Events

Monitoring table
Во табелата може да најдете активни постапки, линкови и опис на активност поврзани со животна средина во Република Северна Македонија. Доколку ви се потребни повеќе информации, совети или поддршка за одредена постапка, контактирајте не на маил arhus(at)mkm.mk
Институција | URL | Наслов | Опис | Забелешка |
---|---|---|---|---|
Министерство за транспорт и врски | https://bit.ly/3kKHuwq | Проектна програма за ГП Маркова Нога | Линкот не се отвара | |
Новаци | https://bit.ly/3kHle6L | Проект “Фотонапонска центала со снага од 20 MW” | Линкот - Формулар за поплаки не се отвара Нема датуми кога е објавен, нити датуми до кога јавноста може да се вклучи со свои коментари. Објавен е формулар за механизамна поплаки и кратко резиме на проектот на македонски и англиски јазик | |
Ресен | https://bit.ly/3rp2Elh | ПОКАНА НА ТЕНДЕР за Изградба на фотоволтаична станица за полнење на електричните возила за Општина Ресен | Целиот повик, критериуми, начин и рок на поднесување на понуди е објавен на веб страната. Рокот за поднесување на понуди е до 16.08.2021. | |
Ресен | https://bit.ly/36NqWvJ | За организирање на Јавна презентација и јавна анкета по Предлог план за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани на КП. 4531, 45331/1, 4533/2, 4533/3, 4533/4, 4533/5 и 4533/7 м.в. „Црвен,, КО Ресен вон град, Општина Ресен | Јавната анкета ќе трае 5 работни дена од 23-30.07.2021. Во тој рок заинтересираната јавнос може да поднесе свои коментари и забелешки. Јавната презентација на планот ќе се одржи на 23.07.2021 (петок) со почеток во 13.00 часот во Општина Ресен. На веб страната се објавени соопштение и Урбанистичкиот проект. | |
Јавна установа „Национален парк Галичица“, Охрид,Република Северна Македонија | https://bit.ly/2W46R2b | Јавен конкурс за најубава фотографија на тема „Улови слика“ | По повод денот на Националните паркови 21 јули, ЈУНП Галичица распишува јавен конкурс за најдобра фотографија на тема: „Улови слика“. Фотографиите може да бидат креирани по слободен избор, согласно желбата и идејата на посетителите. Краен рок за споделување на фотографиите e петок, 23 јули 2021 год. | |
Град Скопје | https://bit.ly/2UUDy1s | КОНКУРС за доделување на Наградата „13 Ноември” на Град Скопје, за 2021 година | Наградата „13 Ноември“ на Градот Скопје се доделува на физички и на правни лица како знак на признание на Градот Скопје, за остварувања, во стопанството, науката, публицистиката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот и физичката култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на Градот и за неговиот севкупен напредок и афирмација во Република Северна Македонија и во светот | Конкурсот трае заклучно со 10 септември 2021 година |
Берово | https://bit.ly/3eDSN5U | ЈАВЕН ПОВИК БР. 01/2021 За доделување на општински награди и признанија и прогласување на Почесен граѓанин на Општина Берово | Наградите од јавниот повик, ќе се доделуваат на Денот на Општина Берово – 23-ти Август, односно на денот во кој ќе се одржува свечената седница на Советот на Општина Берово, по повод Денот на Општина Берово. | Критериумите, право на учество, начин и рок на поднесување на пријаво се објавени на веб страната. Рокот за поднесување на пријавите е најдоцна до 3.08.2020 година. |
Босилово | https://bit.ly/3wR7Jnt | Б- ИНТЕГРИРАНА ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА АД за неметали „Огражден„ Струмица Површински коп и сепарација Хамзали | Докуемент - Б Интегрирана еколошка дозвола, Број на дозволата Бр.12-57/9 од 02.07.2021 година | Не е објавен рок за коментари од страна на јавноста. Дозволата е објавена на 14.07.2021. Евентуалните забелешки по однос на Нацрт - Дозвола, може да бидат поднесени во писмена форма, во рок од 14 дена од денот на објавувањето |
ЕНЕР | https://bit.ly/3eB6Nxc | ЗАКОН ЗА РЕГУЛИРАЊЕ НА СТАТУС НА БЕСПРАВНО ИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ | Регулирање на статусот на бесправно изградени објекти кои се изградени пред 1 јануари 2021 година при што објектите кои ќе ги исполнат законските услови ќе се запишат во Катастарот на недвижности, а објектите кои нема да ги исполнат законските услови се предвидува да бидат отстранети. | |
Карбинци | https://bit.ly/3iyIdhT | Урбанистички проект со намена Е1.13-површински соларни и фотоволтаични електрани на ГП 12 од УПВНМ Таринци КО Таринци, О. Карбинци | Не се наведени датуми за јавен увид, јавна анкета и презентација за УП | |
Крива Паланка | https://bit.ly/3hSb7Kt | Повик за поднесување на понуди – Регулација на дел од минор коритото на Крива Река (дел 3) | Понудите мора да се достават до 18.08.2021 | За овој проект/зафат потребно е да се направи постапка за ОВЖС, во зависност од опсегот на работите елаборат, план или студија. |
Куманово | https://bit.ly/3hOSPtM | Предлог – Планска програма за изработка на измена и дополна на Детален Урбанистички План за дел од У.Е. СТАРИ ЛОЗЈА, ДЕЛ ОД У.Б.11, Плански опфат помеѓу: ул.“Доне Божинов“, ул. „100“, ул. „200“, крак на ул. „Доне Божинов“ и граница на наменска зона Општина Куманово | УП е доставен до системот e-urbanizam. Не е наведена можност за коментари и рок | Линкот на кој е поставена програмата не се отвара |
Куманово | https://bit.ly/2V0mdEa | Урбанистички Проект за линиска инфраструктура за изработка на фекална канализација во с. Доброшане, место викано Кланица со должина од 405 метри, КО Доброшане, Општина Куманово | Планската програма е доставена до системот e-urbanizam. Не е наведена можност за коментари и рок | Линкот на кој е поставен УП не се отвара. |
Македонска Каменица | https://bit.ly/3rzSr5L | Повторен Јавен повик за формирање на Иницијативен одбор за Младински совет | Поради неисполнување на критериумите од Јавниот повик објавен, О. Македонска Каменица на ден 15.07.2021 година објавува повторен ЈАВЕН ПОВИК за формирање Иницијативен одбор за конституирање на Локално собрание на млади на О. Македонска Каменица за избор на членови на Локален младински совет на О. Македонска Каменица. | Повикот трае 15 дена, односно до 30.07.2021 |
Министерство за економија | https://bit.ly/3wVARtP | Соопштение за оддржување на online Јавна расправа за Национален план за енергија и клима до 2030 година | Соопштение за оддржување на online Јавна расправа за Национален план за енергија и клима до 2030 година и на извештајот за СОЖС на Националниот план за енергија и клима до 2030 година која ќе се одржи на 22.07.2021 година. На веб страната објавени се Националниот План и Нацрт Извештајот за СОЖС | За учество на јавната расправа можете да испратите барање на следниот email: valentina.stardelova@economy.gov.mk, најдоцна до 21.07.2021 година |
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство | https://bit.ly/36N8ljg | Објавен нов повик од ИПАРД 2 на располагање 9,6 милиони евра за проекти преку мерка 7 | Приоритетни сектори кои се поддржани од оваа мерка се инвестициите во алтернативното земјоделско производство, инвестициите во производство на прехрамбени и не-прехрамбени производи, инвестициите во занаетчиските дејности, инвестиции во услуги за руралното население и инвестициите во руралниот туризам | Крајниот рок за поднесување барања е заклучно со 22 август, 2021 година |
Министерство за информатичко општество и администрација | https://bit.ly/3hRSIO5 | Министерството за информатичко општество и администрација ги поканува сите засегнати страни да учествуваат на отворената Јавна расправа за нацртот на Националната стратегија за ИКТ 2021-2025 и придружниот Акциски план. | Јавната расправа е закажана за петок, 23.07.2021 година во Клубот на органите на управата на Република Северна Македонија, со почеток во 11 часот. Адреса: Митрополит Теодосиј Гологанов 45, Скопје. | Пријавување присуство најдоцна до среда, 21.07.2021 година и испраќање на коментари на следниов маил: solza.kovachevska@mioa.gov.mk |
Чучер-Сандево | https://bit.ly/3hSIgpv | Јавен увид за Урбанистички проект вон опфат А4.3. КП 2275-2, КО Чучер Сандево | Јавниот увид ќе се спроведе преку веб страната на општината каде е објавен УП. Јавната анкета ќе трае 15 работни дена почнувајќи од 16.07.2021, заклучно со 31.07.2021 | Се уште не е објавена информација за јавна презентација на УП |
Чучер-Сандево | https://bit.ly/3hUdqwR | Јавен увид за Урбанистички проект вон опфат Г4.1 дел од КП 3117, КО Глуво Бразда | Јавниот увид ќе се спроведе преку веб страната на општината каде е објавен УП. Јавната анкета ќе трае 15 работни дена почнувајќи од 16.07.2021, заклучно со 31.07.2021 | Се уште не е објавена информација за јавна презентација на УП |
Штип | https://bit.ly/3Bm1Z8I | Соопштение за организирање на јавен увид на изработен Урбанистички Проект вон опфат на урбанистички план, за Е1.13 површински соларни и фотоволтаични електрани на КП 547/1, 547/2, 547/3, 547/4 и 547/5, КО Долани, Општина Штип | Јавниот увид ќе трае 15 дена од денот на објавувањето на Соопштението, започнувајки од 18.07.2021 год. до 01.08.2021 год. Заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови. | Не е објавен датум за јавна презентација |
Штип | https://bit.ly/3hQYJKQ | СООПШТЕНИЕ за организирање на јавен увид на изработен Урбанистички Проект вон опфат на Урбанистички План за формирање на градежни парцели со класа на намена Е1.13 - Површински соларни и фотоволтаични електрани, на КП 248/3, КО Доброшани, Општина Штип | Јавниот увид ќе трае 15 дена од денот на објавувањето на Соопштението, започнувајки од 18.07.2021 год. до 01.08.2021 год. Заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови. | Не е објавен датум за јавна презентација |
Ѓорче Петров | https://bit.ly/3rlCDmX | Соопштение за организирање на повторна Јавна анкета и Јавна презентација на Изменување и дополнување на Урбанистички план за село Орман, блокови 11, 12, 13, 14, 15, 15.1, 16 и 17, Општина Ѓорче Петров | Јсвната анкета ќе трае од 26-30.07.2021. Јавната расправа ќе се одржи на 28.07.2021 (среда) во 14.00 во просториите на МЗ Волково. Објавена е Планска документација и графички прилог „Синтезен план“ и анкетен лист | Не се наведени информации за СОЖС постапка |
Гостивар | https://bit.ly/3xVI8ei | Оглас за доделување на концесија за изградба на 3 (три) катни гаражи во Општина Гостивар | Понудите да се достават најдоцна до 17.08.2021, во 11:00 часот |
Maja Markoska
0