Monitoring table 18/10/2022
Табела со информации за следење
Во продолжение е табелата со најнови информации за процедури и постапки од областа на животна средина објавени од локална самоуправа.
Институција | УРЛ | Наслов | Опис | Забелешка |
---|---|---|---|---|
Битола | https://bit.ly/3CFgaqP | Граѓаните ќе го креираат буџетот на општина Битола | Во овој контекст, на 18 октомври, со почеток во 11.00 часот во конференциската сала на хотел Капри, ќе биде одржана и Првата форумска сесија на Буџетскиот форум во општина Битола. Сите претставници на граѓански здруженија, институции или други заинтересирани кои сакаат да присуствуваат и да земат активно учество на буџетскиот форум, потребно е своето присуство да го потврдат на телефонскиот број 071235021, најдоцна до понеделник 17.10.2022 до 13.00 часот. | |
Битола | https://bit.ly/3zbYaDR | Ставовите и предлозите на младите од општината ги дефинираат стратешките цели за следните пет години | Во тек е процес на изработка на Стратегијата за млади на Битола за периодот 2023-2027. | |
Вевчани | https://bit.ly/3S8vdPK | ИЗВЕСТУВАЊE за достапност на документ План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА) | Документот - План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА) за „Надградба на локална улица „Шопев мост – Здравствена установа „Светозар Чочороски“, со крак 1 и 2“ во Вевчани, општина Вевчани во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ, ќе биде ставен на увид на 14.10.2022. Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна. | |
Гази Баба | https://bit.ly/3VBtd5l | Одлука за неспроведување на СОЖС | Неспроведување на стратегиска оцена за ДУП за градска четврт СИ 08, Блок 02, Општина Гази Баба, Скопје | |
Гевгелија | https://bit.ly/3gk7tdW | Решение за одобрување на Урбанистички проект | ПОТВРДА за одобрување на Урбанистички проект за инфраструктура со намена Е1 Сообраќајни инфраструктури, за измена на дел од собирна ул.„Новопланирана 1“ од Измена и дополнување на ГУП на град Гевгелија, КО Гевгелија, општина Гевгелија | |
Гевгелија | https://bit.ly/3S8vxxW | „Еразмус ден“- инфо-сесија за споделување искуства на младите | На 15 октомври, 2022 година (сабота), во просториите на Регионалниот центар за одржлив развој (спроти теретаната Thor gum), со почеток во 12:00 часот, ќе биде спроведена информативна сесија „Еразмус ден“. На инфо-сесијата се поканети да учествуваат средношколци и студенти од општина Гевгелија, на која ќе имаат можност да бидат запознати со Програмата Erasmus, начинот на аплицирање, но и да ги слушнат искуствата на средношколци и студенти кои веќе биле дел од образовната програма. Инфо-сесијата се спроведува во соработка со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во рамките на одбележувањето на Деновите на Еразмус. | |
Гостивар | https://bit.ly/3CE6Zah | Решение за одобрување на Урбанистички проект | Се одобрува Урбанистичкиот проект за инфраструктура за изградба на оптичка телекомуникациска инфраструктура – ФТТХ Гостивар 2.2 - Општина Гостивар, | |
Гостивар | https://bit.ly/3TwbJWo | Решение за одобрување на Урбанистички проект | Се одобрува Урбанистичкиот проект за инфраструктура за изградба на оптичка телекомуникациска инфраструктура – ФТТХ 1.4 | |
Дебрца | https://bit.ly/3s4nPu4 | Општинските советници дел од проектот „Зајакнување на општинските совети“ | Во наредните 18 месеци, околу 150 советници од овие општини ќе имаат можност да учествуваат во Програмата за развој на капацитетите на општинските советници која вклучува обуки на вкупно 11 теми поврзани со јавен финансиски менаџмент, просторно и урбано планирање, добро управување и борба против корупција, меѓуопштинска соработка, родова рамноправност, животна средина и справување со кризи на локално ниво. | |
Тетово | https://bit.ly/3VyORHn | Јавен повик за Локално младинско собрание на општина Тетово | Рокот за пријавување е од 17.10.2022 до 31.10.2022 | |
Кичево | https://bit.ly/3yQgBxo | Предлог за одобрување Планска програма на измена на ДУП | Објавена е Предлог за одобрување на планската програма за изработка, измена и дополна на ДУП за нас. “КУТЛАБИЦА-2“, УЕ “Г“, Блок “Г9“– дел, Општина Кичево. | |
Кочани | https://bit.ly/3D7ovoA | Нацрт извештајот за СОЖС за Урбанистички план вон населено место со намена Е1.13 површински соларни и фотоволтаични електрани во м.в. Страна КО Тркање и пристапен пат низ м.в. Средни Рид, КО Тркање и низ м.в. Сламарник и м.в. Чифлико КО Бели, Општина Кочани | Јавна расправа по Нацрт извештајот за стратегиска оцена на животната средина за Урбанистички план вон населено место со намена Е1.13 површински соларни и фотоволтаични електрани во м.в. Страна КО Тркање и пристапен пат низ м.в. Средни Рид, КО Тркање и низ м.в. Сламарник и м.в. Чифлико КО Бели, Општина Кочани, ќе се одржи на ден 04.11.2022, со почеток во 10 часот во салата на советот на Општина Кочани. | |
Македонски Брод | https://bit.ly/3eC9Pom | Урбанистички проект | Урбанистички проект за село со намена Е1.13 површински соларни и фотоволтаични електрани, во општ акт за село Ижиште на КП 985/1, КП 984/2, дел од КП 983/2, дел од КП 983/1 и дел од 982/2, КО Ижиште, Општина Македонски Брод. | |
Македонски Брод | https://bit.ly/3ETvXoK | Урбанистички проект | Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Г2 - лесна преработувачка индустрија на КП 34, КО Барбарос, Општина Македонски Брод. | |
Чучер-Сандево | https://bit.ly/3ThGFKk | Б – Интегрирана еколошка дозвола | Б – Интегрирана еколошка дозвола на Градежно друштво Гранит АД Скопје подружница Лепенец - Чучер Сандево | |
Охрид | https://bit.ly/3yNTUKn | Одржана јавна дебата за дефинирање приоритети пред објавување јавен повик за граќанските организации | Во просториите на Општина Охрид, денес, се одржа јавна дебата чија тема беше дефинирање на приоритетите пред обрајување на јавен повик за граѓаниските организации. На дебатата учество зедоа претставници на 12 организации. Како предлог приоритети беа издвоени „Младински активизам и пратиципација“, „Родова еднаквост, економска и социјална инклузија“ и „Туризам, заштита на животната средина и култура“. Овој, нов пристап на Локалната самоуправа, подразбира обрајување на јавен и транспарентен повик за сите граѓански организации кои ќе треба да изготват предлог проекти во дадената област. Понатака, проектите ќе бидат отценувани од страна на комисија и на крај се врши финансирање од буџетот на Општина Охрид. | |
Прилеп | https://bit.ly/3D6tsyg | Барање за Б – интегрирана еколошка дозвола | Барање за издавање на Б – интегрирана еколошка дозвола бр.10-2285/1 од 02.09.2022 година. Подносител на барањето: ДППУ „ЛАМИНАТИ КОМ“ ДОО Прилеп; Адреса на локацијата: ул.„Александар Македонски“бр.122 Прилеп; Категорија на инсталација: Прилог 2, Точка 6. Останати активности, подточка 6.7Инсталација за површинска обработка на материјали, предмети или производи во кои се користат органски растворувачи, пред се за превлекување , печатење, премачкување со туткал, бојосување, чистење или импрегнирање, со капацитет на потрошувачка од 10 до 150 кг/ч (Сл.весник 89/05). Барањето за Б – интегрирана еколошка дозвола во печатена форма, ќе биде достапно на заинтересираната јавност во рок од 15 дена во просториите на: Општина Прилеп, Ул.Прилепски бранители бр.1. Секој работен ден од 09:00 до 13:00 часот Секторот за Урбанизам, Комунални работи и заштита на животна средина Ве информираме дека Барањето за Б – интегрирана дозвола ќе биде достапно и во електронска форма на официјалната web страница www.prilep.gov.mk на општина Прилеп. Информации во врска со барањето заинтересираната јавност може да се добие во општина Прилеп. Сите засегнати правни и физички лица во рок од 30 дена од денот на објавувањето на барањето имаат право да достават мислења и коментари во писмена форма до општина Прилеп, ул. Прилепски бранители бб, 7500 Прилеп. | |
Струмица | https://bit.ly/3TMw0an | Јавен повик за избор на членови во Локалниот управен комитет (задолжен за изработка на ЛЕАП 2023-2029 година) | Општина Струмица објавува повик за избор на членови во Локалниот управен комитет задолжен за организација и изработка на стратешки документ Локален еколошки акционен план ЛЕАП 2023-2029 година. Јавниот повик се определува за вкупно девет членови од кои: два од Општина Струмица – одделенијата за заштита на животната средина и буџетска кординација, три членови од граѓанските организации, еден член од локалните медиуми, еден член од здравствените институции, еден член од локалните индустриски асоцијации и еден член од образовните институции. Локалниот кординатор на ЛЕАП треба да доаѓа од редовите на општинската администрација и ќе биде именуван и избран од советот заедно со локалниот управен комитет на предлог – иницијатива на Градоначалникот, а избрани од советот. Рокот на пријавување ќе започне од 17.10.2022 година и ќе трае до 27.10.2022 година. Право на учество на јавниот повик имаат сите заинтересирани страни и граѓани кои се потготвени и имат искуство во областа на животната средина да дадат свој придонес во изготвување на овој стратешки документ ЛЕАП 2023-2029 година. Пријавувањето на Јавниот повик се врши со доставување на пополнета пријава. Пријавата се превзема од веб страната на Општина Струмица www.strumica.gov.mk. Крајниот рок за доставување на пријавите е 27.10.2022 до 16:00 часот. Апликациите на граѓаните на Општина Струмица за За Јавен повик избор на Локален еколошки комитет за ЛЕАП 2023-2029 година, заедно со потребната документација, граѓаните во затворен плик ги доставуваат до Општина Струмица, преку Архивата на Општина Струмица, ул. Сандо Масев бр 1, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот. На пликот треба да е наведено “ За Јавен повик избор на Локален еколошки комитет “ со назнака НЕ ОТВАРАЈ. |
Irina Glavinceska
0