News

Sledenje_04_03_25
Facebook
LinkedIn
X
Email
Threads
Во продолжение е табелата со најнови информации за процедури и постапки од областа на животна средина објавени од институции и локална самоуправа.
Датум | Име на институција | Вид на објава | Опис | врска до објавата URL | Област | Идентификувани неправилности | |
28.02.2025 | Василево | информација за јавност | Дневен ред за 47-ма седница на Совет на општина Василево. На 05.03.2025 година (среда) со почеток во 09,00 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи 47-та Седница. Дневниот ред е објавен на линкот | https://bit.ly/4h7vmiR | администрација и управување | НЕ | |
28.02.2025 | Вевчани | Соопштение | Се известуваат сите правни и физички лица, државната управа, научните и стручните организации, невладини организации и други дека се организира Јавна презентација и Јавна анкета по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за линиска инфраструктурна градба: Новопланиран СН10(20)кV кабелски подземен вод од постојна трафостаница ТС 35/110kV на КП 2788/2 КО Вевчани вон г.р., до кабелска спојница на КП 7162 КО Вевчани вон г.р., во Општина Вевчани. Јавниот увид ќе биде во рок од 15 дена од објавување на ова соопштение | https://bit.ly/4i2csLz | Урбанистичко планирање | Не е објавен текстуален дел од урбанистичкиот проект, туку само синтезен план | |
28.02.2025 | Ѓорче Петров | Повик | Јавен повик за членови во локалното собрание на млади на општина Ѓорче Петров. Јавниот повик ќе трае 7 дена односно до 06.03.2025 | https://bit.ly/4bsFJwc | администрација и управување | НЕ | |
28.02.2025 | Делчево | Соопштение | Соопштение за организирање на јавен увид на доставен Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на површински соларни и фотоволтаични електрани (Е-1.13) – Фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште со моќност до 1,3 MW на КП 4183 КО Ветрен, Општина Делчево. Јавниот увид ке трае 15 дена од објавувањето на Соопштението, започнувајки од 01.03.2025 г до 16.03.2025 год. | https://bit.ly/4ikGVUM | Урбанистичко планирање | Не е објавен урбанистичкиот проект | |
28.02.2025 | Демир Хисар | Решение | Објавено е решение за одобрување на Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистичкиплан за инфраструктурна градба – изградба на сообраќајни површини, улици бр.3, 4, 5 и 6 во село Белче, Општина Демир Хисар | https://bit.ly/3EZoXJg | Урбанистичко планирање | НЕ | |
28.02.2025 | Тетово | Решение | Се одобрува ПРОЕКТНА ПРОГРАМА за Урбанистички проект за инфраструктура, за изградба на линиски инфрастуктурен објект со класа на намена Е1.5 – Инфраструктури на водоснабдувањето – Доводен цевковод на водоснабдителниот систем на град Тетово од извор во Попова Шапка до резервоар во Тетово – општина Тетово. | https://bit.ly/4bHw0Tf | Урбанистичко планирање | НЕ | |
28.02.2025 | Тетово | Решение | Објавена е ПОТВРДА ЗА ОДОБРУВАЊЕ на Урбанистички Проект за Инфраструктура за изградба на Е1.1 – Сообраќајна инфраструкура – линиски инфрастуктурен објект, за уредување на Локален пат на КО. Г. Речица и КО. Голема Речица – вон гр, Општина Тетово | https://bit.ly/4h5Wlve | Урбанистичко планирање | НЕ | |
28.02.2025 | Тетово | Решение | Се одобрува ПЛАНСКА ПРОГРАМА за изработка на Обединета постапка зa Измена и дополнување на Генерален Урбанистички план (ГУП)-за блок 58 и Детален урбанистички план (ДУП)-за блок 58, КО Тетово-1, општина Тетово | https://bit.ly/3F4CCPf | Урбанистичко планирање | НЕ | |
28.02.2025 | Тетово | Решение | Објавена е потврда за одобрување на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за намена Б2.2-Затворени трговски центри во една сложена градба, на КП. 7859/5 КО Тетово вон град, Општина Тетово | https://bit.ly/41qo2c3 | Урбанистичко планирање | НЕ | |
28.02.2025 | Охрид | Јавна расправа | Заради поголема транспарентност во спрведување на следниот јавен повик, а со намера да се слушне гласот на невладиниот сектор Општина Охрид свикува јавна дебата на која ќе бидат определени приоритетните области за следниот јавен повик. На јавниот повик кој во текот на 2023 година Општина Охрид го спроведуваше во рамки на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOAD2), право да поднесат предлог проекти имаа сите граѓански организации чии проекти се доследни на развојните цели на општина Охрид: младински активизам и партиципација, родова еднаквост, економска и социјална инклузија,заштита на животната средина, туризам и култура. Јавната дебата на која ќе бидат определени приоритетните области за следниот јавен повик ќе се одржи во среда (5ти март) почеток 12:30 во мала сала на Општина Охрид. | https://bit.ly/41oPOFZ | администрација и управување | НЕ | |
