News

Monitoring table 27/12/21
Табела со информации за следење
Во продолжение е табелата со најнови информации за процедури и постапки од областа на животна средина објавени од институции и локална самоуправа.
Институција | УРЛ | Наслов | Опис | Забелешка |
---|---|---|---|---|
ЕНЕР | https://bit.ly/3eBvpW5 | Известување за почеток на процесот за подготовка на закон за изменување и дополнување на закон за безбедност на храна | Назив на министерство: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Временската рамка за изготвување на предлог законот: 24.12.2021 – 18.01.2022. Одговорно лице за контакт во министерството: aleksandar.dilje@mzsv.gov.mk; info@mzsv.gov.mk | |
ЕНЕР | https://bit.ly/32GfZNC | Известување за почеток на процесот за подготовка на закон за изменување и дополнување на закон за безбедност на храна за животни | Назив на министерство: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Временската рамка за изготвување на предлог законот: 28.12.2021 – 21.01.2022. Одговорно лице за контакт во министерството: aleksandar.dilje@mzsv.gov.mk; info@mzsv.gov.mk | |
Тетово | https://bit.ly/3z6IL68 | ЈАВЕН ОГЛАС за формирање на партиципативно тело кое ќе учествува во процесот на урбанистичкото планирање | Врз основа на член 46 став 1 од Законот за урбанистичко планирање за формирање на партиципативно тело за подрачјето на Општина Тетово, Градоначалникот на Општина Тетово на ден 27.12.2021 година објавува ЈАВЕН ОГЛАС за формирање на партиципативно тело кое ќе учествува во процесот на урбанистичкото планирање на подрачјето на Општина Тетово. Јавниот повик трае 30 дена | |
Илинден | https://bit.ly/3pw1Rja | Б интегрирана еколошка дозвола Кадино Индустри груп | Објавена е Б интегрирана дозвола. | Не е објавена информација за јавен увид и рок за коментари од страна на јавноста. |
Карпош | https://bit.ly/3pw1Rja | Одобрение за градба | Oдo6peниe зa rpaдeњe нa o6ieкт за домување вo cтанбени куќи oд II кareropијa | |
Центар за развој на Југоисточен плански регион | https://bit.ly/3mCQNir | Покана за состанок до здруженијата кои се пријавиле по Јавниот повик за избор на член – претставник од здруженијата во Советот за развој на ЈИПР | Покана за состанок до здруженијата Младинско здружение Феникс, Ново Село, Фондација за локален развој и развој на информатички технологии, Гевгелија, Локална Акциона Група Беласица – Огражден, Босилово, Здружение Рурален Центар Огражден, Босилово, Здружение Здрава Котлина, Струмица кои се пријавиле по Јавниот повик за избор на член во Советот за развој на Југоисточниот плански регион – претставник од здруженијата. Состанокот на ден 29.12.2021 година (среда) во почеток во 12:00 часот, во просториите на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион на адреса Бул. Маршал Тито бр.1-1, 2400 Струмица. | |
Град Скопје | https://bit.ly/3eLrl65 | Предупредувања и препораки од Град Скопје поради загадувањето на воздухот | Согласно Законот за квалитет на амбиентниот воздух и по добиеното известување од страна на МЖСПП дека квалитетот на воздухот последователно два дена е надминат над законски пропишаниот миниумум, (над 150 μg/m3 среднодневни концентрации на ПМ10) на мерните станици во Центар, Лисиче, Гази Баба и Ректорат, Градот Скопје ги информира граѓаните дека прогласува мерки од прв степен – предупредувања и препораки за намалување на загадувањето на воздухот и заштита на здравјето на граѓаните | |
Охрид | https://bit.ly/3esL9uD | Дежурен телефон за пријавување на проблемите со депонирање на отпад | Ј.П.„Охридски Комуналец” ги известува граѓаните на општина Охрид дека за проблемите кои ги имаат околу собирањето на кабаст и зелен отпад, како и пријавување на случаи на несоодветно депониран отпад и создавање на мини-депонии, достапен е дежурниот телефон 075-495-428 секој ден во неделата од 07.00 часот до 21 часот. | |
Радовиш | https://bit.ly/3mFy2ux | Планска Програма | Планска Програма за изработка на Урбанистички План вон опфат на урбанистички план со класа на намена Г2 – лесна и незагадувачка индустрија, со проектен опфат: КП-744, КП-746 и дел од КП 1134, КО Сулдурци во Општина Радовиш. | |
Собрание на РСМ | https://bit.ly/3zdeIKo | Седница бр. 20 на Комисија за транспорт, врски и екологија | Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за животната средина – II читање; Предлог-закон за дополнување на Законот за животната средина – I читање; | |
Струмица | https://bit.ly/3pw6xpg | Писмен извештај за праг за алармирање на граѓаните на Општина Струмица за наредните денови | Во врска со настанатата состојба со загадувањето на воздухот во агломерација на град Струмица, надминување на прагот на алармирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10 (надминување на вредноста од 150 µg/m3, (2 и повеќе последователни дена на 23.12.2021 , 24.12.2021 , 25.12.2021 и 26.12.2021 ) известуваме дека е потребно информирање на граѓаните согласно Акциониот план за подобрување на воздухот со објавување на текстот на овој допис на Web страната на општина Струмица и поставување на постојан линк со Мерната станица во Струмица. | |
Одделение за соработка со невладините организации | https://bit.ly/3z4N3Lk | Одржана 3. седница на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество | Советот ја разгледа и донесе Програмата за работа на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество за 2022 година. Советот утврди позитивно мислење по Предлог-Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2022 година, подготвена од Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат и препорача Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците да ја следи добрата практика на Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија за транспарентен процес на распределба на средствата наменети за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите | |
Министерство за животна средина и просторно планирање | https://bit.ly/3mDadn6 | Соопштение за надминување на праг на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри | Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 µg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, Ве информираме дека истиот е надминат на мерните места во Скопје – Центар, Гази Баба, Лисиче и Ректорат и Струмица. |
Irina Glavinceska
0