новопланиран подземен 10/20 КВ вод од постојна ТС на КП 4513 до кабловска спојка на КП 4157/1, КО Радовиш, Општина Радовиш,Не е објаеена проектната програма
Стругаhttps://bit.ly/3qkwYgNОдлука и формулари за спроведување на СОЖСПроектна Програма за изработка на урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена А4.3- Викенд куќи и други објекти за времено сместување, на КП бр. 1765/100, 1765/101, 1765/102 и дел од КП бр. 1765/1 КО Мислешово – вгр, Општина Струга.
Стругаhttps://bit.ly/30Yuoo4Одлука и формулари за спроведување на СОЖСПроектна програма за изработка на урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање градежна парцела на дел од КП 584/3 и дел од КП 578/3, КО Радожда, со намена А4- времен престој (А4.3- викенд куќи и други објекти за времен престој.
Стругаhttps://bit.ly/3enUTGpОдлука и формулари за спроведување на СОЖСПроектна програма за изработка на урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со класа на намена А4.3- викенд куќи и други објекти за времено сместување на КП 65 во КО Радожда во Општина Струга
Стругаhttps://bit.ly/3enq4BKОдлука и формулари за спроведување на СОЖСПроектна програма за изработка на урбанистички проект за градежно земјиште со намена Г2- лесна и незагадувачка индустрија, на дел од КП 940/3, КО Мороишта , во УЕ 12 (индустриска зона), дел од Блок 30, Општина Струга
Одделение за соработка со невладините организацииhttps://bit.ly/3Jga0jlКонсултативен процес за Предлог-Стратегија за Роми 2022-2030Во насока на финализирање на процесот на изработка на нова Национална Стратегија за Роми 2022 – 2030 по насоките дадени во Стратешка Рамка на ЕУ за Ромите, со цел повторно директно и суштинско учество на граѓанските организации во изготвувањето на Стратегијата за Роми и потребата од широк консултативен процес, повторно и во рамките на финализирањето на документот ги повикуваме сите заинтересирани граѓански организации активно да се вклучат со свои предлози за мерки и активности кои сметаат дека треба да претставуваат дел од политиките на Владата за интеграција на Ромите. Пополнетиот образец, потпишан од застапникот на организацијата, го очекуваме најдоцна до 26 декември 2021 година, по електронски пат на адреса: e elvis.memeti@vlada.gov.mk, со назнака: „Предлог за Стратегијата на Роми 2022-2030“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *