Monitoring table 30/09/2022
Табела со информации за следење
Во продолжение е табелата со најнови информации за процедури и постапки од областа на животна средина објавени од локална самоуправа.
Институција | УРЛ | Наслов | Опис | Забелешка |
---|---|---|---|---|
Гази Баба | https://bit.ly/3SqT9yJ | Повторна Јавна презентација и повторна Јавна анкета - Предлог ДУП за градска четврт С21, Блок 02, Општина Гази Баба-Скопје | Повторна Јавна презентација за Предлог ДУП за градска четврт С21, Блок 02, Општина Гази Баба-Скопје, ќе биде на 07.10 (петок) со почеток во 12.00 во просториите на општина Гази Баба, барака (8). Повторна Јавна анкета за Предлог ДУП за градска четврт С21, Блок 02, Општина Гази Баба-Скопје, ќе трае 10 дена од 06-10.10.2022 | Објавен е само синтезен план. Не е објавен текстуален дел. Нема податоци за потребата од СОЖС |
Гостивар | https://bit.ly/3RoUswL | План за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух за општина Гостивар | Почитувани граѓани, на веб-страницата на Општина Гостивар објавен е Планот за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух за општина Гостивар. Ве покануваме да се запознаете со содржината на планот и да дадете забелешки, сугестии за измени и дополнувања на истиот. Дополнетиот план ќе биде доставен до МЖСПП и Министерството за здравство за добивање согласност, а потоа ќе следи одобрување за спроведување на дефинираните мерки за подобрување на квалитетот на воздухот во нашата општина. | |
Дебрца | https://bit.ly/3RnLGPp | Владата донесе Одлука за прифатливоста на предлогот за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа | На денешната 85-та седница, Владата донесе Одлука за прифатливоста на предлогот за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа, по што ќе се пристапи кон изработка на Нацрт Законот. Предлогот за прогласување на ова подрачје за заштитено е поткрепен со Студија за валоризација на Белчишко Блато-Парк на природата изработена во согласност со Законот за заштита на природата и е основа за подготовка на Предлог Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје. | |
Кавадарци | https://bit.ly/3Sssb9Z | Нацрт верзија на план за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух за општина Кавадарци период 2022-2026 година | Вашите забелешки и предлози за планот да ги доставите во општина Кавадарци во соба број 2 на вториот кат во општината. Јавната расправа и презентација на планот ќе се одржи во просториите на општина Кавадарци. Времето на оддржување на презентацијата дополнително ќе биде објавено. | |
Кисела Вода | https://bit.ly/3LRJb73 | Jавна анкета и јавна презентација по предлог планот за Деталниот урбанистички план за Градска Четврт Ј20, Блок Ј20.03, КО Кисела Вода 1, Општина Кисела Вода - Скопје | Jавна анкета по предлог планот за Деталниот урбанистички план за Градска Четврт Ј20, Блок Ј20.03, КО Кисела Вода 1, Општина Кисела Вода - Скопје, ќе трае 15 дена, од 04-26.10. Јавна презентација по предлог планот за Деталниот урбанистички план за Градска Четврт Ј20, Блок Ј20.03, КО Кисела Вода 1, Општина Кисела Вода - Скопје, ќе се одржи на 13.10 (четврток), со почеток во 9.00 часот во просториите на општината | |
Новаци | https://bit.ly/3y72MdQ | Соопштение за организирање на јавна презентација и јавна анкета | Почитувани, ве известуваме дека во период од 29.09.2022 година, до 29.10.2022 година секој работен ден од 08:00 до 15:30, општина Новаци организира јавна анкета и јавна презентација по Урбанистички план вон населено место за изградба на објекти со намена Г2 – лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија КО Новаци – вон град Општина Новаци, планси период 2021-2026, која ќе се спроведе со излагање на Планот во просториите на општина Новаци. | |
Град Скопје | https://bit.ly/3ObIaa2 | Дополнување за барање на Б интегрирана еколошка дозвола за Друштво за превоз на стоки, производство, трговија и услуги ТРИ БРАЌА ДОО Скопје | Друштвото за превоз на стоки, производство, трговија и услуги ТРИ БРАЌА ДОО Скопје како оператор на стационарна бетонска база вкупен капацитет на силоси за цемент поголем од 50 m3 согласно член 122 став 4 од Законот за животна средина, поднесе барање за добивање на Б интегрирана еколошка дозвола и дополнување кон истото | Не е обајвен датум кога е поднесено барањето |
Штип | https://bit.ly/3CvIdKN | Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план, Г-4 Стоваришта, складови и отпади на дел од КП 316/1, КО Ново Село Штип, Општина Штип | Објавени се одлука и формулар за спроведување на СОЖС, исто така и мислење од МЖСПП за прифаќање на одлуката. Објавен е и Нацрт Извештај за СОЖС и Мислење од МЖСПП за одобрување на Извештајот. | Не е објавен датум кога е објавен извештајот. Нема објавеено информации за јавна расправа. |
Старо Нагоричане | https://bit.ly/3dSS2sB | Соопштение и проектна програма за УП | Ве известуваме дека од страна на градоначалник на општина Старо Нагоричане е донесено Решение за одобрување на Проектна програма за изработка на Урбанистички проект за изградба на комплекс со основна намена Е1.13 фотоволтаична електрана со моќност од 1MW на КП 313 за КО Војник, општина Старо Нагоричане | |
Струга | https://bit.ly/3rlpCKY | Извештај за стратегиска оцена на животна средина за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена А4.3 –Викенд куќи и други објекти за времено сместување на К.П.65 К.О.Радожда, општина Струга | Објавени се Одлука и формулар за спроведување на СОЖС, известување од МЖСПП и Нацрт извештај за СОЖС за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена А4.3 –Викенд куќи и други објекти за времено сместување .на К.П.65 К.О.Радожда, општина Струга | Не се објавени информации за одржување на јавна расправа по однос на Нацрт Извештајот за СОЖС |
Irina Glavinceska
0