28.02.2025 | Охрид | информација за јавност | Информација за донесените одлуки на 53 седница на Општина Охрид | https://bit.ly/4bpgo6u | администрација и управување | НЕ | |
28.02.2025 | Министерство за транспорт | Одлука | Објавена е Одлука за неспроведување на СОЖС за УПВОУП за ГП 3 со намена Г4-Стоваришта, складови и отпади, Г4.1 – дистрибутивен центар со складови и ТС 35КВ, КО Р`жаничино, општина Петровец | https://bit.ly/3DcPDWn | Просторно планирање | НЕ | |
28.02.2025 | Влада на РСМ | информација за јавност | 55-та седница на Владата. Точките на дневен ред се наоѓаат на линкот | https://bit.ly/4bpy9CE | администрација и управување | НЕ | |
28.02.2025 | Штип | Јавна расправа | Покана за консултативни состаноци со граѓаните од општина штип, месните заедници, членови од локалната заедница. На 4 и 5 март 2025 година (вторник и среда) со почеток од 14:00 часот во малата сала бр. 2 во Општина Штип ќе се одржат консултативни состаноци со граѓаните од општина Штип, месните заедници, членови од локалната заедница на тема прибирање на предлог идеи за приоретизирање и дизајнирање на инфраструктурни инвестиции, спроведување на предлог проектни активности во делот на инфраструктурата на повикот од Министерство за транспорт | https://bit.ly/3XPoSyr | Просторно планирање | НЕ | |
03.03.2025 | Богданци | информација за јавност | Продолжение на 64-та седница на Совет на општина Богданци е закажана на 3-ти Март со почеток во 12.00 часот. Линк за следење во живо 64-та седница | https://bit.ly/3XtqyNP | администрација и управување | Објавена е информација истиот ден кога е и седницата | |
03.03.2025 | Гевгелија | Соопштение | Стручна расправа и Јавна презентација со јавна расправа по Нацрт-Измена и дополнување на ГУП за Блок 10, општина Гевгелија. Јавната анкета по Нацрт-Измената и дополнувањето на Детален урбанистички план за дел од Блок 10 (дел од Блок 10.5) КО Гевгелија, општина Гевгелија (плански период 2024-2029) се спроведуваат како обединета постапка со времетрање од 30 дена. Јавната расправа ќе се одржи на 05.03.2025 година (среда), со почеток во 12:00 часот, во Mалата сала на Народниот театар- Гевгелија. Стручната расправа ќе се одржи на 13.03.2025 година (четврток), во 12:00 часот, во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија. | https://bit.ly/4inkRsO | Урбанистичко планирање | Не е објавен текстуален дел од урбанистичкиот проект, туку само синтезен план | |
03.03.2025 | Гостивар | Решение | Објавено е Решение за одобрување на Проектната Програма за локален пат Гостивар-с. Чајле | https://bit.ly/4ki410d | Урбанистичко планирање | НЕ | |
03.03.2025 | Кавадарци | Одлука | Одлука за неспроведување за Изменување и дополнување на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на 10/20 Kv електричен кабелски подземен вод со намена Е1.8 – Инфраструктури за пренос на електрична енергија за поврзување на фотонапонски панели за производство на електрична енергија на Љубаш 1, Љубаш 2, Љубаш 3 со постоечка трафостаница на КП 10862/1, КО Кавадарци, (КО Кавадарци, КО Кавадарци-вгр), Општина Кавадарци | https://bit.ly/3QGHfRY | Енергетика | НЕ | |
03.03.2025 | Министерство за животна средина и просторно планирање | Документ | Се известува заинтересираната јавност дека Министерството за животна средина и просторно планирање подготви прва нацрт верзија на Националната стратегија за управување со тиња 2024-2034 (НСУТ) што претставува национална политика за управување со тињата што се добива како резултат на преработка на урбаните отпадни води. | https://bit.ly/4hbfH1Q | Управување со отпад | НЕ | |
03.03.2025 | Собрание на РСМ | законски измени | 21. седница на Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. Предлог на закон за изменување на Законот за нациoналната инфраструктура на просторните податоци на Република Северна Македонија – Второ читање. Разгледана | https://bit.ly/4h9Fkjw | администрација и управување | НЕ | |
03.03.2025 | Македонски Брод | Урбанистички документи | Општина Македонски Брод објавува Проектна програма за изработка на урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на каптажа, довод од каптажа до резервоар и резервоар за н.м.Лупште, Општина Македонски Брод. | https://bit.ly/3QL5puO | Урбанистичко планирање | НЕ |
Maja Markoska
0