Uncategorized

Monitoring Table 26/07/2022
Табела со информации за следење
Во продолжение е табелата со најнови информации за процедури и постапки од областа на животна средина објавени од локална самоуправа.
Институција | УРЛ | Наслов | Опис | Забелешка |
---|---|---|---|---|
Виница | https://bit.ly/3zyqXms | Соопштение за организирање на јавна презентација и јавна анкета | Јавната презентација и јавна анкета на Предлог на урбанистички план за село Лаки, КО Лаки, Општина Виница. Јавната презентација ќе се одржи на 05.08 со почеток во 12:30. Јавната анкета ќе трае 30 дена, од 22.07-22.08. | Не се наведени податоци за потребата од спроведување на СОЖС. Не е објавен текстуален дел од УПС |
Виница | https://bit.ly/3b53Kip | Соопштение за организирање на јавна презентација и јавна анкета | Јавна презентација и јавна анкета на Предлог на урбанистички план за село Трсино, КО Трсино, Општина Виница. Јавната презентација ќе се одржи на 05.08 со почеток во 13:30. Јавната анкета ќе трае 30 дена, од 22.07-22.08. | Не се наведени податоци за потребата од спроведување на СОЖС. Не е објавен текстуален дел од УПС |
Виница | https://bit.ly/3b11RDv | Одлука за неспроведување на стратегиска оцена за плански документ | Одлука за неспроведување на стратегиска оцена за плански документ „Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за Реконструкција на фекален колектор од источна зона до Пролетерски пат“, | |
Гевгелија | https://bit.ly/3zuZ26X | Соопштение за организирање јавен увид | Јавен увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за фотоволтаични електрани со намена Е1/.13 – Површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) на КП 583, КО Ново Конско – општина Гевгелија, ќе трае 15 дена, 22.07-05.08 | Не е наведен датум за јавна презентација. Не е навдена потребата од спроведување на постапка за СОЖС |
ЕНЕР | https://bit.ly/3ODAa10 | Известување за почеток на процесот за подготовка на Закон за пасиштата | Назив на министерство: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Временската рамка за изготвување на предлог законот: 01.03.2021 – 19.05.2021. Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките и сугестиите: info@mzsv.gov.mk; femi.isen@mzsv.gov.mk | |
Кавадарци | https://bit.ly/3b26JrX | Соопштение за организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета | Јавен увид за Детален урбанистички план за УЕ11, дел од Блок 11.1, Миле В‘чков КО Кавадарци град, Општина Кавадарци, плански период 2020-2025. ќе трае трае од 28.07.2022 до 17.08 0.2022. Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 28.07.2022 година (Четврток ) во 11.00 часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала. | Не се наведени пдатоци за потребата од спроведување на СОЖС |
Министерство за транспорт и врски | https://bit.ly/3OBN13I | Урбанистички проект | Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за приклучок на бензиска пумпа по ДУПД за бензиска пумпна станица и услужен центар на магистрален пат М1, м.в. Венуле, КО Грнчиште, општина Градско, со автопат А1 со подвозник од правец Велес-Градско, КО Грнчиште и КО Згрополци, општина Градско | Линкот не се отвара |
Влада на РСМ | https://bit.ly/3zuOip8 | 63-та седница на Влада | Информација за спроведен надзор над работата на општините за спроведување на законите од областа на животната средина во 2021 година, со дадени препораки за подобрување заради заштита на животната средина | |
Прилеп | https://bit.ly/3zHFxZ7 | Решение за одобрување на УП за инфраструктура | Се потврдува заверка на Урбанистички проект за инфраструктура –улица „Трајко Николоски“- делница од крстосница со ул. „Леце Котески“ до мост над градска река во Прилеп | |
Ранковце | https://bit.ly/3zskhoT | Решение за одобрување на УП Синтезен план 0939_10936_02_Известување за дигитално преклопување | Се одобрува Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објект со намена А4-3 викенд куќи и други објекти за времено сместување на КП, бр. 1600/1, КО Пклште, Општина Ранковце | |
Старо Нагоричане | https://bit.ly/3JddvYw | Повторен оглас за доделување на финансиска подршка на здруженија на граѓани и фондации, како и потикнување на спорт на млади од буџетот на Општина Старо Нагоричане за 2022 година | Рокот на поднесување на пријавите е до 16.08.2022 година. | |
Струмица | https://bit.ly/3zvZPEy | Издавање на Б Интегрирана Еколошка Дозвола на АД “ГРОЗД” Струмица, Инсталација за производство и промет на алкохолни и безалкохолни пијалоци | Градоначалникот на општина Струмица издаде Б Интегрирана Еколошка Дозвола на операторот АД “ ГРОЗД” Струмица, Инсталација за производство и промет на алкохолни и безалкохолни пијалоци. Целокупната документација содржана во барањето , програмата за подобрување на активностите за заштита и унапредување на животната средина кои ќе бидат спроведени од страна на оваа инсталација ќе бидат достапни за заинтересираната јавност во рок од 30 дена од денот на објавувањето на Дозволата во Дневник и на web страната на општина Струмица www.strumica.gov.mk, во Одделението за заштита на животната средина во просториите на ДОМ на АРМ во Струмица Секој работен ден од 08:00-16:00 часот. |
Maja Markoska
0